Zdravo ja vakcinirav malata deneska MMR, iskustva so reakcii posle nea? Vo smisla pokacena temperatura, osip...
До кај 14ти ден може да се појават реакции, почекај да видиш дали е се во ред, па пушти ја, затоа што им паѓа имунитетот од вакцините..следи ја неа па ќе одлучиш.
Не знам дали прашањево е за во оваа тема, но се надевам дека некоја мајка ќе ми одговори... Претходнава недела наполнивме 1 год и сега е на ред ММР вакцина кога ја примија малите (на која возраст) кај вас и какви реакции можат да се очекуваат ви благодарам за секое споделено искуство
Ние ја примивме во понеделникот, во вторникот беше многу нервозна и плачеше многу, што можеби не е реакција од вакцините туку што и излегуваат четворки...Денес е четврти ден од вакцина реакција нема, ама како што кажаа и другите, реакција може да има после 5,10,14 ден...може но и не мора
Децата примаат вакцина. Од ММР има најмалку реакции од аспект на температура и слично. ДТП дава појаки реакции. СО ММР може да се очекуваат благи симптоми некаде околу 2 недели по вакцина (толку е инкубацијата на болестите против кои се прима вакцината). Моето прими со мало задоцнување зашто сите вакцини покасно ги примаше после една доза ДТП (беше изложен на дете со сипаници па мораше да чекаме да не пројави симптоми). Прими некаде на 15 месеци ако добро се сеќавам и немаше никаква реакција.
Ама битно: "Јас и верувам на науката". А кој одлучува кој научник може да се претставува во името на "науката" а кој не...?
Сакам да ве прашам вие што не имате ставено Мрп за во градинка,јас за сега детето не можам да го вакцинирам од Мрп бидејки многу често ми беше болежлив последниов период,за на крај да испадне дека е алергиска ракција на млеко и млечни производи.Млеко не давам секако цица малото,ама млечни производи давав,и сега последно кога пиеше амоксиклав почна да се гуши највероватно е и на пеницилин. Имам закажано за алерго тестови дури другиот месец за да видеме што е алергичен во меѓувреме пие сируп за алергија и има подобрување. Сакаме да го пратеме во градинка бидејќи веќе сите ресурси ги искористивме за чување,ама почнаа условувања дека нема да го примале до тој датум ако не се вакцинира,а нема да се вакцинира. Дали има некоја законска регулатива за вакцини,до сега детето е редовно вакцинирано и првото дете ми е вакцинирано со сите вакцини и Мрп точно на време без одложувања,ама ова додека не излезат резултати од алергија нема да го вакцинирам.
Мајки следниов месец доаѓа вакцинацијата на 2 месеци, всушност прва откако излеговме од болница после пораѓај. Дали ги стававте точно кога ќе наполне 2 месеци? Про сум за вакцинација ама сепак имам страв некој нерационален...
Сите и се примени навремено и покрај тоа што е прематурче, ќерка ми. Да знаеш само дека вакцината за рота е врзана со време. Прва доза се прима најдоцна до 11+6 недели. За останатите не е толку стрикно временски врзано.