Еве еден од анегдоталните . Изворот го имаш на дното на сликата. Ке бидеш љубезна да го искоментираш ? Ако ти сакаш да си ги труеш децата со алуминиум, некој друг не сака. Алуминиумот што се внесува преку храна ИЗЛЕГУВА од организмот, а оној преку вакцина, не само што не излегува туку и пичи у правец на мозокот. Студијата од Др. Луција Томљеновиќ ја имаш на темата наназад.
https://www.metabunk.org/threads/debunk ... shaw.2444/ Луција Томлјеновиќ debunked...или во превод разоткриена и нејзините испитувања не се валидни...а читам дека била другарка и со Andrew Wakefield ?!?.. http://naturalmamanz.blogspot.com/2011/ ... minum.html Еве еден блог од каде си ја презел сликата...прочитај ги и коментарите под оваа тема, мислам дека нема потреба да ги замараме форумџиите со тешка наука во врска со алуминиумот кој се користи како аџувант во вакцините....веќе кажав дека науката треба да име се остави на научниците... In fact, humans usually have between 50 – 150 mg of aluminium in their bodies at any one time. И те молам, ако сакаш да ја продолжиме дискусијата на некое нормално ниво, немоја да пишуваш дека сакам да ги трујам децата со алуминиум....ad hominem аргументи во една ваква дискусија знаеш дека кај мене нема да поминат...
Уф, колку интересен натпис околу тоа кој и зошто го финансирал истражувањето на Луција Томљеновиќ... http://www.harpocratesspeaks.com/2013/0 ... -anti.html
@yarre И јас можам да употребувам тешки зборови и емотивни стории, но се работи за формирање на правилен став врз што е можно поверодостојни докази и податоци. И јас можам да речам срам да ти е, штом дозволуваш за толку важна тема да бидеш понесен од поединечни приказни додека науката вели друго, и истовремено да придонесеш кон последици од кои се плашиш. Тие приказни не можам да ги земам како краен аргумент за да си формирам став, не ми дозволува совеста. Како да знам дека не грешам ако слушам субјективни податоци, а да негирам децениско научно тело кога се работи за вакцините. Како да знам дека навистина тие приказни се поверодостојни и поважни отколку податоци кои претходно биле собирани и истражувани со објективни показатели. Ако убаво читаше што пишувам, ќе прочиташе дека и претходно ги искоментирав тие примери. Не дека не им верувам, и да ги земам како вистинити, не можам да го занемарам субјективниот фактор во формирањето на истите, и дури и тоа да го занемарам, повторно не можам да донесам став врз поединечни случаи без објективна анализа на позадината. Не дека тебе те интересира ова. Прво не добиле заушки, туку краткотрајно имале оток. И тоа се 100 лица од скоро сто илјади вакцинирани. Значи тоа се 0,1% кои добиле воспаление на плунковата жлезда, што е само дел од клиничката слика на случај на заушки. А доколку не би постоеле вакцините, такво воспаление би добиле 99% од случаите. Второ, затоа и не се вакцинира со таа вакцина повеќе. Знам дека не те интересира ова, ама сакам да објаснам. Тоа е вакцина од сојот Ленинград-Загреб, која се произведувала во Хрватска. Кај нас не се користи уште од крајот на 80тите, а ете во Хрватска ја смениле дури во 2011. @lans Пак ќе повторам, тамифлу не е вакцина и второ зошто овој пример го користиш како аналогија дека, ако тамифлу не чинел, не чинеле и вакцините, небитно тоа што Roche не произведува вакцини. Ваквите примери кога отворено се поставува критика, напротив, ми даваат надеж дека постои регулација. Иако сум колку толку запозната што е критиката со тамифлу, не дека не делува на вирусот, навистина го уништува вирусот на грип, ама истовремено и самиот организам многу лесно го прави токму истото тоа, и затоа кај најголемиот број на случаи нема никаква потреба од тамифлу, а таму каде што е потребен, треба да се даде многу брзо, сепак сум многу критична зошто се трошат толку пари на државно ниво за складирање на овој лек пред секоја сезона. Во нормалните држави не се остава на случајот, од страна на врвни научници се води дискусија и се бара одговорност зошто државата потрошила милиони долари за лек за кој нема потреба, како што има огромна критика во Велика Британија. Од друга страна ги сфаќам зошто државите купуваат тамифлу, тие не се водат според научни докази, туку тоа се водат според процена, едноставно тоа им е должност на некој начин. Но, овој пример не може да се користи како аргумент и за вакцините, тоа е погрешна аналогија. Не само во безбедноста и ефективноста, туку се работи за сосема различен профил на медицински средства и различен пристап и достапност на истражувањата. Се разбира дека е, ама кога веќе си читал за ова и им веруваш, барем прочитај и за вакцините. Тоа се само случаи на хоспитализација, лежење во болница, тука ти паѓа цела математика. Вакцината не ги превенира само нив, туку и пола милион посети на лекар, и повеќе од 2 милиони случаи на тешка клиничка слика на инфекција со рота вирус. Сепак можеби не знаеш, рота вирус вакцината е единствена вакцина која нема и економски покрај здравствен бенефит, ако другите вакцини имаат 14 спрема 1, 10 спрема 1, cost benefit, рота вакцината е поскапо да се воведе, откако што би било само да се третираат случаите, токму заради малиот процент на случаи кои бараат третман. Значи единствен мотив за воведување на оваа вакцина не е заштеда на пари на државата, туку подобрување на квалитетот на живот. И токму затоа во САД оваа вакцина ја примаат само 50-70%, затоа што осигурителните компании не им ја нудат на родителите за да не им ја плаќаат. Без разлика на хигиената, овој вирус предизвикува инфекции, и не остава секогаш траен имунитет, можни се повторни инфекции со послаб интензитет. Не знам како го сфаќаш ова, ова не е обичен пролив, туку инфекција со целосна клиничка слика, со фебрилност и останатите општи симптоми. За оваа вакцина гајле ми е ако некој ја прими или не, нема голема улога во нарушување на општата безбедност, нуди стриктно индивидуална заштита, но јас мислам дека разумен човек би требало да инсистира да ја прими неговото бебе, ако веќе не му биде понудена како опција. Ако уште не ти е јасно зошто би требало да биде достапна како вакцина, тоа е, затоа што е нормално ако има опција која го подобрува здравствениот и квалитетот на живот, таа иста опција да биде понудена на народот. Тоа мене ми е исто како да прашаш зошто им купувате пеницилин на рајава, не е етично и морално, и подло е да се ускратува нешто кое има здравствен бенефит. Тие двата линка кои ги стави, се само уште една причина ЗА вакцинирање, убаво кажуваат дека вакцината заштитува од пертусис, но ете таа вакцина не е гаранција во сите случаи дека бактеријата нема да биде пренесена понатаму. И како тебе ова ти изгледа како аргумент против вакцините? Ако со вакцината некој дел од популацијата и понатаму може да биде клицоносител, без вакцината, СИТЕ ја имаат таа улога на носители и извори на зараза. Не сфаќам каква е таа логика ова да ти биде аргумент против вакцините. Ова е чисто спинување и извртување. Воопшто не е така, прво ете и самиот се согласуваш дека таа вакцина треба да се прими? Така, бидејќи се согласуваш дека има ефект во спречување на болест? Никој ниту претходно не им давал одобрување на вакцинираните непотребно да се изложуваат или намерно да ја занемарат хигиената и другите општи мерки за заштита од заразни болести, оваа реченица што си ја употребил кажува дека имаш некоја непозната цел по секоја цена да кажеш нешто против вакцините. @yarre Пак докажуваш дека појма немаш ни од основна биологија. Oд каде тој впечаток дека ако бил внесен преку храна излегувал од организмот? Тоа не е точно, напротив, можеби само дел, но исто влегува во крвотокот и затоа може да се прави споредба со алуминиумот во млекото и оној од вакцините. Се разбира за ова прашање и тука сме пишувале и порано, и сум давала линкови, и сум кажувала зошто не е штетно ама тебе ти е гајле. За и теоетски да може да направи штета овој алуминиум треба да го има барем во сто пати поголема концентрација. И зошто да бидам исплашена од таа сликата со шприцови, која патем ги вклучува вакцините кои се даваат и на возрасни, односно ги ставиле сите вакцини кои се во календарот, и затоа изгледа така поголема отколку во 1980, а не научното истражување кое покажува дека не е штетен? Еве ти го научното истражување: http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/22001122 „Можеме да заклучиме дека епизодната изложеност на вакцини кои содржат алуминиум како адјувант имаат исклучително низок ризик за доенчињата и дека придобивките од користењето на вакцини кои содржат алуминиум како адјувант ги надминуваат сите теоретски грижи.“
прво да се разбереме ние го кажуваме нашиот став а не го наметнуваме! Јас лично сум имала проблем со вакцина и не ми се потребни 50 години а богами ни истражувања кои се разбуира НЕ СЕ ПРАВЕНИ ВО МК, нити сајтови за/против вакцинација за да заземам став во врска со вакцинацијата, доволно беше тоа што го видов и претрпев од таа вакцина немам потреба од експерти,истражувања и какви ли не перења на мозок
Значи, колку што добро те разбрав, ти имаш став дека си против вакцинација бидејќи си имала несакан ефект (или проблем) од вакцина, така?...дали ти тој несакан ефект го пријави некаде?
Да убаво ме разбра, ако прочиташ наназад по темата имам пишувано детално но нејсе еве накратко ќе ти пишам(имав 2 како поткожни топчиња на раката кои растеа и на крај од нив излезе крв гној, нешто сиво..да не ти опишува страшно гадно), секако дека го пријавив тој несакан ефек, бев на лекар и знаеш што ми рече матичниот: па незнам... ќе пријавам ја нус појава ,ништо не ти е ќе се повлечат... и јас си отидов ја така на екскурзија и кога почна да тече тоа во сред виена одполе ми кажаа дури и дека имало шанси да се инфицира и поголеми компликации да настанат битно сакав да ти го пишам одговорот на лекарот: ПА НЕЗНАМ... и сега после ваков одговор од најповиканиот да ми каже што се случува со мојата вакцина зарем би можела некогаш да верувам во македонското здравство и уште да вакцинирам дете
@snezno, @expert Царици сте, успеавте да ме наведете дека сте иста особа. Шпекулативно, можеби ист спонзор Колку што разбрав, веќе се дига галама на масовното одбивање на вакцини, па ете сеа и сиротите војничиња ке се вакцинираат, многу од нив и момчиња неженети, без потомство... не, не кажувам ништо. Кој сака ќе ме разбере. Сежно, интересно претресување на интерентот и поврзување. И секогаш и коментарите се интересни. Јас ги претресов како и секогаш. Ми падна во очи ова: Many vaccines are probably beneficial for most recipients. Some vaccines are definitely harmful for some people. There have been far too many serious adverse reactions and deaths because of the HPV vaccine and much of the work done by Lucija and Chris focus on this. It only backs up what is actually happening to our children. Our daughter had an immediate reaction to the HPV vaccine, deteriorated daily over several weeks until she went into a coma-like sleep for 13 weeks. She has missed 2 years of school and life. The manufacturers actually state that their vaccine is not suitable for everybody, that their are contraindications and side effects which can be serious. In the UK there have been 7232 Yellow Card reports and acceptance that 1200 reports are considered serious and their have been 4 deaths. Yet the health authorities and pro-vaccine lobby tell parents it is safe!!!! Не би коментирал повеќе. Ситуацијата со Векфилд не е завршена. Докажувањата продолжуваат. http://www.ageofautism.com/2012/03/brian-deers-bmj-series-not-peer-reviewed.html Еве за полесно објаснување на Хрватски. http://tinkturedrsulca.com/2014/01/20/autizam/ Сигурен сум дека сите доблесни доктори, кои ја отвараат пандорината кутија, против вакцините, мораат да живеат од нешто, и секако бараат начини како да дојдат до своја и секако до егзистенција на својата мисла. Обично тоа се преку донации од сајтови. И тука нема ништо срамно и погрешно. За разика од фарма гигантантите, тоа тие не го работат за профит. Често поради своите ставови овие доблесни лекари, прилично успешно се деградирани, и исфрлени од заедниците. Секако, тоа не ја намлува нивната големина, и нивните откритија. Да го оставам Алуминиумот на научниците кои го ставаат во вакцините ? И Живата исто ? Па тоа и го правам, ако им е добар, нека си го тураат сами. Јас на моето најмило нема да му го дадам. Мајката природа, ќе ми го сервирала да требало, и моето дете може ќе се викало Робокап. Добро бре Експерт, Секогаш е лесно да се земе субјективен фактор, ама треба да ја видиме и аголот на перцепција на субејтивноста. Да, науката вика турај вакцини, ќе се спаси човештвото ( од што дикутиравме наназад ) а околу тебе луѓе, битија, хомосапиенси....и сите тие субјективно приметиле дека раздорот во нивното дете е после вакцината...Абе едно да е во 5 субјективни, верувам дека не сакаш да си во кожата на мајката.... Без објективна анализа ? Ајде, сеа пак ти врати се наназад на постовите на родителите со лекарски наод на поствакцинална болест. Сакаш повеќе објективност, одбери вакцина по желба и прочитај можни проблеми од вакцината, на самото ливче. Јас ке продолжам да размислувам субјективно но човечки, а ти размислувај научно, во ексел и „мали“ можни последици, кои заради “Повисокото добро“ се оправдани. Терај го тоа на свои деца, коа еден ден ќе ги имаш. Многу ми е симпатично ова „само“. Инаку констатацијата за 99% е погрешна, согласно примерот во Македонија и Англија пред неколку години.
Луѓе може е офф но морам да ве прашам дали вие верувате во овие статии од интернет,такозвани истражувања?? Мене ова се ми нај не веродостојни податоци,3 светлосни години далеку од нашата реалност од нашата македонија да не речам... Ние тука зборуваме за составот и квалитетот на вакцините во МАКЕДОНИЈА, со потекло од кина, тие се далеку од вакцините во америка или европа каде што кога тропнете на вратата кај лекарот не добивате одговор:па незнам... тие без проблем ти гарантираат за вакцината,а не како кај нас мислам дека ангелофарх или некој друг беше пишал лекарите самите кажуваат дека тие неможат да ти потврдат дека не ќе имаш негативни ефекти од вакцината. Е сега зарем можеме да ги прифатиме тие истражувања и за нашево поднебје,мислам дали вие лично им верувате??
Денес ja примивме втората доза од НВ, ми кажа дека од неа нема реакции. Ама ете заборавив да прашам, дали смее местото каде што е боцнст да му го мокрам при банане?
Сноу, можеш да го бањаш малото. Јас сум ја примала на постари години (пред 4-5) пошо нели од скоро е внесена во редовен календар и знам дека тогаш ми кажаа дека не треба на апсолутно ништо да внимавам и дека таа вакцина е најсрцка ( ) од сите вакцини бидејќи нема несакани појави. Е сега како за голем, ваљда и за бебче важи тоа, али ако ти е несигурно, 1-2 дена не го бањај и после си можеш комотно зашо местото на убод во кожата си зараснува
За жал, немањето на инстантна реакција од вакцина, во вид на потечено ноџе, раче или покачена температура, никако не значи дека вакцината не оставила трајна последица. Дур ја чекам пријателката со продложување на комуникацијата, можам да констатирам дека и поедини новинари кај нас се ослободуваат да пишуваат на темата. Темата, ужас! http://kukuriku.mk/milioni-luge-dobile-vaktsina-infitsirana-so-virusi-koi-predizvikuvaat-rak-i-sida/ И подоле, како драгиот на Експерт - CDC си ја тргнал страната.
Ах, Yaree си ме разочарал комплетно...мислев дека имаш поинтересни податоци и студии наместо овие превземените од NaturalNews....Како прво, тоа со интервјуто на Hiileman e комплетно извртување на вистината..впрочем тоа е и главна специјалност на антивакциналните кренкови (искрено, мислев дека ти не спаѓаш меѓу тие, барем по репутацијата што ја имаш на форумиве)...арно ама.... Еве прочитај малку за нареден пат да не се срамиш : http://www.sciencebasedmedicine.org/ano ... lio-oh-my/ Е сега, повели студии од Оксфорд, работени на милионска популација -во нив се споредуваат оние од периодот 55-61 година кои ја примале вакцината со популацијата после 62 година, кои примале чиста вакцина и нема никаква разлика во однос на добивање тумор. Дури и се правени паралели измеѓу невакцинирани и вакцинирани бебиња и ситуацијата е иста. Симијаните немаат ама баш никаква врска со туморите. http://m.jnci.oxfordjournals.org/conten ... 2.abstract Ако и ова не ти е доволно, тогаш веројатно ќе сакаш да прочиташ дека со откривање на polymerase chain reaction а во 62 година, веќе е невозможно да се случи таква контаминација. Во серологија се разбираш??? Последните серолошки испитувања кои во последните години се исклучително прецизни, го потврдуваат тоа дека SV 40 НЕ Е ПРИЧИНИТЕЛ НА ТУМОРИ. http://www.ncbi.nlm.nih.gov/m/pubmed/15248251/ И уште една : http://m.cebp.aacrjournals.org/content/ ... 1.abstract И те молам, во кој дел од страната на CDC која наводно е тргната, всушност може со еден клик да се пронајде, прочита дека SV 40 предизвикува тумори ???????
Исто така доколку сакаш да те сметам за озбилен соговорник, те молам не го споменувај Векфилд... Wakefield received more than $650,000 from lawyers trying to build a case against vaccine manufacturers. The same lawyers funded his clinical research that was later published, (and never duplicated), an unbelievable conflict of interest and frankly fraudulent. http://www.kevinmd.com/blog/2011/01/vac ... money.html Еве ти уште малку за читање....можеш да зебележиш дека моите извори не се "тинктуре Сурдулица" http://www2.aap.org/immunization/famili ... field.html Намерно или случајно го избегна фактот дека финансиер на Луција Томљеновиќ е еден од основачите на National Vaccination Information Center.? Твоја реченица :"Обично тоа се преку донации од сајтови"???? Значи, истражувањето го финансира најголемиот антивакцинален сајт и за тебе е се во ред???? А ваму ако истражување финансира фармацеутска компанија, тогаш е конфликт на интереси????...цццццц
Не, и никако не сум хендикепиран да размислувам со разум, наместо со титула. Познавам еден Магистар, електроинжинер, кој има поголеми познавања за имунизацијата и вакцинацијата ( не е исто ) од повеќето наши лекари во областа. Слична особа се појави тука на форумот, и како што е и обичај помеѓу „стручната“ гарнитура тука, едноставно е прерипана. Како и повеќето директни прашања за кои што тешко можат да се “изгуглаат“ котра ставови. Глув остана и доказот на судиорот на интереси( и тоа дебели ) помеѓу промотери на вакцините во СЗО и фармацевстките куќи. Снежно, не се разочарувај, веќе 7-8 години се сретнувам со луѓе кои се разочаруваат на мојата маленкост. Ретки сте, но ете Ве има. За 20 години можеби ке се разочараш токму од позицијата која сега ја имаш за вакцините, барем така викаат некои големи умови. Периодот кај секго е различен. И јас се разочарував кога ја дознав другата страна на медаљата за вакцините, и јас бев за вакцините, така и бев воспитуван уште во претходниот систем. Вистинското разочарување дојде кога дознав за две пријателки, едната докторка, и педијатарка на детето на другата. Па таа недокторката ја прашала докторката за вакцините. Оваа докторката на сите звона - Да! Обавезно.... И после некое време, едниве кај другиве на гости, и случајно книшката на детето на докторката ( 7-8 години детенце ) на маса. Празна во рубрика вакцини..... Си се собрала оваа недокторката и си отишла. После и дознала од други дека детенцето на докторката невакцинирано никогаш...... Е тоа е разочарување... И да, дали ти мислиш дека некој кој заработува од вакцините и проблемите после вакцините, ке направи студија да каже да штетни се, можни тригери се за аутизам ? Во фармакологијата не можеш да очекуваш хумоаност туку строга бизнис логика. Токму и затоа се направени овие студии исгуглани лесно на нет. За да на крајот посегнеш по патот на парите. Омаловажување на лекари и научници кои се против вакцините, можеби е причина за твое преиспитување. Јас знам да комуницирам со сите, и со тоа повеќе да дознаам. И со чистачката од влезот но и со еден врвен епидемиолог од кај нас, кој ете исто така не ги вакцинирал децата, а сега ни внуците. Само ограничувањето, за мене е очајна карактерна особина, која не допринесува за развој и еволуција во билокој сегмент, а особено не во медицината ( особено не во онаа која е директно зависна од фарма гигантите ) . Ме одушевуваат ликови како оној Др. Пољак од видеото пред една две страни тука на темата. Ти не ме разочаруваш. За ова сепак треба малку повеќе, а ти ете толку можеш. Секако, немој погрешно да ме разбереш. Имаш предиспозиции, но прекидачот никако да го фатиш. Пази се да не се разочараш еден ден од твоите сегашни ставови, тогаш разочарувањето ке биде многу поголемо. Можеби ке се прашуваш за бројката на уништени млади животи после вакцината, и колку си придонела во тоа. Јас познавам еден таков, лекар трансфузист, магистар во професијата. Со внуче уништено од вакцина. Добро е што сте се помалце, со ставот мислам. Ке имаме поздрава нација. Барем коа се вакцините во прашање.
Наместо одговори, добив филозофска полемика ? .....очекувано... Не те разбирам, ти сакаш некој да произведува и пронаоѓа лекови (ужасно скап и комплициран процес во кој претпоставувам ти не се разбираш) и да гi продава за без пари ? Ограничувања во медицината ? Јапонија денес : http://www.independent.co.uk/news/scien ... ign=buffer А анегдоталните случаеви со докторките и пријателките, односно рекла-казала ти се врв. Не, извини, врв ти е првата реченица..."Не (не сум доктор имунолог), и никако не сум хендикепиран да размислувам со разум, наместо со титула"....еее тука е мојот проблем...ти можеш да размислуваш, тоа секако никој не може да ти го забрани....но ти размислувањето не си го чуваш за себе, напротив....ти сакаш твоето размислување да го претставиш и наметнеш како вистина (да е жив и здрав интернетот и форумите)....а притоа забораваш дека дискутираш за медицина, за која јас на пример потрошив 6 години во макотрпно учење....ти ги немаш основните предзнаења, освен ако мислиш дека со читање на компјутер истите можеш да ги добиеш (да е жив и здрав google)...исто како што јас не можам да станам електроинженер...
Јас лично сум Многу Против вакциниве дека мој близок има аутизам што најверојатно доаѓа од некоја вакцина ! Се родило се нормално здраво право бебе почнало да лази да вика мама дада за на 9 месеци му снема се и да биде во количка до 5 години да неможе да оди да не зборува ! Неможе секој организам да биде отпорен на секоја вакцина
Ајде прашање за сите, за и против вакцини. Го можете ли ова ..... да го гледате.....http://www.youtube.com/watch?v=S3oZrMGD ... e=youtu.be