Државниот санитарен и здравствен инспекторат поведува постапки за порамнување (казнување) родители што не ги вакцинирале своите деца согласно со задолжителниот календар за имунизација. Таа постапка подразбира повикување на физичкото лице (родител) да се јави во наведен рок кај инспекторот што ја спроведува постапката и да се произнесе дали во рок од 8 дена ќе ја плати казната предвидена во Законот за заштита на населението од заразни болести, која изнесува од 300 до 650 евра во денарска противвредност. Доколку не се согласи, се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд.
Zasto primi bsz i sakam da gi prima vakcinite razdeleno... no zimsko dete pa fativme eden virus pa drug... ne stignavme do vakcina ne deka nema da i ja dadam...
Точно знаат која вакцина со која може да одговара и заедно да се примат, две живи вакцини не можат заедно пример така да они си ја знаат точно работата на редоследот на вакцини кој инаку е секаде во европа ист, само ммр европа ја даваат порано него во Мк. инаку чим си одбила и потпишала дека нема да добие тоа значи казна, да одложиш е друго и секој одложува доколку детето е болно на пример.
А зошто мислите дека вие треба да одлучувате кога и колку вакцини треба детето да прими? Дали исто вие одлучувате ако се два заба расипани да не се поправаат двата во исто време? Или кога оперирате нешто ако најдат дека и друг дел треба да се извади дали ве будат за да ве прашаат? Не, така? Па зошто си давате за важност за вакцини да одговарате кој кога и колку ќе прими? Има календар за имунизација унифициран од цела Европа и според тој календар си има распоред која вакцина кога се прима. Чим си одбила сега ќе си платиш казна и готово. Треба да си ги сносиме последиците за нашите постапки. Инаку хепатит б не е зараза, туку вирус кој се пренесува најчесто преку телесна течност/крв (секс, доење) НО и преку некој медицински третман доколку не се убаво стерилизирани апаратите, КАКО и преку контакт со крв на заразен. Дали прскање крв во око, дали преку расипан заб, преку рана итн. И нема лек за хепатит б. Хепатитот го напаѓа црниот дроб, орган кој е одговорен за елиминирање на сите токсини од нашето тело. Не знам дали знаете статистика за заболени од хепатит во нашата држава и дали сте виделе човек со полу/нефунцкионален црн дроб. Верувам дека не сте виделе, затоа плаќајте си казни. И малку ви се 300€.
Зараза мислев на преносно Начинот на зараза е малтене како сида … преку телесни течности ама може да се случи и несвесно во стилот на забар/болници итн, никој не знае кај му е ѓаволот Мене во првите три месеци од бременоста ме извадија од памет и поминав тестирања за хепатит ради енормно покачени ензими на црн дроб па во тие моменти немаше што не прочитав не знам како ви текнуваат овие работи ептене смело да се донесе ваква одлука, 300еур не се ништо во споредба со тоа каква беља може да се деси. Јас би отишла до матичен и би прашала дали можеш да си ја повлечеш изјавата и да си го вакцинираш бебето. Можеби може да се направи нешто такво.
Затоа што цел ФБ последниов период беше преплавен со тоа дека вакцината за хепатит Б била непотребна, претпоставувам затоа. Од Америка потекнува ова дефинитивно. Истото беше и за К витамин, не бил потребен. Ние од социјални мрежи се информираме за вакцини обавезно..
Да имаше за к вит кружеше некој рил додека бев бремена ми текнува не знам што да речам ама хет б не е заебанција ич… ептен храбро е да одлучиш за одбивање
Демек бебе кај можело да се зарази со хепатит б. Башка не знам на членкава која и е логиката кога натака шестовалентна петовалентна итн се за повеќе болести комбинирани, како ќе ги прими одвоено нив.
Баш - Затоа викам, мој совет е да си отиде до матичен и да праша дали може да повлече тоа што потпишала зошто најубаво си правиме сами глупости во животот никој друг од страна не може да ни зезне како ние сами
Прво не е убаво да се претпоставува, не се информирам од фб туку од сопствено искуство со друго дете со реакција од истата... и немам потреба да давам отчет тука прашав совет за искуство а кој не знае може да одмине... за жал морав да ја одбијам зашто опција ја одложувам не ми дадоа морав да потпишам... и одлуката е дпнесена во консултација со лекари не со фб мислења.... толку
Кога има индикација за одложување од страна на лекар имаш потврда за истото, бидејќи во случајот сама си потпишала значи сепак лекарите не ти одобриле одложување. И се ова го пишувам не за тебе лично, ами за тоа што милион мајки ја отвараат темава и се застрашуваат од искуства како твоите. И да, јас секојдневно гледам и работам со лица со оштетен црн дроб и не сте свесни како лесно може да се фати хепатит особено у државава со низок морален компас, со швалерај и наркомани во секој ќош.
Значи повторно ќе ти кажам да одмине секој ако нема одговор немам намера да навлегувам во дискусии. Неможе за новороденче индикација за одложување... да постоела индикација немало на другото да има реакција ќе се одложела и за неа... за жал само совет покасно да ја прими ради реакција на едно дете. И дај не ширете паники олабавете малце со нападни коментари со тоа докажувате само дека лелле сегде ќе фатиш зашо не се дезинфицира во институции.... Кога немаш пдговор за некое прашање не скокај ко прле пред магаре.. само одмини
Баш ме интересира дали и како се докажало дека имало реакција баш од вакцината, или претпоставка си е само. Ок, вие си знаете секако, јас не навлегувам понатаму во дискусии, само кажав дека ми искачаа многу видеа баш за хепатит Б во последно време, мислам дека во Америка имаше некоја измена за таа вакцина, па затоа. Инаку како сакате правете си, ваше дете ваш избор, нема денес присилување на ништо, ако имате вишок пари плаќајте си казни.
Постои изјава која се дава пред породување, не таа која тие ја подметнуваат. Со таа нивната одма одиш на суд за прекршок, и да, мораш да ја платиш половина од казната во рок од 8 дена за да се раатисаш. Памет у глава за наредните чекори, за кои нема правило но мораш да се потрудиш да ги дознаеш и соодветно реагираш. Инаку, преку разни невладини организации во Србија во тек е евентуална промена на законот за ХПВ вакцина и таму сакаат да ја направат „задолжителна“. Кај нас не е, но нема да ме чуди прикаската да тргне и наваму, како и се досеа. Во контекст на тоа, предлагам да го погледнете Данскиот документарец Vaccinated girls ,со превод на српски. Линк: https://www.bitchute.com/video/2YldkYJEqz7A
А ммр и пнеумококата Нели заедно се ставаат? Ние сме 16м и уште ги немаме ставено се мислам дали заедно или една по друга да ги ставам
Не ја имам книшката тука за да ти кажам точно али моите во странство ммр ја примија прва доза на 10 месеци втора на 13-14 месеци.
Можеби затоа што е мајка и таа одлучува за своето дете? Ама и се сипа на жената, олабави. Не е крај на светот и тебе директно не те засегаат нејзините одлуки. Настрана што тие во вакцинален пункт се замислуваат богови. Бар овие кај нас. И ние ги немаме ставено. Овој месец ќе ја ставиме пневмококата, мрп ќе ја одложиме. Им кажав и таму, уште еднаш јас заедно вакцини не дозволувам да прими. Со месеци не можевме да го смириме дерматитот кога ги примаше заедно претходните. Откако се смири летото, цела зима не се појави. Бебе чисто како стакло.