Даниелка, ајде види дали овој производ е бизнис на Др. Велков. РАЗГЛЕДАЈ ГО ПОСТОТ УБАВО. Не бранам никого, ама не ми се допаѓа коа ширите невистини. Се разбират дека никогаш во јавност нема да излезе дека е нејзин препаратот(а и не е)...Некој добро ја финансира, за да го купи прва...хахаха...А алал да и е што така добро пере мозок, па нејзините подржувачи кои веруваат дека е Велков божјиот пратеник, сите ќе го купат...(постов го пишав и на страната на Велков што е на фемина, бидејќи овде сме офф топик)
Мене никој не ми пере мозок. Мојот став за Др. Слаѓана Велков го кажав малку наназад. Кој ја финансира Др. Слаѓана Велков ? Одговорот е лесен - нејзиниот маж. Алал му плајваз! Она има отворени раце да се занимава со нејзината кауза ( јас реков, се сложувам со нејзе во делот на вакцини ), финансиски е независна од спонзорите на медицината и нејзините се почесто непорверени медикаменти или со нарачани студии од 15 дена. Читаш не дочитуваш, а судот за лицата ги донесуваш со претходна негативна задоеност. И недајбоже да имаш проблем, никаков, и недајбоже да во тој проблем класичната медицина дига раце, и недајбоже некој таков лик да треба да ти помогне.... и замисли дајбоже да ти помогне.... Ајде да се вратиме на темата, сепак пљукањата по поединци и нивна таргетирана девалвација, безразлика дали се молери, доктори или научници, е едно од правилата на спротиставување на будењето на рационалната свест околу вакцините.
чекај сега од една страна си голем подржувач и восхитувач на некоја си само што ја раситнила дваесетката што ни во најмала рака не е компетентна околу вакцините,верувам што има уште многу фурни леб за јадење,пред да каже оп,а од друга страна лицемерно му ја побиваш реченицата на Yаrre....џабе везење
Ти сакаш да ми кажеш дека реченицата на Yarre е во ред? Добро ајде да ја разгледаме. Прво, таа реченица е генерализација на работите, што ако се преведе во контекст на темата би дошло некако вака: Медицинското образование што го имаат лекарите никогаш не е гаранција за знаењето???? И поради тоа, вие треба да го слушате Yarre, кој нема медицинско образование ама има "големо" знаење посебно за вакцините.???? Види молим те...некој мене ќе ми го побива образованието и уште ќе го доведува моето знаење во прашање???...Јас се извинувам, ама тоа малку потешко ќе оди Кај ти тоа прочита дека сум голем поддржувач на горенаведената????....напишав само дека тоа што го постира како линкови од научно истражувачки студии е во ред.... Дали вие драги мои знаете ли кој е компетентен за вакцините во Македонија или повеќе сакате да ги читате мислењата на некој виртуелен лик од форумот, за кого патем не знаете ни кој е, ни што е, ни што работи ????? Еве на пример компетентен е професорот Даниловски што го споменав погоре. Компетентни се имунолозите што работат на Оддел за Имунологија при Детска Клиника. Компетентни се имунолозите при Институтот за Имунологија. Компетентни се од Институтот за Јавно Здравј на РМ. Компетентни се педијатрите кај кои ги носите вашите деца на преглед. Уште еднаш....никого не убедувам да вакцинира или не вакцинира, таа одлука никој не може да ја донесе наместо вас....само сакам да ви објаснам дека не треба да верувате на се што ќе прочитате на интернет....и ова ќе го повторам уште 100 пати ако треба. Како тоа одличен пример, а не кажуваш на кого ќе му дадеш да ти ја изгради куќата???... И баш убаво што ќе викнеш и струјаџија и столар и фасадер и градежник.... Ајде сега сето тоа фино лепо прилагоди го за нашата тема: Да ти помогнам малку: Значи, драги членки на форумот,со кого вие ќе се консултирате во врска со вакцините? Најпрво со матичниот лекарили педијатарот (вклучително и лекарите кои ве прегледуваат пред вакцинација), па ако тоа не ви е доволно слободно одете до Детска Клиника, Оддел за Имунологија па таму прашајте. Ако се уште имате некакво сомневање, можете да се обратите кај имунолозите при Институтот за Имунологија, па во Институтот за Јавно здравје, па кај епидемиолозите..... Повторно имам погрешна перцепција или? Уште еден текст од професорот Драган Даниловски http://nmd.mk/selectedarticle.aspx?cid= ... &scID=1988
Jas ovde prekinav da pisuvam ama ovoj muabet na Sneznava me pogodi. Ako ne ne ubeduvas so ai se potepala da ni domazes deka vakcinite cinat. Jas ve ubeduvam da ne vakcinirate i ne krijam, ama ti ne.bidi tolku komtradiktorna, kazi si, ve ubeduvam da vakcinirate za xa si ja spasam felata od propast. Ova sto go pisuvame site nie koi imame maka e nagolem dokaz deka nesto se slucuva, samo nema koj da ne poslusa. Izvinete za lat i mnogute pecatni greski od mob sum.
Оф,оф....ја финансирал нејзиниот маж...yeah, right.... Прво и основно, жената нема доблест да се откаже од титулата ДОКТОР а на сите страни плука по модерната медицина, односно во потполност ја негира. Тоа која карактерна особина е?...Лицемерие мислам дека се викаше.... Како напиша ти, тоа за образованието и знаењето? Ајде сега кажи и да го избрише тоа Медицински Факултет од образование и титулата доктор, со која by the way ги привлекува луѓето, бидејќи не гледам причина зошто уште би ја носела? И немој случајно да ми напишеш дека "докторката" има ем образование ем знаење....таа нејзиното образование не го признава...сопственото медицинско образование не си го признава...ццццц....многу интересно.... А што треба да правам, извини?....да ви кажам дека изборот е ваш ама читајте ги писанијата нa Yarre оти се многу добри?......а за тоа кој ќе биде во пропаст поради невакцинирање, е многу дискутабилно прашање......и сигурна сум дека некои од таа фела, за која викаш дека е во пропаст???, ти имаат помогнато многу пати до сега...не мораш да ми реплицираш, бидејќи го знам одговорот....позз
Женски се изначитав што ли не и факти против и факти за вакцинирање.. зборував со многу педијатри, и со мои пријателки мајкина мали деца.. и сикрено веќе страв ме фаќа бунило.. не знам дали да продолжам со вакцинирање на малата или не ве молам за совет
Види,. нема потреба никој никого да слуша. Се работи за став. Медицинското образование на тема имунологија јас го прочитав, со учебник позајмен од студент. Многу бедно опишана состојба на неколку страници. Меѓу редови е тоа што е стандардна наука, и „спроводи и не питај “. Е сеа мојата маленкост е доинформирана од сите други надворешни состојби низ години. Особено премногу случаи на паталци а не гаталци, се повеќе запознавање на деца на лекари кои не се вакцинирани уште на времето, се повеќе инстантни реакции веднаш после вакцини, се повеќе автоимуни заболувања, и се повеќе докази за причинско последична поврзаност. Се повеќе нови вакцини, за кои на светската јавност им пукна филм, и докажани поврзаности ( конфликт на интереси ) меѓу СЗО и фармацевтските куќи. Експлозија на Аутизам, веднаш по вакцина...... Титулари воопшто не се потребни, здрав разум итекако е! Дали и работи или едноставно голта што му сервира фармацевтскиот гигант. Дали знаеш дека НИТУ ЕДНА ДРЖАВА во светот ( или соодветното биро за лекови ) не го знае точниот состав на вакцините, бидејки производителот „имал право“ да не го каже бидејки го патенитирал ????? Немој за нашите. Ми стана јасно какви профили на одобрувачи се. Се ке потпишат само да ладат дупе не сметка на некој фармацевт, некаде на кариби, и во таа идила да „плеснат“ некоја колешка. Најкомпетентни се родителите и нивните родителски чувства, инстинкти и препознавања! Се сложувам. Веројатно ова се однесува и на нарачаните студии од големите финансиски фраери. Куќата ке ја градам јас! Јас ке живеам и јас ке одлучувам каква ќе биде! Сите други ке бидат консултанти. Капираш ? Нема да се ослонам во целост на ниту еден од нив. Да, но листата на консултации надополнете ја со разговор со родители со дијагностициран поствакцинален дијабетес или аутизам. Не се малку околу Вас, но за жал сите дијагнози потекнуваат од Белград и Љубљана, а скоро видов и една од Виена. Консултирајте се и со Вашите внатрешни чула, родителски инстинкт. Прашајте се зошто про-вакцинирачите прерипуваат одговори. Зошто толку лекари се против, зошто се сатанизираат научниците кои се против вакцините.... Прашајте се сега, за да после не се прашувате 100 пати повеќе. Од срце и душа го мислам ова. Не, тука ем погрешна, ем строго ограничена Батали ја Др. Слаѓана Велков, не е тема тука.
Види Yarre,тоа што ти си против вакцините,не ти дава за право да ја плукаш медицината,а дека имаш стекнато знаење со еден прочитан учебник по имунологија и те како си се зафркнал. Никаде во имунологијата не пишува "спроводи и не питај"-као демек според тебе,дури и во учебниците не учат дека медицината е заговор против светот. Дај молим те. Немој да мислиш дека ако си прочитал неколку страни имунологија тоа те прави експерт во одредена област,конкретно оваа. Имунологијата е обемна наука и не се учи од само еден учебник,прво не си запознаен што и колкав обемен материјал има истиот. Според тебе непотребно си постојат специјалисти во своите области,така? Титулата доктор ако за тебе нема никакво значење,тоа е твој проблем. Исто ко јас,да земам да прочитам неколку страни од Мултимедија и дизајн и тоа мене да ме прави експерт во програмирањето. Кажуваш смешки. За Велков,нема што да коментирам,ете кога и самата не верува во медицината,што се претставува со титулата доктор? Изгледа повеќе поени и носи а? И за крај,доктор не се станува со прочитани десет страници од на комшијата скриптата,докторот има специфична професија,која подлежи на основно медицинско знаење,кое постојано се надоградува.
Цитат од ЈАРЕ ,, Дали и работи или едноставно голта што му сервира фармацевтскиот гигант. Дали знаеш дека НИТУ ЕДНА ДРЖАВА во светот ( или соодветното биро за лекови ) не го знае точниот состав на вакцините, бидејки производителот „имал право“ да не го каже бидејки го патенитирал ????? Немој за нашите. Ми стана јасно какви профили на одобрувачи се. Се ке потпишат само да ладат дупе не сметка на некој фармацевт, некаде на кариби, и во таа идила да „плеснат“ некоја колешка.,, затворен цитат. Па добро, на што личи ова, што сакаш да докажеш и покажеш, освен самиот себе. Ајде сега едно прашање за тебе, бидејки се пофали дека си прочитал некоја си скрипта. Казжи ми дали ти ја негираш целата медицина или само овој дел со вакцините. Дали според тебе не треба да им веруваме на докторите и да почнеме сами да се оперираме. Па ниту еден доктор не го кажува составот на анестезијата, so what do I care, ај одговори ми. Ако треба да ти се изврши операција ти поради составот на анестезијата ќе бараш да те оперираат на ,, живо,, или ?!?! А да ти сигурно ќе бараш ,, на живо,, за да се увериш дека ,,фармакомафијашот,, нема да згреши нешто. И ајде престанете да ширите паника без потреба и лажно да преставувате дека сте против вакцини, бидејки веке знаеме дека сите Вие ,, анти вакцинаши,, си ги вакцинирате децата со шверцувани вакцини. Ако продолжите со дискусијата ќе ги постирам приватните пораки за да ,, Ве разоткријам,, во вашите цели. За Велков не коментирам, бидејки таа е толку небитна што не вреди ни да се говори за неа, мислам секој нормален човек со здрав разум има свое мислење за неа. Сега Јаре, тебе те очекувам да одговориш , конкретно без филозофии, јасно и гласно...
Ми личи на несвесен извршител. Гледам дека сакаш да ме навлечеш да го коментирам. Нема проблем „се навлеков “ Зошто имаат во нивна близина деца со трајни оштетувања од вакцините. Колку официјалните извори се непристрасни кога СЗО ја тресат афери со судир на интереси ? А како и би, кога се работи за твоето, едно и најмило ? Да се пеат песни пред и после вакцинација ? И текако се важни. Само ете во овој текст нема ниту една бројка, туку воопштен став. Смешно не е. Да, вродиле со „плод“. За жал ете жнееме плодови од автоимуни заболувања, кои се дијагностицирани токму после вакцина. Секако, ама сето тоа треба да се стави на кантар. Штитејки се од глушец, не гази слон. Колатерала е сивото ? И тоа е секако посебна прикаска. И бројките се интересна состојба, особено кога позади стои весела математика. И толку Јасно и разбирливо ? Веројатно е така кај несвесните извршители. Рамнодушен? Цели семејства страдаат. Страшна глетка ? Тоа е Хорор. Недајбоже да си во нивната кожа. Само они знаат низ што поминуваат. Е тоа може да им се каже директно на тие каде вакцината ги инвалидизирала трајно, за цел живот. Бидејки оние починати од вакцина, тешки се за комуникација. Ем деца, ем под земја. Ако се луѓето бесчуствителни роботи, тогаш лесно ќе ја прифатат оваа „наука“ со статистика. За среќа, сеуште постојат и луѓе на планетава ни земја. Да, особено коа ке се протне низ системите за контрола, кои неретко се протнуваат со „независна“ помош, од различен тип. И тогаш нагло стануваат прифатливи. Така е, ама нема потреба од наука однапред. Да уништувам здраво дете и негово здравје, и да гатам со термини на веројатност, дал ке го опали вакцината или не? Благодарам, јас на моето не, а Вие на Вашите деца или внуци, по свое „веројатно“ убедување. Да, ама тука има две состојби; - Што ако тоа едното на мајка е едното твое? - Што ако не е едно, него коруптивните сили го направиле да е едно? Па да, и тука нема ништо ни срамно ни нечовечно. Треба некој да каже, кога овластените за тоа, ќутат како пи%ки. Да. Отпор кон идиотштината на постоење на вакцините. Манипулација ? Кој манипулира тука ? Каде е интересот на манипулацијата, каде се парите, каде се свесните поддржувачи на вакцинацијата, и системот на слепиот го води слепиот ? Ова е еден обичен и провиден начин на девалвација, но и скренување на вниманието во друга насока, демек опонентите на вакцините биле манипулатори. Исто како и скрнавењто на доблесните доктори и научници кои се против вакцинацијата. И јас! Предлагам уште еднаш да го погледнете видеото ( наназад, на видеото од Хрватската НоваТВ) со еден од првите имунолози во бивша Југославија, Др. Пољак, и споредете го со размислувањата на нашиот доктор. Снежно, поиграј си со синтагмата - Несвесен извршител. ------------------------------------------------------------ Бејби Стар, Никаде јас не плукам и генерализирам. Се спротиставувам на одредени нелогичности кои се наметнуваат. Медицината меѓу редови ти дава одредени ставови. А тоа го нема во учебниците. Не барам заговори, барам одоговори на прашања, барам да знам, барам јас да одлучам. Како да верувам на медицината која не верува на ХПВ вакцина и масовно се повлекува, а согласно со тоа да верувам и на останатите вакцини ? Ете Снежно упорно прерипува став. Не сакам ќутенки, прерипувања..... Никако не сакам да бидам разбран како експерт во областа, бидејки НЕ СУМ! Јас барам логичности, кои во голема мерка ги нема. Имунологијата е обемна наука, и како и секоја друга треба да еволуира. Дали таа ке еволуира само со зголемување на бројот на вакцините ? Титула доктор секако дека има значење. Титула човек и доктор - најголемо. Јас таквите доктори ги почитувам, а слепите следбеници не. Се слагам наполно. Особено кај кој „ментор“ ке се дообразува. Секоја чест на доблесните искључоци, кои успеваат да се оттргнат од „слепото следење“. ---------------------------------------------------------------------------------- За Чајлд. Не, таман работа. Мислам дека бев доволно јасен во постот. Препрочитај го уште еднаш. Мислам дека правиш погрешна компарација. Анестезијата е моралност при операција, вакцината не е. Впрочем прашањето е јасно, и ако се е како што треба, испитано и докажано, зошто за вакцините знаеме само сегмент од нивниот состав, а не се? Паника ? Шверцувани вакцини ? Да, одреден број родители за жал, си ја смируваат свеста со демек увозни и подобри вакцини, несвесни дека токму тие се предмет на бранувања околу нивната штетност и се водат полемики во светот. Тие што не ги вакцинираат децата, не ги вакцинираат со ништо, увозно извозно, шверцувано или не..... Знаеш која вакцина е добра ? Само таа што не е дадена. Ќе постираш приватни пораки и ќе разоткриваш? Ајде! Да видиме сензација на разоткривање... Циркус.....
,,Мислам дека правиш погрешна компарација. Анестезијата е моралност при операција, вакцината не е. Впрочем прашањето е јасно, и ако се е како што треба, испитано и докажано, зошто за вакцините знаеме само сегмент од нивниот состав, а не се?,, Не, токму ти си тој кој правиш погрешна компарација која ја користиш за онаму каде најмногу ти одговара да ја користиш. Те молам, анестезијата е моралност при операција, says who? Додека вакцината не. Е па Yarre,кога ти одговараат придобивките од медицината и науката ја користиш, кога не, велиш дека е зло. Замисли да се појави голема кашлица кај повеќе деца, што мислиш дека ке им биде давано на децата ?!?!?! И мислиш дека тогаш ќе помогнат советите на Велков, сонце, заземјување и сирова исхрана. За потсетување за да можеби се подзамислиш во она што го кажуваш повторно ќе ти ги постирам следниве линкови Кај бебе http://www.youtube.com/watch?v=S3oZrMGD ... e=youtu.be На 14 години - http://www.youtube.com/watch?v=KCQjXHiR8L0 На 64 години -http://www.youtube.com/watch?v=31tnXPlhA7w Е сега Yarre, дали си спремен на сите родители кои ги советуваш да не ги вакцинираат своите деца, да им потпишеш изјава за одговорност, мислам тоа е она кое постојано го бараш од докторите. Постојано кажуваш дека докторите не ги вакцинирале своите деца, се додека не кажеш со име и презиме, нема да ти верувам бидејки сметам и знам дека се тоа само паушални изрази со кои на твојата дискусија ќе и дадеш драматичност и полековерните ќе ти поверуваат. Кои се тие родители чии деца се оштетени од вакцините.Зашто до сега ниту еднаш не спомена некој со име и презиме и да ја раскажеш точно нивната приказна. Постојано користиш драма, но и самиот знаеш дека поради тоа што ние сите сме грижливи родители и редовно си ги вакцинираме своите деца, твоите во животот ќе бидат безгрижни и со веќе стекнат имунитет од останатите вакцинирани, па ќе ти остава простор да зборуваш против вакцините, кажувајќи како твоите се здрави деца иако немаат примено вакцина,и притоа не мислејќи дека погрешно ги советуваш родителите бидејки ти како Yarre НЕ СНОСИШ НИКАКВА ОДГОВОРНОСТ.Сега јас ќе ти дадам малку драма, седни поразговарај со твоите баба и дедо и нека ти раскажат какви се болести имале порано, и дали иако се хранеле здраво ( без конзерванси, ГМО и слично) успевале да ги одржат своите најмили во живот. Поразговарај со некои повозрасни лица од руралните средини и нека ти кажат колкава била смртноста кај нивните потомци во почетокот и средината на минатиот век. И за крај, секој производител ги кажува компонентите кои се содржани во вакцината, незнам што е тука нејасно постојано да го повторуваш, составот се знае, е сега ако немаш знаење за да сфатиш што е, тоа е друга работа.
И друго нешто YARRE , кога веќе сакаш да ја обработуваш статистиката. Јас еве сметам дека возилата се најголем причинител на смртност и смртни последици кај луѓето. Па дали знаеш ти колку луѓе ни ги снемува покрај нас од тие сообраќајни незгоди. Дали тоа значи дека треба да се откажеме од возилата и да велиме дека тие не се потребни. Исто ве читам, по тоа Слаѓанините групи како се повикувате на една седница на америкасни конгрес на кого му текнало да го поврзе аутизмот со вакцините. Да прашам, дали тој беше истиот конгрес кој истражуваше нуклерно оружје во Ирак и слично. Дали тој беше истиот конгрес кој даде дозвола за отпочнување на војни во ,, третиот свет,, ??!?!Колку само деца таму ги снема од тие војни .......
Јаре, бараше циркус, па повели и тоа токму во ФБ групата каде беше администратор. Соговорничкава е инаку мајка на ,,оштетено дете,,( многу несоодветен термин на кој мене ме навлековте да го користам против своја волја) . Сликата е сокриена бидејки има малолетно дете на неа. Од името само се дадени иницијалите. Проверете во групата ќе ја најдете, најжештока е, со постојано тврдење дека нејзиното дете е оштетено од вакцина и дека во никој случај нема да ги вакцинира повеќе децата. R.T.S Isto i Mironska od drzavna detska imunologija mi e tetka bas za vakcini. ama ne se slagam deka nema deca bes posledici sega ke gi donesat novite jas si kupiv od grcija vakcini za bebevo ama stetata e napravena mnogu mi zal da go gledam ama eve pa barem zdravo se hrani Me :toa ti se sluci so revakcinacijata na MMR, taka razbrav? R.T.S da da jas si gi kupiv a i mislam deka sekoj moze da se snajde da si donese od negde taka ke se zarasat ministerstvovo i sami ke donesat od procistenive ama eve vikaat od mart ke pocnat so vakcinacija na procisteni vakcini ako ne pak od nadvor i odma vbrizguvanje Me - , ok e seto toa, ama te citam i na grupata zdravje na igla ne vleguva, zosto ne si postojana vo svoite stavovi, mislam tamu vo taa grupa edno vo ovaa grupa drugo, shto e celta. Neli cel ni e zdravjeto na nashite deca, no celta ne gi opravduva sredstvata. Sakam da kazam deka pristapot koj se vodi vo taa grupa sozdava gnev kaj site i nikogash nema da se postigne neshto, ako se ide na toj nacin. Znaci jas sum ZA VAKCINI . A pristapot koj se ima vo taa grupa e samo kvantitet na gluposti sobrani na edno mesto. Smenete go priostapot . R.T.S da jas sum vo grupata ama si citam za sokovi sto i spremam za malava zaradi sekerot kobinacii jadenja za glutenot znaci ishrana Me- ok, se nadevam deka ne gi sledish sovetite na velkov R.T.S-ne do tolku nesto samo kombinacii na hrani sokovi inace meso si zemam domasno tele jajca domasni posto imam kolonijal i znam sto se ne se prodava Me- ok, pozz R.T.S pozzz Chat conversation end Е поради ова сметам дека се е лицемерие и себепромоција, и никогаш нема да Ви верувам. И се надевам дека ќе дојде време кога ќе можам со мерак да ја ислушам ,,Odlazi circus,, , мислејќи на Вас ,, антивакцинаши,,. И ајде сега на ФБ група да го откриете идентитетот, па така ќе стигнете и до мојот
Би ве замолил да ги корисите алатките на форумот при комуникација, заради подобра прегледност на комуникацијата Елена 2204 Ух, јас медицината не ја негирам, се сомневам во делот на вакцините. Исто како што се сомневаат доктори и научници. Исто како што родител од Германија кој се сомнева во вакцините, има директно слободно право да не ги даде на своето дете. Нема потреба во воопштување и несразмерни компарации. Замислувам. Вакцината за голема кашлица не е превенција за големата кашлица. Во одделението кај син ми, детенцето што седеше во клупа, вакцинирано од голема кашлица ( краток период пред случката ) си ја доби и си ја истера. Син ми, со кој навеќе општат, и се најблиски, се тегнат детски и играат се, не. А ете син ми невакциниран. Ако ти си сигурна во учинковитоста на вакцините, нема потреба да те плашат оние невакцинираните, ниту ете родителите како мене. „Магичната“ заштита ја имаш. И немој да плескаш сеа со колективен имунитет, кој меѓу другото служи за оправдување на неучинковитоста на вакцините, па морале сите да бидат вакцинирани. И пак, и пак во такви популации, се случуваат одредени епидемии, и пази богати, иницирани од самите вакцини. Полиото е еклатантен пример за тоа. Нешто си помешала со некој друг, дур тајно ги читкаш групите по фејсбук . Јас на докторите не им барам изјава ( дегутантно е тоа, никој нема да даде па не сум ни поборник на тоа ). Јас на нашиот матичен доктор ( сега во пензија, ама лик за секоја почест ) му дадови изјава по негова препорака. Изјавата ( тогаш ) пројде повеќе инспекции и немав никаков проблем ниту јас ниту педијатарката. Сега работите почнаа да се драматизираат, бидејки еден огромен број на родители одбива вакцини ( не по мојот пример, туку по примерот на некои други развиени демократии ), па нашиот систем заплашува и тормози. Јас гаранција не давам ни на чачкалица, јас имам став во кој што верувам, од дно душа. И да, го делам со другите и секој со своето убедување. Ни под разно. Токму тие се светлите ликови кои доблесно ќе ти кажат. Оној родител кој сака, ќе го најде патот до нив. Да ги именувам со име и презиме, па да ги сатанизирате како сите оние кои зинале против вакцините, не доаѓа во предвид. Во претходниот пост, убаво објаснив какви се тие. Ем лекари ем луѓе, кои човечното во себе не смеат да го покажат поради нивната околина, па како љубениот доктор на Снежно, да констатираат дека колатералнате штета е оправдана. Аман бре, каде живееш ? Сврти се малку околу себе. Последно што ми доаѓа у глава е кошаркарот во Вест, и серијалот за аутизам. Драма не користам, драмата ја прават вакцините уништувајќи детски животи, и кратејки човечки. Моите невакцинирани деца не стекнуваат имунитет од твоите вакцинирани, со оглед дека имунитет се стекнува само после прележана детска болест. Ако јас сметав дека вакцинираните деца ги штитат невакцинираните, тогаш ќе се борев да има што повеќе вакцинирани, зада ете и моите бидат заштитени. Секако дека не сносам одговорност, но сноси ли државата одговорност за последици од вакцините, кои ете сака по секоја цена да ми го одземе право на мојата одлука, за јас да си сносам одговорност. Што мислиш ти дека државата ( билокоја ) ќе биде подобро одговорна од мене, родителот на моето дете ? = Квалитет на живот, подобри хигиенски начини на живеење.... Идиотштината со ГМО храната е друга тема. Не напротив, ти не ме читаш. Производителот ти кажува што има, ама само за состојките кои треба да се знаат, а другите ги крие, и не ги кажува и се штити со заштита на приватна сопственост и пронајдок. До тие е неможно да се дојде. Само еден бог знае што има останато во вкупниот состав на вакцината. Леле, и трамвај гази во градови.... Ама тоа е далеку од рулетот кој ни го испорачува вакцината. Не се копарабилни воопшто. Мешаш баби и Жаби. Не знам за што зборуваш, и зошто намерно воопштуваш. Ставот за Др. Слаѓана Велков го кажав наназад. Дали конгресот околу аутизмот, оружје во Ирак, отпочнување на војни и слично бил во ред, и глобалната политика е на добар пат, за жал, ќе покаже историјата, ако ја дочуваме планетава ни земја. Дотогаш секогаш ќе има страдалници и нели „оправдани“ колатерални штети. Ова не е тема на темава. Ни ти ни јас неможеме да се инволвираме во тоа, ама можеме во делот со кој барем засеа располагаме, а тоа е здравјето на нашите најмили. Барем дур ни даваат. Во Америка не им даваат, ги затвараат во затвор. -------------------------------------------------------------------------------------------------------- Чајлд, Чајлд, многу гнев се насобрал во тебе. Немој бре, и ни е сме луѓе. Се обидував 4 пати да ја прочитам посочената конверзација. Не видов никакво лицемерие. Родител кој е во групата, кој пишува против вакцини, и смета дека „прочистените“ се подобри. Тоа го објаснив погоре. Со добавување на „прочистени“ вакцини, мисли дека истите се подобри и се обидува да ја ослободи совеста иако првичната убеденост е дека е против. Лицемерие нема, има неколку типа на родители. 1- Вакцинираат, без дури и да знаат за што, и какви се можните последици 2- Вакцинираат со „прочистени“ вакцини, под рака набавени во странство или со врски кај нас 3- Родители кои воопшто не ги вакцинираат децата 4- Родители кои престануваат да ги вакцинираат децата после компликации од вакцината 5- Родители кои престануваат да ги вакцинираат децата спрема лично убедување, и промена на став после доаѓање до одредени сознанија, или од пријателски совет на некој доблесен доктор. Групата - Здравје на игла не влегува, обединува родители чиј став е јасен против вакцините. Тоа не е дебатна група, па овој е за оној е против, како на пример оваа тема тука. Таму јасно се дефинирани ставовите на групата. Јас со одредени ставови не се сложував, и затоа се повлеков но останав член бидејки сметам дека со можам да придонесам кај одредени прашања. За жал има одредена наметливост која постои во групата, меѓутоа делумно можам и да оправдам одреден револт на родител кој има трајно оштетување од вакцина, а тој револт, свесно или несвесно го пренесува во групата. Српските и Хрватските сестрински групи, се далеку посредени, имаат и дирекнти инцијативи, и директна размена на искуства, многу поголема од нашата. Но како таква, и нашата е добра. Еве ја Хрватската група на пример Sloboda odlučivanja za obavezno cijepljenje djece https://www.facebook.com/groups/183655991667224/ Немам намера, не си ласкај. Ем ми је испод части бидејки јас не користам такви методи.
Yarre, бујрум на facebook страната на проф.Др. Драган Даниловски..отворена е за сите.....па поиграј си ти таму со синтагмата несвесен извршител, може ?... ....мислам дека со твоето знаење (од учебникот по имунологија што бил многу штуро напишан) и со долгогодишното "искуството" во "истражување" на вакцините, ќе бидеш одличен соговорник....
Де бре Снежно, не мораше да го квотираш цел пасус, за една празна покана. И овој форум е отворен за дискусија. Зошто јас некаде би одел ? Ако сака некој да дебатира, слободно може и тука, форумите постојат далеку пред да постои гологазниот фејсбук. Еве и јас, јавно го поканувам твојот гуру, да не почести со неговиот став околу вакцините, тука. Да не иде постот у ветер.... Abnormal measles-mumps-rubella antibodies and CNS autoimmunity in children with autism. http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/12145534 Еве и за „добриот и безопасниот“ алуминиум. http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/22097496 Инаку, до каде сме со твојот став за HPV ?
Снежно, ќе мораш малку да причекаш за да го исконтактира професорот, ќе треба уште од неколку студенти да позајми по некоја скрипта, да ја прочита па после ќе размисли . Некои личности, едноставно не се за комуникација и се кријат во групи каде неистомислениците се банираат, ради мир у куќа ( читај за да не искочи вистината на виделина). Тие личности да сакаа до сега ќе исконтактираа некој надлежен и стручен освен Векфилд и американски конрес. Па види една Велков не сака да гостува во присуство на таков експерт а не Јаре, кој не е ниту доктор, ниту архитект но пак затоа е еден голем филозоф без кредибилитет, бидејќи веќе го исчитавме по сите ФБ групи .Инаку Јаре, живеам во Македонија, земја каде секој има пристап до интернет за да може да се промовира и истакне како би го задоволил своето алтер его, не мислејќи на последиците. Во однос на користењето на алатките од форумот, извини ти признавам најстручен си во тој дел, туку нешто те нема на РИД, ни недостигаш, што е работава. ,,Ајде веќе погоре некаде беше споменато од некој, па ме интересира твоето мислење и стручност . Дали го знаеш составот на анестезијата, производителот, последиците и слично. Немој само со оправдување ,, морална е и слично,, ќе те молам јасно и гласно, без филозофии . Ајде малку за тоа да дискутираме, бидејки експерт е експерт, од се треба да има познавања.