Пред околу 15-16 години многу дечиња настрадаа од дијабет после ДТП вакцина, нерегистрирана од бугарско потекло. Тогаш се ставија работите под тепих.
Alo be luge masovna e vakcinacijata ako realno ima problem so nekoaj vakcina i te kako ke se gledaat posledicite Sto tuku povrzuvate slucajnosti
Вакцинацијата е далеку од масовна. Голем дел од родителите одлучуваат да не вакцинираат. Спрема погорната анкета, низ годините, дури 24.4 % одлучуваат да не вакцинираат. Процентот варира во зависност од медиумските кампањи базирани на страв. Последиците ниту се ретки, ниту се лесни. За жал улицата на вакцинирање е едносмерна, назад нема. Штетата е трајна. Ова јас што го изнесов не е никаква случајност. Тоа е настан што се случи. Македонија нема начин за тестирање на вакцини, и секогаш се базира на „на запад е тестирана мора се да е ок. А очигледно не е.
Како бе луѓе после ова да вакцинираме? И нас во родилиште ни ја пуштијс БСЖ,два дена дерман ми нема дојдено.. не знам како мирно се прифаќаат работите во оваа наша држава. Ако ви е за мала утеха на сите родители, ова се сериите кои се спорни, проверете си ги книшките/картоните…
11 серии ејј...11....тоа е срамота и страшно што се случува. Мене едно не ми е јасно. Викаат вакцините се со рок и добро еве сеа некои нема да примат и што со нив !? Втора работа - рота вакцината има 3 дози, што ако на третата доза детето настине или покаже нус појави се прекинува тоа не се дава 3та доза и фактички испаѓа дека првите 2 нема да завршат работа или можда - делумно. Ова го пишувам затоа што на другарка моја детето и се разболе за третата доза и педијатарот и рече океј ништо страшно ги има примено првите две дози. АХа значи може и со по една доза... Кога му реков на мојот педијатар дека нема да вакцинирам дете со рота и дека дтп ќе ја одложиме ми се развика со зборовите ,,не читај ти многу на интернет,, Сега ова што се случува за мое дете да се напраам дека не го прочитав и не го слушнав ли !? Страшно сум револтирана затоа што ако не ги вакцинираме не услувуваат со упис во градинка, школо, па разни закани, тужби што ли не. А, сега !?? Кој ќе сноси одговорност за овој стрес !? Ај сега ние да тужиме како што они нас не тужат за НАШЕ дете. Вака и да сакаш да вакцинираш дете те тераат да размислиш.
Па секако е подобро 2 дози отколку ни една. Што не значи дека може, туку дека во некои ситуации ќе направат исклучок ако претходно си биле примени регуларно. За во Хрватска, дефекти се случуваат. Фактот што веднаш ги повлекле кажува дека сепак некој работи и сериозно ја сфаќа работата и дека вакцините се регулираат, наспроти она што се сервира. Нема потреба да се паничи за секоја понатамошна вакцинација.
Дали тоа значи дека новороденчињата што овие дена не примија вакцина против БСЖ не се безбедни и обратно !?
Моето е родено 2024, вакцинирано со спорната серија 807-1. Ние имавме проблем со атопичен дерматит, деновиве читам дека е нус појава на вакцинава, иако кај нас се појави веднаш после тие на 2 месеци и беше страшно. Пријавував секогаш кога одевме за вакцина, таму ме убедуваат дека некој од нас мора да има алергија. Како да имам доверба понатака, еве не знам.
многу бебиња имаат атопичен дерматит, не верувам дека е од вакцината, мојата е 2025 родена и вакцинирана со истата серија, исто имаме проблем со атопичен дерматит и често се исфрла, не можеме уште да откриеме од што, но и големата беше иста додека беше помала така да не ми е логично да е од вакцината. иако денес читав доста и викаат дека симптоми може да се појават и неколку години по аплицирањето на вакцината, пробувам да останам смирена и да не кревам паники, се надевам се работи за мал број на случаи и дека се ќе биде во ред, сепак сум за редовна вакцинација и останувам со тој став, иако доверба веќе во ништо немам, знам дека помирна ќе бидам ако знам дека ми се вакцинирани децата, отколку да не ги вакцинирам и да се надевам на најдоброто.
Моите се родени во две различни странски држави каде не ја ставаат оваа вакцина па едното имаше атопичен дерматитис од почеток до 3 ипол години негде кога изгради појак имунитет. Исто како што има аутистични деца без примена вакцина. Ти ги разбирам сомнежите, ама конкретно атопичен дерматит е пречест денеска и во суштина се должи на многу различни фактори. Епидемиологот Драган Даниловски има одличен текст околу актуелнава тема на фб. Препорачувам да се прочита, меѓу другото и кои симптоми да се следат кај децата со примена вакцина.
Важи, штом ти така велиш нема што понатаму да се дискутира. Само секој "дефект" на игнор и капата на страна, јер questioning the things не е ич во мода, just listen to the science... слепо и тоа.
@Anaroz1 @Yowannty знам дека пречесто се јавува. Ме убедуваа дека мора да имаме јас или мм алергија, а немаме. Дури никој во поширока фамилија нема. Се појави после тие на два месеци и беше страшно, рани. Како го исчистивме есента, некои 9-10 месеци беше, веќе не се појави. Мислев дека зимата ќе биде страшно, ама воопшто не се појави ниту сува кожичка. Затоа си поврзувам дека мора да е од вакцините. Сеуште го дојам навечер, во исхраната не сум сменила ништо, па да си речам дека е еве од кравјо млеко, како што често читам. Дури и детето си јаде кравјо пресно, кисело, јогурт, кашкавал, не се појавило ништо досега. Немаше реакција на ниту една нова намирница. Затоа поврзувам со вакцините, сметам дека ете можеби премногу му дошле, па затоа таква реакција. Петовалентна, шестовалентна, плус уште една, плус рота... Вакциниран е, мрп единствено уште не сме ја ставиле. И сега го читам ова, гледам истата спорна серија не знам навистина веќе што да мислам, како да постапувам натака.
@Orchidea и мојата уште мрп нема примено, требаше сега во септември, ама тргна во градинка и цело време е со растечен нос, така да ќе почекаме за таа, големата ги има примено сите на време, а и малото ќе го вакцинирам со мрп чим биде скроз здрава, таа најстресна ми беше кога требаше да ја прими поголемата. него како успеавте да го излечите дерматитот, кај големата помагаше алфодерм, а сега не се продава веќе, има едно на ноџето шо се шири како лишај и не знам нишо не помага
Биодерма атодерм лосион и маслена купка, веледа за пеленска регија. Во тој дел никогаш сме немале проблем со осипи и слично. Кога имаше рани декотал мачкав по препорака на педијатар, и кремата на Скендер. Друго ништо не користиме. Перам со Фрош, омекнувач не користам. Го бањам преку еден ден, ако се јави црвенило долу одмивам со вода. Сега овој период кога веќе заладува и на три дена го бањам.
Ја пишува во белите картончина од вакцините (јас таму ја најдов), но дека е прва вакцина можно е да ја пишува и во картонот од болница што го даваат на испуштање... И кај нас е 807-1...