Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    760 глас(а)
    76,2%
  2. Против

    237 глас(а)
    23,8%
  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.967
    Пол:
    Женски
    Те читам често и ај да те прашам. Дали сметаш дека за било каков примен лек, анестезија и сл. имаш гаранција дека нема ништо да ти се случи? Колку што јас знам, нема гаранција. Секогаш може да се случат несакани последици. И од најобичен б-комплекс, а да не зборуваме од некои посложени лекови или анестезии, а сепак сите ги конзумираме? Или, ај да не се лечиме, да се вратиме во камено време ако не?
    Сум за тоа да бидеме информирани, како што на повеќето лекарства кои што ги конзумираме се наведени можните несакани последици, така би требало да биде и со вакцините. Колку што ве читам, тоа не е случај, така ли? Исто така сум за тоа секој родител индивидуално да си реши дали ќе го вакцинира сопственото дете или не. Во тој поглед ве поддржувам. Меѓутоа, оставате ги родителите кои што сеуште немаат донесено одлука, истата да ја донесат откако претходно ќе се информираат најдобро што можат. Не напнувајте. Yarre ова посебно се однесува на тебе, сум те приметила често низ темава, многу напнуваш.
     
    На mimiiiii, girl-miri и rainlover им се допаѓа ова.
  2. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    girl-miri и emiljamak,

    Да не сте ја промашиле темата ? ;)
     
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Јас и емилија сме пишувале во врска со вакцини во ова тема.
    За што мислиш поточно?
     
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.758
    Допаѓања:
    141.727
    Јас сум ЗА вакцините. Нема ништо досега потврдено со докази дека вакцината е штетна. Факт е дека некој реагира на неа, но подобро е да има детето температура, која секој родител може да ја контролира и ако се покачи, да инревенира на доктор, отколку да си го остави детето понатаму, невакцинирано, да умре од некоја глупа болест.
    Никогаш, ама баш никогаш нема да верувам во баби, водителки на телевизија и платенички за тоа дека вакцините се штетни. Каде беа они кога се креваше паниката за птичјиот и свинскиот гри? Први во редовите за вакцинација. Повеќе верувам во доктор кој 12 години учел за тоа, отколку на водителка на вести.
    Според една докторка, сите последици кај децата настануваат поради реакција од вакцината со покачена темпаратура. Ама дел од родителите не ја третираат температурата, чекаат сама да помине, да помине со мачкање, наместо да одат на лекар. Од температурата се појавуваат сите понатамошни проблеми.
     
    На honey-bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  5. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Темата има јасен наслов, нели ?
     
  6. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Ако земеме дека вакцината не е гаранција за превенција за одредена болест, со оглед дека истата можат да ја задобијат и вакцинирани и невакцинирани, поентата на учинковитоста на вакцината се доведува во прашање. Секако дека гаранција нема на ништо, и вака и така. Ама со вакцините се добива плус, можност за катастрофални последици. Ако не ја читаш темата од почеток, каде што доста од работите се разглобени, моето прашање е дали бркајќи глувче, може да ни дојде слон.

    Секако и од секој лек може да има несакани последици. За жал не се прави граница помеѓу лекови и анстезија и вакцини. Лековите лечат болести ( или барем така се декларираат и повеќето помагаат во санација на проблеми од болести ) додека вакцините под велото на превенција, заразуваат организми и ги прават истите, дур се живи, да се борат. Во таа целоживотна борба на организамот, неретко збунет, како една комплексна единка, почнува да се бори против самиот себе. Од тука потекнуваат автоимуните заболувања.
    Јас веројатно напнувам, ама напнуваат и оние кои ја протежираат вакцинацијата. Сите полемики за или против се некако по правило такви - напнати. Сите ние сакаме најдобро за нашите деца, и веројатно од таму доаѓаат ваквите „напнувања“.
    Информирањето на родителите итекако е битно, и покрај стандардниот пружи раче боц вакцина ( неретко и не се знае за што е ) и после реакција - „фала богу само температурче“ постојат и други недајбоже состојби кои произлегуваат од вакцината. Затоа и предложив, секој родител барем да прочита од ливчето на вакцината што може да му се случи на детето, барем работите кои ги пријавува самиот производител.
    Темата има јасен наслов, нели ?
     
  7. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.423
    Допаѓања:
    8.590
    Пол:
    Женски
    Дали јас убаво прочитав(се однесува на болдираното) :x???
    А со невакцинирање што се добива, единствена можност е лесна настинка изгледа по твое...
    Па со невакцинирањето може да дојде до смртни последици, смртни.Мислам и дека нема потреба да коментираме на таа тема општопознато е, за многумина.
     
  8. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Темата има јасен наслов, нели ?[/quote]


    Да,сепак пишуваме во врска со темава,не би отвориле друга само за едно прашање кое и тоа е поврзано со ова тема*вакцини* :)
     
  9. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Нека не ги вакцинираат!
    Тие се стручњаци,ма какви доктори,секогаш има некој попаметен,поаѓајќи од тоа-дипломата не е гранција за знаење.Не е гаранција за еден,друг,трет.......и така по ред.
    Ви се восхитувам просто.
    А знаете ли колку штета можете да им нанесете на другите,освен на вашето дете секако?
    Знаете ли дека многу бремени жени не смеат да дојдат во контакт со сипаници затоа што последиците по нивниот плод се фатални,а повеќето и немаат прележано морбили.
    Знаете ли дека ако некој е хронично болен нема да може да ја преживее болеста?
    Ма знаете вие многу,ама тоа што не треба го знаете.Епидемијата се шири за вас тоа не е ништо,па макар им се одразило на другите.
     
  10. kamilica

    kamilica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    36
    Сосема е јасно кој момент сака да го долови yarre,дека и да си вакциниран пак можеш да заболиш од болеста,бидејќи вакцините не даваат траен имунитет и ако воошто заштитуваат тоа е неколку години,а не доживотно,па тогаш логично зошто би ставале вакцини во кои има штетни состојки,кои пак повлекуваат други страшни болести.Воедно останува вакциниран или не за одреден период подеднакво може да заболи и вакциниран и не,останува само Господ да не чува.
     
  11. lepadama

    lepadama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Да ви кажам долго време ја читам темава и сеуште не ми е јасно како може некои индивидуи да ви влијаат на вашто размислување како родител?
    Се чудам како може толку лековерно да потклекнувате на нечие мислење и размислување и постојано да ве убедува со девизата дека вакцинирањето е опасно,смртоносно и сигурно е заговор против светот.
    Мислам,не сакам никого конкретно да навредам,јас почитувам спротивни ставови на секоја тема,но очигледно некои не почитуваат туѓо спротивставено размислување кое се коси со нивното.
    Јасен пример за тоа и во оваа тема ми е Yarre,кој на секој пост и одговор ДА за вакцинирањето мора да даде свој контра став и разубедување,мислејќи дека со тоа,родител кој одлучил да вакцинира ќе го отргни од таа замисла.
    Друго што сакам да кажам е дека ова со Невакцинирањето е дојдено до таков степен на глупирање,за мене беспотребно истакнување и фалширање на нови догми и прописи во историјата на човештвото.
    Вакцинирањето како превенција од заразни болести,постоело и сеуште ќе постои,без разлика дали на некому му се допаѓа тоа или не.
    Зошто на крај краева јас како бремена да имам страв од невакцинираните,можејќи да ми пренесат заразни болести кои би биле фатални за моето неродено дете?!
    Заради новата мода на X индивидуи,јас треба во широк лак да ги одбгнувам малите невакцинирани деца.
    Друго што сакам да кажам е дека гледам најчесто овие модернизираните мајки и татковци кои јасно и јавно ги плукаат докторите и како они не веруваат во медицината,зарем истите тие ќе ме едуцираат околу здравјето на моите деца?
    Мислам ок е да прочитам на google 5 симптоми или исход од болеста,но тоа мене автоматски не ме прави доктор или едуцирана во медицината.
    Ако било да биди така немало да има потреба воопшто од медицина и сите ќе си изигрававме доктори,самите лечејќи се со ајдучка трева или чај од камилица.
    Гледам во последно време голем број родители,што од мода,што од незнаење децата ги направиле како стаклени,како вештачки.
    Самите родители си го комплицираат својот,а и животот на своето дете со забрани од секаков тип,пример оваа храна не оди со онаа,небулози околу вакцинации,лекарства,социјализација,едукација,па после се чудиме од каде доаѓаат пореметени хормони,нови болести и др.
    Мислам добро е секој родител да си води грижа за своето дете,но не по цел да се опседнува со истото,заради што е во мода,дај малку олабавете и оставете го детето некогаш и да игра на подот,да се лизне или да падне,во најлош случај и да јаде смоки,зашто во ова унифицирано и униформено време со овие нови опсесии децата се како роботи.
    Имам уште многу да говорам на оваа тема,но не сакам заради препукувањата кои станаа секојдневие.
    Поздрав !
     
    На baby-star, danielka0507, nene88 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    1. Ајде да разглобиме, каква штета може да имаат вакцинираните ?
    2. Како хронично болен е загрозен ?

    Што знаеме ние, а не кажуваме? Ајде по ред да видиме како тоа би се одразило на другите.


    Со оглед дека мислењето на lepadama доста воопштено, ќе го разглобам на делови.

    Веројатно почнуваат да размислуваат малку и самостојно, да се информираат и за другата страна на медаљата. Можеби размислувањата на „глупавите“ како мене, е само тригер да почнат да се интересираат малку повеќе.

    Не гледам убедување во гласно размислување. Ако ти тоа го гледаш како убедување.....

    Почитувам, јас никогаш на пример не сум коментирал кога некој тука рекол, ја ке си го вакцинирам детето. Форумот е дебата, на различни размислувања нели ? Ете, образложи го твојот став во целост па да размениме ставови. Ти имаш став ? Ајде да го чуеме.


    Не! Веројатно јас сум по маркантен во темата, а има доста и од оние кои едноставно не пишуваат само пратат и се јавуваат одвреме навреме. Да, многу родители се оттргнати од таа замисла, некои дури и пред да им се родат деца, и да некои за тоа се благодарни, не на моите постови, слепо следејќи ги, туку поради иницијативата повеќе да се инфоримираат пред да донесат одлука, која за жал ако настане последица е касно. Познавам и такви родители.


    Глупирање? Човештво? Мене не ми е глупирање ако некој сака на различен начин од масата да го заштити своето најмило. Еволуција на човештвото? Укинати се вакцини кои со децении предизвикувале рак. Што со тие во меѓувреме ? Пред некој ден укината ревакцина ?

    Абе постоеле и други догми. Постојала и препораката за пушење цигари, од истата таа СЗО, во педесетите години.

    Стварно зошто ?

    Дали тие деца се лепрозни? Објасни ми практично зошто би ги заобиколувала ?

    Кој плука по докторите ? Има и доктори кои со различен став, од стандардниот стереотип, а уште повеќе доктори кои криечки го кажуваат својот негативен став за вакцините. Само да не бидат јавно прогонувани од „фелата“ поради нивниот различен став.
    Никој не бара да се едуцираш од никого, но можеш да се инфомираш. Ставовите против вакцините се од доктори, а не од молери ( се извинувам на молерите ). Работата е дали сакаш повеќе информации да собереш пред да одлучиш.

    Не. Не те прави доктор, но тоа некогаш е предност.

    Некои работи се решаваат со ајдучка трева и камилица. Некои од подоблесните доктори тоа и ке ти го препорачааат, во замена за непотребни медикаменти, за конкретна ситуација.

    Пореметени хормони, нови болести ? Здравјето влегува на уста. А превенцијата никако преку игла.

    Моите играат на подот, ама тоа нема врска со вакцините, јадат и смоки и чоколадо, и тоа нема врска со вакцините.

    Никако, ајде да разговараме. Немора да различните ставови се препукување.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
  14. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
  15. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
  16. D-Bjanchi

    D-Bjanchi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    31
    Ако заболено вакцинирано дете ти пренеси заразна болест таа ќе е понеризична отколку ако ја носи невакцинирано?
     
    На yarre и Glasna им се допаѓа ова.
  17. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Мислам дека секој родител кој одбива да го вакцинира своето дете треба да биде прекршочно санкциониран( што и во некои земји е пракса).
    Како прво живееме во колективно општество и таквиот начин на живот повлекува и соодветни обврски кон истото.Не живеете сами па што ке ви текне да правите.Не е проблем ако сакате така,бујрум ете купете си сами една куќарка на сред планина и како сакате одгледувајте си ги децата.Но се додека ги користите правата од општеството и ги пракате во градинка или школо со останатите деца,има да ги почитувате и колективните правила.
    Какво е тоа еднострано размислување-јас сакам така и што ми е гајле за другите?
    Кога ке дојде ред да се оперирате не ви сметаат евентуалните нус појави на анестезијата,гледате да си го спасите животот.
    Колку и да пробам да му дадам шанса на ваквото размислување,досега со научни факти никој не ме разубедил.
    Ова особено се однесува на мислењата на YARRE,не свакам што е со одговорањето на прашање со прашање????Извини ама мислам дека сепак немаш одговор на многу прашања,а пропагираш комплицирана тема.
     
    На baby-star и andromedae им се допаѓа ова.
  18. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    [​IMG]

    Сина Боја - Земји со незадолжителна вакцинација
    Сино Бело - Земји со понекои вакцини задолжителни
    Црвена - Земји со задолжителна вакцинација
    Црвено Бело - Поедини области од земјата со незадолжителни вакцини.
     
  19. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.423
    Допаѓања:
    8.590
    Пол:
    Женски
    Никој кој е против вакцинација нема конкретни факти, нема конкретни причини да приложи кога почнува да се зборува на таа тема, па ни самите доктори кои го подржуваат овој тренд.Гледав една емисија во која докторката вели: па да моето дете е вакцинирано, но јас пред неколку години не бев толку информирана и начитана.Мислам...немам коментар.Кога една докторка нема конкретни факти што осанало за другите.

    Така да секој коментар е неоснован базинар на претпоставки,некој си модернизам и своеглавост можеби до некаде.
     
    На nadja.d му/ѝ се допаѓа ова.
  20. D-Bjanchi

    D-Bjanchi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    31
    Ќе ме извиниш, вака неповикана што ќе се вмешам, НО...
    И кај нас прекршочно се санкционираат родители - невакцинирачи, но ако тој родител плати парична казна и сепак не го вакцинира своето дете, дали тогаш тоа ќе биде помала „опасност“ за околината?
    Ако вашето дете го сметате за државна сопственост и ако ви треба некој друг да ви наложи како да го одгледувате, има родители кои се „одважиле“ да си ги сметаат децата за своја приватна сопственост. Бидејќи сами ги створиле, им обезбедуваат се што им е потребно за живот, приватно плаќаат здравствени услуги, не се на никаков товар на државата, а според тоа не ни зависат од неа, одлучиле, како што и самиот Устав на таа држава налага, да си го искористат правото на избор.
    Еве јас барам да се казнуваат прекршочно мајки кои можат, а не ги дојат своите деца, со што им го ускратуваат свесно природниот и најпотребен имунитет (антителата на мајчиното млеко ни една наука не успеала да ги синтетизира).
    Исто да се казнуваат оние кои ги хранат своите деца со готова, фабрички обработена храна, од сомнително потекло, бидејќи на тој начин им го нарушуваат исто природниот имунитет, а со тоа се подложни на чести настинки и заболувања и претставуваат опасност за сите останати.
    Исто барам да се казнуваат родители кои не ги научиле своите деца на елементарна хигиена. Дете кое не мие раце пред и после јадење, после вршење на нужда, за мене е најголема опасност.
    Исто барам да се казнуваат родители кои за свој ќејф, независно какво е времето, ги влечкаат децата надвор, па тие онака кревки се разболуваат, па ги шират своите болести кај ќе стигнат.
    Нека се казнуваат и оние кои своите вакцинирани деца ги шетаат по гости, на денот на примање на вакцината, поради тоа што во нивниот систем тогаш врие од ослабени (или не, сеедно) вируси, кои пример во X услови може да доведат при допир на измет со отворена рана кај друго лице, да се заболи да речеме од полио.
    Сите овие родители ги ползуваат правата на државата, па според тоа се обврзани и да ги чуваат своите деца здрави, или здравјето доаѓа само со вакцината?
    Вака можеме уште многу, нели?
    И уште ова. Како тоа ги мешате тезите и велите дека тие не ја ценат медицината, па кога се за операција не мислат на ништо туку само да се спасат. Па, токму дека ја ценат решиле да ја практикуваат на поинаков начин. Имено, напредокот на медицината овозможил болестиве од кои се вакцинира да се лекуваат на релативно лесен начин. Всушност, евентуалните компликации од нив. Затоа што вирусните заболувања се лекуваат генерално без некоја терапија, нели?
    Имунитетот се гради, а не се создрава вештачки. Лош темел, никако неможи да биди основа за добра куќа.
    П.С: Најнова реклама на Mc'Donalds гласи:Immunize for healtier life. Па, ако имаше свест, совест и правда на светов, ваквите ланци на ресторани ќе беа забранети со најстроги казни доколку некој се осмелеше да ги отвори. И кога машина за производтво на нездрави генерации ќе ја пропагира имунизацијата за подобар живот, паѓа во вода секој напор да се оправда, дури и со најиздржани (според некои) студии.
     
    На macy28102012, bebaa, Sunshine3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.