Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    799 глас(а)
    75,7%
  2. Против

    256 глас(а)
    24,3%
  1. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    17.776
    .. да да, баш како што беше случај во 2020.
     
  2. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    5.204
    Пол:
    Машки
    Има истражувања и "докази" дека земјата е рамна плоча и доста луѓе што веруваат во ова.. Колку се точни овие истражувања толку се точни и овие документарци и истражувања што ги набројувате антивакцерите..
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.590
    Допаѓања:
    20.623
    Пол:
    Женски
    Да, 2020 ја избриша целата историја на медицината. Многу драматичен датум, али слаб аргумент.
     
    На CameliaMiller и Angie1432 им се допаѓа ова.
  4. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    17.776
    Не ја избриша историјата ама дека се виде науката во друго светло, под контрола на моќниците не може да се негира. Не е баш така сјајно и бајно како што и покрај 2020 веруваш дека е. Излезе на виделина дека СЗО не е тоа што сите мислевме дека е. Ако 2020 можеш да ја помножиш со 0 и да продолжиш да и веруваш на 'науката' на која си одбрала да и веруваш тогаш тоа е твое право. Секој има право да одлучи на која наука да и верува.
     
  5. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    1.289
    Пол:
    Женски
    Секоја чест на одмерените одговори и аргументи. Но, мислам дека залудно си го трошиш времето. Зошто сепак за да си антиваксер е резултат да немаш еден научен труд прочитано а не пак да навлезеш подлабоко во истражувања подалеку од фемина хороскоп на неделата.
    И нема зошто ниту да се трудиме да им докажеме, може да се избориме за поригорозни казни и уште помалку да бидат вклучени во колективно живеење, па тогаш да си стават самите на вага што вреди повеќе.
    Имаше во време на корона еден твит: "Da Bil Gejts hoce da vas cipuje dao bi vam po 100eur da sami zgutate cip i jos biste se krisom uvlacili nazad u red da zgutate jos jedan". Имено.
     
    На Madi, CameliaMiller, Peperutce6 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    834
    Зошто мешаш труења со храна и оперирање во нестерилни услови. Компарацијата е на проблеми кои настануваат кај група вакцинирани и група невакцинирани. Доказот е дека невакцинираните се многу поотпорни на разни болести. Имунолошки неоптеретени.

    Со почнување на подобрите хигиенски услови, смртноста почнува да се намалува, драстично. Тоа ти го велат и ЦДЦ и СЗО (2/3 газда е Били, а со тоа е приватна фирма која се наметнува да биде креатор на светски политики). Со нетретирање на сипаници и непратење, да може да настане енцефалитис. Ама не настанува бидејќи болеста се третира стандардно и кај вакцинирани и кај невакцинирани. Енцефалитис, е воспаление на мозок, не парализа.

    Одлично извртено. Ми фалеше. Децата пред вакцините умирале. Масовно е релативен број. Да, умирале поради болести за кои сега има вакцина, но смртноста драстично опаднала пред вакцините.

    Постојат де. За убедување на широки народни маси дека вакцините го спасиле светот. Па со помош на страв стадото трча да се боцне.
    Основниот постулат фали. Double blind placebo. Кога ја нема основата, се друго можеш да третираш како одличен аранжман.

    Поради вакцините. Кога болестите завршиле со својот природен тек и требало да нестанат, истите биле поттикнати од вакцините па сега имаш циклични повторувања на разни епидемии настанати од вакцинален сој.

    Ма јок. Вакцините не го прекинуваат, Напротив само бесконечно го продолжуваат а во некои случаеви прават мимикрија на болеста или нејзино одлагање за ворасни години.
     
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.412
    Допаѓања:
    28.314
    Пол:
    Женски
    Те прашав зашто организмот не може сам да се избори против сепса од рецимо стафилокока или како тоа уринарна инфекција може да доведе до откажување бубрези како што (очигледно според тебе) може успешно да се избори против бактериите што предизвикуваат тетанус, пертусис итн?
    Или заразен со колера што може да дехидрира до смрт за буквално неколку саати, имунитетот му е слаб, или?
    Еве стварно ме занима. Го тупиш со имунитетот па еве не знам зашто умираат луѓе од бактериски, вирусни инфекции, стварно сакам да знам зошто кога имаме имунитет.

    Не ми врти ко киша око Крагуевац со одговориве.
     
    Последна измена: 9 мај 2026
    На CameliaMiller, Lianna Anna, bookslover и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Intergalactic

    Intergalactic Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2026
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    227
    Избегнав да ставам вакцина за корона секако немав контакт со луѓе, сама у изолација у стан си седев пошто и онлајн ми е работата.
    А и многу скептична бев за таа вакцина иако генерално сум ЗА другиве вакцини.
     
  9. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    5.204
    Пол:
    Машки
    @yarre
    Енцефалитисот е причината, а парализата е последицата. Кога мозокот ќе отекне, тој притиска врз нервните центри кои ги контролираат мускулите. Поради воспалението, настанува трајна парализа или губење на моторни функции. Да кажеш дека енцефалитисот не е парализа е како да кажеш дека "куршумот не е смрт".

    Во реалноста, над 90% од хоспитализираните во епидемиите се невакцинирани.
    Ако вакцините беа виновни, ќе се разболуваа вакцинираните. Дури и да се разболат вакцинираните имаат многу лесна клиничка слика..

    Да, со подобри болници помалку деца умирале, но ист број деца останувале со последици. Вакцината не е тука само за да спречи смрт, туку да спречи болест. Целта не е детето да преживее со оштетен мозок, туку воопшто да не го добие вирусот кој го оштетува мозокот.

    Ако вакцините го прават организмот "оптеретен", зошто според статистиката на педијатриските клиники, токму невакцинираните деца завршуваат на интензивна нега со компликации кога ќе се појави епидемија? Ако нивниот имунитет е толку спремен, зошто вирусот ги победува толку лесно?

    И на крај не прашувај медицински лица, не прифаќај студии од СЗО, прашај еден обичен човек со основно оделение завршено што чува стадо овци, зошто го вакцинира, дали невакцинираните му се разболуваат, дали му изумира стадото ако реши да не ги вакцинира.. Куче невакцинирано знак прашалник му е животот до 1 година, а знаеме колку добар имунитет имаат кучињата.. Сигурно не прават подобри вакцини за животни, отколку за луѓе..
     
    На CameliaMiller, Angie1432, Munchmallow20 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    мене ме интересира... и родител ќе одлучи да не вакцинира ќе плати казна и после? Досаѓаат ли за вакцини или веќе е решено дека нема да се вакцинира?
     
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.502
    Допаѓања:
    45.846
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да го знам образованието на овие антиваксери кои се најгласни тука, еве можда се научници кои биле отфрлени од фелата па нивните теории сепак имаат некаква тежина која ние не ја разбираме? Навистина.
     
    На CameliaMiller и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  12. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.590
    Допаѓања:
    20.623
    Пол:
    Женски
    Удобно го прескокнуваш делот дека морбили можат да дадат невролошки последици. Има и фатална компликација каде вирусот останува во мозокот и години подоцна, просечно 7 до 10 и прави прогресивно оштетување. Јеах, после целосно оздравување нели. Мал незгоден детал за теоријата дека стандардно се третира нели и тамам е. Пошо за морбили нема специфичен антивирусен лек. Последиците доаѓаат со delayed subscription package.

    Го прескокна и вториот дел што истото тоа СЗО го објаснува, болестите не исчезнале. Значи СЗО признава дека хигиената помогнала, али исто така признава и дека вакцината е безбедна, ефективна и спасила десетици милиони животи и оти е најефективниот начин за превенција на болести.

    Али, фасцинантно ми е тоа како СЗО е валидна организација само кога ти одговара на наративот, али Бил е газда, увек кога не ти одговара. Сакам да кажам, донација, не е еднакво со приватна сопственост. Пошо замисли, истото можам да го кажам за антивакс.
    Ништо не е извртено, тоа е твојот начин. Еве каде супер се повторуваш
    Ова ти е buzzword, а не доказ. Пошо, ако е така, баш чудно како историски епидемиите масовно коселе... невакцинирани популации. И уште почудно, како болести се враќаат секогаш кога паѓа вакциналниот праг.
    Randomized, double blind, placebo controlled trials има пред одобрување. Чист placebo не се прави кога веќе постои одобрена вакцина. Етички проблем е да оставиш луѓе незаштитени. Кога се тестира нова верзија се користи и active comparator. Методологија се прави според етика, ризик и постоечки третмани. И ова 237 пати го дискутиравме и пак изнесуваш неосновани тврдења што ги докажуваш со ништо. Не фали основа, фали разбирање на основата.
    Се читаш? Пост хок и неосновано тврдење. Исто скроз ко да ми речеш сеа пожар се деси после дождот, значи дождот го предизвика. Морбили епидемиите се од див тип вирус, не од вакцинален сој. Значи природно циркулирачки, реална вирусна форма, а не ослабена вакцинална форма. И ова, многу лесно се проверува и докажува лабораториски. И е факт.
    И баш затоа нели, морбилите се елиминирани како континуиран пренос во неколку региони кај што вакциналниот праг е висок. Од чиста инерција на продолжување ова, не од прекинување. Мимикрија на болеста и одлагање за возрасни години, не се епидемиолошки термини, туку креативна интерпретација на биологија.
    Ланецот на пренос се прекинува кога нема доволно чувствителни домаќини. Ете толку е нели драматична науката.
     
    На CameliaMiller и Angie1432 им се допаѓа ова.
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.590
    Допаѓања:
    20.623
    Пол:
    Женски
    Валидна логична поента, што тестира конзистентност на твојот аргумент @yarre оти природниот имунитет ќе се избори. Пошо нели, имунолошки неоптеретен организам, треба сам да се избори од бактериски и вирусни инфекции. (?!) Али, види, луѓе умираат од ова.

    Имаш одговор? М?
     
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.502
    Допаѓања:
    45.846
    Пол:
    Женски
    Многу глупи прашања поставувате. Зошто некој дехидрирал како последица на зараза со колера? Затоа што е вакциниран со сите типови вакцини и е преоптоварен за да се избори и со колера, логично.
    Знаете дека порано пред вакцините луѓето живееле 180 години и умирале со самоубиство чисто за да се одржува ред и да нема многу старо население?
    Епа после тоа измислиле вакцини за да не мора да се фрлаат луѓево од карпи и да живееме околу 80 години. Ама ова никој не ви го кажува, треба да размислиш и да сфатиш сам. Кога ќе го уклучиш мозокот, сите одговори си доаѓаат сами. :inlove:
     
    На EnaEnA30, Madi, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  15. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    834
    Кога еден организам е набуцан од разни вакцини организмот реагира на нив и не престанува. Од моментот на ставање до крајот на животот. Цело време се бори.Науката и фармацијата не сакаат да направат и кулумативна студија на сите дадени вакцини како влијание на тој организам.
    Кога ќе закачи инфекција, сепса, ете и уринарна инфекција, организмот се бори против нив и против тековните вакцини кои цело време прават тригер за борба во организмот. Која борба му е полесна ? Против еден или против 100 непријатели ? Токму поради ова важна е Форд струдијата за вкупната здравствена состојба и статистика со други болести, меѓу вакцинирани и невакцинирани. Документарецот некоја страна наназад.

    Енцефалитис настанува и како нуспојава од вакцина. Парализата може да биде последица. Парализа може да настане и како последица од Полио вакцина. Барем такви беа последните 30тина случаи во светот.

    За поголемиот дел од епидемиите ( јас би рекол сите) виновни се токму вакцините кои не дозволуваат болестите да го завршат својот природен тек. Добро, мал дел за тие епидемии виновни се и фармацевтските гиганти, кои ако треба да направат и додадат нова вакцина, или пак слаб опфат(слабо им се продава некоја) измислуваат бескрајна епидемија. Тоа преку системот на мито се пласира и по лекари и по медиуми. И стравот си го прави своето. Цела (платена) машинерија е бизнисот.
    Во медиумите прво се пласираат лаги дека заразени се само невакцинирани или а вакцинираните се „без познат вакцинален статус“. Клиничката слика е недокажлива работа. Пак, немаш ист вакциниран и невакциниран организам да го докажеш тоа.
    Циркусот наречен Ковид го покажа токму ова се претходно кажано. За жал многу лица подлегнаа на третманот препорачан од СЗО, кој се косеше со секаква медицинска логика дотогаш позната. По нивниот протокол пациентите не умираа од ковид туку од „горење“ на белите дробови со неадекватна ( а препорачана) доза на кислород. Ковид вакцините сеуште работат и утепуваат. Секојдневно излегуваат студии, а конечно и ги открија заклучоците кои производителите сакаа да ги сокријат за наредни 50-60 години. Ама овиците си застанаа, си подигнаа ракав и ајт.

    Знам, идејата е таа и е многу хумана на зборови. За жал реалноста е сосема друга. Инаку ниту една вакцина нема гаранција дека ке спречи болест, бидејќи се разболуваат (од истата болест) и вакцинирани и невакцинирани. А за статистика - па тоа барем денес е лесно. Научници (не сите), медиуми (не сите) ќе пишат се што ќе им кажат оние кои ги плаќаат, а интересно е дека сите завршуваат во еден центар на моќ.

    Статистиката по клиниките е интересна работа. Еве сеа се обидуваат да го протнат и новиов канта вирус, со малку изменето сценарио.
    Студијата спомната некоја страна наназад која едвај го виде лицето на денот, како и документарецот покажуваат токму спротивно.

    Знам и тоа. Стереотипот на наметнување дека вакцинитего спасиле светот е наметнуван системски со години. Утре да се пресече дека не е така (а не е) ке му треба на стадото наредни 20 години да го одвикнеш. Лесно е човек да поробиш, тешко е да го ослободиш. Моите мачки невакцинирани од ништо доживеаа длабока старост. Излегуваа и надвор. Општеа со други невакцинирани улични мачки.

    Ако одлучи да ги следи чекорите на оние кои одлучиле да не вакцинираат во 99 % од случаевите ниту ќе платат казна а ниту ќе бидат осудени. Макотрпна постапка зависи од желбата и спремноста.
    И да, со оглед дека на системот му се потребни пари, обично ќе те казнат за една недадена а после те забораваат.
    Пред некоја страна го ставив вториот чекор, при вакцинација во амбуланта. Ти всушност не одбиваш туку бараш информација врз која ќе ја дадеш твојата согласност за вакцинација како мед. интервенција.

    Истите фатални последици можат да ги имаат и вакцинираните кои болеста ја прележуваат (и шират) без симптоми. Исто така истите последици можат да ја имаат и вакцинираните со симптоми.

    Види. СЗО има одлично име и можеби првично некаква искрена намера. Во последните години се покажа вистинското лице со Ковид и другите игри внатре. Се покажа е и дека е приватна институција преку која некои играчи како филантропи переа пари. Америка ја напушти таквата органзација. Која требаше да биде креатор на политики кои се распаднаа како балон со ковидиотштината.
    Просто е и едноставно. Морам да се повторам. Смртноста на болестите (за кои почнале и траат вакцинирањата) се опаднати на 0 или скоро 0 пред да се појават вакцините. Непобитен факт.

    2/3 од одлуките се во рацете на фондацијата. Како сакаш земи. СЗО е се само не вакидна организација во чии раце треба да се стави здравјето на светската популација. На крајот следи го мирисот на парите.


    1. Ти го објаснив па нема потреба да се повторувам. Коселе коселе.... намалување на косење... престанување на косење..... вакцина.
    2. Не, погледни ја последната „епидемија“ на ромчиња во Романија, вратени вакцинирани мигранти од Италија и ќе ти стане јасно како болестите се враќаат.

    Хаха добро е ова. Етички е да пропуштиме вакцина која нема double blind placebo и со тоа го показиме основното правило во фармацијата. Па споредбата ќе ја правиме со компаратор, односно претходно (некогаш добра) вакцина, или уште попретходно компарација со алуминиум во водичка.
    Студијата на Форд универзитетот е токму тоа. Вакцинирани (пази богати многу невакцинирани единки будали) и вакцинирани. Стадото на нас противницте на вакцини и не е така мало, ама некој не сака да го чепне. Ќе ја отвори пандорината кутија и сите платени прикаски ќе отидат у неповрат,

    Се се докажува ако се сака, Проблемот е ако не се сака а во јавноста се пушти информација.

    Епидемиите се повтруваат и во вакцинирани и во невакцинирани популации. Крај на прикаската. Една од причините е вакцинацијата.

    Објаснив погоре. Никаде не реков дека сам ќе се избори. А како кој ќе се избори имаш во Форд студијата и докмументарецот. На многу прецизно ниво покажано.
     
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.502
    Допаѓања:
    45.846
    Пол:
    Женски
    Значи сумирано, сите докази и студии од изминатите децении се лажирани, додека вистината се крие во необјавена студија за која се прераскажува на видео на јутуб?
     
    На EnaEnA30, Lianna Anna, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.412
    Допаѓања:
    28.314
    Пол:
    Женски
    Сакаш да ми кажеш дека луѓе од трети земји кои не се вакцинирани, не умираат од векторски болести? Како цутат тогаш колера и туберкулоза во сиромашни и трети земји?

    Зошто црната чума збришала милиони, кога немале тогаш вакцини?

    Пак ќе те прашам, еве ако НЕ си вакциниран, дали ти е во ред да ти биде вршена хируршка интервенција со нестерилизирани инструменти? Да/не? Или прпа?

    Не знам како да ти објаснам дека сигурно секојдневно правиш и самиот работи со кои се штитиш од патогени микроорганизми, меѓу кои термичка обработка на храна, миење раце, фрлаш храна која е расипана, чистиш со средства дома, али идеш тука и од јутра до сутра оправаш криви дрини за вакцини и се вадиш на имунитетот.
    Пукање у колено на најјако.
     
    Последна измена: 10 мај 2026
    На EnaEnA30, Lianna Anna, bookslover и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    5.204
    Пол:
    Машки
    @yarre
    30тина случаи од вакцина и затоа е лоша вакцината?
    Пред вакцината само во САД околу 20000 годишно добивале парализа а околу 3000 случи завршувале со смрт..
    Мала е оваа бројка од 30тина во светот спрема 20000 во една година само во САД..
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    834
    Не. Дали студијата е точна кога е нарачана од производителот кој ја плаќа студијата ? Може да може не. Јас да продавам патлиџани на пазар, ќе платам за моите патлиџани да бидат најдобри. И тоа е бизнис логика која не смее да биде таква коа билокој медикамент е во прашање. И тоа лесно си цепи со години. Не е од вчера.
    И писателите пишуваат книги за сметка на тоа кој ги плаќа. Се надевам дека новата админстрација преку барата ќе го одржи својот збор и ќе се потруди ова да го промени. А со тоа ќе повлече нога и кон останатите институции низ светот.
    И да, ретки се и скривани се студии кои бараат проста математика и логика. Бидејќи кога и овчарот ќе види, ќе му стане јасно. Студијата на Форд е ненамерно правена, а излезена е благодарејќи на упорноста на некои поединци. Студијата е објавена, ја има на сајтот и секој може да ја види. Документарецот само ја раскажува целата сторија што се случило.

    Каде тоа цути колерата и туберкулозата, каде е црната чума ? Што имаат врска нестерилизирано инструменти, храна, миење раце, кои криви дрини и имунитет ? Извини ама не те разбирам, постави директно прашање.

    Полиото има друга генеза ама не ти е познато. Ако сакаш, се разбира, погледни ги овие 6 епизоди, по 5-10 минути секоја, И запали логика пред да почнеш. Немора да си доктор или експерт, само основна логика ти треба. Ќе се изненадиш, верувај.

    https://www.bitchute.com/video/QOMTS9etA9fe
    https://www.bitchute.com/video/FWiju8NnSP6o
    https://www.bitchute.com/video/Tq2Sdc4mpGXV
    https://www.bitchute.com/video/SLvdpwuIpua2
    https://www.bitchute.com/video/7ivRFgLsg9b1
    https://www.bitchute.com/video/PZjXbgMN9rMd
     
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.412
    Допаѓања:
    28.314
    Пол:
    Женски
    Мајке ми, мора човек ко на 5 годишно дете да ти џвака.

    Речеме ти не си вакциниран и наводно според тебе имаш топ имунитет што може да се избори со пертусис, колера, тетанус, полио и тако даље.
    Ако те оперираат со нестерилен инструмент, може да фатиш бактерија која може да ти предизвика сепса и смрт. Ама според твојата теорија, организмот сам ќе се избори против таа бактерија и нема да ти биде ништо
    Нели?

    Или јадеш расипана храна. Добиваш труење и тоа тешко. Повраќаш обилно и имаш дијареа, температура, треска. Ќе отидеш ли на лекар за да не дехидрираш или ќе се потпреш на твојот имунитет дека ќе те заштити?
     
    На EnaEnA30, CameliaMiller, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.