Здраво...Сакам да ве прашам за МРП вакцина тие што не ја примиле, како се излегува на крај со целиот процес? Дали може да се плати казна и да се запише на училиште? Имаме прележано рубеола, па не би сакале повторно вакцина за тоа, бидејќи нели се заедно во истата вакцина...Фала ви на секој одговор <3
Во Мк не постои невакцинирано и незапишано прваче. Неможе да се плати казна за купување мир. Нема кривица од родителска страна при упис. Школото МОРА да го запише првачето бидејќи основното и средното образование се задолжителни. Доколку некој се дрзне да не го запише детето и да малтретира, пријавуваш во државен просветен инспекторат. Толку. 2 реченици претставка како родител.
Mene ne mi go zapisuvaat deteto na skolo,a imame primeno 2 vakcini koga ss rodi vo privatna bolnica.Vo dezavno ne mi pisuvaat potvrda deka gi ima primeno ovie vakcini,trebalo da gi primi na drzavno,ne gi priznavaat.Imam kartonce od privatnata bolnica od koga se rodi deka primi i potvrda.Sto da pravam?
одете во фонд за здравство/министерство за здравство. Нема логика муабетот дали се примени државно или приватно, битно се примени
Одиш повторно во школото. Бараш да се видиш со лицето кое те одбило. Со нормален тон му/и објаснуваш дека ќе бидеш приморана да пријавиш во мин. за образование, државен просветен инспекторат. Ако те упати кај директорот, го објаснуваш истото. Обично директорите знаат за овие поднесоци кон дпи и резултатот. Некои не. Нивните опции се две. Едната е да го запишат детето, а втората е да го запишат откако ќе им дојде инспектор (по твоја претставка) и тогаш да го запишат. Со примени или без примени вакцини законската регулатива е јасна. Училиштето бара потврда за примени вакцини, но нема правен начин да одлучи да го одбие детето. Законската обврска за доставување потврда е препишана од бившата држава, но и целиот закон во кој нема правен момент школото да може/мора да го одбие детето што ја нема.
Ако во документите за упис стои дека мора да има потврда за примени вакцини, го одбиваат поради некомплетна пријава, ништо нема да направиш ако тужиш, единствен начин е да се извади документ дека детето од оправдани причини не може да ја прими вакцината.. Задолжително е образованието, ама треба тоа да биде безбедно за секое дете, има деца кои навистина од оправдани причини не можат да примат вакцина и колку повеќе невакцинирани има толку е поголем ризик за тие што навистина не можат да ја примат, а здравјето е пред образованието. На крајот родителот е виновен што одбива детето да прими вакцини и што ќе остане без образование.. Што се однесува до членката @Srnazvezda , вие имате право да тужите си носите се комплетно со примени вакцини, што има врска дали се во приватна или државна..Мора да ви го запишат детето..
Прочитај го законот. Не постои термин некомплетна пријава. Од искуство. Школото да, бара, ама нема право на одлука да оние кои немаат потврда не ги прими. Секако, секогаш има некои "паметни" педагози психолози и партиски директорчиња, кои за да го задржат га*от на административна функција без многу работа прават се и измислуваат нешто што ни тие не го разбираат. Затоа и сите интервенции на државниот просветен инспекторат завршиле во корист на родителите што немале да покажат потврда. Некои родители поднеле поднесок, некои не. Ама по инструкција на мин за образование сите на 1 септември се во школо. А директорите кои веќе во претходната година имале искуство со ова веќе наредната ги примаат сите деца. Без збор и беспотребна тортура. Што да правам ако ми се закануваат дека нема да ми го примат детето е често прашање. Одговорот е дека мора да се бориш. Неможе еден партиски потрчко именуван од општината да толкува закон како сака. Искуството на родителите на невакцинираните дечиња го потврдува токму тоа.
Без разлика на се, никој не може да одлучи за моето малолетно дете, што да прими, што да внесе, што да јаде, итн. Јас како родител имам право да одлучам, ако останатите деца се вакцинирани, не гледам како моето дете го загрозува нивното здравје? Со вакцина си повеќе имун нели на тие вируси, единствена "штета" можам само на детето да му направам, ама пак и по секоја цена тоа не може да биде одлука на било кој друг, освен на родителот!
Повеќе си имун ама не 100 процентно имун. Не смее да биде одлука на родителот, добро е што се задолжителни. Не може на делужнл родител што замислил некаква непостоечка завера да му текне да прави што сака со туѓ живот.
Не, секој има право да одлучи за вакцини, според мене не треба да се задолжителни за да запишеш дете во училиште. Иако моите ги имаат примено сите вакцини, јас сметам дека имаме право да избереме. Ние никогаш и со ништо не сме 100% заштитени, затоа што и со вакцините е така, треба да имаме право, дали сакаме да ги примиме.
Има деца што од оправдани причини не можат да примат вакцина, алергија, здравствени причини и колку е поголем имунитетот околу него толку е помал ризикот да биде заразено. Од друга страна вакцините се прават за ако се заразил полесно да поминеш, не се дека нема да се заразиш. Ако мора за се да одлучи родителот зошто пример училиштето е задолжително, еве јас може сметам дека моето дете нема потреба да оди во училиште сам да си го учам? Мора нешто да е задолжително, бидејќи ако не многу луѓе ќе се појават како јаре дека е лошо да си вакциниран и никој нема да се вакцинира а колективен имунитет без вакцини тешко ќе стекнеме и така ќе се умираат пола и повеќе од популацијата поради вируси...
Imam i potvrda od maticen i specijalist deka prima lekovi za alergii,pa pak istoto go velat.Vo vakcinalno ne mi posuvaat na potvrdata deka ne moze da se vakcinira zosto ima alergii mi rekoja nemalo toa vrska
Затоа што живееш во колектив, каде поради твоја одлука, неоправдана, може да наштетиш врз некој друг, чие вакцинирање е невозможно. Кога не би живееле во колектив, тогаш навистина никој не може да те форсира. Тоа значи, изолирани, да не одите по болници, да не посетува физичка настава во училиште, чисто само вие, вашите одлуки и никој друг, некаде позади 10 брда, реки и планински врвови. Замисли детенце со тешки заболувања, канцер и сл. да се зарази од лесно превенирачка болест, што твоето невакцинирано дете би му ја пренела. Не ми е за моето вакцинирано, т.е ми е, зошто јас и ради тебе да го изложувам на вакцини, туку и најмногу е, за оние каде е невозможно да се заштитат. Кој ќе биде крив после? Докторот, владата, планетата Земја? Не. Туку ТИ лично.
Хеј @ArabellaStarfall па и вакцинирано и невакцинирано дете може да пренесе ја болеста. Ако гледам од моја лична перспектива, вакцинираното дете е веќе запознаено со болеста, додека невакцинираното нема поима дека таа болест постои.
Од специјалист (не од педијатар) треба да имаш извештај дека предлага одложување на вакцина поради здравствена причина или состојба.
Кога сите би биле вакцинирани, од каде би дошла болеста? Затоа и голем број на болести се ерадицирани. Кога не вакцинираш, оставаш простор, повторно да се појават, затоа што постојат некаде во светот. Би ти било сеедно твоето дете да има полио, а си можела да превенираш? Мене ако немој ме праша, јас воопшто не би оставила опција да бираш, освен ако навистина има некаков проблем.
Вирусот/бактеријата или што и да е, кај невакциниран организам се размножува и станува попотентен, добива на сила, за разлика од тоа кај вакциниран.