Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    761 глас(а)
    76,2%
  2. Против

    238 глас(а)
    23,8%
  1. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Воопшто јас не сум се преценил. Веројатно зборот професор во тебе предизвикува чувство на поданик. Во електронските комуникации, дискусиите се базираат на добра воља. Јас пишувам од добра воља, ти пишуваш од добра воља, некој чита од добра воља.....
    Во други форуми, има и лекари кои дискутираат на темата, со ете обични „молери“. Јас дискутирам на медиум кој е отворен за секого, кој има воља нека дискутира, кој сака нека дојде. Дали јас на друго место ке дискутирам или не, воопшто не ми е проблем, ама се разботи само за желба.

    Благодарам што ме читаш, ама јас навистина ретко пишувам на фејсбук бидејки фејсбук како систем не го почитувам. Веројатно ме имаш побркано.
    Се што не е во дослухот на стандардниот хвалоспев на вакцините, ти го нарекуваш филозофија. Јас ете рационалност.
    И те молам, тука не разговараш со Др. Слаѓана Велков. Видов дека имаш пљуканици на дедицирана тема, терај си таму. Тука темата е јасна и гласна.

    Алтер его ? Камо среќа интернетот да бил достапен и на моите родители на времето.....и да задоволувале алтер егото...За жал тогаш единствените извор на „вистина“, биле многу лимитирани.
    До каде одиш бреееј :(

    Мене РиД не ми недостига. Смее да не ми недостига ? Ако ти ми кажеш да се вратам, да се вратам а ? :lol:

    Не. Ама баш нема никаква потреба да го знам, или барем не во корелација со вакцините.

    Останатите навереди ке ги прерипам.
     
  2. Child

    Child Нов член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    6
    И те како има корелација со вакцините и твоето излагање по однос на медицинските достигнувања. :clap: Кога ке го дознаеш нивниот состав, производител тогаш дојди и ќе правиме дискусија,се до тогаш, се само паушални изјави. :rock:
    Тоа е како јас на водоводџија да му се мешам во работата. :lol:
     
    На stefi23m и snezno им се допаѓа ова.
  3. nnskopje

    nnskopje Нов член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    10
    Не знам зошто толку напади врз човеков што само нуди нови сознанија кои лекарите не ни ги даваат кога ќе им ги побараме. Го искритикувавте зошто користел интернет, а вашите реплики се полни со линкови од истиот тој интернет. Веројатно има “добар интернет“ (кој го користите вие) и “лош интернет“ кој го користи Јаре.

    Докторот што го споменувате (Драган Даниловски) беше министер за здравство (во владата на Љубчо Георгиевски). Неговата сопруга (Мина) му беше советничка во кабинетот на Љубчо, која се занимава со пророштва и наводно има парапсихолошки способности (барем така вика весников). Не знам дали дома можат да се разберат за улогата на медицината пара-медицината.

    http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID ... 669F25D2E6

    Значи го предводел и го развивал целиот систем што не убедува да вакцинираме, ни ги крие податоците за тоа што им вбризгуваме на бебињата, и не сатанизира сите што ќе прашаме нешто во врска со тоа. И очекувате тој да каже нешто против тој систем?

    Проблемот со системот е што со научните сознанија против вакцините се руши нивната децениска неприкосновеност во оваа област, кога родителите не смееле ниту да прашаат. За докторите најдисциплинирани пациенти се оние што не прашуваат ништо, туку само слушаат. Не е крај на светот ако се признае дека системот некаде направил грешка, дека се појавиле нови сознанија, дека нешто што порано било општо-прифатено денес е на стаклени нози или се руши. Па порано болестите ги лечеле со едни лекови, денес со други, утре со трети. Науката оди напред.

    Видовме како со децении давале вакцини против полио со вирусот СВ40. Па после ги промениле. Значи, во тие години и децении кога се таквите вакцини - никој не смеел ништо да каже. Сите биле послушни и не ни смееле да се посомневаат дека нешто не е во ред. Поминале години и години, се појавиле доказите, и ја смениле вакцината. Е сега, поминале десетици генерации кои примиле таква вакцина - ама кој им е крив што ништо не прашале, ниту пак се сомневале. Така кажале докторите.

    Еве и за живата. Истите стручни медицински лица што денес не убедуваат дека во вакцината нема ништо лошо, со децении давале вакцини со жива, и цело време викале дека нема ништо лошо во нив. Дури и денес ќе кажат дека и тие вакцини со жива не биле лоши, бидејќи жива имало и во вештачкото млеко, итн, итн. Ама составот го смениле после истражувањата на Вејкфилд, кои се покажале како неточни. Па, ако немало ништо лошо, и ако Вејкфилд не бил во право - зошто тогаш го смениле составот? Нели живата не е лоша? Истото е денес со алуминиумот. Ќе поминат години и години, па сите ќе признаат дека и тоа е лошо, ама нема да плукаат самите по себе и нема да признаат дека бранеле погрешни тези.

    Зошто толку ви сметаат луѓето што не ги вакцинираат децата? Дури и оние што ќе прашаат нешто во врска со тоа? Точно дека Јаре не е доктор, но не е ни Експерт (самата кажа дека има само средно медицинско). Значи не можете еднаш некого да дисквалификувате затоа што не е доктор, а другпат не. Бидете принципиелни. Еве, нека дојде доктор епидемилог, нека се претстави, и нека одговори на сите неодговорени прашања на оваа тема, и нека дебатира со ставовите на докторите од САД, Западна Европа и нашето соседство. Доктор со доктор.

    Ни јас не сум доктор. Не сум ни водоводџија, ама знам дека не сакам цевки со азбест. Не сум ни архитект, ама не сакам радиоактивен мемер кај мене во зграда. Кој ми кажал за тоа? Архитектот сугурно не. А ни водоводџијата за цевките. Како што ни банкарот нема да ми каже дека во договорот за кредит има клаузула што му одговара него, а не мене. Па затоа е со ситни букви. Не сум банкар, ама знам дека не треба да потпишам. Ако не сме доктори, не значи дека сме малоумни па некој може да не убедува слепо да веруваме во нешто. Дури и кога окулу нас има се повеќе РЕАЛНИ случаи (а не во книгите) кои ги демантираат тие доктори.

    Сто пати е повторено - ако вакцинираните деца се целосно заштитени - нема зошто да се плашат од невакцинираните. Болеста не можат да ја фатат, затоа што вакцината ги штити. Едноставно е. Ако носите панцир - куршумот не пробива. Ако оние што се против вакцини се себични - тогаш ќе си молчат и ќе им одговара што повеќе деца да се вакцинираат, затоа што на тој начин ќе си ги заштитат своите невакцинирани деца. Но, за чудо, тие не молчат. Гласни се затоа што не сакаат и другите деца да бидат изложени на ризик од вакцинирање. Нелогични се тие обвинувања. Тогаш тие би биле исти како сите оние доктори што ги убедуваат туѓите деца да се вакцинираат, а сопствените ги чуваат од вакцини.

    Не знам зошто сите се прават наудрени дека немало случаи на компликации од вакцини, или тие биле толку малубројни што не треба ни да се споменуваат. Па има ли некој на форумов што не слушнал за таков случај во своето опкружување. Штом ја отворите темата на било кој настан - веднаш се јавуваат луѓе што ќе споделат со вас примери. За жал се повеќе. И што е тоа - генетски? Како порано немаше толку такви случаи. Генетски е дедо ти да носел наочари, па носи и татко ти, па затоа има голема веројатност да носи и твоето дете. А никој претходно да немал таква болест во семејството, а ти да го убедуваш дека е генетски - малку е чудно. Исто како еден мој пријател кога отиде кај најпознатиот кожен доктор (да не го именувам, после отвори приватна клиника). Отиде со изгореница од запален бензин, а докторов (влегол покасно во ординацијата, па не ја слушна причината) му кажал дека му е генетски!

    На крајот на краиштата, ако сите можни научни докази се полза на вакцините, ако сите доктори се за вакцинирање, ако нема никакви лоши последици од нив - кои се тие луди родители што нема да ги вакцинираат своите деца? Кои се тие што ќе потпаднат под влијание на некаков форум или ненаучен интернет сајт? Најголемиот проблем на лекарите е да им објаснат на родителите кои најдобро знаат што и кога им се случило на нивните деца, дали е резултат на вакцините или не.

    Читајќи некои од дискутантите овде видов дека се работи за доста помлади личности, не се родители, и се најактивни на темите поврзани со шминкање и фризури (ок, сепак е женски форум). А најмалку се доктори, најнајмалку епидемиолози. Лесно е да дискутирате за некоја тема без притоа да бидете лично засегнати, односно без вашите деца (доколку ги имате) да бидат изложени на ризик. Јас најмногу би сакал да дискутирам и да советувам за безбедноста на имплантите за женски гради. Ниту имам гради, ниту жена ми треба да става.

    И уште не можам да сфатам зошто толку изливи на негативна енергија кон луѓето што не вакцинираат. Не сакаат - нивна работа. Тие никого не убедуваат да не вакцинира. За разлика од оние од другата страна кои постојано и агресивно ве убедуваат дека мора и мора да се вакцинирате (ко Јеховини сведоци на врата). Малку ни е кампањата на системот, казните или купувањето на лекарите од страна на фармацевтските компании (кои се единствените производители на пазарот чијшто прозивод МОРА да се користи - слично како да ви кажат: јади што сакаш, ама бел леб мора да јадеш. Инаку - казна! Прв ќе отворам пекара).

    Нудете научни сознанија, ама дозволете да се слушне и другата страна. Споредувајте статистики, аргументи, податоци - ама со поеднакво внимание кон двете страни. Не може некое научно списание еднаш да е супер (кога цитирате текст во корист на вакцините), а другпат да не чини (кога има друг текст). Ништо чудо што повеќе луѓе се откажуваат од натамошна дискусија.
     
    На Anastasija-Velika, Moira, yarre и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.478
    Допаѓања:
    10.927
    Во ред е да се слушнат двете страни,но зошто тогаш на вашата група на фб има забрана за луѓе со став да за вакцините?
    Зошто,ако сте отворени за дискусија од двете страни ги банирате членовите кои имаат поинаков став од вашиот?
     
    На Child и danielka0507 им се допаѓа ова.
  5. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Зошто Вашата ? Зарем мора да се биде член на таа група а ставот да е против вакцините ?

    Дали јас ти се мешам ако дома клучевите од подрум ги ставаш на клавирот ? ;)

    Групата има своја цел, и групата не е дебатна како што е темата тука на форумот. Таму има луѓе кои се сложуваат со тоа, гледам наскоро и ке достигне бројка од 2.000 членови.

    Ако сметаш дека треба да има дебатна група на фејсбук, никој не те спречува да отвориш.

    Ова прашање ти е веќе одговорено во последните постови на темава. Нема потреба за малтретирање на останатите, само бидејќи површно ги читаш постовите.
     
  6. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    http://www.youtube.com/watch?v=I8mOryJ2kYQ

    Prof. Dr. Željko Poljak - клинички имунолог
    Еден од првите имунолози во бивша Ју.

    Отворено дебатира за силеџиството со вакцините во Хрватска.
    За ова зборев претходно. Ем лекар, клинички имунолог, ем човек.

    Можеби некој од нашиве јавно ќе проговори, барем тие што се во пензија.
     
    На Anastasija-Velika му/ѝ се допаѓа ова.
  7. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.478
    Допаѓања:
    10.927

    Искрено Yarre ама компарацијата со клавирот ти е нула.
    Ајде вие самите викате за дебатирање,а потоа се криете и споделувате постови од оваа тема во таа вашата фамозна група.
    И да групата не е дебатна,ами е перење на мозок.
     
    На Child и danielka0507 им се допаѓа ова.
  8. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски

    Групата е апла перење на мозок и никако не смее да имаш став против.....доколку некој изнесе аргументи против, обавезно се брише од страна на госпожата и администраторите...А 2 000 членови не се некоја јака бројка, фала богу па да се силиш со тоа...Чудно ми е само што секоја недајбоже болест ја сврзувате со вакцината..Ете тоа неможам да го сватам...А не постојат докажани аргументи, туку само изјави на родители...
    Сепак ќе кажам дека недајбоже никој да не им е во кожа на тие луѓе, кои кренале рака од здравството(со право) па бараат утеха секаде, а оваа си ги користи за некои свои цели(кои ќе ги видиме наскоро)...
    Не можете на сите да им го исперете мозокот, има образовани и паметни кои секако знаат на која врата да тропнат ако имаат мака..Единствено може да ги злоупотребите немоќните...Тоа и одлично го правите...
    Знаењето и искуството на докторите никогаш неможете да им го потцените, ниту земете, ниту ти со скриптата, ниту твојот пријател инженер, ниту надрилекарката...
    Она што кај нас не чини е целокупното здравство...За тоа може да дебатираме и да се сложиме секако...И дур не се среди хаосот таму, секогаш ќе има разочарани пациенти кои утехата ја бараат кај вас и на многу други некомпетентни места, неможејќи да ги платат високите услуги на приватните болници...
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
  10. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Извор:Natural News
    When Natural News began, it was basically the blog and sales portal of anti-pharmaceutical activist Mike Adams. His basic premise has always been the Big Pharma conspiracy, the idea that the medical industry secretly wants to keep everyone sick, and conspires with the food industry to make people unhealthy, all driven by a massive plot of greed to sell poisonous medicines. Adams appears to have become a protégé of Alex Jones, for he now writes on Natural News at least as many police state conspiracy articles as he does anti-science based medicine articles. They carry ads for each other on their sites as well.

    Some examples of current articles on Natural News are:

    New World Order: Implantable RFID chips capable of remotely killing non-compliant 'slaves' are here

    Vaccines lower immunity

    Fluoride means lower IQs and more mental retardation

    and of course:

    Jumping rope and 9/11 truth - how the sheeple have been trained to avoid unpopular truth about WTC 7

    Natural News' misleading title — I see very little on the site that I would think to classify as "natural news" — and pretense of being a health resource has helped it to become an often cited and heavily read site. For its frighteningly large influence, and abysmal quality of information, it earns the #1 spot on this list.
    http://skeptoid.com/episodes/4283
     
    На danielka0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски

    Па тоа е класика...И овој весник е за пари, некој го пишува...За судска пресуда да стане доказ, треба да е правосилна...Колку што знам, сеуште не е правосилна оваа одлука на судот во Италија...
     
  12. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    @ baby-star

    Не е нула. Не ја разбираш :(

    Никој не вика во групата, а секако секој што сака да ја прати е добредојден. Тоа е група на истомисленици против вакцините, каде особено важен дел се посветува на размена на искуства во поглед на одбивање на вакцини и стереотипот на општеството, а за жал и се поголем број на родители кои проговоруваат за комплкациите и проблемите кои настанале после вакцините.

    Секако има и ликови кои иако не се согласуваат со групата, тајно ѕиркаат во неа. Затоа и групата е затворена, за да можат стереотипите како тебе, да не пречат.

    Воопшто не е потребно споделување на постови од тука. Имаш милион на другите „сестрински“ групи, од блиското и подалечното опкружување, кои генерално се практични да се пратат поради јазичната бариера на пример на норвешката група.

    Јас мислам доволно ти објаснив.

    Баш така. Тоа е уредувачка политика на групата. ( Клучевите / Клавирот )

    Не се силам, но бројката ме радува, која генерално и коренспонидра со бројката на другите сестрински групи во однос на бројката на жители. Ако можам да ја замислам состојбата, од пред 7 години, бројката е експлозија. Целта на групата е да поттикне размислувања кај секој млад родител и да ја донесе својата одлука, што кореспондира со таквата можност во повеќето европски земји.
    Македонските родители не смеат да бидат потценети во однос на Германските на пример.

    Погрешен заклучок, иако веројатноста за многу болести и нарушен имун систем, се поради вакцините.

    Тука јас не можам да помогнам. Толку можеш.

    Ете толку сакаш или можеш да видиш. И тука не можам да помогнам.

    Да еве јас на пример, што губам драгоцено време симнувајќи се на сите нивоа, да објаснам дека луѓето што не вакцинираат, исто си ги сакаат своите деца, како ете тие што вакцинираат.
    Дај да видиме кои се тие трети цели „што ќе ги видиме наскоро “ :lol:
    Совеста ми је чиста кога си легнувам навечер.

    Те молам прочитај го овој сегмент, и објасни ми го, јас ете, толку ми фаќа, не можам да го разберам.

    Никако тоа не го правиме, ама со право ги поделувам докторите во подгрупи. Ниту една од нив не е предмет на потецнување, но секогаш ќе бидат предмет на секаква критика ( позитивна или негативна ) сеедно. Сепак се тие кои и законски се задолжени за нашето здравје. Јас лично ги почитувам највеќе оние кои го користат она докторското повикување на совеста.
    И кај лекарите мора да има градација, како и на други места. За да на крајот производот биде пациент кој што добил најдобра нега или превенција. Докторите се тука поради пациентите, обратното е нелогично а сепак присатно.

    Прашањето е за некоја друга тема. Искрено не мислам дека е толку лошо, пред скоро време го споредував со здравството во една понапредна Словенија, и се фрапирав за колку работи сме подобри но исто и колку работи можат да бидат подобри.
    Но, токму таму, а и во Србија, лекарите, се по доблесно ги констатираат поствакциналите дијагнози, за разлика од кај нас или Хрватска.

    Темата „Вакцини - за или против“ не би требало да се занимава со утехите на пациентите кои своето решение на проблемот го бараат на други начини. Тоа нема врска со темата.

    @ StefChef и Даниелка,

    Не гледам ништо погрешно еден сајт да заработува од пропагирањето на здрава храна и здрав начин на живеење. Од тоа живеат и еден куп нутриционисти, па во Скопје ги имаш еден куп.

    Извори за докажаниот аутизам на судот во Италија, е случај од 2004 година а сега повторно се отвара јавна дебата. Пресудата е донесена уште тогаш и исплатена е одштета на семејството.

    Еве ти извор од Британскиот Индепендент

    http://www.independent.co.uk/life-s...ter-award-over-child-with-autism-7858596.html

    Еве и едно новинарско размислување на еден наш сроден јазик

    http://www.magacin.org/2013/11/na-italijanskom-sudu-dokazano-da-mmr-vakcina-izaziva-autizam/

    Инаку,
    Во Америка исплатени се 2,6 Билиарди Долари за компензација програм за оштетувања од вакцини понувајќи од 1989 година.
    И при тој стриктен процес во Америка, толкава сума исплатена за штети настанати од вакцини и толкав број на случаи, упорно ќе ги заобиколувате фактите, и ќе ги дисквалификувате доблесните ?

    http://www.hrsa.gov/vaccinecompensation/data.html


    ПС. Ме чуди што никој не изреагра на постот на nnskopje. Да претпоставам дека се согласувате ?
     
  13. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    Поради одредени членови темава стана напорна за читање.
     
    На gluvarche и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  14. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    Cecilia потполно се согласувам, темава веќе и ко да не припаѓа на групата теми БЕБЕ во која мислењата ги споделуваат мајки , туку почна да наликува на напорна политичка кампања :doh:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Јас се извинувам ако сум напорна, но мајка сум на едногодишно девојче токму пред МРР вакцината...Така да навистина сум во паника токму од сите овие вистини или невистини што се шират околу вакцините...
     
  16. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    @cecilia

    За жал темата е таква. На сите други форуми е така, и кај Германските и кај Америчките. Во Хрватските на пример, админиистраторите ги поделија на делови, по некаде 50тина страници.

    @danielka0507

    Верувај не си единствена упаничен родител. И јас бев упаничен уште пред 8 години. Верувај не спиев. Пристапот до информации беше многу помал. Лекарите 10 пати потешко „се отвараа“ на овие прашања.

    Сите доктори кои се запознаени со оваа тема признаваат дека вакцините се отровни а последиците непредвидливи. Ниеден доктор, лабораториски техничар или научник, не може да одреди каква реакција на вакцината ќе има секоја индивидуа. Тоа е како – руски рулет – дали ќе предизвика моментална смрт или парализа, рак, срцеви проблеми или туберкулоза неколку години подоцна, бубрежни болести или некоја друга хронична болест во блиска иднина.

    Кога се става вакцината таа го внесува вирусот директно во крвта, со тоа се заобиколени почетните одбранбени линии на телото. Живите вируси кои се внесени, се способни да во телото живеат повеќе години во латентен облик. По неколку години или децении, почнуваат да се размножуваат и предизвикуваат промени во телесните ткива и органи.

    Добитникот на Нобелова Награда др. John Enders од Харвард, изразил загриженост дека девојчињата кои денес се вакцинираат имаат поголеми шанси да ја добијат болеста кога ќе пораснат и почнат да имаат деца отколку природно да ја добиле болеста во детството. Наодите покажуваат дека вакцинирањето може да даде само делумна отпорност која не трае долго нити овозможува траен имунитет како природната инфекција.

    Некои фармацевтски компании подржани од моќни индивидуи, заедно со поткупени научници и познати здравствени организации ги форсираат вакцините. Тешко е да се застане против оваа профитерска машинерија, или да се јави некој доктор кој не се плаши да го каже своето мислење и го предупреди народот за вакцините.Еден од таквите е др.James A.Shannon од Националниот Институт за Здравје кој вели: ЕДИНСТВЕНА СИГУРНА ВАКЦИНА Е ОНАА КОЈА НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ УПОТРЕБИ.

    И многу важна констатација.

    [​IMG]

    МОјата искрена желба ја знаеш, иако не те познавам.
     
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Дали некој ги чита овие истражувања, статистики, глупости да не речам, кои замараат ???
    Го интересира некого тоа ?

    Темава е да си кажеме свои мислења, со искуство, размислувања, онака, а не постојано копи-пасте од интернет.
    Отворите посебна тема и во неа копирајте си извадоци.
    Вака досадни им станавте на сите, а темава е крајно непрегледна и натрупана. :^)
     
  18. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски


    Силвер, сепак темава е за или против вакцините, па и затоа е таква со изнесување на податоци, давање мислења и искуства...
     
  19. saseiefi

    saseiefi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    79
    vcera razgovarav so mojot maticen ne pedijatar znaci i go iznesov moeto mislenje deka poveke ne se vakcinirame do 5 meseci se vakciniravme inace i objasniv deka mnogu se plasam pogotovo od MMR iako ne sme imale nus pojavi sepak se plasam i ona na toa mi rece vo pravo si te svakam noz so 2 ostrici e vakcinata znaci go dobiv mislenjeto od lekar koj sto mnogu go postuvam i toa konecno mislenje od lekar me podrza 100 posto
     
  20. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    За вакцини!!
    Несакам детето понатаму да ми умре и при најмала болест.Со вакцините се добива имунитет за целиот живот.А овие гласини околу поврзаноста на вакцините со аутизмот се невистини,барем според спроведените истражувања.Мајки без паника,само следете ја секоја промена кај вашето дете било позитивна или не,тоа ќе ви укаже дали е се во ред со вашето дете и ако брзо се реагира ќе се овозмози рана интервенција а со тоа и успешен третман(иако на никој не му посакувам да дојде доттука).И никако не ја избегнувајте вакцинацијата.
     
    На Child му/ѝ се допаѓа ова.