Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Discussion in 'Бебе' started by bebaa, Jun 9, 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    761 vote(s)
    76.2%
  2. Против

    238 vote(s)
    23.8%
  1. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2012
    Messages:
    1,005
    Likes Received:
    771
    Gender:
    Female
    Yare velis deka decata ne ti se vakcinirani.mozi imas nanazad pisano, kolkavi ti se decata? Imaat nesto od sto ne se vakcinirani prelezano?
     
  2. yarre

    yarre Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2012
    Messages:
    915
    Likes Received:
    801
    Не ја разбирам поентата на прашањето, но ајде ќе ти кажам вака.
    Моите деца од детските болести имаат прележано варичела
    Имаат 5,5 и 8 години.

    Како е на широк сокак ? Слушам родителите кои се спротиставуваат на вакцините, највеќе ги малтретираат токму во Битола. Имаш некаква информација за ова ? Дали е точно дека има многу мал број на лекари „за превенција“ и тие ревносно го пријавуваат секој случај на одбивање на вакцина ?

    И ај да сме и конкренти, ќе ми кажеш ли што мислиш за Алуминиумот како неуротоксин ?
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    20,925
    Likes Received:
    110,237
    Gender:
    Female
    Во Богданци 18 месечно бебе починало 2 дена по примената вакцина. На ФБ прошета како информација, како и дел од градските муабети кои се прошириле околу овој случај. Па така детето демек било болно од рак, а вакцинирано, па затоа умрело. И сега да видиме кај се пропустите. Дали дете болно од рак смее да се вакцинира, дали дете воопшто било болно од рак, на крај која е вистината, од што детенцето починало. Што е многу многу е, детето наводно било болно, кој здрав лекар ќе вакцинира болно дете, си се пукаат со сопствени куршуми, што е многу многу е. Сеуште не е проширена приказнава, сеуште не се знае ништо, телото е испратено на обдукција и се чекаат резултати. Сочувство за родителите, жално е што не може никој да ги казни овие дежурни џелати и да ги спаси децата од нивните раце :x
     
  4. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2012
    Messages:
    1,005
    Likes Received:
    771
    Gender:
    Female
    Целта на прашањето ми беше ако имаат нешто прележано, како поминале, лесно или не....онака чисто информативно!

    А за малтретирањето во Битола, неможи и баш на Широк Сокак да ги малтретираат, таму се оди за на кафе, да се опушти човек....ама во секој случај за малтретирање ќе треба да прашаш некој родител што ги одбива вакцините, тоа не сум јас, син ми до сега сите ги има примено.
     
  5. Binka

    Binka Истакнат член

    Joined:
    Feb 7, 2014
    Messages:
    31
    Likes Received:
    34
    Здраво ова е мој прв пост овде на форумов :)

    Долго време ја читам оваа тема и по други форуми, групи и слично и им благодарам на сите кои се трудат да учествуваат во дискусиите и да пробат да придонесат при донесувањето на нашата одлука ЗА/НЕ Вакцинирање.

    Мајка сум на 2 девојчиња првото ми е вакцинирано со сите вакцини до 4 годишна возраст, а второто само со првите 3 вакцини.

    Генерално не би можела да донесам сеуште 100% одлука за тоа дали да или не вакцинирам. Според мене одлуката за невакцинирање ќе биде 100% со донесување на ИЗЈАВА или пак и таа ќе биде составена на тој начин да привремено во неопределено време ја донесувам како прекин на вакцинирање се до донесување на конечната одлука.

    Нема да лажам дека многу ми е СТРАВ од вакцините и дека многу ми е СТРАВ од невакцинирање. Но сепак бидејќи имам скоро 1 година од кога не сме биле на вакцинирање нашиот став како родители повеќе оди накај невакцинирање.

    Иако немам многу време и незнам како по брза постапка да дојдам до информациите а тие да бидат релевантни и точни, еве овде по некое мое видување би сакала доколку некој од Вас ги има тие податоци да ми ги презентира(лошо кажано). Што барам, еве просто кажано болест/вакцина/начин на третирање.

    Незнам дали ме разбравте.
    Пример. морбили/ вакцина против морбили/ доколку не се вакцинира а се добијат би се третирало со...., или
    пертутис/вакцина против/ доколку не се вакцинира а се добијат би се третирало со...????

    (Ве молам да не добивам одговори од типот кога би се вакцинирала што би добила -разни нус појави-за кои секаде имам читано или периодичен имунитет)Доколку не би се вакцинирале кој се метод би се употребил на лечење????

    Знам дека се познава по моето пишување дека сеуште сум на почеток на запознавање со оваа проблематика иако нели не малку веќе интезивно 1 година ја разработувам темава.

    Е сега бидејќи сум лаик по темава ние вакцините ги прекинавме заради следново:

    Првото девојче ми е родено предвреме со мала родилна тежина иако е 37 гестилациска недела (1 месец во утробата не добивало храна преку плаценатата и (тогаш немав поими за вакцини-за здравје боцкавме така ни велеа тетките :swear: ) ги примаше сите вакцини редовно, никогаш се немаше разболено, кукла, напредуваше одлично. На наполнети 9 месеци ни се јавија за на вакцина и ние нели нормално одиме да ставиме вакцина по КАЛЕНДАР се мислам се рабтеше и за ДТП така и по телефон ни беше кажано. НО!!!! Кога стигнавме таму не прегледаа и ставиоја вакцина против морбили која се става тек во 13 месец со пробана белка од јајце. Незнаев што се случува на нашето има ли пробано јајце, да малку торта, ако тоа се важи добивме на одговор и крвнички излажани ја добивме вакцината. После 7 дена почнаа реакциите за прв пат се разболевме, отидовме кај тогашната матична -петок а нашето дете веќе 3-4 дена со температура и не јаде ништо (да напоменам со послаба килажа) не откачи и ни даде упат за на клиника за секој случај. Никој ништо не ни објасни. Си отидовме дома викендот продолжи мачењето и јас преку телефон со друг педијатар се консултирав добив дијагноза по телефон и антибиотик. (Еден господ знае што му правев и што му се случуваше на моето дете) Поминаа сите маки, ние супер-но од време на време тикови имавме -денес ми е појасно што се се случуваше.
    Детето ми е супер кај нас денес се прикажува само еден за сите мал а за нас могу голем проблем-после таа вакцина нашето дете престана да јаде (а да напоменам претходно јадеше дури свеж кромид) ние јадиме само млечни производи и тестенини-ништо друго.
    Иако тоа сето се случи јас бев уште слепа да на 2 години и 10 месеци по повторен повик нивни-дента кога се породив со второто јас ја однесов ќерка ми на вакцинација за со истата вакцина.
    КОЈ АПСУРД ОД НИВНА А КОЈ НЕКА МИ ПРОСТЕ ГОСПОД ОД МОЈА СТРАНА.

    Сега имам друга матична кога и го кажав тоа таа ми рече да знам дека лажеа еден период ги викаа родителите за една вакцина а им ставаа друга!!!!!!!!!!!!!! Гневна сум!!!!!
    Се надевам дека тоа дете нема да има страшни последици понатаму.

    Дрго што ме иритира е дека од нивна страна постои селективност кон децата, едни ги вакцинираат други ги вакцинираат со подобри вакцини, трети ги вакцинираат со наводно прочистени, а на четврти тајно ги советуваат за одредени вакцини да не се примаат (и тоа тие истите вработените во истата институција)не зборам за надворешни кругови на доктори-педијатри-имунолози!!!!

    ОВА МЕ ИРИТИРА ЗОШТО ЛАЖЕА И ЗОШТО НА СЕЛЕКТИВНОСТ ?????????

    Поздрав од мене и се читаме понатаму
     
  6. expert

    expert Истакнат член

    Joined:
    Aug 29, 2010
    Messages:
    402
    Likes Received:
    267
    @Binka

    Немам многу време да пишувам протоколи за терапија за болестите, ако некој има повеќе време и повеќе знае за таа област подобро нека напише, сепак сакав само да искоментирам дека не е логично, ајде нека да се споредува, ама да се мисли дека е подобро да се прележува болест наместо да се прими вакцина.

    Замислете тоа е болест која ги покренува сите механизми во организмот, жари и пали со цела жестина, не знам колку луѓето го сфаќаат тоа, додека вакцината не само што има далеку поблаги ефекти, туку и самата безбедност е неспоредлива, разликата во несакани ефекти е со логаритамски разлики, десетици и стотици пати помала.

    Гледам дека има некое мислење дека вакцините се многу потентни и опасни, кога во реалноста имаат многу ограничени можности што може да направат.
    Ова вака генерализирано звучи многу грубо, ама ако ве интересираат повеќе информации за нешто што сум кажала, слободно побарајте извори.

    Исто запрепастена сум за вашиот случај со целата збрка која ви ја приредиле, и на интернет имам прочитано и за друг сличен случај, исто им се јавиле порано да ја прими вакцината. Ако навистина има таква наредба, непотребно, во време кога нема епидемија, да се дава вакцината порано некој треба да одговара за тоа.
    Навистина вакцините треба да се примат колку е можно порано, ама за МоПаРу има одредено период, не е тоа за џабе, токму затоа што ако се даде порано можеби нема да биде целосно ефикасна.

    Мислам дека целиот овој страв кој се шири за вакцините има придонес во таквата појава, ако е тоа организирано и наредено, можеби се плашат да не избие епидемија па ајде да ги вакцинираат децата порано.

    И затоа мислам дека ваквите шпекулации кои се шират се контрапродуктивни кога се работи за подобрување на безбедноста и информираноста. Напротив гледате дека од една страна се предизвикува поголема ригорозност и помала отвореност од службите.

    За другите родители, некаде поназад имав ставено еден календар за вакцинација и имунизација со сите вакцини, може да си го испечатите и да си пишувате датуми за да не може така да ве излажат.


    @AngelOfArh

    Ве молам или целосно споделете што се шири по фејсбук, или не шпекулирајте воопшто. Ова се сериозни работи, кој може така рекла-кажала, чула-видела да тврди некои работи.

    @yarre

    Знам дека тебе не те интересира, ама можеби некому ќе му биде од корист.
    Неуротоксичноста на алуминиумот е теоретска и контроверзна, алуминиумот МОЖЕБИ може да е штетен за мозокот со секојдневна, хронична изложеност, се мисли на десетици години, па дури и цел живот. И тоа кај луѓе кои имаат нарушени екскреторни механизми, на пример нарушени бубрези. Пример за тоа може да бидат лица кои одат на дијализа и кои секојденевно се изложени на алуминиум, а од друга страна немаат бубрези да го излачат.
    За разлика од алуминиумот кој се наоѓа во вакцините кој е во микрограмски дози е неспоредлива разлика за да може да се поврзува со овие погорните случаи, од друга страна со вакцините се здобива со имунитет кој понатаму заштитува од болест која може да биде опасна.
    Затоа плашењето со алуминиумот е лош и непотребен аргумент.

    Ами како да не. Какво ти е тоа исфрлање на токсините, какви токсини и каква поврзаност има тоа со алергиите.
    И мене ми беше голема дилема и прашање за поврзаноста на вакцините со алергии, сепак се работи за и мунолошки процеси и си мислев дека може да има поврзаност во стварањето, ама не сум можела да бидам подалеку од вистината. Затоа побарај, распрашај се, прочитај.
    Има правено многу испитувања за таква поврзаност, и тоа помеѓу вакцинирани и невакцинирани, и не се наоѓа разлика, дури, напротив некои такви испитувања наоѓаат дека вакцинираните имаат помалку алергии. И дури некои испитувања наоѓаат дека БСЖ вакцината штити од алергии.

    Еве една научна статија каде се сумирано повеќе такви истражувања кои дошле до различни резултати.
    http://adc.bmj.com/content/90/6/553.full

    Еве го заклучокот:
    Или во превод:
    Значи гледате, уверува дека не само што нема да предизвикаат алергии, туку дека може со вакцини да се превенираат или да се лечат алергии.
     

    Attached Files:

    • 1.PNG
      1.PNG
      File size:
      124.1 KB
      Views:
      206
  7. Binka

    Binka Истакнат член

    Joined:
    Feb 7, 2014
    Messages:
    31
    Likes Received:
    34
    @expert

    Неможам да се сложам со тебе кога покажуваш рамнодушност вооднос на тоа ДА ВЕ ИЗЛАГАЛЕ- има оправдување може се плашеле дека ќе има епидемии и слично, а нашиот страв е НЕОПРАВДАН и никој ама никој компетентен неќе со факти и вистински докази да се соочи со сите нас УПЛАШЕНИ РОДИТЕЛИ и на нашите прашања да одговори јавно и да ги побие сите вас или нас кои шпекулираме во однос на вакцинирање/невакцинирање.

    Вчера немав време да допишам но сакав да кажам дека второто дете при првата доза на ДТП (после тоа го прекинавме вакцинирањето) на лице место се онесвести 3-4 секунди. И добрата тетка ми вели зошто не ни кажа дека Вашето дете зајдува од плачење и губи свест!!!! ШТО ШТО моето дете никогаш освен тогаш и до ден денеска нема зајдувано од плачење и изгубено свест.

    Ајде да ги разработиме тие 3-4 секунди кога мене срцето ми сопре, кога таа снема воздух во телото-што му се случува тогаш на мозокот на тоа мало бебе и на телото, ....? Тогаш во ординација сите срипаа бевме под надзор во ходникот иако не беше дирекно кон нас но не оставија едно 30 мин да седиме и постојано некој поминуваше да не ѕирне од врата со поглед!!!!!!

    Синоќа одлучивме по ова прашање иако нели не Ве познавам никој, но секаде имате напишано НЕ СМЕ КОМПЕТЕНТНИ а овде прочитав дека во мк нема приватен имунолог, да побараме приватен имунолог во соседните држави. Надевајќи се дека како страни државјани поискрено и реално би добиле одговори на сите наши засегнати прашања. Тоа дојде само на идеа и знам дека брзо нема да ја реализираме зашто допрва ќе почниме да бараме.

    Инаку многу ме иритира тоа што еден мој колега кој виско котира во нашето „сиромашно„општество од неодамна доби дете по пат на ИНВ и тоа не во Македонија и заради леснотијата да стигне до повлијателните луѓе и одговорните во институциите лично ми кажа дека добил препорака да ги приме сите вакцини освен МПР (а инаку набавува вакцини од Грција и оди на клиника да ги стават. Да напоменам детето му здраво право нема здраствени проблеми за да биде под посебен режим.
    И сега бидејќи тоа е дете на повлијателна личност заслужува да ги добие од прва рака информациите невакцинирај со тоа и тоа и набависи од друга држава вакцини, а ЈАС(НИЕ РОДИТЕЛИТЕ) И МОИТЕ ДЕЦА ЗАСЛУЖУВАМЕ ДА БИДЕМЕ ИЗЛАЖАНИ, ВИНОВНИ И ТРЕТИРАНИ КАКО ОПАСНИ ПО ЗДРАВЈЕТО НА ОПШТЕСТВОТО!!!!
    Ќе ве следам и пишам зашто мислам дека со дирекна комуникација со вас повеќе ќе научам отколку да бидам само посматрач. Јас се надевам дека во најскоро време ќе стигниме да си одговориме на сите наши прашања односно ќе најдиме приватен имунолог.

    Поздрав.
     
  8. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2012
    Messages:
    1,005
    Likes Received:
    771
    Gender:
    Female
    Читам многу родители си ги купуваат вакцините ог Грција и одат само да му ги стават.
    Јас кога прашав приватен педијатар дали можи да си ги купуваме вакцините и таа да му ги клава на син ми, таа не одби, ни рече дека не смее така, можи лиценцата да му ја одземат.
    Вакцините треба да си пимаат тие што државата ги одредила и купила, други несмее, а што е сега работата, едни родители смеат, едни не???
    еден доктор се плаши за работното место, а на друг му е баш гајле???
    а јас бев решена да си ги купувам од Грција, ама не ми дозволија!!!
     
  9. Glasna

    Glasna Популарен член

    Joined:
    May 24, 2012
    Messages:
    1,047
    Likes Received:
    2,181
    Cтефи,очигледно е дека на погрешна врата си тропнала,затоа и така ти одговорила,за таква работа ти е потребен "свој" човек ;) .
     
    stefi23m likes this.
  10. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Joined:
    Oct 27, 2011
    Messages:
    423
    Likes Received:
    308
    Gender:
    Female

    Каде ги вакциниравте, во кој здравствен дом?
     
  11. Binka

    Binka Истакнат член

    Joined:
    Feb 7, 2014
    Messages:
    31
    Likes Received:
    34
    @ danielka0507

    Јане Сандански
     
  12. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Joined:
    Jun 23, 2010
    Messages:
    969
    Likes Received:
    633
    Со избегнување на вакцинација не се загрозуваат само животите на овие деца туку ги загрозуваат другите деца и возрасни, особено оние кои не биле вакцинирани како деца , или имаат компромитиран имунолошки систем.

    Така де, поради некои си моето дете ќе седи со месеци дома, само и само повторно да не закачи нешто, ќе одиме на контролни брисеви секој месец (пошто сме со астма, па уште некој вирус или бактерија ни треба за повторно да завршиме во Козле), а оние што не сакале да се вакцинираат и не слушнале за брис од грло или нос ќе шират бактерии и вируси.

    Чувајте си ги болните деца дома, ако немате намера да ги вакцинирате сметајте на тоа дека можеби нема да ви бидат аутистични, ама немојте да се лажете дека го нема ризикот за голема кашлица, полио, рубеола, итн. , а не моето дете да биде дел од колатералната штета!
     
  13. yarre

    yarre Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2012
    Messages:
    915
    Likes Received:
    801
    @Binka

    Иако твојата случај е далеку од реткост, во целост ти одговара на твоите прашања, не само во поглед на очајноста на вакцинацијата, како наметнат и тотално неприроден процес, туку и во тоталната неукост и паушалност кој систеот го спроведува.
    Мојот случај беше многу случен, и тој ме наведе на градењето на мојот став по прашањето на вакцините.
    Немој нити да се плашиш нити да се срамиш за твоите сомнежи кои според мене се оправдани и револтот е токму она нормално што сите родители го добиваат кога ќе расчепкаат повеќе околу темата на која што докторите не сакаат да зборуваат.
    Твоите реакции се многу нормални. Рамнодушноста остави ја на оние кои немаат ни основни чувства, и тука и тие што ги сретнуваш. Charles Bukowski рекол: Интелигентните луѓе се преполни со сомнежи, а будалите се полни со самодоверба.
    Внимавај на небулозата која се обидува да се протне на нашите простори, а тоа се „подобрите“ и “прочистените“ вакцини. Со оглед на се помасовното одбивање на вакцини, се создава терен, демек за подобри вакцини, кои не само што не се подобри, туку и се уште полоши, како коктелно решение 5 во 1, а башка што цената им е 20 пати поскапа од овие сегашниве. Токму неучинковитоста и нетестираноста на овие вакцини, се предмет на полемики секаде низ светот.
    Следи го твојот инстинкт и немој да се базираш на нарачани студии, или студии што се прават кај самите производители на вакцини. Искористи го твоето и искуството на другите. Иако тоа по правило и не треба да е твоја работа, и самата гледаш до каде те довела слепата и безрезервна верба во системот.
    Нивни гласноговрници ќе има, и тука и околу тебе. Некои се свесни за идиотштината што ја шират, некои не.
    Погоре повторно имавме и такво сознание, на водовод се фали дека водата е добра.
    Зошто и вакцините би биле задолжителни ако се толку добри ? :) Зошто во поедини земји, родителите би се наградувале парично ако ги вакцинираат своите деца ? Толку ли станува очајна фарма индустријата ?

    И самата гледаш јасно заобиколување на конкретни работи од тоа дури и што производителот се дрзнува да напиште за неретките мозочни нарушувања од самата вакцина.
    Не се соменвам дека тоа ќе го тргне наскоро, коа ке види како една вистина му промакнала и ја објавиле.
    Кога они вака се однесуваат сеа дур ја студираат науката и се рамнодушни кон сите примери на трајни оштетувања од вакцините, можеш добро да ја разбереш и рамнодушноста на тие што го третирале твоето дете. И тие, и овие сеа учат од истото изворче.

    За да не иде постов у ветер, еве како Хрватите направиле правилник за одбивање на вакцини, не задирајки во тоа каква е одлуката, туку правото на единката како неприкосновено право.
    Со оглед дека сеуште имаме исти закони ( мада оние веке загризаа на патот вакцинацијата да биде факултативна ) ова е од огромна корист на тие што законот ќе почне да ги чепка.

    http://oppthrvatska.org/strategija-sto-uciniti-ako-ne-zelimo-cijepiti-djecu-i-kako/

    И да, еве едно интересно писмо што го добив во инбокс, и со дозвола на мајката го објавувам тука.

    _________________________________________________________________________________________
    Но, пред се гледам да се информирам колку што можам подобро од сите расположливи извори.
    Жал ми е што тука разбирањето на вакцините се сведува на - а да денес му ја ставија таа - една во рачето, едно во ноџето и со напивање. 97% немаат поим ни што е тоа, ни од што наводно штити, ни што последици може да има. Само сите без исклучок после секоја вакцина велат Фала Богу нема последици. Ако си благодарен за тоа на Бога, зошто воопшто го ставш детето во позиција на пресметан ризик.
    Кога за прв пат и кажав на мајка ми, пред да го родам моево, дека нема да вакцинирам, таа рече ти секогаш удираш со глава в ѕид, неможеш да се бориш против системот. Јас и реков дека системот не ме интересира, ни ми го створил, ни ќе ми го порасни, тоа дете е мое и целосна моја одговорност. Сега после 7 месеци, кога ја гледа и ја споредува во развојот со дечињата во околинава на слична возраст, неможи а да не признае дека сум била во право. И гледам дека во нејзините очи има некоја тага, што не не заштитила нас, а за воља на вистината незнаела ни дека треба да бидеме заштитни. Но, најтешко од се се менуваат навиките. Дури и матичниот педијатар кога му кажавме дека не вакцинираме, рече па добро, тоа е ваша одлука, а јас немам проблем со тоа. Нема аргумент за порекнување зошто сме натпросечно развиени, незнаеме ни за болести ни за настинки, насмеани, ведри, секогаш расположени. Кога ја носев на контрола не му се веруваше дека на ексклузивно доење така се развива бебето, а од месец и пол ми предложи да давам сокчиња. Ама, тоа е друга приказна. Па на шест месеци кажа најновите препораки се да се дои до 6от, па после да се воведува се останато. Му реков - да знам, читам доста ;)

    _______________________________________________________________________________________

    @stefi23m

    Мислам дека со ова ќе добиеш подобра слика за здравствената состојба на невакцинираните деца. Секако и одличен пример на размислување за вакцините уште пред да се биде мајка.
     
    Binka likes this.
  14. fighter

    fighter Популарен член

    Joined:
    Jun 4, 2010
    Messages:
    1,249
    Likes Received:
    2,485
    Вчера слушнав дека во Македонија,се отворени дури две паралелки со деца со аутизам оваа учебна година.Ако тоа е точно...прво тоа е поразителен факт, а друг е муабетот зошто овие деца се сегрегираат од останатите.
    Случајно го гледав ова видео, и косата ми се крена.
    http://www.youtube.com/watch?v=ze_Hlkz8dDs
    Она што мене ме загрижува е мојот внук, кој прими таква вакцина. Кај него ене дијагностициран ни аутизам ни некакво нарушување, фала му на бога, но доцна прооде, на 1год и 4 месеци, и на три полни години потешко зборува.Вакциниран е во Јане Сандански.
    Има ли вакви случаи други?
    Навистина човек не знае како да постапи, сакајќи да го заштити детето, може да го уништи
     
  15. Glasna

    Glasna Популарен член

    Joined:
    May 24, 2012
    Messages:
    1,047
    Likes Received:
    2,181
    па чекај сега :!: зошто страв???нели тие што се вакцинирани се со таа намена да се заштитени од сите тие поопасни болести,инаку зошто би ги вакцинирале??логички е нели??
     
  16. mamaMace

    mamaMace Активен член

    Joined:
    Aug 19, 2013
    Messages:
    42
    Likes Received:
    164
    јас потполно ја разбирам раиновер само незнам што бара да пишува во вакцини за или против.
    значи тоа дали некој носи во градинка болни деца врска нема со вакцинирањето.
    јас имам две деца невакцинирани кои одат во градинка и пупу да не ги урочам сега за сега супер сме со вируси и бактерии и покрај тоа што носат родители болни деца.кога моите невакцинирани деца се настинати или сега кога имаа грип две недели си одседоа дома за да оздрават и зајакнат.И наместо раиновер да се вознемируваш почни со зајакнување на имунитетот на твоето детенце и покрај тоа што го вакцинираш пробај најди нешто што ќе му помогне барем полесно да и поминува болестите од градинка.е сега ако е алергија која овој период почнува да се појавуват тогаш ептен те разбирам бидејќи поголемото дете наше има реакција на трева и знае овој период од годината да има страшни реакции ама ете сме нашле начин како да ја заштитиме и да и го појачаме имунитетот.
    а за болестите кои ги наброја може и вакцинирани деца да ги добијат ако дојдат во контакт со истите вакцината не дава траен имунитет може само да ги наводно ублажи симптомите за полесно прележување, што јас не верувам во тоа.
     
  17. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2012
    Messages:
    1,005
    Likes Received:
    771
    Gender:
    Female


    Вакцината е препарат кој е добиен од микроорганизми кои се третираат на посебен начин, каде се отстрануваат заразните својства и служи за поттикнување на имунитетот. Имунитетот произведува антитела и ги неутрализира дадените микроорганизми. од википедија.

    Јас ова го сваќам како: ако нема не вакцинирани деца, ќе нема ни болести!!!
    Бидејќи е отстрането ,,заразното својство,, ако сите се вакцинирани нема да се шират тие болести.

    Не значи дека вакцинирано дете нема никогаш да се разболи од некоја болест, само полесно ќе помини, бидејќе ги има антителата.
     
    StefChef likes this.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    20,925
    Likes Received:
    110,237
    Gender:
    Female
    Внука ми има аутистични промени, не аутизам, последица од вакцина ММР. Сеуште не зборува, има 3ипол години, прооде нормално, пред вакцинирањето, но со зборењето не се случи тоа. Имаме проблем со прифаќањето во градинка, не ја прифаќаат никако, заради зборувањето, заради дијагнозата, не знам зошто ама не ја прифаќаат.
    Твоето дете е заштитено де, што се замараш, моето е тоа кое ќе биде во критична состојба. Нејќам да кобам, ама да ти се десеше нешто вакво тебе друга песна ќе пееше. Ни внука ми не е должна заради некои си таму доктори што си играат џелати да биде обележана во општеството. Ниедно дете не е должно да оди по трнливиот пат затоа што ете се случило кај него вакцината да направи колатерална штета, дел од таа колатерална штета. Значи за твоето дете да не биде дел од колатерална штета бараш моето во иднина да го бутнам во оган а? Себично!
    Експерт, зар мислиш дека имам срце да кажувам бабини деветини, да измислувам и рекла казала муабети да вртам на оваа теме? Тој е муабетот од ФБ, линк не можам да дадам, сепак се работи за затворена група, ама реално уште еден невин живот згасна во рацете на дежурните џелати кои работат против народот, го трујат, го уништуваат.
     
  19. cecilia

    cecilia Популарен член

    Joined:
    Dec 9, 2009
    Messages:
    1,329
    Likes Received:
    1,196
    Чекајте бе луѓе, постојат ли докази дека вакцината е директна и основна причина за аутизам?
     
    rainlover and andromedae like this.
  20. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2012
    Messages:
    1,005
    Likes Received:
    771
    Gender:
    Female

    Е не, ама.......луѓето упорно велат дека е од тоа, а НАУЧЕН ДОКАЗ НЕ ПОСТОИ!