Форумџика на годината

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    788 глас(а)
    76,3%
  2. Против

    245 глас(а)
    23,7%
  1. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    5.799
    Пол:
    Женски
    После два дена си продолживме со животот најнормално, ја носевме на кафе со нас во ист гејт :rofl:
     
    На LiquidLuna, MariaBouli и Tulip023 им се допаѓа ова.
  2. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    826
    Колку сте уплашени со „опасни болести“ Леле мајко.

    1. Повеќето болести за кои се вакцинира одамна не постојат. И не поради вакцинирање.
    2. Дали некој ќе заболи од одредена болест не зависи од тоа дека е вакциниран или не. За да има емпириски доказ потребно е еден ист организам да биде и вакциниран и невакциниран.
    3. Никој кој е за право на избор не е егоист. И тие што одлучиле да не вакцинираат ги сакаат своите деца.
    4. Нуспојавите после вакцина не се единствените нуспојави кои можат да се развијат после години.
    5. Вкупната здравствена состојба на невакцинираните единки е неколкукратно подобра од вакцинираните. Погледни го документарецот на претходната страна, која го објаснува истражувањето на научник од Форд институтот.

    Супер. Се надевам дека така и ќе остане.
     
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    47.318
    Пол:
    Женски
    Фала ама не, не сакам да погледнам документарец направен од антиваксери, верувам на наука и доктори, не на некои глупендари како дотичниве. И тој сто посто сум сигурна дека не е ниту доктор и научник туку само обична будала која се претставува како таков за да испере мозок на маса која има два грама ум.
    И да уплашена сум од опасни болести, оти видов лично што може да направи, затоа не ми попувај со вакви глупи теории да си оправдаш колку си “паметен”.
     
    На RavenTheMystique, Guns N` Roses, Merten и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.245
    Допаѓања:
    44.210
    Пол:
    Женски
    (facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm);(;(;(;(;(;(;(:drunk::drunk::drunk::drunk::drunk:
    тоа е сѐ рационално што имам да кажам
     
    На SummerGirl, Guns N` Roses, daylight и 7 други им се допаѓа ова.
  5. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.913
    Допаѓања:
    6.489
    По твојата логика за емпириски доказ да тврдиш дека невакцинираните се многу поздрави од вакцираните треба да споредуваш ист организам кој е вакциниран и невакциниран. Или тоа не важи кога не ти одговара?
    И како мислиш дека еден било каков лек се пуштал во употреба? На клонови биле студиите за безбедност и ефикасност?
     
    На SummerGirl, daylight, Yowannty и 5 други им се допаѓа ова.
  6. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    826
    Студијата која се обработува во документарецот, правена од реномиран научник од Форд, требало да покаже дека вкупната здравствена состојба на вакцинираните и невакцинираните е иста.
    Ама резултатите покажале нешто друго. Твое право е да се ограничиш, особено ако те повреди логика која нуди научник а не антиваксер. Антиваксерот само успеал да ја изнесе студијата во јавност.

    Види кога се воведуваат вакцините, Можеби ќе ти се разјасни.

    Не по моја логика. По логика на научници. Токму тоа го има во документарецот. За елементарен доказ ти треба ист организам кој е вакциниран и невакциниран. За популациски доказ ти треба голема бројка на невакцинирани и голема бројка на вакцинирани.

    Ама од инает ќе гледате турски серии, ама нема да погледнете нешто што ќе ја наруши вашата комфорност.
     
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    47.318
    Пол:
    Женски
    Не вие од инает нема да признаете дека бебиња умирале во минатото секојдневно од овие болести, а сега не.
    Пак ќе кажам не гледам турски серии ама нема да гледам ни вакви измислени “научни” глупости.
    Ама не знам што се објаснуваме со тебе кога 20г вреглаш исто, арно не рекле од будалата и пијаниот бега.
     
  8. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    328
    Пол:
    Женски
    Не сум тука за да те осудам нити да ти кажам што да правиш, само би споделила моето искуство, можеби ќе ти помогне. Јас сум мајка која е баш на средина, апсолутно сум пронаука, промедицина и сепак прифаќам дека живееме во модерно време кадешто развојот на медицината и фармацијата е стигнат до кадешто е. Паралелно на ова, ја разбирам моќта на фармацевтската индустрија и се трудам максимално да избегнам непотребно пиење апчиња и користење на фармацевтски производи освен во услови кога мора и тогаш сум апсолутно ок со тоа. Така да исто како и тебе ми беше многу тешко да се одлучам цврсто за чекор вакцинација, бидејќи нити бев строго за вакцина нити строго против. Но сепак се одлучив редовно да ја вакцинирам ќерка ми со сите вакцини, освен со мрп, таа ја прими на 2.5 години. Со секоја вакцина имав страв како и секоја мајка, но се помина во најдобар ред без никакви компликации и проблеми освен оние стандардните како темп, омалаксаност и слично. Ми помагаше фактот што сите дечиња околу мене редовно вакцинирани исто немаа никакви проблеми со ниту една вакцина. Можеби ќе помогне ако се свртиш и кон твојата околина, дечиња кои се вакцинирани/невакцинирани па да одлучиш. Во моето искуство и дечињата кои се вакцинирани и дечињата кои не се воопшто подеднакво исто се разболуваат. Со лесно што и да одлучиш.
     
    На eliesaab, Baby Girl123 и Nala1806 им се допаѓа ова.
  9. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    826
    Абе циркус. Од каде па сеа изврте некакво непризнавање за тоа дека бебиња умирале. Ама еве за тебе за љубов, не си во право. Бебиња и мали деца умирале од некои од болестиве за кои се вакцинира. Но смртноста опаѓала низ годините, поради подобрите услови за живот, хигиена, здравствен третман... и кога смртноста паднала до скоро 0, тогаш се „измислени“ вакцините. И брц, медаљата за спасител оди кај нив.

    Нема измислени научни глупости, барем ти така велиш. А ако држиш до наука немаш проблем да го видиш и научниот труд и научникот.

    За тоа што ви го реметам мирот и стеретипното уверување дека вакцините го спасиле светот - извини. И напиј се и бегај. Од будалата.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    47.318
    Пол:
    Женски
    Ок.
     
  11. Baby Girl123

    Baby Girl123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2024
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    938
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу на советот и споделеното искуство :l:
    Една од малкуте која ме разбра бидејќи тука а спомнеш сомнеж во здравство и вакцина веднаш има напади ама тоа е таков ни е менталитетот
    Истите чувства кон вакцините и генерално кон комерцијализираниста на здравството секаде.
    Јас верувам на искрени и добри медицински лица кои се стручни, не го спорам напредокот на медицината ама од друга страна се повеќе здравството стана да го направи човекот зависен и не бираат дали се работи за бебе или возрасен, само да направат профит.
    Сепак одлучивме да се вкцинираме.
    Ама баш кога требаше да ја примиме вакцината малава ми качи температура и пиевме антибиотик.
    Знак ли е ова да не ја вакцинирам не знам. Баш на денот кога требаше да примиме вакцина.
    Се помина ок, изгледа реакција на јајце или нешто со мешето беше лесно помина.
    Онака има многу напреден психо - физички развој дури и понапредна од врсниците ама тоа не значи дека добро ќе ги поднесе вакцините.
    Од една страна сакам да ја заштитам со вакцинација од друга страна се плашам дали тие вакцини се всушност најголемото зло на денешното време кое човекот го прави зависен од здравство и фармација.
    Ама малава ми е пррматурче (31+5) и кога ќе размислам и медицината допринела за да таа денеска биде здраво право напредно пргаво бебе. Така да, да помине некој период и ќе продолжме со вакцинација.
    Се молам на Господ и моето бебе да ги поднесе сите вакцини супер и да нема никаков проблем :l:
     
    На BellaBibi и 1209 им се допаѓа ова.
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.329
    Допаѓања:
    4.406
    Првично главната цел на вакцините била да се помине полесно доколку дојде до заболување, и да нема смртен исход. Тоа што повеќето не заболуваат е бонус. Но тие кај кои сепак доаѓа до инфекција таа најчесто поминува полесно, некогаш дури и асимптоматски. Исто така не е сеедно за каква болест станува збор. Повеќето вакви коментари се вртат околу грип и морбили кај кои доколку не дојде до компликации, и не се страшни толку. Но дифтерија, тетанус, хепатит Б, или менингокок работите стојат поинаку, а да не збориме за веќе истребената одвратна вариола, истребена токму поради интензивни кампањи на масовна светска вакцинација 1970-те години.
     
  13. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    328
    Пол:
    Женски
    Сакав да кажам во однос на секојдневните вируси и болести од градинка, муабетот ми беше за општо имунитетот на дечињата дека не сум забележала некакви отстапки на вакцинирани и невакцинирани дечиња, не мислев на конкретните болести против кои се вакцинираме и штитиме. Немам искуство со тие болести среќа, нити па околу мене имало случај.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  14. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    826
    Најголемите закани за науката се бугиизмот (bougieness), групното размислување, конфликтите на интереси, епистемолошката апстракција, ароганцијата - односно сите работи што мејнстрим науката ги промовира денес.
    Оваа рекција е класичен пример. Помогнат со лајкачите.

    Туку да не ми оди постот без врска.
    Некаде наназад ветив за инфо за една од оштетите исплатени во МК во Кочани. И кај нас има доблесни судии, но пред се упорни родители. Пред скоро 11 години. Родитеите се одселени за да бараат чаре за состојбата на нивното дете упропастено од вакцина.

     
    На merriel0 и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. Вивиен5

    Вивиен5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Дали во сите градинки во Ск мора потврда за примени вакцини по календар ?
    Ми соомнаа дека во Центар не барале.
     
  16. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    826
    Градинките не смеат да бараат „примени вакцини“. Не постои законска одредба за тоа.
    Во некои градинки тоа ти мораш да го докажеш.
    Некаде наназад имав ставено линк за прием на децата во градинка и можноста градинката да добие тужба за дискриминација.
    Сурфни, ќе ги најдеш. па спремна ќе отидеш.
     
  17. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.178
    Допаѓања:
    39.268
    Пол:
    Женски
    Јас сум од Центар, бараат.
     
    На Вивиен5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.197
    Допаѓања:
    42.048
    Пол:
    Женски
    Дали истото важи и за прием на првооделенчиња во школо? Нас ни бараа потврда за вакцини, мојата пошто е вакцинирана им однесов. Ама знам една жена чие дете не е вакцинирано, а не сум ја прашала дали им барале кога го запишуваа детето во школо. Чисто ме занима, а не сакам за таа тема да дискутирам со неа
     
  19. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    826
    Согласно законската регулатива, школото е должно да бара. Таа регулатива е иста уште од бивша Југославија. Исто така согласно регулативата школото нема правен лек (на пример да не запише прваче) доколку таа потврда не се донесе. Некои училишта бараат и инсистираат, дури и претат дека нема да запишат, па родителите ги пријавуваат во држ. просветен инспекторат и децата се примаат. Некои не прават никаков проблем. Зависи од партискиот директор кој е во моментот на функција. Моите коа се упишуваа во школо немаа проблем дури и нагласував дека не се вакцинирани. Па тогашниот педагог дури и ме прекори - вели - Добро де, не се само твоите невакцинирани.

    Ако родител има став за (не)вакцинирање, сеуште може да го пронајде патот. Школото не е здравствена институција, а не е ниту пошта. Повеќето веќе ја надминаа праксата на повици за систематски преглед. Или објави на имиња на невакцинирани деца за да се јават за вакцнација. Неколку школи попија заради заштита на лични податоци, па сеа дуваат и на јогурт.

    Тие родители кои невакцинираат си ја бркаат работата, воглавном на мирен и тивок начин, и дури и нема да дознаеш кои се дечиња се невакцинирани.
     
    На Вивиен5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Вивиен5

    Вивиен5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу,значи да се наоружам јако и да пукам за да успеам