Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    799 глас(а)
    75,7%
  2. Против

    256 глас(а)
    24,3%
  1. Intergalactic

    Intergalactic Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2026
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    227
    Да ја имав упорноста на yarre само, thas all i want..

    .. since 2012:bow:
     
    На Marijanche33, le.soleil, Tulip023 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    ако е така ќе платам и нека не замараат веќе
     
  3. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    834
    @Munchmallow20

    Благодарам на џвакањето. Се надевав дека компарацијата не ти оди во таа насока, но за жал сум бил во право.

    Медицински третман и на вакцинирани и невакцинрани е ист. Невакцинираниот организам е помалку оптеретен но не за играње мајтап при операции на пример.
    Еве и јас ќе изџвакам
    Војник кој е нонстоп во борба, и војник кој е по потреба во борба не е исто, нели ? Едниот измачен се бори и е помалку спремен за борбата, а другиот одморен и свеж секако дека се бори подобро. Првиот има 10 непријатели на него, вториот 1. Ама и тој еден го има. На кој војник му е полесна борбата ?

    Од оваа причина е добро да се погледне студијата вакцинирани - невакцинирани.

    Има опции на формуот за отследување тема или член. Не знам зошто се замараш ?
     
  4. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    нема што да отследам. Вероатно погрешно ме свати. Не сакам да вакцинирам од здравствени причини. Долго време се влечевме по испитувања не сакаа да ни дадат документ за контраиндикација за вакцинација па муабетов ми беше да платам за да не ме замараат веќе
     
  5. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    5.204
    Пол:
    Машки
    @yarre
    Веруваш само на еден филм и еден човек што истражил, а не веруваш на медицински лица кои што се во поголем број..
    Има вакцини кои што се повлечени од употреба затоа што предизвикале несакани последици.. Зошто ги повлекле ако е бизнис тоа како што вели? И не не патлиџан во прашање туку човечки животи..
    И кога се во прашање човечките животи доста се строги условите кои што треба да се исполнат.. Не работам во секторот на медицина, ама работам кај што и најмала грешка може да доведе до смрт на голема група луѓе и знам колку внимание се посветува на испитување, тестирања, пресметки, контроли...
    И ако се проблем пестицидите како што кажа, како биле проблем пред вакцината а сега не се ? Истите пестициди се користат..

    Едит: Никој не ве присилува да се вакцинирате ниту себе, ниту децата, ама нема потреба од ширење дезинформации и лаги..
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.412
    Допаѓања:
    28.314
    Пол:
    Женски
    Упорно одговараш на прашање со прашање зашто немаш конкретен одговор :)
    Значи според тебе невакцинираниот може да ја преживее секоја векторска болест?

    Зошто не за операции? Што му може една стафилокока на еден ултра силен невакциниран организам?
     
    На EnaEnA30, CameliaMiller и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.502
    Допаѓања:
    45.846
    Пол:
    Женски
    Значи целото твое верување се базира на погрешна претпоставка дека вакцинираниот организам е некако преоптеретен и цел живот се бори против последиците од таа вакцинација. Ова е чиста твоја фантазија. Реална информација, нашиот имунолошки систем е 24/7 на работа и го создава истиот одговор против микроорганизмите со кои секојдневно доаѓаме во контакт како кога создава одговор при вакцинација. Со таа разлика што одговорот на телото на вакцината е поблаг во однос на природно заразување.
     
    На EnaEnA30, CameliaMiller, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    834
    Се извинувам, погрешно те разбрав. Се додека трае процесот на евенутално издавање на тој документ, (а трае) не можат да Ве казнат.

    Прво, верувам во проста логика. Второ, верувам во научник. Трето верувам во конкретна логична постапка на истражување.

    Има 2 типа на повлекување на вакцини. Поради енормен број пријавени нус појави и притисок од јавност, и поради воведување н „понапредни“ и коктел вакцини.

    Кои пестициди сеа ?

    Ако за тебе се дезинформации и лаги, за некој друг не се. Медаљата секогаш има 2 страни. Јас ги знам двете ти само едната.

    Леле беме умори :) Ти објаснив во претходната порака. Полека, збор по збор прочитај ја и обиди се да ја разбереш.

    Добро. :) If YOU say so.

    Нема валиден доказ дека невакцинираниот организам ке ја помине болеста потешко. За да го има, (уф, ќе морам да се повторам) нема еден ист организам кој е вакциниран и кој не е.
     
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.502
    Допаѓања:
    45.846
    Пол:
    Женски
    А кај е доказот дека вакциниран организам потешко ги поминува болестите?
     
    На EnaEnA30, CameliaMiller, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.045
    Допаѓања:
    190.607
    Пол:
    Женски
    Мене ова за војнициве ме бендиса.
    Војник во колектив значи кога имало војна, ако си здрав прав и способен ќе ти стигне писменце, не секогаш ти е мерак ама мораш да се јавиш на должност. За колективот во кој живееш, за оние кои не можат да се борат а им треба поддршка како и за следните генерации. Реалноста е дека постои ризик, ама придобивките во глобала секогаш биле поголеми. Така е тоа кога живееш во колектив. Е сега имало и такви што бегале од тоа и биле прогласени за кукавици. Исто како оние што мислат дека со тоа што ја избегнаа корона вакцината открија топла вода. Таа вакцина мора да се усоврши, а без масовна употреба тоа не е можно. Епидемијата намерно наметната или не, вирусот од лабараторија или не, беше реалност и косеше. Дали сум среќна што ја примив? Не. Ама дали беше правилно? Да.

    Е сега битното, оние што бегале од должност порано и се криеле ко глувци во скривници, не добивале еднаков медицински третман како оние кои што придонесувале во колективот. Епа… :wasntme:следствено.. и оние што одбиваат вакцини (со исклучок кога е медицински оправдано) не би требало да добиваат еднаков медицински третман. Ама вие сакате да лапате бенефити од колективот само кога ви одговара, а да не придонесувате за другите, тогаш пу пу не важи. Гоу фигјур.


    Институциите постојат иначе. Не се кредибилни и честопати со сомнителни финансирања. Има во Германија, Белгија, Франција, особено тој во Англија е најпознат. Истиот патерн, истата прикаска ќе ја прочитате од различни луѓе. Имам снаа што цела прикаска раскажува, ама братучед ми вика подалеку од мејлови не се стигнало. Секако, добиваат дијагнози и потписи и така, да не се чудите. Првото дете доцнеше со говор, проодување, слаби моторички вештини. Евентуално со многу работа тоа се надмина и вакцините не беа “повеќе” криви. Второто не го вакцинираа и е со дијагноза агресивен аутизам. Изигравајте пак доктори и верувајте на меил преписки на третата братучетка од комшијата деверот со сомнителни институции во Лондон, Ница и Берлин.
     
    На EnaEnA30 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.412
    Допаѓања:
    28.314
    Пол:
    Женски
    Тука се повлекувам зашто го тупиш наместо да дадеш едноставен одговор со да/не

    Можам само медал да си ставам дека ја добив дискусијата. Убав ден и тебе.

    Утре 40 температура да ти крене детето, немој да бараш чаре од доктори. Има имунитет, ќе се избори. Ајт.
     
    На EnaEnA30, CameliaMiller, yarre и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.590
    Допаѓања:
    20.623
    Пол:
    Женски
    Класика бе @yarre, everything can happen, so everything is the same. Изедначување последици кај вакцинирани и невакцинирани, е игнорирање статистика.

    Каков војник? Не е организмот 40 години у active combat со ММР од 1998. Секој ден имунитетот се справува со илјадници антигени од бактерии и вируси од надворешна средина. Клетките активирани од вакцина, не трошат енергија и не го спречуваат организмот во борба против шо знам, сепса или уринарна инфекција. Една бактериска ангина те соочува со 25 до 50 антигени одеднаш. Вкупно од сите вакцини имаш околу 150 антигени, ослабена форма и контролиран вакцинален стимул.

    Амерка има ресурси да си дозволи сопствени истражувачки центри, ко CDC, па може да функционира и независно. Што не значи дека стандардите на СЗО не чинат за остатокот од светот, туку дека САД сакаат сами да ги контролираат своите пари. И ова е геополитички потег поврзан со финансии и влијание, значи односот со Кина. САД не ги забранија вакцините кај нив, напротив, нивните сопствени институции CDC и FDA уште ги имаат истите препораки за имунизација ко и СЗО!

    Форд студијата е методолошки неточна и полна со грешки. Јавно е демантирана од самата институција како невалиден нацрт полн со пропусти и дезинформации.

    Романија со години пред аутбрејкот е во вакцинален пад под 95%. Никакви вакцинирани мигранти не пренеле. Најголем дел од случаите биле кај невакцинирани или нецелосно вакцинирани и тоа е официјално епидемиолошко инфо.

    ОПВ дава ретка компликација, парализа. И ова го имаме дискутирано веќе, што се повторуваш. Јавно објавено, никогаш скриено. Пресметан бенефит и ризик се вика, знаеш. Наспроти случаите од реална вирусна форма, кај што има многу поголем ризик.

    Али, каков self confidence level, човече! Милиони податоци, епидемиологија, имунологија, историски трендови, ништо не важи. Сите лажат, освен луѓето кои го потврдуваат она во кое веќе веруваш. Тебе не ти фали доказ, ти фали критериум за да научиш разлика меѓу кредибилни медицински факти и манипулативна нарација.
     
    На EarthFire, EnaEnA30, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    8.869
    Пол:
    Женски
    @yarre многу ме интересира кој ти е ставот за анестезија, знаеш колку зезната работа се ваљда. И дури си потпишуваш пред да примиш анестезија дека ако скинеш конци е на твоја одговорност. На живо би правел операција или како?
     
    На EnaEnA30, Tulip023, Mr.Limonko и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    641
    Допаѓања:
    961
    Пол:
    Женски
    Колку е казната ?
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.425
    Допаѓања:
    279.377
    Колку и да е злобно, на сите невакцинирани (поради лично убедување) им посакувам точно болест за која "нема потреба" да се вакцинираат, а исто така им посакувам и болница што кога ќе види дека нема вакцина, ќе одбие да третира.

    Имунитет нек се бори сам :muscle:
     
  16. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    834
    Да да, баш стереотипна класика. Вакцините го спасиле светот.
    А статистиката во корист на невакцинраните. Единствено нешто што треба е да се тргне превезот. Некој може некој не. А некој како тебе работи во зацврстувањето. Што помалку да се отворат очите. Ако не наплаќаш, барем почни. Одлична вилица, уште подобар суфлер.
    Нема ништо поточно од споредба на вакцинирани и невакцинирани. И нема ништо поточно од дабл блинд плацебо студии кои НЕ постојат за вакцините.


    Статистиката која е евидентна и точна токму обратното го покажува. Впрочем тука се и родителите на невакцинираните деца. Само немаат намера да се објаснуваат со стереотипи и кокошки во трло.
    Затоа и нема предомислен родител кој одлучил да не вакцинира. За жал еден куп родители со повреди на децата кои прекинале и се каат и проколнуваат денот кога детето им е вакцинрано.

    Државата преку барата, полека но сигурно презема чекори. Полека од причина што борбата да се растури еден корумприран фармаколошки систем бара време и жртви. Успешно се оттргна од приватната фирма наречена СЗО, не политички туку со памет. Не сакаат приватна фирма да им креира политики „во случај на пандемии“ и останати „закани“. На одличен пат е и ЦДЦ со оглед дека „научните“ истражувања одат во корист на тие кои ги плаќаат. А знаеме кој ги плаќа. Не џабе Кенеди џуниор е ставен на таа позиција. Случувањата се секојдневни. Чекор по чекор.
    Ете ги сеа напињаат со Канта вирусот, кој не им проаѓа, па почнаа да напињаат со Ебола.

    Студијата е одлична од секој аспект. Вакцинирани- Невакцинирани.
    Едвај го видела лицето на денот од стравот за фотењата на главниот научник. Ама за среќа излег.а Отпосле пу пу не важи е само замајување за јавноста и кокошките.
    Една од „замерките“ е што невакцинираните оделе поретко на лекар. „Страшна“ замерка која многу кажува.

    Не, не мотај. Сите деца (ромчиња) вратени од Италија во Романија каде на двете места живееле во очајни услови ги вакцинирале. Стотина страници наназад имаше многу точни извештаи од медиуми кои отишле на лице место.

    Кој бре пресметан бенефит/ризик ? Иди буцкај се колку сакаш. Секоја медицинска интервенција МОРА да е во согласност на пациентот. Ете како и анестезијата спомната погоре,
    Табелите за бенефит/ризик ги праат оние кои ги продаваат своите производи. Или нивните финансиски зависни „научници“ .Не тие кои ги користат. Тие само страдаат.

    Следи го мирисот на парите. Токму таму е манипулантството. Се очеша и ти или имаш одличен суфлер. Докази има, иако постојат обиди да се потиснат. Ама ете излегуваат на виделина.

    Секоја медицинска активност мора да е во согласност на пациентот. И анестезијата. Што јас ќе одлучам ич не е битно, битното е правото на одлука за секој мед. зафат. И за вакцинацијата исто. За анестезијата ризикот го преземам јас. Потпишувам за тоа. За вакцината не потпишувам ништо. Чија е одговорноста за труењата на организмот наречени нуспојави ?