Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    761 глас(а)
    76,2%
  2. Против

    238 глас(а)
    23,8%
  1. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Немам ништо против твојот став за вакцините,но толку многу истражувања има за оваа тема и е софистицирана работа,што корелацијата на аутизмот и вакцините е никаква.
    Истражувањето во Јапонија на оваа тема каде што ММР вакцините биле забранети и не им се давале на дечињата,не го спречиле факторот да се зголеми бројката на аутизмот.
    Но искрено,вакви ставови се заради таа плејбој зајачицата и мајка на аутистичното дете која е толку добра што не го споделува лекот за аутизам,а од друга страна е против вакцините и продава книги за тоа.
    Не сакам никого да окривувам,но вакцините немаат никаква допирна точка со аутизмот и е пософистицирана работа и не е само тоа фактор за аутизмот...
    Бидејќи аутизмот е нова болест и сега се дијагоснтицира,порано не се знаело за тоа нормално е дур не се најде лекот да се окривува се и сешто...
     
    На baby-star, snezno и Elena2204 им се допаѓа ова.
  2. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Можеби не сум доволно информирана ама сепак тоа беше мое мислење, во тој случај ако не е нели од вакцините врз што се префрла вината за таквите промени кај децата ?
     
  3. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Не, и никако не сум хендикепиран да размислувам со разум, наместо со титула. Познавам еден Магистар, електроинжинер, кој има поголеми познавања за имунизацијата и вакцинацијата ( не е исто ) од повеќето наши лекари во областа. Слична особа се појави тука на форумот, и како што е и обичај помеѓу „стручната“ гарнитура тука, едноставно е прерипана. Како и повеќето директни прашања за кои што тешко можат да се “изгуглаат“ котра ставови.
    Глув остана и доказот на судиорот на интереси( и тоа дебели ) помеѓу промотери на вакцините во СЗО и фармацевстките куќи.




    Секоја чест на разумот, ти и господинот магистар инженер запишете се на медицина, учете по 10 години, специјализирате на одредена оласт, конкретно имунологија, па давајте ни на сите нас тука совети со знаење и искуство...Дајте веродостоен доказ, а не преписки од интернет...Некој и од тоа пара прави што си пишува на нет, нели? А се работи за здравјето за нашите деца...Титула инженер и доктор специјалист не е исто, нели? Дали се штетни или не се штетни вакцините , сите добро знаеме..Штетни се сите знаеме...Но објасни ми го случајот со морбилите...Конкретно е засегната на моја пријателка ќерка и (вакцинирана само со една вакцина) исто противник на вакцините...Последиците од морбили на повозрасна возраст се со трајни последици...Кај деца мали невакцинирани регистрирани се и смртни случаеви...Болеста не е искоренета...Присутна е, тука е...Не би ја коментирала туберколозата и последиците од истата...За жал сеуште во нашите подрачја постои...Колку толку и да не сме доктори, по нешто знаеме..Ок не сме ни инженери за да знаеме повеќе од доктори... :) ...
    Гледам дека си приврзаник кон контраверзната Слагана Велков...Би те замолила да ми дадеш лек за морбилите? Само да не биде сирова храна, гледање во сонце и одење бос...И како заштита од заразените, со оглед на тоа дека вирусот е 100% заразен со допир...Поздрав...
     
    На WORRIED.BT, baby-star и snezno им се допаѓа ова.
  4. snezno

    snezno Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    19
    Повели, прочитај.....

    http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC1125046/

    И еден текст на македонски :

    http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=E ... 31F98D71E4
     
    На sagittarius57 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.478
    Допаѓања:
    10.927
    Секоја чест !!!
    Барем ни ја разреши дилемата дека докторите за разлика од тебе размислуваат хендикепирано !!!

    Па тогаш како веруваш во НЕхендикепираните изјави на драгата Велков,која патем се претставува како доктор,за да си ја зголеми веројатноста за себепромовирање???

    Од сега барем да знаеме,ќе одиме да се лечиме кај електроинжинери,џабе ние сме учеле медицина по 10 години.
     
    На snezno и danielka0507 им се допаѓа ова.
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Сакаш да кажеш дека вакцините се „лек“ и „заштита“ од пренесување преку допир?
    А и не знам зошто бараш лек за вирус морбили, кога телото само се бори со нив и создава траен имунитет. Докторите, како и за секое вирусно заболување, помагаат само со супортивна терапија за ублажување на симптомите.

    Епидемиолози: Македонија пред ризик од епидемија од морбили?

    Последново ми фати око, 2 членки на ЕУ каде заболените се мерат во десетици илјади, а вакцинација за ММР - MANDATORY, со околу 98% опфатеност во Полска.



    Еве сега и 14 годишно девојче кај нас, не даваат инфо дали била вакцинирана со ММР. Мое мислење е дека ДА, зошто ако беше обратно, до сега наголемо ќе се трубеше на сите медиуми за да се создаде паника заради новиот тренд на невакцинирање. Јасно дека ќе се протнеа и ММР дози на „засегнатите“ лица, како 1400те војници кои сега ја примија вакцината....вака-така, ги потрошија тие што ги одбивме ние :D

    Немам инфо, а би сакала да знам - Колку од овие заболени лица завршиле со компликации, или не дај Боже, смрт?
     

    Прикачени фајлови:

    • EU list.jpg
      EU list.jpg
      Големина на фајлот:
      304,3 KB
      Прегледи:
      226
  7. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.181
    Aко го прочитате убаво постот на Yarre,ќе ја сватите иронијата на докторската фела.Tие се платени да сеат алармантно околу вакцинирањето на туѓите деца,ама на своите пу пу не важи. да е само Yаrre со таков пример,ама и јас ги имам во моја близина најмалце тројца од таа добра стара докторска фела што сопствените деца уште на времето им биле изолирани од вакцини,прашањето е зошто е тоа така :geek:
     
  8. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    760
    и што е финтава со видеото ????? :^)
     
  9. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.478
    Допаѓања:
    10.927
  10. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    Вакцината за кашлицава беше прва вакцина што ја прими ќерка ми а во исто време се вакциниравме и јас и маж ми. Воопшто не жалам.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  11. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    @Snezno

    Изгледа твојата перцепција за филозофија е различна од стандардната. Јас само го објаснив својот став.

    Пак погрешно! Ништо не е бесплатно и секако уште помалку хумано. Јас сакам да знам се, особено кога се работи за здравјето на моите најмили, и тоа е МОЕ родителско право. А секако нема да верувам на компании кои нешто што не е испитано за штетност не значи дека таа штетност не постои ( или постои ама ми е недостапно ). Ако на тие што прават вакцини за HPV јавноста не им верува ( верувам ни ти на таа вакцина ) како на истиот тој производител да му верувам дека ете другите се добри. Еве ти кажи ми став.

    Ајде сеа и додаваш, не реков имунолог.
    Јас мојот став не го ширам како бабата што спасила партизани, а ширела трипер меѓу германци. Јас сум убеден во мојот став, а тој е граден и на интернет, но и во задкулисни разговори со врвни лекарски имиња во Македонија, но и во Германија. И да, како и секое занимање кое наметнува лимити во развојот, така за жал е и во медицината. Секако во медицината постои и онаа лекарска надменост на поделба, на лекари и сите останати. Тоа се учи низ образованието.
    И да, еден од најголемите поборници против вакцини, Anita Petek не е медицинско лице, ама пази богати , никој од лекарската фела не сакаше да седне на маса и да се конфронтира за нејзините ставови. Што се случи... епа отиде под земја, многу сметала.
    Науката досега надвор од гранциците на секојдненото образование. Малите луѓе ги правеле големите работи низ историјата. Образованието НИКОГАШ не е гаранција за знаењето. Титулата особено.
    Е тука е хендикепот, и затоа медицинарите на главна врата ке трубат за вакцините, а на споредна ке прават како прават. Ене ти го и оној уважениот Др. Оз. Проповеда вакцини, ама дома, жена му одлучувала, и така она одлучила да не ги вакцинира децата.

    Многу убав текст си напишала. Или превела, сеедно ;) Уште и ти го објавиле. Мене повеќе ми значи серијалот за аутизмот каде родители на аутистични деца објаснуваат како ете се погодило вакцината да е претходник на заболувањето. Многу повеќе кажува. Барем од човечки аспект.

    Даниелка0507,

    Во однос на титуларите, погоре објаснив, а за остатокот види како болестите за кои се вакцинира нестанале, или се на изумирање, и како поради самата вакцинација си прават камбек. Имаш наназад во темата. Не би се повторувал.
    Инаку не сум приврзаник на Велков, иако одредени ставови која она ги има за вакцините ни се поклопуваат. Интересно е што ете таа нема никаков финансиски интерес од нејзината работа.

    Морбилите ти ги објасни Моира.

    Србија за малце ке станеше тестен полигон на вакцина за хомосексуализам, ама навреме одбија да бидат тестен полигон. Да ги викнеме кај нас? ;)
     
  12. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Епидемиолози: Македонија пред ризик од епидемија од морбили?



    Одлично е ова од Моира, вреди да се прочита...


    Јас не сум доктор, па нормално е да барам лек за сите вируси и болести(ма да иако не сум доктор, вирусот морбили предизвикува оштетување на нервниот систем, белите дробови итн)..а за тоа се потребни тон лекарства кои се исто така штетни...
    Јас сум само загрижен родител на едногодишно бебе или дете :) , пред МРР вакцината и нормално е да сум загрижено...Но и овој линк Моира што го постираше, наведува дека иако не е 100%, сепак вакцината штити...
    Фала богу тука зборат епидемолози, а не инженери...
    Нема јасен доказ за она што го зборува Yarre......Ниту еден доктор тоа не го кажал до сега никаде...Моите пријатели доктори меѓу кои е мојот сопруг и дел од неговата фамилија се за задолжителна вакцинација...Не дај боже било кој од подржувашите на невакцинирање се разболи, веднаш се упатуваат на доктор...Бар тоа го гледам кај другарка ми која не го вакцинира детето...
    А и невакцинирањето е тренд нов, ајде да видиме што ќе биде со новите невакцинирани генерации...Јасно е ко ден, сите сме заморчиња на овој свет...Врз нас се вршат експерименти...Дали доктори, дали фармацевти...Сигурна сум дека и зад сето ова нешто стои...Наскоро ќе видиме...
     
  13. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    @Moira

    Секоја земја си е случај за себе и не треба генерализација, ама ништо не значи тоа што вакцините се задолжителни, токму затоа и јас сум на став дека нема никаква потреба вакцините да се легислативно задолжителни, ако на терен има цели популации кои не можат да дојдат до вакцини и нема сериозен пристап во евиденција и извршување на програмата.
    Што ако вакцините се задолжителни кога во сите овие држави има значителна Ромска популација која нема пристап до вакцини и основна медицинска грижа и особено што има огромни пропусти во спроведувањето на евиденцијата и вакцинацијата, особено во бурните рани 90ти. Исто, на пример во Полска каде гледаме огромна епидемија на рубела која се одржува со години и предимно ја опфаќа младата машка популација, до 2003 машките не примале рубела вакцина. Нормално е дека ќе се јави епидемија иако вакцините се правно задолжителни.

    Ефектите на оние кои свесно ги одбиваат вакцините не се гледа во овие држави, во овие држави епидемиите се резултат на некомпетентноста на органите да извршат редовна имунизација и пропустите во евиденцијата без централизиран план.
    Ефектите на оние кои ги одбиваат вакцините се гледа во западните држави, како на пример во Велика Британија, Холандија или Австрија, каде бројот на оние кои одбиваат не е незначаен и предизвикува создавање на субпопулации односно џебови на невакцинирани кои имаат моќ да одржат ендемичен статус на вирусот и така да создадат епидемија. На пример мали религиски заедници и секти во Холандија, Австрија, Германија и емигрантите во тие држави кои исто немаат пристап до здравствено осигурување и со тоа не можат да примат вакцини.

    Затоа вие кои одбивате вакцини имате таков впечаток дека не правите никаква штета, затоа што сте 0,1 процент и плус сте расеани во популацијата, а не сте концентрирани во едно место, друго е да 10-20 проценти да одбијат, како во Велика Британија и веднаш да создадат услови за појава на епидемија.

    Ама и да е вакцинирано, тоа нема да има никаква улога во девалвирање на улогата на вакцината. Кај нас со години има услови за епидемија заради лошото спроведување на имунизацијата во 90тите, и на тоа беа резултат епидемиите во 2009 и 2011 и останатите случаи измеѓу. На пример видете ги Хрватска и Словенија каде што немало таков проблем со имунизацијата, таму немаше епидемии. А на пример Босна и Македонија имаше епидемии од заушки.

    Исто ме иритира тоа што сугерирате дека ги вакцинирале војниците и другите затоа што сакале да се потрошат вакцините. Па постојат протоколи за тоа, тоа се прави за да се опфати популација која може да е вулнерабилна и да се заостави ширењето на потенцијално опасна болест, особено во период кога е во ек друга заразна болест како грипот.

    Еве пример ова е табела за вакциналниот статус на заболените од морбили во Европа до октомври 2013. Гледате дека најголемиот број се невакцинирани, несоодветно вакцинирани или со непознат статус, тоа доволно кажува за ефективноста на вакцините.



    И јас немам за сите, можам да дадам за заболените за време на епидемиите од 2009 и 2011.

    За време на епидемија на заушки од 2008/09
    250 со орхитис, воспаление на тестисите
    30 со менингитис
    5 со панкреатитис
    356 биле хоспитализирани заради тешки симптоми

    За време на епидемијата на морбили од 2011 од 580 случаи во Скопје
    1 смртен случај
    227 со бронхопнеумонија
    8 со воспаление на увото
    8 со ларингитис
    4 фебрилни конвулзии
    251 биле хоспитализирани

    Плус сите и во двата случаи имале фебрилна состојба од недела дена со цела клиничка слика за заболувањето.
     

    Прикачени фајлови:

    • Morbili.PNG
      Morbili.PNG
      Големина на фајлот:
      30,4 KB
      Прегледи:
      168
  14. snezno

    snezno Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    19
    "Образованието НИКОГАШ не е гаранција за знаењето" - еве ја најдобрата изјава досега на овој форум.

    Сакам да ги замолам сите што му веруваат на Yarre, под итно да ги отпишат своите деца од основно и средно училиште и никако да не ги запишуваат на факултет...оти тоа не ви гарантира знаење......пратете ги на улица да водат заткулисни разговори од кои "многу ќе научат" а после тоа седнете ги пред компјутер и сите ќе станат и доктори, и електроинженери , и архитекти, и технолози, и правници......и се друго што ќе посакате.. :lol:

    Јас нит го напишав нит го преведов текстот од Вест, не знам од каде ти е таа идеја :)

    Твоето мислење за надменоста на докторите е погрешна и претставува една најобична генерализација на работите......

    Велков нема финансиска корист од нејзината работа ?????...изгледа не ги пратиш доволно нејзините групи и подгрупи...

    https://www.facebook.com/notes/%D0%B4%D ... 8725961881

    Кликнете ги сите линкови па ќе видите каде ќе ве однесат.....дестилатори од 140 еур...фино богами... :clap:
     
    На WORRIED.BT, andromedae, danielka0507 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Снежана Лупевска - Код - на нашата тема.

    http://www.youtube.com/watch?v=OnMN03-FJqM&feature=youtu.be

    Снежно, пак не дофрлаш, ова околу мојата најдобра изјава.

    [​IMG]

    еве ако не е јасно, може и вака:

    [​IMG]

    Јас еве отприлика вака го замислувам Вашиот став за вакцините.

    [​IMG]

    Ајде, уште малку ти треба. ;)
     
  16. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски

    Biznisov na Velkov postiraj go na temata za nea...Alal da i e...
     
  17. snezno

    snezno Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    19
    Ахахахаххах....ова пак од филозофски мислители превземено.... :D .....не знам како досега не ти стана јасно дека зборуваме за наука (и тоа една од малку потешките науки, медицинската) а не за филозофија... :D
    Еве одговори конкретно....што си по струка и дали мислиш дека би го добил истото знаење (од ваму од таму) доколку не завршеше факултет (претпоставувам дека имаш факултет, така) ? :D

    И уште еднаш мојот омилен пример во вид на прашање за тебе, на кое сакам конкретен одговор:
    Треба да градиш куќа и твој пријател ти кажува за некој водоводџија кој многу го бивало за архитектура, ама ете не завршил факултет и си бил самоук. И те убедува дека е многу подобро да го викнеш него да ти ја изгради отколку вистински архитект...што ќе направиш Yarre ?..... :D

    Да повторам уште еднаш, дека не сакам да навредам никого, ниту една професија ниту пак струка....само сакам да кажам дека е најдобро секој да си ја гледа работата и да не се плетка во туѓи бранши...ионака цела држава ни е отидена кај што не треба баш поради тоа што ние многу сакаме да се правиме паметни на сите страни....

    Не знам дали прочита дека Ким Кардашијан забранила невакцинирани особи да се доближуваат до нејзиното дете..... :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

  18. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Јас не сум била вакцинирана за ништо затоа што сум имала температура често и сум фаќала грчеви па по препорака на доктор не ми ставале никакви вакцини.
    И еве да речеме до сега немам фатено сипаници иако немам вакцина за тоа (а сум била околу деца болни од сипаница).

    Туку сакав да прашам, ако не ги има детето примено сите вакцини ќе го примат во градинка или не?
     
  19. snezno

    snezno Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    19
    На danielka0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Даниелка, ајде види дали овој производ е бизнис на Др. Велков. РАЗГЛЕДАЈ ГО ПОСТОТ УБАВО. Не бранам никого, ама не ми се допаѓа коа ширите невистини.

    Снежно,
    Една стара поговорка викаше, преку смеата ќе го препознаеш човекот....
    Перцепција драга моја, перцепција фали. Надвор од тоа магичното крукче погоре на сликата.

    Јас моето образование ке го задржам за себе. Мислам за темата е доволно дека не сум доктор. И да, мојата професија е далеку од моето образование. И верувај среќен сум поради тоа.


    Ете одличен пример даде за архитектот и водоводџијата. Јас би одел и понатаму. Би консултирал и струјаџија но и столар и фасадер и градежник . Зошто? Па архитектот знае да нацрта, ама сите останати треба да изведат, и ако архитектот нацрта нешто во што ни он не е сигурен а го учел само од книгите, големи проблеми ке настанат кај сите останати. Ако се остава само на архитектот, после грешките се непоправливи.
    Ти викам ја до перцепцијата е, и здравата логика.

    И не знам зошто да давам одговори кога ти не даваш одговори, ете погоре за синтагмата на вакцините. ХПВ не е добра а другите се добри, а ги прават истите производители. Ставот?

    Ма таман работа. Пак перцепцијата за плеткањето е погрешна, и секако состојбата во државата нема врска со тоа. Државниот став за вакцините е непроменет во последните 60 години во сите системи и со сите политичари. Државната политика ја креираат политичарите, и состојбите добри или лоши се генерално поради водење на политиката. Никако повторувам никако не може да биде од други фактори, и најмалку како нас како единки. Немој да мешаш баби и жаби.

    Па ако е сигурна во учинковитоста на вакцините тоа не би го правела. А она лекар е ? ;)

    @captivating

    Градинката нема облигаторно право да бара. Зависи од самата градинка и расположението на директорот. Во некои градинки не прават никаков проблем, во некои малтретираат во зависност од догмата на директорот. На крајот градинката не смее да не го прими детето. Зависи од упорноста и ставот.
    Приватните градинки, согласно важечките законски прописи, и најновите регистрации на истите, не бараат ништо, осем редовни прегледи на децата, кои се случуваат 4 пати годишно.

    Во Училиште, примаат без никаков проблем.