Исто ко шо и гравитација е претпоставка, додека не ти падне јаболко на глава. Математички и епидемиолошки факт. Условна. Апсолутна невистина. 10 години е мит, кој често се меша со препорачани бустери за полио и тетанус. Истражувањата покажуваат дека после целосна вакцинација со ММР, заштитата против морбили и рубеола е доживотна, а против заушки најчесто долготрајна, со многу висока ефикасност. И природен пад од трети кат ќе те набилда со мускули, али по висока цена. Болеста остава имунитет, али цената е енормна. Морбили можат да предизвикаат енцефалитис, слепило или смрт. Заушки можат да доведат до стерилитет. Рубеола кај бремени жени може да предизвика катастрофални последици за нероденото дете. Вакцината иницира имунитет без овие последици. Затоа медицината не ја препорачува болеста како подобра заштита, туку вакцинацијата. Како возрасен е полошо, пошо вирусите гледаат у календар и чекаат да наполниш 30. Лол! Целта не е одложување, туку спречување. Ако заедницата е доволно имунизирана, вирусот нема каде да циркулира и шансата да се заразиш како возрасен е минимална. Само ради вакцините, полио е на работ на исчезнување. Хазард од адитиви, али знаеш ли што внесуваш преку храна и воздух? Постојат огромни студии кои ја испитуваат безбедноста и на поединечни вакцини и на комбинациите што се даваат според редовен календар. Вакцините се најтестираниот и најконтролираниот медицински производ воопшто. Од целата популација Јаре. Истата што те вклучува и тебе, за жал. Не од јаболките на пазар. Али ќе ти напишам на фрижидер со магнетчиња, може тогаш ќе престанеш да прашуваш едно исто. Ако пак не разбираш, тогаш проблемот не е во науката, туку во твојата упорна желба да ја игнорираш. И одлично е што имаме интерес за наука и математика и од пензионерска публика. Сакам да кажам, џабе ти ментални гимнастики да докажеш небулози. Вирусот не го интересира ама ич дали си дете или возрасен. Ако доволно луѓе се невакцинирани, болеста ќе најде пат за ширење. Затоа и календарот опфаќа имунизација во детство, а во одредени случаи се даваат и бустери кај возрасни, за да се одржи колективната заштита.