Не знаев што е рота искрено сега прочитав и за ваква вакцина може и да биде дискутабилно дали да се вакцинираат.. Подобро е да се вакцинираат од вирусот за да се стигне до колективен имунитет, ама не е некој што доведува до тешки сериозни последици.. А дека треба да се обрне повеќе внимание особено на нови вакцини треба.. А за некои вакцини не треба да биде дискутабилно пример мали сипаници...
Ова стварно се екстремни реакции, иако пролив е очекуван. Ова треба да е запишано во вакцинален картон, и вакцината да е пријавена во МАЛМЕД. Но, веројатно тоа е веќе направено.
Можеби проблем беше што му ставија пнеумокок,дтп и плус рота. Ете моето дете не било толки силно. Затоа на другото дете инсистирав вакцина по вакцина. И да треба претпазливост повеќе. @Vikktorr запишано е да.
Ако не си доволно информиран, како си даваш за право да ги осудуваш родителите што одбрале да одбијат конкретна вакцина? Или колку да се напише секаде по нешто е работата.
Ништо,еликтролити,пробиотик,доење,ако дехидрира инфузии и да не се ревакцинира,одма запишаа. Другиот ми рече не требаше да ти стават 3 различни одеднаш и дека ќе се опорави. Ама јас бев не искусна мајка. Среќа се опорави,на 3 и пол месеци ме советоваа педијатри да му давам вода од преварени моркови и изблендирани,колку што ќе лижне толку. Дека сепак бебе на 3 и пол месеци скоро 4 нема рефлекс на голтање нити мускулатура на јазик развиена за да јади.И ете дали од тоа дали само од себе се средија столиците. Едит: Ова е мое искуство. Јас не осудувам никој ниту убедувам да не вакцинира со рота. Ама ќе ги разберам родителите што поминале низ нешто слично или се двоумат. Толку од мене. Добра ноќ
А кај осудив некој? Реков дека не разбирам зошто.. Сепак вакцините не се нешто лошо, дека може да се јави несакано дејство ако и од секој лек може.. Ете @Чанта ми даде само нејзина причина, а тоа е страв од повторено несакано дејство.. За вакцини секогаш сум и никогаш нема да бидам против, не би на темава со црни хроники, ама многу добро знеме пред вакцините од истиве болести колку деца само преживеале.. Сега нагло ако сите сме против вакцини ќе ги вратиме сите тие болести, вируси, а тогашниот имунитет не е споредливи со денешниов, многу понизок имунитет имаме денес..
Во принцип, во вакви ситуации треба да се оди во Универзитетска Клиника за Детски Болести, оддел за имунологија за несакани реакции по вакцини за одлучување за понатамошна вакцинација (дали да се даде, одложи или прескокне) Проф. д-р Катарина Ставриќ, ја фалат. Таа е педијатар-имунолог. За тие што имаат слична ситуација, еве.
Ете и јас не разбирам зошто Филипче ја вакцинираше внуката пред камери... со игла со затворено капаче. Ти разбираш? ..е после баш од таа генерација па натаму излегоа голем дел на деца со аутизам (близок пример имам, со потврда од специјалниот институт во Белгија, црно на бело потврдено, Аутизам предизвикан од недозволена количина на олово во мозокот, причина: ММР вакцина). Ако отидеш во било кое училиште денес ќе видиш дека колку што има редовни наставници, исто толку има лични асистенти на деца со аутизам. Во голем дел во училиштата има и сензорни соби. Зошто аутизмот беше непознат поим кога ние одевме на училиште? Не, ич не е поради зголемената инклузија.
мхм, океј, знам дека не сум ти најомилена на форумов. Не е сензитивна тема за родители, туку е прашање на јавно здравје, што нѐ засега сите. Ама вакви како тебе сте научени на модерен здравствен систем, функционирање на истиот (мислам не ни живееш во Македонија, нели?), сѐ по протоколи и прописи како што налага таа наука што ја плукаш, и од што ти е сѐ наредено ќе пополнуваш време со теории на заговор. Треба да ве пуштат во некое племе да поживеете, да се полечите со тревки и вода, па ќе молите за "диктатурата" во Европа. Ти не си таа што пишала негативно искуство па да бараш некакво разбирање, туку едвај чекаш да се отвори тема за вакцини и слично за да кажеш колку ти сметаат.
Да бее јас заборавив дека беше ти една од тие паметниците тука што го демантираа светски познатиот виролог Роберт Малоне (пронаоѓачот на мРНА технологијата) кога изјавуваше дека е погрешна масовната вакцинација со таквите вакцини. Не знае он дека има на фемина попаметни од него, што знаат повеќе и од него за неговиот пронајдок. Иначе во постов многу си напишала ама пак ништо не си кажала. Типично за тебе и твојот стил на паметување.
Имало и порано аутизам, само што тие деца порано оделе во училишта за деца со попреченост или поседувале настава дома. Денес тоа истото здравство, што не го сакаш, донесе заклучок дека децата со аутизам многу подобро напредуваат кога се опкружени со други деца во училиште и им е дозволено да одат заедно ама со ментор.. И кога ние одевме на училиште толку и се замараа со децата со состојби на аутизам или само ќе беа етикетирани како чудни или пратени во училишта за деца со попреченост.. Од каде прочита дека има олово во вакцините?
Доволно ти кажав срцка, тоа што не разбираш и упорно верглаш во кругови за тема што многу лесно се демантира зборува за тебе.
Колку од вас седнале да прочитаат генетска етиологија на аутизам пред да тресете зелени? Да одговарам, зиро, компир.
Баш се зачитав на оваа тема, во врска со оловото. Никаде нема податок дека содржи олово. Второ, за да некој каже дека оловото потекнува од ММР вакцината треба да направи големо истражување и да ја испита целата средина во која расте детето. Затоа што, наводно оловото имало различна атомска структура кај различни предмети. Што значи може да е присутно во играчките, во цевките низ кои поминува водата за пиење, бојата на ѕидовите итн. Чисто се сомневам дека е направено вакво детално истражување. Друга работа што не ми е логична, со оглед на атомската структура, научниците би требало да ја имаат исто така вакцината за да тврдат дека токму од неа има олово во огранизмот. Како би можеле такво нешто да докажат ако веќе е во огранизмот? Со што го споредиле примерокот. Твоите блиски веројатно не биле најискрени со тебе, или ти си разбрала погрешно. Јас можам да кажам од невакцинирање ми пораснаа рогови и тоа е потврдено од институт во Шведска. Ваквите констатации се штетни, ако не си спремна да ги објасниш, освен да ставиш штура информација, не би требало да ги споделуваш.
Ок, да ти дадам бр. да им објасниш дека ги излажале во Белгија и дека ти си вистинската личност на која треба да се обратат за стручно, научно инфо.
Кога веќе споделуваш такви штетни информации би требало да бидеш доблесна и да дадеш опширен одговор. Секој може што сака да пише на форумов, не значи дека е вистина. Ако самата вакцина не содржи олово, како е докажано дека од неа во нечив организам има присуство на преголема количина на олово? Значи ти без да се запрашаш себе си и без воопшто да прочиташ нешто на таа тема, ја зема информацијата, ако е точна, без доза на сомневање. Тебе те прашувам, можеби јас не знам, како се докажува дека присуството на олово во организмот е токму поради вакцината, а не бројни екстерни фактори?
Па ваљда тој што ја дал таа дијагноза е стручен има поим од тие теми. Јас не тврдам дека јас сум го открила истото. Centre Zigzag се вика иначе, во Брисел се наоѓа. Ако толку сакаш одговор на твоите прашања можеш слободно да ги контактираш и прашаш. И документите да ви ги приложи човек на увид пак ќе кажете дека не е точно дека до толку сте експерти на темава. Исто како што го демантиравте Роберт Малоне за мРНА . Кој екстерни фактори на изложеност на олово кај бебе/дете жити се. Да не работи во рудник слyчајно.