Стварно не знам како може баш на родител да му се даде такво право. Јас да сум ќе донесам закон да бараат дозвола и пред да ги раѓаат децата а камоли после тоа да одлучуваат за нив. И за короната многу се вакцинираа за "општото добро" ама на крај испадна дека било за личното недобро. Каде е државата сега да ги обештети оштетените? Кога веќе таа одлучуваше за нив.
А имаш некаков доказ дека испаднало нешто за личното “недобро”? Или со чергарски муабети ќе се служиме сега? Не е право на родителот да избира кога станува збор за вакцини. Точка. ЗАКОНСКА ОБВРСКА е. Живееме во КОЛЕКТИВИТЕТ и тоа подразбира да се грижиме едни за други. Да беа вашите баби и дедовци волку себични ко вас и да не се вакцинирале на времето од овие болести, денес јас и ти немаше да постоиме за да ги дебатираме овие работи.
Ако се подразбудиш малку и погледнеш наоколу имаш еден куп луѓе со проблеми после тие вакцини. Ама нели, кој ќе потпише дека е од нив? Никој. Никој не одговара за последиците, а баш тие што треба први се што рипаат за општото добро. И џабе болдираш и викаш (да, големи букви значат викање), пак нема да го наметнеш твојот став. Секој одлучува за себе и за своето дете. Ако имам обврски и сум одговорна за моето дете до 18 години, ги имам и правата. Точка.
Јас сум учела медицина 12 години, океј е Орхидеа, немам потреба од тебе да учам. Немаш право да одлучуваш за твоето дете, ќе си плаќаш казни. Само треба уште поголеми да ви ги направат. И да немате право ни на образование за децата ниту на бесплатно здравствено осигурување. Кога сте толку храбри да загрозувате цел колективитет, треба и да се сносите со последиците. Напуштам дискусија.
Знаеш дека шестовалентната се 6 вакцини комбинирани заедно така? Или 6 пати го боцкаше бебето за секоја вакцина поединечно да ја прими?
На крај излегува дека сепак џабе си учела. Кога ќе потпишеш дека стоиш зад одговорноста од можните несакани ефекти тогаш ќе имаш право да ми кажеш дека јас немам право да одлучувам за моето дете. Секако дека нема да го сториш тоа оти и ти не си 100% убедена во тоа болдираното и со големи букви напишаното.
Знам дека се 6. Не сум од Марс падната де. Редовно вакцинирано досега, по календар, како што ги ставаат заедно. Дерматитот се појави после тие на 2 месеци, катастрофа, рани беше целото. Едвај го средивме. Откако се среди после тие на 6 месеци веќе не се појави. И пријавив на докторката таму, ме убедуваше дека имаме алергии јас и мм и наследно било. Немаме алергии никакви. Во исхрана не сменив ништо, ниту јас, ниту детето. Тогаш беше на доење, откако почна да јаде си јаде се, и млечно, и мед дадов, јајце, сите алергени, никаква реакција на ништо. Пишав претходно. Затоа реков од тогаш две вакцини во исто време не давам. Еве на пример мрп и пневмокока. Кога требаше да ги прими му течеше нос, не го однесов. Сега ќе ја прими пневмокока, па наредната на 18 месеци. Мрп ќе ја оставиме за потоа. Есен, зима, ќе видиме. Во меѓувреме ќе следам дали пак ќе се појави дерматитот откако ќе прими вакцина. Кај петовалентна, шестовалентна, уште една боцка и плус рота сега сметам дека било премногу за него. Џабе си трошела 12 години ако слепо веруваш на тоа што ти го сервираат во теорија. Во пракса ти посакувам да не осетиш последици кај твоето дете. Имам право да одлучувам и не, не плаќам казни. Бесплатно осигурување немам, секој месец го плаќам. Исто како и секој друг вработен во државава. Се гледа колку си научила. Ако си 100% сигурна дека нема никакви последици од вакцините дај бе потпишете со име и презиме дека го гарантирате тоа пред да ги боцнете. Ама прпа, а?
Така е, прашајте луѓе што имаат деца со поптеченост, 90% ќе ви кажат кога ја забележале разликата и проблемот кај своите деца
@Orchidea Општо познато е дека вакцините можат (не мораат) да бидат тригер за проблеми како Дерматит. Некои лекари од Германија предлагаат целосно стопирање на понатамошна вакцинација и дерматитот го сметаат како последен аларм пред поголемо токсично труење на организмот. Ова му беше препорачано на мој колега кој тогаш живееше таму. Послушаа и прекинаа. Со таа препорака преведена на судски преведувач ги прекина сите понатамошни вакцини. @EnaEnA30 како медицинско лице верувам дека го познаваш законот за здравствена заштита. Во некој од членовите имаш јасно напишано дека секоја медицинска интервенција МОРА да е во согласност на пациентот/родител/старател. И вакцинацијата Е медицинска интервенција. За жал во судските лавиринти се користат разни други закони а овој Устав во ЗЗЗ се забошотува, Среќа постојат и свесни и доблесни судии и многу од случаевите завршуваат со ослободителни пресуди за родителите.
Секое одбивање на вакцинација може да е казниво, но не е казниво пациентот да се информира за медицинска интервенција. Тоа нешто служи како доказ пред евентуален суд. Имено, сакам да вакцинирам ама сакам и претходно да се информирам. Оние што планираат да не вакцинираат или одложат вакцини за да немаат проблем со понатамошна постапка го испраќаат до архива (или препорачано писмо ако архивата одбива да прими) следен текст: До: Поликлиника __________ Со адреса на живеењe: _________ Од: ______________ Телефон: ____________ Предмет: БАРАЊЕ ЗА ИНФОРМИРАНА СОГЛАСНОСТ Почитувани, Во врска со медицинската интервенција - вакцинација на нашето дете _____________________, роден/а на ________________ со вакцините кои се наведени во календарот за имунизација согласно Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија и со оглед на тоа дека не го одбиваме вакцинирањето на нашето дете, го доставувам ова Барање со кое ги користаме своите законски загарантирани права да бидеме потполно информирани за секоја медицинска интервенција – вакцинација на нашето дете, пред да дадаме согласност за вакцинирање, а со цел да се увериме и да се потврди со медицински докази дека медицинската интервенција е апсолутно безбедна за нашето дете и дека е во негов/нејзин најдобар здравствен интерес. Врз основа на член 2, член 7, член 8, член 25, член 32, член 33 став (1) т.7 и член 38 од Законот за заштита на правата на пациентите (Сл.Весник на РМ број бр.82/2008, 12/2009, 53/2011 и 150/2015, 190/2019 и 122/2021), одредбите од и согласно Правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот на изведување и водење на евиденција и документација, како и според Кодексот за етичко однесување на учесници при огласување на лекови и медицински средства, бараме во писмена форма, на горенаведената поштенска адреса, да ни доставите одговор на долунаведените прашања. Водејќи се од грижата за здравјето на нашето дете, врз основа на добиените информации, одговори и медицински докази од Ваша страна, би дале согласност за медицинската интервенција - вакцинирање, сѐ со единствена цел, да бидеме апсолутно сигурни дека нема дојде до никакво влошување на здравствената состојба на нашето дете по извршената медицинска интервенција, односно потврда дека вакцинацијата за нашето дете е апсолутно безбедна и ефикасна. 1. Со кои вакцини би било вакцинирано нашето дете? Ве молам наведете име на прозводот, име на производителот, датум на одобрување од страна на Агенцијата за лекови и медицински средства. 2. Дали производителите во своето оригинално упатство навеле дека вакцините со кои треба да се вакцинира нашето дете се апсолутно безбедни и ефикасни за употреба? 3. Колкав период траеле предклиничките и клиничките испитувања за секоја вакцина поединечно и кои несакани последици се забележани за истиот период, пред да бидат одобрени како безбедни и ефикасни и да добијат одобрение за ставање во промет? Дали за време на предклиничките и клиничките испитувања се вршени анализи за безбедност и ефикасност во однос на контролна плацебо група (група која не примила вакцина)? 4. Дали производителите гарантираат дека со наведените вакцини со кои треба да биде вакцинирано, нашето дете ќе стекне имунитет на заразните болести против кои се вакцинирало и дека таа заштита би била долготрајна доколку детето би било изложено на истите, нема да се зарази и нема да биде преносител на заразната болест? 5. Колку долго трае имунитетот развиен од вакцината? Ве молам доставете научни студии/докази за секоја вакцина. 6. Наведете го составот на вакцината на база на оригиналното упатство од производителот со кое пред законот одговара дека наведените состојки во упатството навистина се дел од составот на вакцината. Исто така и дел од упатството каде што се наведни сите контраиндикации и сите несакани појави кои вакцината може да ги предизвика. Ве молиме да ни доставите копиии од оргиналните упатства од вакцините. 7. Дали детето ќе биде детално прегледано пред да биде вакцинирано? Дали во тој преглед спаѓа и анализата за можните алергиски реакции на состојките на вакцината која треба да ја прими детето, односно дали се прави тест за алергија на секоја од состојките на вакцината според оригиналното упатсво? Ве молиме наведете ги и другите анализи или процедури кои се користат од страна на стручниот персонал, докторот, кога се работи за детален преглед на детето. 8. Дали постојат генетски предиспозиции на одредена група на деца кои не треба да се вакцинираат бидејќи може да добијат автоимуна болест? Доколку постојат, дали може писмено да ни потврдите дека нашето дете не е во таа група на деца? 9. Едно од мерилата за ефективностa на вакцините е бројот на антитела создадени во телото по примена вакцина. Со оглед на фактот дека имунитет може да се стекне и по природен пат, дали пред вакцинацијата се прават проверки/тестирања дали детето веќе има стекнато имунитет, односно дали има развиено антитела за соодветната заразна болест? 10. Која институција во РСМ е овластена да гарантира за квалитетот на вакцините? Дали наведените вакцини, како и конкретната серија со која треба да се вакцинира нашето дете, ја поминале контролата на соодветната институција? Ве молиме да го објасните процесот на проверка и гаранција на квалитетот на вакцините во нашата држава. 11. Дали во составот на вакцината постојат материи кои според закон се категоризирани како опасни, канцерогени, тератогени, мутагени, корозивни или било која друга категорија? Доколку постојат Ве молиме да ги наведете кои се. 12. Дали е точно дека во вакцината се наоѓаат алуминиум, формалдехид, антибиотици или генетски изменет материјал? Доколку постојат, дали сметате и може да потврдите дека тоа е безбедно за нашето дете, односно нема да има последици од внесување на тие материи во нејзиното тело? 13. Дали внесувањето на алуминиум, вируси растени на фетусни ткива, потенцијални алергени во еден здрав организам, претставува нанесување на телесни повреди? 14. Дали антивирусната вакцина обезбедува заштита од т.н. див вирус на заразната болест против која е вакцината? Ве молиме за референци доколку одговорот е да. 15. Дали вакцинираните деца со таканаречена жива вакцина можат да го пренесат вирусот на невакцинирани / вакцинирани личности? Ако не, доставете студии во кои се потврдува личната и колективната заштита. 16. Во однос на несаканите реакции како последица од вакцините Ве молиме да ни одговорите на следниве прашања: 1) Кои реакции од вакцините се сметаат за вообичаени? 2) Дали овие вообичаени негативни реакции се всушност позитивни, посакувани реакции? 3) Колкав период по вакцинирањето на децата се следи здравствената состојба од страна на надлежните институции? 4) По колкав период, појавата на одредени болести, реакции веќе не се поврзуваат со вакцината? 5) Дали постојат однапред непредвидливи реакции? 6) Дали при вакцинација детето може да добие анафилактички шок? 7) Дали детето по вакцинација може да добие трајни последици по здравјето? Дали производителот и институцијата која ја одобрила вакцината се апсолутно сигурни дека по примање на вакцината нема да дојде до несакана последица која не е наведена во упатсвото? 9) Дали докторите се должни да пријават несакана реакција? 10) Дали доколку се вакцинира нашето дете и добие „вообичаена“ или невообичаена несакана рекција треба да пријавиме, на кој начин и каде? 17. Наведете целосен назив на институциите или поединци кои пред законот одговараат за можните несакани ефекти како последица од вакцинирањето. 18. Дали во вашата пракса имате негативни искуства со деца кои се вакцинирани во вашата установа? Доколку да, Ве молиме опишете некој пример. 19. Како загрижени родители, а пред вакцинирање на нашето дете, бараме да ни доставите годишен извештај за број на несаканите реакции како последица од вакцините за последните 5 години, групирани по тип на вакцина и година. Ова го бараме и од причина што станува збор за информација од јавен карактер и имаме право да ја знаеме. 20. Дали се вршат долгорочни истражувања за здравјето на вакцинираните и невакцинираните деца? Ако да, доставете ни извештаи, студии. 21. Бидејќи намената на вакцините е да го стимулираат имуниот систем на човекот, може ли да дојде до претерана стимулација и како резултат на тоа да дојде до несакани долготрајни последици како на пример АСИА синдром? Какви последици може да има нашето дете долгорочно? 22. Од кои причини децата што се со слаб имунитет не смеат да бидат вакцинирани? Дали тоа значи дека вакцината делува негативно на имуниот систем на детето? 23. Дали вакцинираните деца имаат подобро развиен имунолошки систем и со тоа се помалку подложни на болести (поретко се разболуваат) од децата кои не се вакцинирани? Ве молам наведете домашни или меѓународни рецензирани истражувачки студии како потврда на вашите одговори. 24. Освен вакцинацијата кои сѐ останати дополнителни мерки можат да се превземат за спречување, намалување или ублажување на појава на заразни болести? Ве молиме наведете ги истите. 25. Дали во случај на вакцинирање со вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола, во Вашата долгогодишна пракса се случило детето како несакана реакција да се разболи од една од нив или сите три болести од кои треба вакцината да го заштити? 26. Доста често во изјавите на медицинските лица се користи фразата дека вакцините носат поголем бенефит отколку штета и ова тврдење се оправдува со т.н. анализа на корист и ризик. Дали имате примерок од некои такви анализи на корист/ризик за одредена вакцина? Ако имате, Ве молиме да добиеме копија од истите. 27. Ве молам наведете на кој принцип/процедура/анализа ја одредувате проценката во однос на корист/ризик од вакцината кај единката односно поединечно кај секое дете? 28. Ненадејната смрт или СИДС во многу случаи според литературата се случува непосредно после примањето на вакцина. Може ли да се исклучи поврзаноста на СИДС и вакцината? Доколку одговорот е да, Ве молиме доставете ни научно поткрепени докази. 29. Дали децата кои се штотуку вакцинирани, одреден временски период се преносители на болеста против која се вакцинирани? Ако е одговорот да, тогаш Ве молиме специфицирајте за секоја болест, вакцина одделно колкав временски период детето е носител на заразата? Дали со ова се потврдува фактот дека вакцинираните деца можат да ги заразат невакцинираните? Дали за ова постојат научни рецензирани студии? Доколку да, ве молиме доставете ни ги. 30. Дали комплетно вакцинирано дете може да се зарази и да ја пренесе заразната болест на друго лице ? 31. Познато е дека вакцините содржат алиминиумови соли за кои се знае дека се предизвикувачи на алергии и нарушување на централниот нервен систем. Ве молам доставете ни информација, докази, научни студии за: 1) Количината на алуминиум која нашето дете ќе ја прими доколку се вакцинира според Календарот на имунизација кој во моментов е во сила; 2) Доказ за безбедноста при инјектирање на тие количини во телото на детето. Доказите да бидат релевантни научни рецензирани студии. 3) Која максималната количина на инјектирани алуминиумови соли се смета за безбедна? Доставете ни релевантни научни рецензирани студии како поткрепа на Вашето тврдење. 32. Дали полио-опв вакцината во екстремни случаи предизвикува долготрајна парализа во смисла на поствакцинална Poliomyelitis? Дали тоа е исклучено со моменталната вакцина која се употребува? Дали постојат студии за бебедност за истата, и ве молам наведете ги? Студиите да бидат научно рецензирани. 33. Наведете начин и назив на анализи со кои може да се докаже дали сиптомите кои се развиени непосредно после вакцинирањето се контраиндикација или не се контраиндикација од вакцината? 34. Дали според закон, докторот е обврзан да поднесе Барање до стручниот тим за контраиндикации за утврдување на трајни и привремени последици откако ќе настане реакција од примената вакцина, вакцина која е запишана во картонот на детето? Доколку одговорот е да, која е казната според закон, за неизвршување на оваа обврска? 35. Дали пред вакцинација докторот со своерачен потпис гарантира дека ги отстранил сите потенцијални здравствени препреки кои евентуално би придонеле за сите можни несакани ефекти како последица од вакцината наведени од производителот? 36. Дали може да наведете како може да бидеме уверени дека нашето дете нема да има нарушено здравје во иднина како резултат на примената вакцина и медицински доказ врз основа на кој се потврдува заклучокот? 37. Дали вие, како доктори, кои применувате медицина заснована на докази можете да гарантирате дека детето нема да има несакана реакција на вакцината? Доколку вие немате такво овластување тогаш кој има такво овластување за да потпише гаранција дека детето ќе остане здраво, односно без никакви негативни реакции и последици по неговото здравје по примање на вакцините и дека ќе стекне имунитет за заразната болест против која се вакцинира? Врз основа на здравствената состојба на нашето дете, доколку сте на став и гарантирате дека се работи за безбедна и ефикасна медицинска интервенција, во интерес на зачувување на здравјето на нашето дете, бараме од надлежната институција или овластеното медицинско лице пред вакцинација на детето да ни обезбеди писмена потврда со која ќе потврди дека вакцината (за секоја поединечно) е апсолутно безбедна и ефикасна за нашето дете и дека детето нема да има несакана последица од вакцината, било каква контраиндикација, дека не е алергично на секоја од компонентите на вакцината, ниту ќе има било какви краткотрочни или долгорочни, лесни или тешки (трајни) несакани последици од вакцините и дека ќе стекне имунитет за заразната болест против која се вакцинира. Одговорите на горенаведените прашања и побараните информации доставете ни ги во писмена форма на наведената поштенска адреса, а доколку има потреба од дополнителна комуникација, истата да се одвива во писмена форма на наведената поштенска адреса. Со почит, Датум и место Родители _____________________________ __________________________ _________________________
Ете мене докторката таму ме убедува дека имаме алергија и дека е наследно. Јас 30 и кусур години уште не сум ја открила, ниту мм Имам и слики од целото какво е пред и после некој ден од вакцина. Исто и сега, ќе следам ситуација дали пак ќе се појави. Намерно го оставив зимава да видам што ќе се случува, бидејќи како што слушам и читам најчесто се влошува во зима, ладно време, сува кожа, греење, сув воздух... Бебе чисто како солза уште од есента. На страна тоа што воопшто не ми внесуваат производител, серија и што уште треба во вакциналниот картон, само датум. Некако немам доверба.
Ако детето ти заврши фатално од инфекција која може да се спречи зашто некој развил цела индустрија за да се спречи, кој ќе потпише тука за одговорност? И појасни кои се тие несакани ефекти за кои некој доктор треба тебе да ти потпише гаранција дека нема да ги добие твоето дете? Многу општо пишуваш, кажи конкретно.
Немора заедно, може и посебно. Јас отидов за дитепер и стрептококата пред 2м некаде и немаше 1г поминато од дитепер (а требало 1г) и само стрептокока и ја ставија, а понеделник сега ја прими дитепер. Уште ммр ни остана, ја одложувам само таа, но ќе ја прими до 2ипол год.
За короната вакцината излезе итно, уште без доволно тестови , во фаза на испитување... И не е редовна задолжителна вакцина.. Не разбирам навистина зошто некој одбива да си ги вакцинира децата со редовни вакцини и да ги заштити навреме, тоа се вакцини што години наназад се примаат... Се вакцинираат затоа што од тие болести последиците можат да бидат сериозни за децата.. Не се едуцирајте за вакви работи од тт..
Не сакам да испаднам дека се подбивам со форумов или нешто слично, ама е загрижувачки што гледам дека една од најактивните теми тука е дискусија за тоа дали објективно добро како вакцинација е добра или лоша работа...
Познавам доста медицински лица кои што не ги вакцинирале ни со една вакцина децата а вас за една ве млатат.