Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    778 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    244 глас(а)
    23,9%
  1. Baby Girl123

    Baby Girl123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2024
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    933
    Пол:
    Женски
    @Yowannty @Baby warrior @Ladyme
    Ви благодарам на конкретните совети без лепење етикети и дрскост.
    и јас сум на сто ума од една страна ме плашат сите последици од невакцинирање од друга стрна премногу лоши искуства со вакциниве. Јас стварно не сум уптена со имунолошката политика во државава ама некако пошто ништо не функционира веќе се ми е сумливо и кога е во прашање мое дете сакам да донесам исправна одлика.
    За мој личен комодитет многу полесно ќе ми е да ј вакцинирам ама се плашам дека од здраво право напредно бебе да не направам проблем.
    Не сум во план да не вакцинирам, ама малку да одложам да соберам ствови од двете страни и да видам дали тоа што сум одлучила уште на почетокот да ја вакцинирам е исправно.
    Инаку баш во родилиште педијатар кок дојде кај нас во соба разговараше со мојата цимерка и кога ја прашав искрено дали да со ја вакцинирам мојаѕа ќеркичка ми рече не. Е сега не знам дали е од лично искуство, заради прпфесионално искуство или побожност.
    Во секој случај ќе мора да донесам одлука за брзо, се надевам дека ќе биде исправна.
    Фала ви уште еднаш :l:

    Мислам дека интернетот е најпогрешното место за едукација освен ако читаш научни сајтови.
    Секако дека не би го изложила своето дете на ризик заради тоа сакам да слушнам и стручни мислање од педијатри( кои искрено ми се најбитни) но и искуства на мајки кои се ваксери и антиваксери.
    Во животов не земам ништо здраво за готово а посебно па кога се работо за свое дете.
     
  2. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    11.396
    7месеци ти е бебето минато е идеалното време за вакцинација, тој календар не е правен на памет, има причина зошто во тој период се примаат, требало на 2 месеца да размислуваш а не сега. Не си упатена ама премногу лоши искуства има, упорно верглаш дека има лоши последици а тука еден куп сме со минати вакцинации и ти кажуваат дека нема ништо. Ама ти го чекаш тој еден што ќе те подржи во веќе донесената одлука да не вакцинираш за да се оправдаш пред себе си. Еве ги преместија мислењата во Вакцини за или против таму има запалени антиваксери ќе си шерувате постови на Трамп и Кенеди.(fingers)
     
    На Tulip023, 1209, naturally и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Baby Girl123

    Baby Girl123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2024
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    933
    Пол:
    Женски
    Леле пак ти. Дај откачи се од мене. Воопшто не ми помагаш и заради такви како тебе со невоспитани понашања дрскост и да не речам ама простачко понашање многу од нас го напуштаат форумов!
     
  4. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    762
    Пол:
    Женски
    Искрено, малку сурово ама ако не сакате да си ги вакцинирате децата, купете си овци и преселете се надвор од цивилизација.

    Ако сакате да уживате права во колективно општество, треба да исполнувате и обврски. Апсолутно НЕ е твое право на избор. Задолжителна обврска е. Нема емпатија на темава.
     
    На Lianna Anna, Tulip023, Mother of 2boys и 5 други им се допаѓа ова.
  5. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.772
    Допаѓања:
    35.789
    Пол:
    Женски
    Не е добро тоа што размислуваш да му скратиш на едно мало бебче право на имунизација. А со тоа ни ги ставаш и нашиве деца под ризик.
    Комшивкати имала само среќа, ама тоа не значи дека ќе продолжи да има.
    Мој добронамерен совет како мајка кон мајка ти е да не си играш со ваква сериозна тема и да си го вакцинираш детето. За да не си ја чукаш главата подоцна.
     
    На Tulip023, Mother of 2boys, dummy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    780
    Пол:
    Женски
    Овде ти пишува мајка од која едното дете имаше лоши нус појави од рота. Од диспанзер решија другите ревакцини да не ги прима за рота. На второто дете воопшто не ја ставив таа вакцина едноставно ја прескокнав. Во болноца ги доби бсж и хепатит, да можев да бирам и тие немаше да ги ставам. Поготово што пишуваат тука дека преку крв се фаќа. Е па така и е. Или сексуален пренос (боже господе за бебе се зборува) или преку игла заразена од некој хепатит б што има. Ако е за така преку игла и хрпатит ц се префаќа па не се вакцинираме. Јас не сум антиваксер. Но решив второто дете да изгради природен имунитет до 3 години па да го вакцинирам. Ротата намерно ја избегнав а другите ги ставив сите. Во една година успеав 3 дтп,мрп и пнеумокок со што од 3г на горе се дава само една доза. 4та дтп ни е за вгодина. Изборот е мој како родител ни сзо ни никој неможе да ме убеди дека бебе од 4 кила може нормално да издржи 6то валентна,рота и пнеумокок заедно без никакви последици. Точка.
    Едит: преневар вакцина и рота се воведоја во Мк во 2018г.
     
    Последна измена: 8 декември 2025 во 22:41
    На Baby Girl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.127
    Допаѓања:
    8.599
    Пол:
    Женски
    @Baby Girl123 , и со предвремено родено дете (моево) не сме прескокнале вакцина. Дури и без никаква реакција скоро сите ги помина.
    Е сега јас отсекогаш бев за вакцини и без исклучок. Плус со самото тоа што оди и во градинка, ни на крај памет не ми паѓало да ја пратам без никаква заштита.
    Дали имало ризик, сигурно имало. Кај некој ако имал реакција на било кога вакцина, е може еден случај на илјадници. И да, тој еден може да е и моето и твоето дете.
    Ама при секоја зараза што може да излезе во годините да се тресам, не планирам. Не знаеме каде ќе не однесе животот, па да речам нема полио во Македонија и не вакцинирам, ама може Танзанија ќе појдам на одмор и таму ќе зафати.
    Еве на форумот останато ми е во сеќавање, некиј имаше пишано дека детето добило алергија на банана. Значи банана во мое познавање и читање за храна на деца е најосновен избор. Дали тоа значело дека нема да давам банана јас, за да не појави моево дете алергија?!
    Далеку е вакцината од храна ама ти правам паралела дека не може сите мислења да ги базираш на тоа како и што некој направил.
    Пред некое време среќавам мајка ао дете колку моево. Детето родено со здравствен проблем, препорака да се одложат вакцините некој месец. Вика мајката решив скроз да не вакцинирам и детето ќе оди во приватна градинка во која не се бара потврда за вакцини. За сметка на тоа бар 2-3 пати се на болница со пневмонија во сезона. Може превенар вакцината ќе спречела дел од пневмониите. Само за споредба при пневмонија може и 2-3 недели да е дете со антибиотик и кортико инхалации.
     
    На Ladyme, le.soleil, Tulip023 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    780
    Пол:
    Женски
    Споредбава со пневмонииве исто така не држи место,затоа што неколку деца од тие што ги познавам со сите дози преневар не промашија зима без инфузии на детско со пневмонија. Ќерка ми ни еднаш не имала. Оваа година ја прими преневарот (соодветна доза за годините,една се реди после 3г) па ќе видиме со господ напред како ќе ја поминеме зимава. Се молам да е исто како до сега.
     
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.076
    Допаѓања:
    42.822
    Пол:
    Женски
    Глеаш, ти неќеш да се вакцинираш, друг неќе, трет, и што се случува? Ќе опадне стапката на вакцинација, вирусот ќе циркулира многу полесно и ќе има шанси да настанат повеќе мутации во неговата генетика.
    Ти го користиш колективниот имунитет за да не го вакцинираш твоето дете, нешто што треба да е зачувано за деца кај кои постои сериозна контраиндикација да се вакцинираат, а тоа е мал процент.

    Бидејќи имаат посебно складирање и ракување со нив по употреба, исто како сите други медицински лекови и материјали.

    Какво истражување за плацебо ефект бараш?

    Истражување за што?

    Многу едноставно - отвори состав и прочитај.

    И ова не е точно, сега се користи инактивирана вакцина што не може да предизвика парализа.

    Сите несакани ефекти се јавни и се смета колкави се шансите да се добијат наспроти бенефитот кој би се добил.

    Ова за крај. Можда малку едукација како се пренесува хепатитис Б(не, не е само преку сексуален однос), наместо слушање циркузанти претседатели.

    Еве, ти ги одговорив прашањата.
     
    На anngelique, Lianna Anna, Tulip023 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.127
    Допаѓања:
    8.599
    Пол:
    Женски
    @Чанта , реално пневмонијата може и вирусна и алергиска да е, не само бактериска за која заштитува вакцината. А сме биле и ние хоспитализирани со некомплетно вакцинирано дете, не за друго туку затоа што не беше стасано на возраст кога треба да ги прими останатите вакцини.
    И прво што ми побараа меѓудругото е вакцинален картон.

    Дали има подобрување во имунитетот после сите примени дози, ќе речам има. Може има и влијание на зајакнат имунитет и поминато време, поголема возраст и куп други фактори.
     
    На naturally и 1209 им се допаѓа ова.
  11. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    780
    Пол:
    Женски
    Дај боже да е така.Јас не сакав да правам ризик како со првото дете затоа почекав и летото пред 3г да прави почнав со имунизација. Се надевам сега дека имунитетот ќе и биде уште по јак.
     
  12. Baby Girl123

    Baby Girl123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2024
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    933
    Пол:
    Женски
    како одложваше до 3 годинки? Баш еден стар педијатар ми го рече дека е подобро да се изгради некој природен имунитет па после тоа да се вакцинираме.
    Дали бевте во контакти со луѓе или повеќе бевте изолирани? Како ја заштити до тие вируси и бактерии од кои штитат вакцините?
     
  13. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    2.099
    Допаѓања:
    1.670
    Пол:
    Женски
    Во мојата фамилија се имаат заразено тројца со хепатит б што биле во исто време на стоматолог, прелошо поминале, еден од нив 20 години прима скапи терапии и оди по болници на прегледи пошто е хроничен хепатит. Две фиоки со документи со прегледи има. Незнам како може некој да не се едуцира доволно и да нејќе да го заштити своето дете
     
    На naturally, EnaEnA30, Ladyme и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.774
    Допаѓања:
    187.270
    Пол:
    Женски
    Верувам. За жал од не добро и не правилно стерилизиран материјал за работа лесно се фаќа хепатит. Сум слушнала и јас за вакви ситуации од стоматолог. Некогаш нешто што ни изгледа навидум наивно, може многу да не кошта.

    Затоа велам, лечењето е многу поскапо. Поскапо за нас и со многу поголема заработувачка на компаниите што прават лекови и оние што ги продаваат. А ние некогаш може и прескапо да поминеме.


    Си мислат тие дека се едуцирани тоа е проблемот.
    Секоја земја има своја комисија која го прави распоредот на вакцините, според многу критериуми. Ништо не е случајно, ниту ставено само колку да фаќа простор. Вакцини не се одложуваат освен ако постои медицинска причина за истото. Кога станува збор за вакцини не постои оправдана причина како за свој мир и ќејф ќе одложам за сеа, оти покрај тоа што го загрозуваш колективното здравје, го загрозуваш и она на сопственото дете.
     
    На SummerGirl, Lianna Anna, Baby warrior и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    780
    Пол:
    Женски
    Аман со небулозиве. Значи седев на прослава наспроти човек со хеаптит б што испадна дека има. Јас сум меѓу другото хипохондрик. Кога дознав веднаш отидов на инфектологија да прашам. Неможе преку зборување. Дури и ранички да имате двете особи треба капка крв да плукне и да падне во твојата уста на раната отворена. Точно е дека хепатит б е нај заразен дури во засушена крв стои и месец дена.Но треба да има допир на крв со отворена раничка. Затоа најчесто е преку однос и преку игла или како што кажа членка погоре преку орални алатки. Порано ете пред 20тина години не се стерилизирале прописно алатите на стоматолог а сега скоро и да нема такви случаеви. 3то тетките што четкаат заби сигурно нема да плукаат во уста на бебето. Патем не сме биле ни свесни колку мн луѓе има во мк заболени од хепатит Б. Ако е за така не треба ни на кафе да седнуваме.
     
    На merriel0 и Baby Girl123 им се допаѓа ова.
  16. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    780
    Пол:
    Женски
    Хепатит и бсж прими на раѓање. Овие вакцини се користат од памти век во мк. Ротата ја одбегнав намерно со причина. Да не ги набројувам сите болести против кои се направени вакцини,најмн се плашев од тетанус и пертусис секако. Тешко е да гледаш болно дете нели. Не мислев на најлошото едноставно сакав да избегнам. Фала му на господ не не фати ништо невакцинирани. На лето секогаш носев хидроген и јод во мене и најмала гребаница веднаш ја миев. Во гужви не преферирам да пикам мали деца без разлика дали се вакцинирани или не вакцинирани. Во градинка не одеше,и општо гледам на отворено деца да носам, планина,прошетки,игралишта и слично. Дека не се плашев неможам да ти речам не, да,се плашев и бев претпазлива. Не ми е ова измислено имав причина зошто да одложувам. Не поминуваме исти пат сите. Со првото се помачив затоа. Сега е вакцинирано со сите уште 4та дтп и толку. После наредно е на 6г па на така....
     
  17. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    9.614
    Го читате само тоа што ви одговара. Имало негативни реакции, аутизми чуда, ама не ги гледате студиите и статистиките каде бенефитот е убаво објаснет, ниту споредбите меѓу податоците од порано и сега.

    Се прашувам кои педијатри се тие што ви даваат вакви совети, ама најверојатно истите што препорачуваат сокови како прв чекор при воведување цврста исхрана.
     
    На SummerGirl, Autumn Love, naturally и 7 други им се допаѓа ова.
  18. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    6.269
    мене педијатар, што подоцна стана директор на Козле ми се дереше зашто на скоро 8м дете имам воведено цврста храна, требало само вода со лимон да давам. Какво било тоа давање авокадо, месо, житарки и што све имав воведено. Не сум човек што противречи на доктор, сум послушала се што ми рекле, за сомнителни совети сум барала повеќе мислења, ама ова ми беше шок. Не ги ни обвинувам мајките што се сомневаат во стручноста и препораките на докторите, навистина е збунувачки и застрашувачки колку контрадикторни информации добиваме од различни доктори.
     
    На SummerGirl, Калатеа и Miss666 им се допаѓа ова.
  19. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    820
    Еден татко тука на форумот имаше одлична изјава.
    - И да ме казнат, тоа ќе бидат најдобро вложени пари во мојот живот.
    И да како порано родено, прво нешто пшто треба да сугерираат е одлагање на вакцините.
    Ако те казнат, постапката трае. и ако платиш во рок од 8 дена, се плаќа пола казна од 300 Евра, односно 150 евра. Може и воопшто да не почне постапката, ако одлагаш. Тоа се прави со барање на доставување на информации од диспанзерот. Повеќе инфо во групите на фејсбук.


    Погорниот документарец, бесплатен, сега веќе и со превод на хрватски. Наскоро на македонски.

    https://rumble.com/v711bu8-neugodna-studija-an-inconvenient-study.html
     
    На Baby Girl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Baby Girl123

    Baby Girl123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2024
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    933
    Пол:
    Женски
    А дали се запрашуваме
    Да си жива и здрава за ова што го пиша.
    На онколошки пацинети даваат физиолошки раствот наместо терапија. Дали се сомневам во здравството и во комисијата што го прави распоредот за вакцинација? Дури се плашам дека таму некоја си во диспанзер може да згреши и да даде погрешна вакцина