Влегов во таа група ,,Здравје во игла не влегува,,, и прво што ми излезе беше пост на некого од членовите и тој гласеше- ,,Денес на Телма ќе биде гостин нашата прекрасна Весна и некој дебил доктор од незнам која институција или од здравствен дом,,....Некој дебилен доктор???? Зашто е дебилен, затоа што учел и студирал медицина со години, затоа што спасува животи, затоа што недај боже сите трчаме на кај него ако нешто ако се случи...Затоа ли е дебилен... Сватив дека тоа се само група секташи кои имаат некоја застрашувачка цел, под чие влијание потпаѓаат група на луѓе без свој цврст став на кои лесно им се пере мозок... Мојот сопруг е доктор, семејството на сопругот се повеќето доктори...Имаме пријатели доктори..и сите ми сугериират за вакцинација...Обавезно да ја вакцинирам...Одлучивме 2-3 месеци да ја одложиме ММР вакцината, но само тоа...Секако ќе ја вакцинирам...
Колку што се сеќавам, „дебилен“ не пишува. Провери точно. Во потполност се сложувам дека поедини натписи се дисквалификациски. Не е оправдано такво однесување, мада, верувам е дека е напишано во афект. Има голем број на родители, кои животот им е сменет после вакцината, и неретко не можат да се воздржат. Не е воопшто докторската фела нападната, во групата веќе има доктори од МК, кои се поддржувачи на промената на законот. Релацијата „секташ“ е многу лошо обвинување, кое генерално го одсликува твојот профил, односно, се што е различно треба да е секта. Но не е, верувај, и таму родителите си ги сакаат своите деца и им посакуваат најдобро, како и ти. Ние не треба да сме на некаква страна, сите сме од истата - најдоброто за нашите деца. Еве ја реакцијата на групата по повод излагањето на др. Јадранка. Некој наназад бараше просветлувње. Еве, полека нека го прочита ова и нека се потруди да го разбере. http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=6&vest=12486
Соединетите Американски Држави,таму БСГ вакцината никогаш не била воведена па тие никогаш немале епидемија од туберкулоза Еве ова ме чуди, дали е точно дека никогаш не била воведена? (ако не е дебилен, сличен е називот...сепак е навреда со исто значење како дебилен)....
Македонска Дебатна емисија за вакцините. https://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=ekO8YScyQos
ние на балканот сме ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИ ГЛУВЦИ! дури сега после 15 години објавуваат дека кога НАТО ја бомбардирал Србија, незнам колку тони осирумоаше ураниум имало во тоа оружје и тој ден денес е присутен. И после тоа нагло се зголеми и се уште расте бројот на КАНЦЕРОГЕНИ БОЛЕСТИ посебно кај деца . Исто беше и со птичјиот грип. Земаа вирус од епрувета и го пуштија меѓу луѓето, па после ЛЕЛЕ БРЗО ВАКЦИНА. Јас оправдувам само вакцина против детска парализа...а тоа другото не!
Не го објавуваат тоа сега, и тогаш се знаеше за осиромашениот ураниум...Само за жал последиците ги трпиме сега... За вакцините е сеуште енигма и аргументите против се сеуште неиздржани па и затоа многу од нас не веруваат дека има последици од таков тип...Секако дека и тоа ќе дојде и ќе бидеме црно на бело...Кој е во право... Би сакала да знам кои се тие доктори кои членуваат во групата Здравје во игла не влегува или така нешто? Ако може Yarre да каже, доколку не се анонимни..
Ние се одлучивме за ДА!. значи сум примила јас вакцини ке прими и малата сепак е за нејзина заштита. Јас не сум примаила само една вакцина и имав проблеми со бременоста,така да недај господ да биде некои вируси па ја закачат малата...подобро е да си прими вакцини,сите во околината примиле и еве се супер,се надевам на добро и јас. Исто и сите педијатри што разговатав ме советува за да. Така да уште два дена и ние ке примиме,со лесно.
Уште на времето се зборуваше за тој ураниум, ама ЗОШТО никој не кажа ништо јавно и официјално? А, после тоа бомбардирање, во нивата кај дедо ми на село, почнале да му се појавуваат разни нови бубачки и црви, и ним им било јасно дека е од тоа. Од тогаш, бавчите не им се тоа што биле порано.
Ние денес се вакциниравме и мама и малата,ни рекоа дека може да има температура или нервоза,плачење наредниве два дена,се надевам ке помине добро.
Girk miri koja vakcina ja stavase ova e prvo vakciniranje na malata neli, moevo uste ne e resiv malku da odolgovlekuvam eve bakterija mu najdovme vo noseto sto ja ima zakaceni dodeka bese vo inkubatorce pa da vidime dali ke ja izlecime nea pa potoa ke vidime so vakciniranje
Незнам како иде ова ама ке ти пишам како што ги знам тука,тетано,пертоссе,полио,епатите,хаемопулис и типо б. Наредна имаме за два месеци и потоа на една година,денес и беше првиот пат. Па мила разговарај со педијатарот за вакцина,може не е проблем ако прими сега. Се надевам ке му помине брзо со носето проблемов.
Па и јас слушмав некои негативни зборови ама зборував и со педијатри и исто и мои блиски имат вакцинирано па и јас сум вакцинирана и се одлучивме за да... Е малце страв е да,сепак ке си одлучиш најубаво ти си мајката Само да се добро малечките.
Анонимни не се, треба само да се завртиш и да прошеташ наоколу. Задоволството за имиња неможам да ти го остварам, бар дур не дојде време. Инаку, да има неколку кои се во групата, ама повеќето не.
Јас искрено во медицина не се разбирам многу, но за среќа мојата идна свекрва е општ доктор и конкретно работи на превентива и вакцинација на бебиња и деца до предшколска возраст. Бидејќи моментално се шири епидемијата од сипаници, разговарав со неа и според епидемиолошкиот завод на Македонија (и нејзиниот личен заклучок од статистиката), заклучено е дека епидемијата е најзастапена во урбаните средини, односно кај деца чии мајки се против вакцинации - они ги нарекуваат модерни „начитани“ мајки. Друга работа, околу квалитетот на вакцините, низ постовите (неколкуте што ги прочитав, не можев сите -многу се) прочитав изјави од типот вакцините биле од Кина или од незнам каде, што ни малку не е точно. Од истиот извор (мојата идна свекрва) дознав дека пред да се купи било каква вакцина, се проверува нејзиното потекло - Македонија купува од земји од ЕУ, дали државата од каде се купува вакцината ја употребува и дали е одобрена од Европската и Светската здравствена организација. Но, без разлика дали имам некој близок во оваа област или не, сепак мислам дека вакцината е помош на организмот за заштита од многуте болести, нови и стари, и дека самиот организам не е доволно силен да се избори со истите. Може некогаш е подобро да прочитаме некоја академска, светски призната литература, наместо разно разните статии по интернетов.
Дали твојата идна свекрва, ќе гарантира дека твоето дете после приената вакцина нема да има никакви последици, и тоа доволно се оние кои ги пропишува самиот производител . Побарај и ги на твојата идна свекрва, сите уметоци што доаѓаат со вакцините, па прочитај ги на раат.
Girl- miri kako reagira malata na vakcinata imajki vo predvid deka e predvreme rodena ima li nekoi reakcii i kako sto razbrav ima primeno dve za hepatitis B i taa dr e pretpostavuvam BCG
Емилиа да двете ги прима,и во моментот кога ги прима на првата беше мирна а на втората само малце заплака. Еве вечер си беше нормално без температура и никакви нервози,денес исто така е добра,не забележав никаква промена. Во текот на вечерта и мерив неколку пати температура и немаше повеке од 35,7...исто и денес не повеке од 36. Фала му на господ се е добро, иако ни рекоа дека можно е да качи тем она е добро
А дали вие што сте против вакцини можете да гарантирете дека вашите деца, утре во животот нема да заболат од опасна болест, како последица од невакцинирање?