еКСПЕРТ, Можам да ти честитам за системот на извртување, а впрочем и да не се чудиме на перцепирањето, сепак се работи за инсталација на „вредности“ кои јасно се кажани и во онаа народната, полесно е да поробиш човек од ропство отколку поробен да ослободиш, секако перцептивно. Во прилог на ова, општа е позната човечката особина на се следи масата, иако честопати ( како големиот Ганди на пример ) токму скршнувањето од масата гио носи најголемите придобивки. Текстот во ABC е јасен, и гласен. 13 вакцинрани, 13 заболеле. Ете тие 13 среќници вакцината не делувала ( ова е према твоето објаснување ), и ние немаме како да докажеме дека вакцината „ги спасила“ останатите, а сите студии се на база на индоктринирана шпекулација, и хипотетички параметри од типот „шта би било кад би било“. Секако дека има и надворешни фактори, близина со заболени ( тие 13 не се љубеле со останатите ученици на пример а да се љубеле којзнае која која е број пошто ете нели зимаме дека сите се вакцинрани ). Со оглед дека се работи за заразна болест, и релативно брза изолација, па и немало којзнае колку случаеви на заболени. Значи јасен параметар НЕМА! Да и уште една уште поважна. Заразување на здрав организам плус комбинација на токсични аѓуванти, ете ако ништо друго нетестиран на канцерогеност. Како на пример со SV40 кој поради канцерогеност е повлечен, ама 30 години луѓето ги примале вакцините. И тогаш, оваа иста сегашна FDA со две руки потпишала дека овие вакцини се дозволени за употреба. Тоа што се труби, ги знаеме трубачите, ене ти ги јасните спонзори, на сајтот од пред некоја страна. Протест на протест. Не го слушнав твојот коментар за судирот на интереси околу сајтот и организацијата која го помага, а толку се повикуваше на него. Немој, повторно те замолувам, да мислиш дека луѓето кои не ги вакцинираат своите деца, очекуваат да бидат заштитени од измислениот колективен имунитет, кој веќе наназад и објаснив зошто не е функционален, мада секако преставува одлична проголтлива прикаска. Да беше така, јас ќе го имав обратното на форумот. И се запрашувам, да не случајно ти го правиш тоа, мислејќи дека ако сите околу тебе се вакцинрани, ти ако не си вакцинирана ( или твоите деца еден убав ден ) нема да мораш да ги вакцинираш. Искрено се надевам дека не си до толку таква. Хипотези може да имаме колку сакаш, и сигурно ќе се запалат моторчињата на истражување, а на јавноста ќе им биде пласирана информација која ќе биде пак потпишана од FDA CDC или сличните. И крај на прикаската за случајот. Се до некоја наредна, можеби и фингирана епидемија. Да, страната е многу јасна. Ретка секундарна инфекција. Дефинирај ми ретко, по пример на твоето идно дете. Дефинирај и често... Вакцините ако превенираат, нема да имаме заболени вакцинирани. Смешниот тек на неучинковитоста, може само со глупости да се правдаат, па поред процентите, „науката“ ќе најде уште еден тон работи зошто вакцинираниот заболел. Заштитата од болести може да се превенира со нормални начини на живеење, здрав ( и неоптеретен од вакцини и аѓуванти ) имун систем. Неприродините инјектирања на коктели, не само што нема да превенираат, туку дебело ќе го размрдаат и ослабат организмот, а ќе го направат подложен на болести од самата вакцина, како и за обични ете вируси, кои истиот тој, неоптерете, многу постоички би ги поднел или превенирал. Ги видовме релевантните докази, ги видовме и кој и како ги прави. Релевантни неможе да бидат кога се од производителот, бидејки со сигурност во тие „докази“ ќе си го исфали својот производ, а сите недостатоци ќе ги сокрие ( тук и там ке се појави некој Сноуден-човек ) кој ќе проговори она што тие не го кажуваат. И потписниците на одобренијата не се релевантни, со оглед на точниот судир на интереси, кои ете ти упорно не ги коментираш, а јасно и гласно се обелоденети. Знаеш што е за мене релевантен доказ? Мајка со дете со дијагностициран поствакцинален аутизам или дијабет. Тоа се вика релевантен доказ. За жал трагичен, не научен преку пример на паталец, туку по твојот пример, на гаталец. Да, а полиото е токму најлесниот пример да се види. Направи една прошетка после вакцинација во едно училиште по избор. Ќе имаш Live Broadcasting, не таканаречени релевантни студии Па ете, еден од умрените кај нас од грип, не умрел од грипот туку од цироза на јетра. Значи јас вака размислувам Немаме еден организам кој истовремено е и вакциниран и невакциниран.. Јас сум неписмен, и драго ми је да сум неписмен, бидејки како таков ја користам логиката на нештата. Логиката фали во вакцинацијата, а тоа не е неписменост. За да се извлече доказ за едно тврдење, мораме да имаме исти услови за да се спроведе трврдењето. За вакцинацијата едноставно не е можно, бидеќи неможеме да ги содадеме истите услови, ма колку тие да се слични. Кај овој доказ ние немаме елементарна работа, која пред и после вакцинацијата се разликува за 100%. Или не ме разбираш, или пак ме извртуваш. Не знам каде го најде ова. Едно е ти нешто упорно да сакаш да го наметнеш, а сосема друго е како тоа некој треба да го перцепира. Јас да ти кажам ја разбирам твојата перцепција (сликата горе добро ја објаснува ) Мојата е таа неписмената. Што ли ќе биде наредната квалификација
Expert ќе те молам да ми го објасниш ова ако можеш подетално. Дали лекарите лажат кога велат дека прележувањето на болестиве, конкретно од овие од кои се вакцинира, е гаранција за доживотен имунитет против истите?
Нивното дете нема наеднаш аутизам.Тоа напочетокот е и како и секое друго дете гуга,кажува по некој збор затоа што аутизмот се дијагностицира на13-16 месеци.И затоа неможат веднаш да се обвинат вакцините за тоа,ниту пак да се трврди дека после вакцината нивното дете станало такво.Како што вели нашата професорка-Прашајте ги родителите зошто се јавиле одредени попречености и веднаш ќе ги обвинат вакцините.И не се согласувам дека родителите што ги вакцинираат децата имаат такви сфаќања туку другите кои се информираат од интернет.
Не си слушнала изгледа лични примери од родители за да видиш како нивното дете реално наеднаш станува друг човек. И кои симптоми преку ноќ ги добива. Јас кажувам од лични примери на луѓе, сите се на истото.
Не си слушнала изгледа лични примери од родители за да видиш како нивното дете реално наеднаш станува друг човек. И кои симптоми преку ноќ ги добива. Јас кажувам од лични примери на луѓе, сите се на истото.[/quote][/quote] Сум слушнала и тоа како.Ти до детал ги знаеш нивните животи,па врз основа на тоа ги земаш вакцините за главни причинители?И да ти е некој брат,сестра(недај боже)нема да можеш пак точно да знаеш.Незнам зошто ги измислиле вакцините стварно..секој лекар,педијатар не би одговорил вака,но тука има многу повеќе стручњаци, џабе докторите учеле 10 години.
Состојки на вакцините. Spoiler Од неодамна постои голема загриженост во врска со вакцините коишто им се даваат на децата и несаканите последици коишто тие можат да ги предизвикаат. Особено нагласена е врската помеѓу вакцините во раното детство и аутизмот. Оваа статија содржи список на состојки за коишто се знае дека вакцините ги содржат и несаканите последици коишто тие ги предизвикуваат.Тоа ќе ви помогне во донесување информирани одлуки, нешто на што индустријата се противи. Корпорациите коишто се вклучени во ова, со децении се обидуваат да ги потиснат овие информации. Им напомнуваме на читателите дека постојат други хемикалии и токсини коишто не се споменати, бидејќи овој список е направен врз основа на состојките за коишто јавно се знае. Контактирајте нè ако знаете нешто што сме пропуштиле. Се чини дека колку повеќе ја истражуваме оваа тема, толку полошо станува. Во повеќе наврати е научно утврдено дека постои врска помеѓу вакцините и аутизмот, а постојат и многу други состојби коишто се предизвикани од вакцинии коишто допрва треба да се докажат. Вакцините се наменети да спречат одредени болести. Сепак, шансите за заболување од овие болести се многу мали и ужасните несакани последици од вакцините се толку вообичаени, што вакцините предизвикуваат многу повеќе штета отколку добро. Можноста дека одредена вакцина, всушност, ќе понуди ефикасна заштита варира помеѓу 35% и 90%, и речиси сите тие имаат временски ограничено дејство. Во некои случаи, вакцините ќе ја предизвикаат кај пациентот истата болест за којашто тие се наменети да понудат заштита. Дали мислите дека тие ќе ја направат вистинската работа и ќе ве лекуваат бесплатно? Состојка на вакцина: Ткиво од абортиран човечки фетус и човечки албумин Дали некогаш сте се запрашал екаде завршуваат абортираните бебиња? Сега знаете. Од здравствена гледна точка, ткивата од друго суштество (не само од животни) се сè уште туѓи тела, а со самото тоа, се токсични за организмот. Една пријателски настроена индустрија се фалеше на својата веб-страница како тоа да е нешто нормално: „Клетките се размножуваат сами, па нема потреба да се абортираат дополнителни фетуси за да се одржи обезбедувањето на култура. Вирусите се собираат од диплоидни клеточни култури и потоа се обработуваат понатаму за да се произведе самата вакцина“. „Либерти Каунсел“ објави: „Може да се изненадите ако дознаете дека некои вакцини се добиени од ткива од абортирани фетуси. Вакцините против сипаници, хепатит А и рубеола се произведени исклучиво од ткива од абортирани фетуси“. Состојка на вакцина: Формалдехид Формалдехидот во вакцините се користи како стабилизатор и конзерванс наткивото. Формалдехидот се оксидира за да стане мравја киселина. Мравјата киселина е главната состојка на отровот од пчели и од мравки. Во концентрирана форма, тој претставува корозивна и надразнувачка супстанција. Додека го апсорбира кислородот од телото, може да доведе до ацидоза,оштетување на нервите, црниот дроб и бубрезите. Според Националниот совет за истражување, помалку од 20%, но можеби и повеќе од 10% од општото население може да биде чувствително на токсичноста на формалдехид и може да реагира ако биде изложено на кое било ниво на формалдехид. Според Фондот за заштита на животната средина, формалдехидот се смета како едно од најопасните соединенија за екосистемите и здравјето на луѓето. Овие наоди се за влијанието врз животната средина, а со тоа, опасностите од формалдехидот вклучен во вакцините се многу поголеми, бидејќи тој се инјектира директно во крвта. Познати несакани последици од формалдехид се: • Надразнување на очи, нос, грло и белидробови • Изострено чувство на мирис како резултат на променети протеини во ткивото• Анемија• Апатија• Слепило• Крв во урината• Нејасен вид• Болка• Бронхијални грчеви• Бронхитис• Изгореници во подрачјето на синусите и грлото• Оштетување на срцето • Палпитации и аритмија• Депресија на централниот нервен систем • Промени во повисоките когнитивни функции • Чувствителност на хемикалии • Болки во градниот кош и напнатост• Хроничен вагинитис; настинки• Кома• Конјунктивитис• Запек• Конвулзии• Корнеална ерозија • Смрт • Уништување на црвени крвни зрнца • Депресија• Дерматитис• Дијареја• Потешкотии во концентрирањето• Дезориентација и вртоглавици• Болки во уво• Егзем• Емоционални тегоби• Ситести полипи• Замор• Крвав измет• Задушување на фетус • Грип или вообичаена настинка• Често мокрење со болка• Гастритис• Воспаление на системот за варење• Главоболки• Хемолитична анемија• Хемолитична хематурија • Засипнатост• Хиперактивно белодробно заболување• Хиперактивност• Хипоменструален синдром• Зголемена чувствителност на имунолошкиот систем (алерген)• Нарушување на вниманието (краткотрајно внимание)• Нарушен капацитет за задржување внимание• Неспособност за голтање или тешкотии при голтање• Неможност за помнење зборови и имиња• Непостојани IQ профили• Воспаленија на репродуктивните органи• Болки во цревата• Неалергиска астма • Раздразливост • Жолтица• Болки во зглобовите• Отоци на зглобовите• Болка во бубрезите• Грчеви на мускулатурата на дишните патишта• Губење на меморијата• Губење на чувство за мирис• Губење на вкус• Малаксаност• Менструални болки и болка во тестиси• Неправилности во менструалниот циклус• Метален вкус во устата• Грчеви и болки во мускулите• Назална конгестија • Појава на красти и воспаление на слузницата• Гадење• Крвавење од носот• Вкочанетост и трпнење на подлактницата и врвовите на прстите• Делумно ларингеална парализа• Пневмонија и пулмонален едем• Намалена телесна температура• Задоцнет говорен развој • Бучење или трпнење во увото• Симптоми на шизофренија• Чувствителност на звук• Шок• Краткорочно губење на меморијата• Недостаток на воздух• Кожни лезии• Кивање• Болки во грлото• Чувство на дремливост• Тешкотии во говорење• Стерилитет• Отечени крајници• Плачење• Прекумерна жед• Трахеитис• Трахеобронхитис• Вртоглавица• Повраќање крв• Повраќање• Отежнато дишење и компликации на белите дробови Состојка на вакцина: Жива „Во вакцините, соединенијата на жива се користат како конзерванси. Медицинските институции и агенциите за надзор постојано ја игнорираат токсичноста на живата во областа на вакцините. Живата е вториот најотровен елемент којшто му е познат на човештвото (втор после ураниумот и неговите деривати). После 30 минути присуство и изложување на жива, невроните во мозокот брзо и трајно се распаѓаат. Познато е дека живата исто така врши промена во хромозомите на телото, што е особено загрижувачки за оние кои имаат пломби на база на жива (стандарден „сребрен тип“), бидејќи овие луѓе постојано се полнат со овој кумулативен отров од испарување на живата, и постои директен контакт во внатрешноста на устата.). САД знае за потенцијалните проблеми на Тимеросал (Thimerosal) (конзерванс во вакцините што содржи жива) многу години. Светската здравствена организација изрази загриженост во врска со тоа во 1990 година. Живата е кумулативен отров, а тоа значи дека телото тешко го отстранува, и дека нивото на жива во телото во текот на времето значително ќе се зголемува. Во текот на животот може да се акумулираат огромни количини на жива. За време на еден стандарден ден на рутинско вакцинирање, новороденчињата понекогаш ја добиваат истата количина на жива како апсолутен максимум, поставена од страна на Светската здравствена организација за 3 месеци на изложување на жива на возрасните. Следниов текст е преземен од веб-страница поврзана со Националниот институт за здравје, каде што детално се образложени последиците од изложувањето на жива: „Симптоми на високо изложување на оваа класа на соединенија што содржат жива вклучуваат: афтозен стоматит, катарален гингивит, гадење, течна столица, болка, нарушувања на црниот дроб, повреди на кардиоваскуларниот систем и хематопоетскиот систем, глувост и атаксија, смрт, главоболка, парестезија најазикот, усните, прстите на рацете и нозете, други неспецифични нарушувања, метален вкус, благи нарушувања на системот за варење, можна појава на прекумерни гасови и дијареја. Акутно труење може да предизвика надразнување на системот за варење и ренална инсуфициенција. Раните знаци на сериозно труење вклучуваат тремор на рацете, губење на периферен вид, мало губење на координацијата во очите,говорот, пишувањето и држењето, неможност за стоење или изведување доброволни движења, повремена атрофија на мускули и грчеви на флексура, генерализирани миоклонични движења, тешкотии при разбирање на обичниот говор, раздразливост и прераснување на лош темперамент во манија, ступор, кома, ментална ретардација кај децата, надразнувањена кожата, пликови и дерматитис. Другите симптоми вклучуваат хореа, атетоза, тремор, конвулзии, болка и вкочанетост во екстремитетите, нефрит, лачење плунка, олабавување на забите, сина линија на непцата, анксиозност, депресија, несоница, халуцинации и влијанија врз централниот нервен систем. Изложувањето може да предизвика и надразнување на очите, мукозните мембрани и горниот респираторен тракт“ Познато е дека целосна нетолеранција кон Тимеросал (Thimerosal), конзерванс којшто се содржи во живата, може да се развие од претходните вакцини. Вакцините го стимулираат имунолошкиот систем и предизвикуваат активација. Последиците од живата се различни кај неорганските и органските соединенија на живата, како и кај соединенија на жива и метали. Симптомите на невролошка токсичност, предизвикани од соединенија на живата, се јавуваат со задоцнување после изложувањето, и тие се толку малку, што ретко кои од овие симптоми ќе бидат забележани во времето на изложување. Ова ги објаснува долгорочните невролошки симптоми на тешкотии при учењето и нарушувања во однесувањето за коишто се смета дека се поврзани со вакцините, а коишто не постоеле кај претходните генерации. Состојка на вакцина: Антифриз Антифриз (етилен гликол) е состојка на полио-вакцината. Тој е класифициран како „многу токсичен материјал“. Помалку од едно мало кафено лажиче со оваа состојка е доволно да убие куче од 9 кг. Сопствениците на домашни миленици обично се многу претпазливи во врска со оваа опасна материја, бидејќи знаат дека само мала количина може да биде фатална. Може само да си ги замислиме последиците што оваа материја ги има врз човечкото тело кога се инјектира директно во крвта. Антифризот може да доведе до заболување на бубрезите, црниот дроб, крвта и централниот нервен систем. Многу е штетен и речиси смртоносен ако се проголта. Последиците вклучуваат нарушувања во однесувањето, дремливост, повраќање, дијареја, визуелни нарушувања, жед, конвулзии, цијаноза, брзо отчукување на срцето, стимулација на централниот нервен систем, депресија, кардиопулмонални последици, нарушувања на бубрезите. Исто така, може да доведе до проблеми кај црниот дроб и во крвта. Влијае врз репродукцијата и развојот кај животните вклучени во експерименти. Состојка на вакцина: Алуминиум Се смета дека е канцероген. Тој е токсичен за кардиоваскуларниот, за нервниот и за респираторниот систем. Се наведува како причина за оштетување на мозокот и се смета дека придонесува за појава на Алцхајмеровата болест, деменција, конвулзии и коми. Се наоѓа на најмалку 2 списоци на државни регулативи. Состојка навакцина: 2-фенокси-етанол Се смета дека е канцероген. Тој е токсичен за развојот и за репродуктивниот систем. Тој исто така е и отров што делува на метаболизмот, што значи дека го попречува метаболизмот на сите клетки. Тој е примарен фактор во формирањето на канцерогени клетки. Има способност за оневозможување на основната реакција на имунолошкиот систем. Тој исто така содржи и фенол (види подолу за објаснување). Состојка на вакцина: Фенол Се смета дека е канцероген и токсичен за кардиоваскуларниот систем и крвта. Познат и како карболна киселина, тој е токсичен за развојот за системот за варење или црниот дроб, бубрезите, нервниот систем, кожата и сетилата. Се наоѓа на најмалку 8 списоци на државни регулативи. Состојка на вакцина: Метанол Ова е испарлив, запалив, отровен алкохол во течна состојба. Во индустријата се користи како растворувач, и како состојка на антифризот кај горивото. Во телото се метаболизира во формалдехид (како што е опишано претходно). И покрај тоа што е вообичаено да се најде во пектинот којшто е присутен во некои секојдневни овошја, природната верзија е само во мали количини и не е познато дали во природна форма предизвикува штетни последици. Состојка на вакцина: Боракс (натриум тетраборат декахидрат) Традиционално се користи како пестицид и отров за мравки. Се смета дека е токсичен за кардиоваскуларниот систем или крвта, за ендокриниот систем, за системот за варење или црниот дроб, и за нервниот систем. Студиите за стаорци покажуваат дека предизвикува проблем при размножувањето и намалена стапка на наталитет. Тој е веќе забранет во храната во САД, но зачудувачки, сè уште е дозволено директно да се инјектира во крвта преку вакцини. Тој е токсичен за сите клетки и многу бавно се отстранува преку бубрезите. Најмногу се задржува во бубрезите и за нив е најтоксичен. Има каскаден ефект, со што предизвикува дегенерација на црниот дроб, церебрален едем и гастроентеритис. „Една вакцина дадена на бебе со тежина од 2 кг и 700 гр. е еднаква на 30 вакцини дадени на возрасен човек со тежина од 81 кг.во еден ден“. Д-р Бојд Хели Состојка на вакцина: Глутаралдехид Глутаралдехид е секогаш токсичен, предизвикувајќи сериозно надразнување на очите, носот, грлото и белите дробови, проследено со главоболки, дремливост и вртоглавица. Последиците се гледаат во агенсот на хемиското оружје, познат како нервен гас. Отровен е ако се проголта, и познато е дека предизвикува оштетувања при раѓањето кај експерименталните животни. Последиците од директно инјектирање во крвта со цел да се заобиколи процесот на голтање се непознати. Честопати се користи за чистење на медицинска опрема. Познато е дека при несреќи во болници коишто вклучуваат изложување на животната средина, ги предизвикува следниве симптоми: • Надразнување на грлото и белите дробови • Астма, симптоми на астма и тешкотии при дишењето• Надразнување на нос, кивање и отежнато дишење• Крвавење од носот• Печење на очи и конјунктивитис • Алергичен контакт и / или алергиски дерматитис• Дамки на рацете (кафеави или темни)• Уртикарија• Главоболки• Гадење Состојка на вакцина: Мононатриум глутамат Мононатриум глутамат е синтетички засилувач на вкусот. Во еден извештај од 1995 година од страна на Федерацијата на американски здруженија за експериментална биологија, две групи на луѓе биле дефинирани како нетолерантни на мононатриум глутамат. Овде спаѓаат оние кои јадат големи количини на мононатриум глутамат (тој се користи во многу видови на преработена храна како засилувач на вкусот) и оние со „слабо контролирана астма“. Нашето истражување покажува дека секој може да страда после внесување на мононатриум глутамат. Во извештајот од 1995 година, Агенцијата за храна и лекови (ФДА), јавно призна дека мононатриум глутамат ги предизвикува следниве симптоми:• Чувство на печење во задниот дел од вратот, лактите и градите• Вкочанетост во задниот дел од вратот којашто се пренесува кон рацете и грбот• Печење, топлина и слабост во лицето, слепоочниците,горниот дел од грбот, вратот и рацете• Притисок во лицето или стегање• Болка во градите• Главоболка• Гадење• Брзо чукање на срцето• Бронхоспазма (отежнато дишење) кај луѓе со астма нетолерантни на мононатриум глутамат • Дремливост• Слабост Имајте на ум дека ова е мал список (оној со несакани последици којшто го признава Агенцијата за храна и лекови) и тој не ја зема предвид големата токсичност на директното инјектирање во крвта. Долгиот список, што е за 15 пати подолг, вклучува срцеви напади, особено кај младите луѓе со недостаток на магнезиум. Инјектирањето глутамат во лабораториски животни резултираше во брзо оштетување на нервните клетки во мозокот. Мононатриум глутамат спаѓа во посебна класа на хемикалии наречени екситоксини, за коишто е познато дека директно ги напаѓаат мозочните клетки. Во 1978 година, беше забранета негова употреба во бебешка храна и други производи за бебиња на возраст до една година, бидејќи Американската академија за педијатрија и Националната академија на науките изразија загриженост. Сега тој повторно се користи во овие производи, заедно со вакцините. Состојка на вакцина: Соединенија на сулфат и фосфат Овие соединенија можат да предизвикаат сериозни алергии кај деца коишто може да траат во текот на целиот живот и трајно да го нарушат нивниот имунолошки систем. Состојка на вакцина: Амониум сулфат Ова е уште една канцерогена состојка. Амониум сулфатот се подготвува со мешање на амонијак со сулфурна киселина. Се користи како хемиско ѓубриво за алкални почви за да се намали нивото на pH на почвата. Во телото, влијае врз имунолошкиот систем предизвикувајќи ацидоза. • Амониум сулфат е исто така токсичен за системот за варење (црниот дроб), за нервниот и за респираторниот систем. Состојка на вакцина: Гентамицин сулфат Ова е силен антибиотик којшто често се користи за болести опасни по живот (на пример, пневмонија). Познати несакани последици: • Грчење на мускули• Вкочанетост • Напади• Зголемен крвен притисок• Алопеција• Пурпура• Лажен тумор на мозок• Фоточувствителност • Краткотрајно надразнување• Печење• Боцкање• Чешање• Воспаление• Ангионевротски едем• Уртикарија• Везикуларен имакулопапуларен дерматитис• Мидријаза• Коњуктивална парестезија• Коњуктивална хиперемија• Неспецифичен конјунктивитис• Оштетувања на епител на конјунктива• Чешање и отекување на очен капак • Бактериски / габични корнеални улцери Состојка на вакцина: Неомицин сулфат При истражување на оваа состојка, ја откривме невротоксичноста на неомицин сулфатот после орална употреба како антибиотик. Може самода се запрашаме каква штета предизвикува кога се инјектира директно во крвта на новороденчиња. Ја спречува апсорпцијата на витаминот Б6, што е причина за ретка форма на епилепсија и ментална ретардација. Возрасните пациенти кои примиле неомицин како антибиотик обично се ставаат под непосредно клиничко набљудување (се хоспитализираат), што значи дека веднаш може да се интервенира со интензивна нега. Забележани се невротоксичност и нефротоксичност, како и трајна билатерална ототоксичност на аудитивниот систем. Понекогаш кај пациенти со нормална бубрежна функција кои се третирани со поголеми дози од препорачаните или подолго време од препорачаното, се јавува вестибуларна токсичност. Состојка на вакцина: Три-н бутилфосфат Ова е уште една канцерогена состојка. Таа е токсична за бубрезите и нервниот систем. Поопасна е од повеќето хемикалии наведени на 2 од 3 системи за рангирање, се наоѓа на најмалку еден список на државни регулативи. Состојка на вакцина: Полимиксин Б Ова е уште еден антибиотик. Лекарите вообичаено го избегнуваат неговото инјектирање (освен во случај на вакцини), поради огромните болки на местото на инјектирање, особено кај новороденчињата и децата. Други познати несакани последици: • Албуминурија• Цилиндрурија• Азотемија• Зголемување на нивото во крвта без какво било зголемување на дозата.• Црвенило на лице• Вртоглавица со прогресија во атаксија • Дремливост• Периферни парестезии во делот на устата и периферниот нервен систем• Апнеа• Знаци на менингеално надразнување со интратекално администрирање Состојка навакцина: Полисорбат 20/80 емулгатор Се смета за канцерогена состојка. Познато е дека етоксичен за кожата и сетилата. Потврдено е дека е канцероген агенс кајживотните. Состојка навакцина: Засладувач Сорбитол Дијабетичната ретинопатија и невропатијаможат да бидат поврзани со вишокот на сорбитол воклетките на очите и нервите;при што доведува до слепило. Ова е уште еднасостојка за којашто се смета дека е канцерогена. Сорбитолот е токсичен за системот за варење и црниотдроб. Состојка на вакцина: Полирибосилрибитол Ова е експериментален вештачки засладувач. Всушност, експериментирањето кај децата е во тек, што значи, без знаење или согласност на нивните родители. Состојка на вакцина: Бета пропиолактон Докажана како проверена канцерогена состојка. Токсична е за системот за варење (црниот дроб), органите за дишење, за кожата и за сетилата. Поопасна е од повеќето хемикалии, се наоѓа на 3 место на 3 сисеми за рангирање. Се наоѓа на најмалку 5 списоци на државни регулативи. Се смета за едно од најопасните соединенија зачовекот. Состојка на вакцина: Амфотерицин Б Може да предизвика непоправливо оштетување на бубрезите и благо откажување на црниот дроб. Познато е дека произведува сериозни хистамински (алергични) реакции. Постојат неколку извештаи за анемија и срцев удар. „Медикал Маркет Економикс“ (MME) ја дефинира како „лек којшто се користи за лекување габични инфекции. Поради познатите алергии што овој лек ги предизвикува, неговата употреба е забранета. Несаканите последици вклучуваат згрутчување на крвта, промени во крвта ,проблеми со бубрезите, гадење и треска. При нанесување на кожата, можна е појава на алергиски реакции“. Состојка на вакцина: Ткиво од органи од животни и животинска крв Палета животински клетки се користат за култивирање на вируси во вакцини, па ткива од животни и нечистотии се вклучени во формулацијата што се инјектира. Овие ткива се неупотребливи и токсични за организмот освен кога нивните протеински материјали се варат за да се создадат аминокиселини преку консумирање на нормална исхрана. Не постои процес на варење за инјекции. Инјекциите, исто така, може да содржат многу видови животински вируси (видете го делот „Животински вируси“). Во животните што се користат спаѓаат: мајмун (бубрези), крава (срце), теле (серум), пиле (ембрион и јајце), патка (јајце), свиња (крв), овца (крв), куче (бубрези), коњ (крв), зајак (мозок), морско прасе, итн. Состојка на вакцина: Големи протеини од надворешни организми Покрај нечистотиите од животински ткива, постојат и големи протеини коишто се намерно вклучени и се користат како адитиви (супстанции коишто ја влошуваат имунолошката реакција со помош на нивната природна токсичност). Во неколку вакцини се содржи белка од јајце и желатин (или желатин добиен од избрани делови од кожа на теле и добиток, деминерализирани коски на добиток и свинска кожа). Во тројниот антиген (вакцина ДТП) се наоѓа казеин (млечен протеин). Кога се инјектираат, овие вообичаено безопасни протеини се токсични за организмот. Затоа имунолошкиот систем „реагира“. Имунолошкиот систем е намерно изложен на оваа инвазија за да се предизвика неприродна активација на сите овие состојки. Во иднина, телото ќе стане уште почувствително на овие супстанции, наместо да станува имуно на нив. Значи, основната премиса на вакцинирањето којашто ѝ се „продава“ на јавноста е лажна. Ова објаснува зошто бизарни алергии, како што се интолеранција на лактоза, јајца и алергии на јаткасти плодови одеднаш стануваат честа појава во поновата историја. Состојка на вакцина: Латекс Ја има во вакцината против хепатит Б којашто рутински им се дава на здравствените работници. Високиот степен на алергии на латекс кај медицинските сестри се должи на нивната осетливост на латекс поради големите количини на хемиска гума којашто се инјектира во нив. Овие вакцини доведуваат до панични имунолошки реакции. Овие медицински сестри ќе ја имаат оваа алергија засекогаш. Таквите алергиски реакции може да бидат опасни по животот. Оваа вакцина сега рутински им се дава на новороденчињата во многу земји, вклучувајќи ги Австралија и САД. Состојка на вакцина: Животински вируси Некои од овие вируси може да бидат особено туѓи за човечкото тело. Најчесто документиран и објавен пример е вирусот од мајмун SV40. Овој вирус е безопасен за мајмуните, но стимулира ретки видови на рак кога се инјектира во луѓето и предизвикува тумори на мозокот, коските (на пример, мултипла миелом), белите дробови (мезотелиом), и лимфното ткиво (лимфома). Вирусот на мајмун SV40 се појави само кај лицата родени во последните 20 години („Дневник на заразни болести“, септември 1999 година), после долго време откако производителот потврди дека ги „исчистил“ полио вакцините во коишто е пронајден.Таков е случајот со починатиот Александар Хорвин, чиишто родители се покажаа негативни на тестовите за SV40. Затоа, за најновите случаи не може да се рече дека се наследни од родителите коишто ја примиле вакцината (види www.ouralexander.org). Ова докажува дека производителите повторно тајно го користат. Состојка на вакцина: Човечки вируси За вирусите од коишто се смета дека вакцината би требало да заштитува, често се вели дека се „убиени“, „дезактивирани“, или „ослабени“. Ова е мит. Главниот метод којшто се користи за дезактивирање на вирусите е третирање со формалдехид, чијашто делотворност е ограничена, па дури и тогаш, само привремена. Откако течноста се инјектира во телото, телото го разградува формалдехидот, со што потенцијално се ослободува вирусот во неговата оригинална состојба. Ова се прави намерно. Во православната медицинска литература пишува дека овие живи „осакатени“ вируси можат да се вратат на нивната поранешна вирулентност. Запомнете дека за вирусите и бактериите коишто се вклучени, од коишто вакцината би требало да штити, се тврди дека се во „многу мали дози“. Овие мали дози не се мали за телото, и тие количини се сосема доволни за да предизвикаат болести. А кога болестите ќе се појават, случаите се секогаш тешки, а понекогаш и фатални. Во Британскиот медицински дневник Лансет биле пријавени неколку смртни случаи од вакцина којашто предизвикала жолта треска. Лице кое е подложно, може да подлегне на инфекција кога е изложено само на мали дози, особено кога таа се инјектира директно во крвотокот. Исто така, постојат и други случаи каде што здрав човек нема да подлегне, дури и кога е изложен на големи дози од надворешната средина. Патогените не предизвикуваат болести; појавата на болести и нивото на нивната тежина зависи од начините на поврзаност помеѓу патогените и домаќините. Вакцините можеби не манифестираат очигледна повреда, особено не веднаш, но со оглед на нивните состојки и познати последици, можат да предизвикаат долгорочно оштетување на внатрешните органи и на имунолошкиотсистем. Повеќето симптоми на болест се видливи знаци на обиди на телото самото да се одбрани од инфекција. Со инјектирање болест, се заобиколуваат многу значајни заштити во системот за варење и мукозните мембрани. Состојка на вакцина: Микоплазма Тоа се микроскопскиорганизми на коишто им недостасуваат цврсти клеточни ѕидови и се сметаат за најмалите слободни живи организми. Многу од нив се патогени, и еден вид од нив предизвикува микоплазма пневмонија; којашто интересно, но според медицинскиот речник на Мозби, е забележано дека се јавува само кај „децата и младите“, Таа не се наоѓа случајно во вакцините. Таа е намерно додадена како адитив (за да се зголеми „реакцијата“ на алергијата на имунолошкиот систем) на вакцината. Со други зборови, состојките мора да бидат или отровни, или малку биолошки заразниза да ги активираат реакциите на имунолошкиотсистем. Состојка на вакцина: Генетски модифицирани квасни габички Се наоѓаат во вакцината против хепатит Б. Со оглед на контроверзноста околу внесувањето генетски модифицирана храна, што мислите, колку е поопасно нивното директно инјектирање? Кои се последиците во иднина од овие генетски експерименти врз нашите деца? Познато е дека обични квасни габички коишто растат во ткивата се основа на безброј болести коишто можат да траат со години, и во ретки случаи, кога тоа е соодветно дијагностицирано, се нарекуваат габични инфекции. Прекумерното растење на габичките директно го напаѓа имунолошкиот систем и ја намалува способностана телото да може да отстранува отпад, токсини и да апсорбира хранливи материи. Стандардното лекување со антибиотици, всушност честопати ги зајакнува овие инфекции на подолг временски период, затоа што уништува поголем дел од корисната флора, којашто вообичаено го контролира прекумерното растење на габичките. Состојка на вакцина: ДНК од други организми Се користи ДНК од животни, вируси, габи и бактерии. Потврдено е дека инјектирањето ДНК од други организми, или дел од неа, може да доведе до нејзино вклучување во ДНК на примателот. Ужасните повеќе генерациски последици на долг рок ја надминуваат нашата имагинација. Иако на некои луѓе, всушност, може да им е од корист да имаат внуци со три раце, или со рогови на главата. Се чини дека овие можности се далечни, но сооглед на стапката со којашто овие состојки се вклучуваат во вакцините, прашање на време е кога тоа ќе се случи, а не дали ќе се случи. Зборот „лудост“ е премногу слаб за да се опише тоа. Пролог Човечкото тело никогаш порано не почувствувало таква директна инвазија. Се надеваме дека пред да ги вакцинирате вашите деца, ќе го имате предвид овој список и несаканите последици на вакцините. Имаме силни причини да веруваме дека севкупно, и општо земено, ризиците од ужасни долготрајни несакани последици во голема мера го надминуваат ризикот од болестите коишто вакцините треба да ги спречат.Човечката крв треба да биде, и досега беше неверојатно стерилна. Практично во крвотокот немаше присуство на бактерии или организми. Со толкавата распространетост на вакцините, тоа веќе не е случај. Спротивно на она што ни се кажува, тие наместо да го зајакнуваат, драстично го ослабуваат имунолошкиот систем. Во Соединетите Американски Држави, вакцината против хепатит Б на детето му се дава на денот на раѓање, со што честопати го ослабува неговиот имунолошки систем за цел живот. Неговото малечко тело за првпат се навикнува на микроорганизмите околу него, и треба да има силен имунолошки систем за да не влијаат врз него. Иако вакцините се задолжителни во САД, сите држави во моментов нудат исклучоци на религиозна основа, а некои држави нудат и исклучоци на филозофска основа. Можете да ги имате предвид овие можности со цел да ги заштитите вашите деца. Исклучоците на религиозна основа се доста погодни за ова, бидејќи можете отворено да им кажете дека го правите тоа бидејќи е христијански“.Текстот на македонски го превеле Габриела Николова и Билјана Василева Бојчев Еве отприлика и како изгледа и спонзорството, ете во едни наши, балкански рамки. Кај нашите северни соседи, дури министерката за здравство е на листата на еден од најголемите производители на вакцини. Толку од етиката на професијата. http://www.srbijadanas.net/skandal-...spisku-americke-firme-koja-proizvodi-vakcine/
Кажа и остана жива Штом така мислиш, тогаш ај оди кај автомеханичар да ти поправа заби или економист да те пораѓа, оти нели школото не е битно. Ццццц, што се не се изначитав на темава бе. Од толку што сакате по секоја цена да си се држите до својот став, не размислувате што се пишувате
Ме изненади денес баба ми ми виκа: Κаκви ваκцини ние уште во мое вρеме им виκавме на ρодителите κазни аκо не ваκциниρаат само за да ги ваκциниρаат, виκа нема потρеба од ДиТеПеρ тие болести веќе и ги нема во Геρманија не ја ставаат со години
Па џабе учеле. Гледам има многу попаметни и без школа. Школата не е репер секогаш. [/quote Ова попаметни сигурно мислиш на форумов посебно во оваа тема
Јас ќе се обидам вака да ти објаснам. Образование никогаш не е знаење, битно е пренесувачот на знаење да го покаже патот на ученикот, а тој самиот да го најде патот до знаењето. Кај лекарската професија, за жал ова иде по системот на слепиот го води слепиот, и мислам дека е единствена професија каде ова е најизразено. Секако секоја чест на доблесните лекари. Преку познати изреки на големи умови тоа би изгледало вака: Дали еден лекар може да биде и автомеханичар, јас познавам еден со таков фат, што ке си речеш дека ја згрешил професијата. Дали автомеханичар би бил лекар? Веројатно не, но неможе ни педијатар да биде хирург. Она што мора да се запази е индивидуалната слобода на секој поединец, и демократска одлука со право на сопствено размислување и став. Дали треба да ги поделиме докторите на добри, оние кои го застапуваат ставот дека вакцините се добри, а лоши доктори се оние кои се против вакцинација ? Јас верувам дека како корисник на здравствени услуги, имам право да одберам, да прашам и 2 и 3 и 150 мислење, и да по свое убедување му верувам. Како и кај автомеханичарите, така и кај докторите, има градација, ги бива или не ги бива. Лекарскиот став не смее да биде единствениот авторитет во одлуките за здравјето, впрочем таков е и законот. Интересно е што одредени доктори, се откажуваат од професијата кога ќе увидат какви се нелогичности во третманот на болните таа им носи. На крајот, дипломата никогаш не е гаранција на знаењето. Еве, јас на пример, на огромно растојание ќе ја одбегнувам expert, кога еден убав ден, здравје боже, ќе стане лекар. Барем до оној момент додека не го смени ставот, ако воопшто тоа и се случи, бидејки повеќето нив и покрај моралните сукоби што ги сознаваат со професијата, едноставно немаат храброст (србите викаат петља), доблест и капацитет тоа да го направат. Тој титулар на гледање одозгора премногу им годи. И секако, што побројното стадо да ги прати.
И ако ги нема тоа не значи дека не постојат или нема пак да се појават. Види ги фактите за другите болести и спореди ги со кампањата на анти-вакцините. Заради таква кампања болестите што беа нечујни сега се на повидок,благодарение на движењето на анти-вакцините кој се плашат да се боцкаат...
а тебе кој ти го пренесе знаењето за вакцините,интернетот???па што пат ти покажал.... па арно ви вели ан-на, оти не ја пушти женати да се пораѓа кај некој кој е образован, а незнае ништо за пораѓање? оти ја однесе на болница, кај што има стручни лица баш за таа област?? море значи колку глупости има да се чита овде, и да незнај човек дали да се смее или да плачи. дај сите ќе застаниме пред компјутер, и ќе си се здобиеме со 100 дипломи, и се ќе си знајме, така е то. некој ќе учи години, години, а некој ќе застани на нет, ќе прочачка неколку пати и оп тоj знае повеќе од докторот!
Не ве разбирам вие што сте против медицината,што барате на доктор? Па лекувајте се сами,логично кога интернетот денес ви пружа најразлични иформации што се молите на крајот пак на докторите? Некој животот ќе си го потроши да заврши за доктор,за на крајот некои како вас да ги плукаат каде стигнат.. А Јаре верувај дека пациент како тебе никогаш не сакам да имам,исто како што ти во широк лак сакаш да ги заобиколиш докторите. Само едно ме интересира,дали кога имате итен случај за на доктор ги прашувате од старт дали се со антивакцинален став?? На крајот на краиштата седете си дома,уживајте си,интернетот пред вас,па сами ќе знаете и да се лекувате и заби да вадите и коли да поправате. Заштеда на време,пари и потрошени зборови.
Болестите не се истребени поради вакцините, а тоа досега го покажав со многу прости x и y зависни графикони, во кои нема човечка логика да се ерадицира болест со вакцина, кога епидемиолошкиот век е далеку позади, а тие се појавуваат кога болестите практично ги нема. Кампањи за анти вакцини не постојат, постојат се поголем број на вознемирени родители, а се повеќе ( за жал касно ) ги искусуваат на кожата на нивните деца. Тоа не се кампањи, туку барања за основните демократски права, кои се нарушени со вакцинацијата. Да било се во ред со вакцините, тие родители, луѓе, дотори и научници сигуно немало да се спротистават. Тоа не се прави од кеф, се прави од мака. Кога сме веќе за болести на повидок, успешноста на вакцинацијата на полио, која била контроверзна, она што „добрите лекари и фармаколози“ го направиле, е смислиле други имиња на болестите со исти симптоми, ете за да ја прикажат делотворноста на вакцините. Затоа сега и имаме полио во ново руво Еве едно размислување на противник на вакцинација. Мене многу логично. На другите, спрема свое видување. http://iinformedparenting.blogspot.com/ ... io-in.html Јас никогаш не сум рекол дека сум против докторската професија. Напротив, познавам и се дружам со прекрасни лекари, доблесни луѓе, со јасен став и лични убедувања. Дипломата може но и немора да биде гаранција за квалитет, во билокоја професија, а секако и во докторската. незнам зошто извртувате. Пак едно глупаво воопштување. Јас во широк лак би заобиколил одредени индивидуи со докторска диплома. Ете, ако сакаш експерт, коа ке стане, а после оваа нелогичност и глупава корелативност и воопштеност, ете втора би била на листата. Која глупава констатација на мешање баби и жаби, дал доктор прашувам од старт дал е со антивакцинален став. Добар ден, имаме настинка докторе, молам за преглед, а успат да ве прашам дали сте за вакцини или не ? Врв на глупоста. Пациентот го одбира докторот, а не докторот него. Такам барем е во законот. Чувај ги боже луѓето да не паднат во раце на вакви „широкогледи“ доктори, со значка докторска. Во врска со интернетот, ке бидам слободен да ви го квотирам во спојлер одговорот од почетокот на месецот од nnskopje, ако сте го претрчале да се подсетите. ( 2 Февруари, страна 107 од темата ) Spoiler Не знам зошто толку напади врз човеков што само нуди нови сознанија кои лекарите не ни ги даваат кога ќе им ги побараме. Го искритикувавте зошто користел интернет, а вашите реплики се полни со линкови од истиот тој интернет. Веројатно има “добар интернет“ (кој го користите вие) и “лош интернет“ кој го користи Јаре. Докторот што го споменувате (Драган Даниловски) беше министер за здравство (во владата на Љубчо Георгиевски). Неговата сопруга (Мина) му беше советничка во кабинетот на Љубчо, која се занимава со пророштва и наводно има парапсихолошки способности (барем така вика весников). Не знам дали дома можат да се разберат за улогата на медицината пара-медицината. http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID ... 669F25D2E6 Значи го предводел и го развивал целиот систем што не убедува да вакцинираме, ни ги крие податоците за тоа што им вбризгуваме на бебињата, и не сатанизира сите што ќе прашаме нешто во врска со тоа. И очекувате тој да каже нешто против тој систем? Проблемот со системот е што со научните сознанија против вакцините се руши нивната децениска неприкосновеност во оваа област, кога родителите не смееле ниту да прашаат. За докторите најдисциплинирани пациенти се оние што не прашуваат ништо, туку само слушаат. Не е крај на светот ако се признае дека системот некаде направил грешка, дека се појавиле нови сознанија, дека нешто што порано било општо-прифатено денес е на стаклени нози или се руши. Па порано болестите ги лечеле со едни лекови, денес со други, утре со трети. Науката оди напред. Видовме како со децении давале вакцини против полио со вирусот СВ40. Па после ги промениле. Значи, во тие години и децении кога се таквите вакцини - никој не смеел ништо да каже. Сите биле послушни и не ни смееле да се посомневаат дека нешто не е во ред. Поминале години и години, се појавиле доказите, и ја смениле вакцината. Е сега, поминале десетици генерации кои примиле таква вакцина - ама кој им е крив што ништо не прашале, ниту пак се сомневале. Така кажале докторите. Еве и за живата. Истите стручни медицински лица што денес не убедуваат дека во вакцината нема ништо лошо, со децении давале вакцини со жива, и цело време викале дека нема ништо лошо во нив. Дури и денес ќе кажат дека и тие вакцини со жива не биле лоши, бидејќи жива имало и во вештачкото млеко, итн, итн. Ама составот го смениле после истражувањата на Вејкфилд, кои се покажале како неточни. Па, ако немало ништо лошо, и ако Вејкфилд не бил во право - зошто тогаш го смениле составот? Нели живата не е лоша? Истото е денес со алуминиумот. Ќе поминат години и години, па сите ќе признаат дека и тоа е лошо, ама нема да плукаат самите по себе и нема да признаат дека бранеле погрешни тези. Зошто толку ви сметаат луѓето што не ги вакцинираат децата? Дури и оние што ќе прашаат нешто во врска со тоа? Точно дека Јаре не е доктор, но не е ни Експерт (самата кажа дека има само средно медицинско). Значи не можете еднаш некого да дисквалификувате затоа што не е доктор, а другпат не. Бидете принципиелни. Еве, нека дојде доктор епидемилог, нека се претстави, и нека одговори на сите неодговорени прашања на оваа тема, и нека дебатира со ставовите на докторите од САД, Западна Европа и нашето соседство. Доктор со доктор. Ни јас не сум доктор. Не сум ни водоводџија, ама знам дека не сакам цевки со азбест. Не сум ни архитект, ама не сакам радиоактивен мемер кај мене во зграда. Кој ми кажал за тоа? Архитектот сугурно не. А ни водоводџијата за цевките. Како што ни банкарот нема да ми каже дека во договорот за кредит има клаузула што му одговара него, а не мене. Па затоа е со ситни букви. Не сум банкар, ама знам дека не треба да потпишам. Ако не сме доктори, не значи дека сме малоумни па некој може да не убедува слепо да веруваме во нешто. Дури и кога окулу нас има се повеќе РЕАЛНИ случаи (а не во книгите) кои ги демантираат тие доктори. Сто пати е повторено - ако вакцинираните деца се целосно заштитени - нема зошто да се плашат од невакцинираните. Болеста не можат да ја фатат, затоа што вакцината ги штити. Едноставно е. Ако носите панцир - куршумот не пробива. Ако оние што се против вакцини се себични - тогаш ќе си молчат и ќе им одговара што повеќе деца да се вакцинираат, затоа што на тој начин ќе си ги заштитат своите невакцинирани деца. Но, за чудо, тие не молчат. Гласни се затоа што не сакаат и другите деца да бидат изложени на ризик од вакцинирање. Нелогични се тие обвинувања. Тогаш тие би биле исти како сите оние доктори што ги убедуваат туѓите деца да се вакцинираат, а сопствените ги чуваат од вакцини. Не знам зошто сите се прават наудрени дека немало случаи на компликации од вакцини, или тие биле толку малубројни што не треба ни да се споменуваат. Па има ли некој на форумов што не слушнал за таков случај во своето опкружување. Штом ја отворите темата на било кој настан - веднаш се јавуваат луѓе што ќе споделат со вас примери. За жал се повеќе. И што е тоа - генетски? Како порано немаше толку такви случаи. Генетски е дедо ти да носел наочари, па носи и татко ти, па затоа има голема веројатност да носи и твоето дете. А никој претходно да немал таква болест во семејството, а ти да го убедуваш дека е генетски - малку е чудно. Исто како еден мој пријател кога отиде кај најпознатиот кожен доктор (да не го именувам, после отвори приватна клиника). Отиде со изгореница од запален бензин, а докторов (влегол покасно во ординацијата, па не ја слушна причината) му кажал дека му е генетски! На крајот на краиштата, ако сите можни научни докази се полза на вакцините, ако сите доктори се за вакцинирање, ако нема никакви лоши последици од нив - кои се тие луди родители што нема да ги вакцинираат своите деца? Кои се тие што ќе потпаднат под влијание на некаков форум или ненаучен интернет сајт? Најголемиот проблем на лекарите е да им објаснат на родителите кои најдобро знаат што и кога им се случило на нивните деца, дали е резултат на вакцините или не. Читајќи некои од дискутантите овде видов дека се работи за доста помлади личности, не се родители, и се најактивни на темите поврзани со шминкање и фризури (ок, сепак е женски форум). А најмалку се доктори, најнајмалку епидемиолози. Лесно е да дискутирате за некоја тема без притоа да бидете лично засегнати, односно без вашите деца (доколку ги имате) да бидат изложени на ризик. Јас најмногу би сакал да дискутирам и да советувам за безбедноста на имплантите за женски гради. Ниту имам гради, ниту жена ми треба да става. И уште не можам да сфатам зошто толку изливи на негативна енергија кон луѓето што не вакцинираат. Не сакаат - нивна работа. Тие никого не убедуваат да не вакцинира. За разлика од оние од другата страна кои постојано и агресивно ве убедуваат дека мора и мора да се вакцинирате (ко Јеховини сведоци на врата). Малку ни е кампањата на системот, казните или купувањето на лекарите од страна на фармацевтските компании (кои се единствените производители на пазарот чијшто прозивод МОРА да се користи - слично како да ви кажат: јади што сакаш, ама бел леб мора да јадеш. Инаку - казна! Прв ќе отворам пекара). Нудете научни сознанија, ама дозволете да се слушне и другата страна. Споредувајте статистики, аргументи, податоци - ама со поеднакво внимание кон двете страни. Не може некое научно списание еднаш да е супер (кога цитирате текст во корист на вакцините), а другпат да не чини (кога има друг текст). Ништо чудо што повеќе луѓе се откажуваат од натамошна дискусија. За да не ми биде постот ветер, еве ми го јунакот од Хрватска. Доктор, имунолог. Неоптеретен од дипломата. И без обврски кон спонзори. Чисто срце и душа. http://alternativainformacije.com/2...jepljeni-ce-oboljevati-od-autoimunih-bolesti/
^Да е до мене,би забранила пристап на тие како тебе во секоја здравствена институција. Ако мојата констатација ти е екстремно глупава,мене уште поглупаво ми е што си изиграваш доктор,изгледа како мал голема желба ти била,но за жал не ти се остварила. За жал многу родители баш од вакви како тебе со антивакцинални ставови и извртоперени информации страдаат,бидејќи читаат меѓу редови и мислат дека како што е напишано на интернет така е. А во врска со аутизмот,дај еднаш престанете да го корелирате со ММР,затоа што ако ја проучувате медицината ќе знаевте дека првите симптоми и знаци на аутизам се јавуваат на околу 13 месечна возраст.
Девојко, извини, ама не гледам така ограничено како тебе, поготово со овие примери кои ги наброја. Има жени кои не завршиле школа, ама знаат да пораѓаат, има луѓе кои не завршиле за автомеханичар ама чепкале по коли, научиле, еден куп ги има такви, татко ми е лекар, ама е експерт за местење плочки, итн. Значи факт е дека има луѓе кои не завршиле некоја школа, но ги бива за истото. Тоа е неоспорно. И постојат многу живи примери за тоа. Со ова го потврдувам тоа дека постојат луѓе кои не се доктори, но поради личен Х интерес се заинтересирале околу вакцините. Ако не се доктори не значи дека немаат врска. Пс. За изразот ‘остана жива‘, не коментирам, такви фрази користат некои кои не знаат да комуницираат со културен речник. Но, сепак, лесно е на форум, верувам дека во живо не им плескаш така на тие околу тебе. Поздрав
Ете јас така некултурна си живуркам наоколу и само на форуми си кажувам што ми е маката, во приватниот живот во глувчешка дупка се кријам Ниту ме сфати што сакав да кажам, ниту ништо, ама ако... некој друг можеби разбрал. Ти и понатаму продолжи да посетуваш автомеханичари кога ќе те заболи заб или кога ќе решиш да раѓаш трк некоја фризерка нека те породи, бидејќи се заинтересирала жената околу таа проблематика и прочитала некоја статија на интернет де. А јас до сега живеев во незнаење бидејќи мислев дека ова докториве се утепуваат од учење. Ти благодарам што ме просветли.
Добро ти Јаре,џабе ми се правиш паметен кога искрено статија или блог без референци од истражувања не се релеватни. Како што кажав факти и размислувања се многу различни работи. Твоето размислување за анти-вакцините е лично твое и не треба да го префрлуваш на другите. Кога се работи за факти се знае дека науката и треба време и е многу специфична и одредена за некои работи,а ти бараш игла во сноп сено. Нема ништо совршено сум го кажал,но вакцините се една од најдобрите технологии што се измислени од човекот,заедно со пеницилинот,биотехнологијата и генетиката. Колку луѓе се спасени со таква технологија животни,а колку се спасени со вашето размислување? Да ставиме на кантар и вашето игноратно и препотетно однесување ќе ви биде причинител за големи несреќи во иднина. Се грижам за вистината,а ти тоа што презентираш е твоја сопствена заблуда и мислење кое не е поткрепено од било која почитувана институција,туку се задржуваш мислења на одредени доктори или експерти. Така науката не функционира. П.С не си точен дека движењето е ново го имало низ вековите. http://www.historyofvaccines.org/conten ... -movements А еве дата за сите болести за вакцините и болестите. Добар инфографик. http://www.historyofvaccines.org/conten ... EVT_000019