И мојата нема 3та доза, поради нус појави не ја прими. Инаку проверив во книшка и мојата ја има примено бсж 683-1...
Од спорнава вакцина за бсж, нема нус (се надевам). Прва доза рота им ја исплука 80% кога и ја дадоа и имаше грчеви јаки, а како што ме држи ум и проливче. Е втора доза ја испи цела и страшни грчеви имаше со денови, со проливи.. плус крвави столици цел месец... Викаат чим вакви симптоми имала со вакцина, многу пострашни би биле да фати рота вирус Ама не и ја дадоа сепак 3та доза.. они така одлучија, не јас..
Да... пишуваше дека во Хрватска оваа година случаите што биле пријавени биле деца вакцинирани во текот на 2024 и почетокот на 2025, но од друга страна кај нас вакцината се става од 2023та и нема ниеден случај пријавено на нус појави...
Страв и паника ? Нормално е. Сте му дале на детето вакцина, со надеж нели, на „заштита од болести“ и одеднаш оп вакцинава имала нус појави. Добро па вие не знаевте дека секоја вакцина прави нус појави ? Дека со вакцинирањето се применува "one size fits all" ? Не знаевте дека Македонија нема соодветна лабораторија за тестирање на вакцини? Дека одобрувањата се вршат врз база на документи дадени од некои од ЕУ институциите, кои повторно потпишуваат документи врз база на„испитувања“ кои се правени во лабораториите на производителите. Не знаевте дека пред 15тина години во оптек беше нерегистрирана вакцина за ДТП, од која дечиња добија дијабет ? Ги обештетија родителите, и ја бутнаа работата под тепих. Детето што го носите на вакцинација е мало, неможе да се брани. Тогаш доаѓа сестрата со иглата и жбрц. Не се секирај мајка, вакцинава е проверена, цела Европа ја дава. Сестрата, не докторот. Документарецот ете повторен на претходната страна или две, е токму тоа. Eye opener. Вакцинацијата е едносмерна улица - назад нема. Секако дека нема. Во други земји има и се евидентира. Нашите деца се се спајдермени. Нема бидејќи докторот ти вели: Не се секирај мајка, гарант ова не е реакција од вакцината.
моето имаше реакција на 3та доза рота и полио. Реакцијата не мора да е веднаш туку ако е во првите 24 часа по примање ја рачунаат за реакција од вакцина. Само за жал реакциите на несакани ефекти не ги внесуваат никаде. Затоа секогаш зборат "немаме пријава на несакани ефекти"
Еве јас да го кажам и мојов случај не е за БСЖ туку е за МРП... Зборував со мојата матична пред некој месец за вакциниве која иначе е пред пензија што мисли во врска со мрп иначе има таа и внуци и одговорот и беше следен: Бидејќи живеам со докторката од кај вакцините извадив потврда внучето да не се вакцинира до 3год... А јас сега на ова прашање што ме праша треба да ти речам дека мораш да го вакцинираш твоето дете, одложувај колку можиш...
А не, не мора да ја следам науката која ми е професија, треба да халуцинирам како тебе. Не можеш да издржиш да не ме цитираш, нели? Да, вакви работи за жал може да се случат исто како што се случуваат секакви несреќи во секоја секунда од нашето постоење. Тоа што одма се повлечени од Хрватска и се повлечени дури и кај нас од претпазливост, директно го побива тоа што вие антиваксерите толку силно го промовирате - дека некој намерно ве труе. Секако дека со ова и повеќе внимание ќе се посвети дури и на најмали сомнежи за некаков нус ефект. Доста ги паничиш родителиве тука кои веќе имаат анксиозност и се бомбардирани со информации од секакви извори.
Па не можам и да сакам, едноставно твоите постови се толку бесмислени и тресење празна слама а се умислуваш дека си експерт на секоја тема. Покажи барем малку почит спрема родителите кои поради некој таков "дефект" цел живот мака мачат со последици, ако не друго.
Ништо, тогаш тие парчиња се уништуваат како медицински отпад. Делумно. Поентата кај рота вакцината со сите дози е да го штити детето во најкритичните години. За да вакцината го постигне својот ефект во целост - на пр. долгорочна заштита(ова варира од типот на вакцина и против која инфекција штити), потребно е да се примат сите дози. Ако се прими една доза, можно е да се развие заштита но таа ќе трае пократко или ќе биде послаба. На пр. наместо целосно да помине без сипмтоми во случај на болеста, ќе помине со делумни симптоми. Некои вакцини се примаат само еднаш и штитат такаречи доживотно. На пр. против жолта треска што се дава пред патување во делови на Африка и Јужна Америка, но и вкацините кои се примаат во повеќе дози како против рубела и морбили, како и вакцината против Хепатит Б.
Единствен доживотен имунитет може да биде само со прележување. Се останато е желба и прикаска. Како што не постои дупла плацебо студија (што е основа за секој медикамент) за ниту една вакцина што се дава, така и самата долготрајност на „заштитата“ во одреден временски период. Идејата на вакцината од почетокот била тоа, да ја имитира болеста без последици. Но не само што се јавиле последици, виделе (ако воопшто виделе) дека истата не штити доживотно (јас велам ич) туку пократко. И тогаш се пробуткани бустерите, кај нас наречени ре-вакцини. Според подлистоците кои се од самите вакцини, не постои вакцина која што „штити“ повеќе од 10 години. Израчунајте сега до кога е „заштитата“ од последниот бустер. За да се докаже полесно / потешко прележување треба да има ист организам кој е и вакциниран и невакциниран. Симптоми. Да, детето може да прележи болест без симптоми, асимптоматски. Но токму тогаш детето е асимтопматски преносител на болеста, на други единки. Фактот што симптомите се прикриени, а не видливи, не значи дека детето е заштитено. Повеќето (да не речам сите) од тие асимптоматски болести се токму од вакцинален сој, кој е задобиен од самата вакцина.
Која е разликата помеѓу rotateq и rotarix вакцината и зошто во повеќето Европски држави се препорачува rotarix?
Мислам дека само фирмата е, моите ги примија вакцините во странство со rotarix, за втора доза бевме Мк време корона не можевме да се вратиме странство и кога бев Јане за да ја прими не сакаа, ми рекоја као само фирма е во прашање ама не сакамњ ризик.
Абе готово сега, треси се ти 10 години и секоја промена кај детето на вакцината препиши ја. Мислам океј е да не погоди веста, и јас се уплашив, ама вакцината е повлечена од претпазливост и повторно вратена во употреба, никакви нус појави не се регистрирани кај нас, олабавете малку, ова најдобронамерен совет, оти ионака сме бомбардирани со се и сешто.
Добро де, Се пореметил мирот на оние кои без „а“ да кажат одат и вакцинираат. И кротко се надеваат дека ете нема да „удри гром у нивните коприви“. Тоа е. Се плашат да излезат од стадото. Топло е да си со сите. 10 години ? Не се 10. Не постои лонг терм студија. Или постои ? У некоја фиока. Ама можеби и не е убава. Реакциите од вакцина не се у вторник наредната недела. Можат да бидат у некој друг вторник. Раат се само оние кои не вакцинирале.