Прекршочни пријави беа поднесени против родителите кои не ги вакцинираа девојчињата од ХПВ,бројот беше јавно објавен за минатата година,за другите вакцини доколку не се лажам не се објави бројка. За останатото,било која казна ,односно стравот од неа делува репресивно,затоа и се предвидуваат во општествата(доколку ги нема би настанал хаос).Ако некој сака да плака казни,бујрум.А што треба ,да се тепаат ако не им делува прекшочната казна?Од каде таа храброст пак што сакам ке правам?И некој возач секој месец го казнуваат со 300евра и тој пак исто ,па исто,но дали тоа е во ред?За споредбите нема крај. По ова треба да заклучам дека оние поборниците за вакцинација не ги хранат своите деца здраво,не ги дојат или внимаваат на хигиената итн...За што споредбите? Децата не се државна сопственост,а не се ни приватна сопственост.Не знам од каде вакви зборови,ниту алудирав на такво нешто,потсетив на обврските кон општеството кои ние 95% ги почитуваме,а останатите5% сметаат дека не се должни ниту под присила на санкции.Прочитајте го убаво Уставот пред да го коментирате правото на избор(гледам не ви е блиска таа област). И во ниеден момент не реков дека тие не ја ценат медицината,тоа е широка област и од каде извадивте такви зборови не знам,зборував за нус појавите од анестезијата.А и како тоа не сватив на инаков начин тие ја практикуваат медицината? Па настанатите евентуални компликации од некое вирусно заболување како се лечат?Не дај боже да стигнете до тоа,ке ги нашибаат со огромна доза антибиотици,а како реагира кревкиот организам на детето на тоа,ке лежат недај боже на инфективно,зошто?Затоа што вие не сте сакале да ги вакцинирате.Мислите дека тогаш добро сте им направиле?Би застанала тука ,како што и двете заклучивме споредбите немаат крај.
Основната лекција по биологија - Како човечкото тело се справува со болестите. Секое човечко тело кога ќе дојде во контакт со одреден вирус пробува да се избори со него. За секое вирусче си има посебни анти-тела. Со вакцинацијата човечкиот организам „учи“ кои анти-тела треба да ги создаде за да може да се избори со одредениот вирус. Е, сега, во случај кога човекот е вакциниран - организмот веднаш знае кои војничиња да ги пушти да се тепаат. Кога не е вакциниран се труди да препознае и да сконта што треба да направи. Додека да се произведат потребните анти-тела организмот повеќе ослабува, односно, читај погоре, побавно и потешко ќе се избори со болеста.
Кога ќе боцнат вакцина за најмалку 3,а сега актуелните 5-валентни т.е за 5 болести,незнам кои војничиња ќе одат во прва,па во втора,трета итн. борбена линија,мислам дека тогаш повеќе се збунува организмот,отколку кога е заболен само со една болест и се бори со неа.
Се сретнуваме и вбризгуваме не е исто. Немам ништо против вакцина,која ќе биде безбедна и 100% ќе те заштити од болеста,ама за сега таква нема.
Тогаш не би било проблем кога прв пат ќе се сретне со вирусот на одредена болест да си создаде соодветни анти-тела, не? Или ако „нема научено“ пред тоа, ќе падни на тој испит? Малку контрадикторна теза за оправдување на вакциниве. И се согласувам дека нападнат во исто време од 5 различни вируси, само ќе се создаде дополнителна збрка за тоа кои се анти - тела треба да се активираат. Така да, твоево тврдење неоспорно води кон поддршка на изборот да не се вакцинира, токму поради она што ти го наведе како позитивна страна на вакцинацијата.
Сепак ова треба да го појаснат стручни лица, кои студирале и имаат искуство со тоа... А интересен е фактот што yarre има отворено профил само за оваа група...
Ваљда затоа што тоа го интересира, Јаре ни е општо познат на сите дека се бори со нас на темава, ништо чудно и страшно. Подобро само на темава да пишува некој квалитетни мислења отколку и кај што го збира и кај што не го збира. Јаре палци горе
Почитувам мислење неважно дали е за или против од било кого на форумов, бидејќи неважно дали вакцинираш или не мислам дека секој родител го сака најдоброто за своето дете и затоа носи одлука и формира став во врска со вакцинацијата. Но кога ќе се појави лик кој што мисли дека треба да се санкционираат родителите што не вакцинираат заради Herd Immunity или ако сакате имунитетот на стадото, или едваи чекаат да се појави епидемија на морбили и да ти кажат: е сега ќе ве видиме - ми се крева коса на главата. Навистина незнам кој сеуште верува во имунитетот на стадото и магичните 95% кога се знае дека примената вакцина и заштитата од истата трае од 2 до мах 10 години, и кога знаеме дека последната вакцина кај нас се прима на 18 години, тогаш целокупното население кое има повеќе од 28 години максимум веќе не е дел од стадото, уште кога на тоа ќе додадеш дека вакцината има 50%/50% шанси да создаде заштита тогаш такви ликови со толкава доза на душебрижништво навистина не ги можам.
Бидејќи индиректно ме повика,морав: HERD IMMUNITY?????Жити се?????Од каде дрскоста за овој назив-терминологија,значи сите ние кои сме вакцинирани и ги вакцинираме децата сме дел од едно големо стадо,а каква е дефиницијата за останатите,ти се молам?Избраните ,посебните,како? Не знам и како почитуваш туѓо мислење(со оглед на фактот како си го почнала постот),за веднаш да почнеш да го именуваш мнозинството со стадо,навредувајки и повторувајки го зборот неколкукратно.Слободно кажи си го мислењето,но те молам не ги навредувај останатите со друго мислење. Душебрижник воопшто не сум,си ги кажав моите ставови,со оглед дека во последно време од рекла казала многу млади мајки како еден вид помодарство прифакаат тези за кои многу малку се едуцирани.Се пишува се и сешто на интернет,но никој со исклучок на Г.Велков не излегува на државна телевизија со факти и студии се да објасни,кај се тие доктори,зошто стравот?
Oblace1, Напротив, факти има многу, а за жал повеќето од нив се со очаен резултат. Очаен по вкупното здравје, но и очаен по здравје на поединци каде настануваат трајни проблеми. Е сеа, проблемот е колку си спремна да ги видиш фактите. Ете на пример, објасни си самата, зошто картата дадена наназад за задолжителноста е таква каква што е. Обасни си ( или барај доктори сеедно ) да ти кажат зошто во Америка нема вакцина за ТБЦ, а нема ни болни од ТБЦ. Објасни си зошто не е направена студија за карценогентост на билокоја вакцина, кога, од слободно информирање ќе видиш дека состојките на повеќето се ДОКАЖАНО карценогени. Значи не е дека нема, има колку сакаш, се работи до личната перцепција. Прекршочни пријави точно е дека се поднесени за родителите кои одбија да ги вакцинираат своите деца за ХПВ. Но, зарем не знаеш дека бројката е очајно мала во однос на масовноста на одбивање на токму оваа вакцина ? И ситемот тука греши ама и признава. После укинувањата на оваа вакцина ( непроверена како и другите ) кај многу земји во светот, почнаа да се палат ламбичките во главите на луѓето. Па оваа катастрофална вакцина ја прават истите оние кои ги прават и другите. Децата се одговорност на родителот/старателот до полнолетство. Крај на прикаската. Другиот дел од постот не ти го разбирам. nene88, Интересни ми беа часовите по биологија. Ова што го кажуваш е она што јас и ти треба да го научиме на часовите. Но дали секогаш од тоа што си го учела било така, и дали некои работи и еволуирале. Ова со војничињата е интересен пример, ама вистинската битка се кали само во директна борба со непријателот, а не со вежбање на играта „сакате ли војна“. Единствениот начин е само и само прележување, за жал, а се останато е добра приказна. За мали и големи. Неретко ( во некои случаи и 50-50% ) заболуваат вакцинирани. Како тоа, па нели војничињата ги знаеле лошите чичковици. Не се нашите организми толку лесно објасниви, ни за нас ни за современата медицина, ама играње со природата ни носи овакви идиотизми и автоимуни заболувања. Благодарам за интересот за мојата маленкост, и сурфањето по мојот профил. Јас ги почитувам правилата на форумот, и имам право да пишувам само каде што јас сакам. Смеам ? Да ама од мултитаскингот неретко се кочи процесорот, а неретко паѓа и системот... Погрешно се палиш. Земи преведи ја синтагмата од англиски на македонски, и ќе видиш дека дури и во Македонската литература е токму тоа. Тој израз го користат пропагаторите на вакцините да се оправдаат кога неучинковитоста ке излезе на виделина, па демек ете, паднал процентот „на стадото“ и оп дошла маца на вратанца. Зошто стравот? Па ке им лета лиценцата у најмала рака бре. Немораш да бараш лекари само од Македонија, а ги има подоста кои се против. Гледај малце надвор, и тие се доктори, магистри научници. Работата е како и кај колешкава твоја погоре, дали сакаш да видиш, и дали можеш да дофрлиш.
Г-го Yarre(ке извините не можам да ви се обратам во машки род,бидејќи очигледно не сте), Читајки ги вашите постови овие стотина страни,не можев а да не го забележам вашиот специфичен српски нагласок,кој иако се обидувате да го скриете,се приметува. Мислам дека на сите веке ни е познат вашиот идентитет. Во однос на другото,не се однесуваше на вас ,па не знам што вие се палите.А и сами потврдивте дека во Македонија нема такви доктори.За каква колешка зборуваш не знам,а и не е битно.
Како би се чувствувале вие, кои поради сурфањето на нет и убедувањето од Јанко јади бурек, не сте си ги однеле децата на вакцина и ви се оболат од болеста за која не ги вакцинирате, НА ВАШЕ БАРАЊЕ? Ке речете, Јанко така рече? Или не сакав да бидам дел од перењето пари на големите фармацевски светки компании? Како ке и објасните на керча ви, со ХПВ, ЦИН или рак на грло на матка, дека сте мислеле дека е џабе вакцината? АКо ви биле интересни часовите по билогија, не значи дека сте експерти и попаметни од докторите чија струка е тоа. Ова не е прашање само на вашите деца, на крајот на краиштата. Вашето одбивање прави пострашни последици, за сите. Јас не би можела да живеам со вината детето да ми умре оти сум била инат и не сум го вакцинирала. Сепак, ако некој сака да ризикува, слободно. Нивни деца, нивен живот.
Сакам една работа да им кажам на оние што се удираат во гради ЗА вакцинација: Јас бев една од тие мајки што вакцината ми беше нешто што мора да се прими, и си го носев детето точно на датумот кој ми рекле и без да прашам што му ставаат. Инаку тогаш за невакцинирањето не се разговараше вака јавно како сега, имаше некои теми по форумиве кои не ги ни отаварав, и баш се сеќавам си викав - ајдее сега и вакциниве не им чинат..Така моево дете ги прими сите вакцини до ММР, вклучително и таа.. Фала богу без никакви посериозни последици, освен 6 саати плачење-вриштење после една вакцина (незнам која) и два дена после неа приметив топче на вратот, кое и ден денес после Х години си го има. Ако се сеќавате пред 3 години овој период имаше наводна епидемија од мали сипаници, и имам една комшика која е негувателка во една од градинкиве во СК, и во муабет за сипанициве таа ми кажува дека кај нив во градинка имало само 5-6 (не се секавам на точната бројка) невакцинирани деца и дека сите до едно се деца на доктори. Е сега ај сите вие што сте ЗА вакцинирање да ми кажете зошто од цела градинка невакцинирани се само децата на доктори??? Е јас тоа се запрашав и почнав да читам и да истражувам околу тоа, и јас повеќе не вакцинирам! И никој доктор што ќе го прашате нема да ви каже, да нечинат вакцините, ама нивните деца или не ги вакцинираат или ги вакцинираат на клиника со прочистени, не ко нас обичните смртници! Зошто ако кажат нешто против, или ќе летаат од работа или ќе ги чешлаат инспекции, па мудро си молчат.. Имав и јас една случка на имунологија, сестрата што боцка му ја става вакцината на детето, а пред тоа разговаравме кога да дојдеме за следната, и ми шепка за да не ја чуе докторката да не доаѓам по еден месец за следната туку после тој и тој датум, и јас зачудена прашувам зошто? Таа само ме прекори со очите да ќутам и не ми кажа зошто, ама од муабетот беше јасно дека тие што ги имаат пред тој датум не се добри, а после ќе им стигнат нови.. Јас и бев симпатична па ми кажа кога да дојдам, а што е со тие што дошле пред тој датум? И престанете да ги напаѓате тие што не вакцинираат, секој го прави тоа што мисли дека е најдобро за своето дете, не играм јас рулет со животот на моето дете! Јас никого не убедувам да не вакцинира, но се радувам за секое дете што ќе чујам дека решиле да не го вакцинираат, што на моја среќа е се почесто.. А вие што ги вакцинирате, продолжете си со тоа што вие верувате, и така нели вакцините ви ги штитат децата од болестите, за моето дете има кој да се секира..
Да, таква сум јас лекомислена, ако доктори не вакцинираат не вакцинирам ни јас.. Само овој коментар го имаш на мојот пост? А зошто не ми одговори со мислење на прашањето, зошто само деца на доктори не беа вакцинирани? Ако прочиташ уште еднаш погоре што сум напишала, реков тогаш кога дознав за тоа се заинтересирав и се запрашав зошто е тоа така и тогаш почав да читам, истражувам, разговарам за вакцинирањето.. Пред тоа воопшто не ни бев запознаена со другата страна на вакцинацијата. И уште нешто ќе кажам, многу родители што вакцинират си мислат "тоа нема да му се се случи на моето дете", ама и 0,001% на несакани последици е сепак веројатност, и никој од нас незнае дали во овој процент ќе влезе и баш моето дете.. Јас нема да ризикувам! Јас кажав што имам да кажам, натегањава на темава за или против идат до бескрај, мене тоа ме замара, отварам повремено да ѕирнам што се дискутира, ама јас мојата одлука одамна ја донесов, секој нека си прави како што смета дека е најдобро..
Не знам па во моето опкружување сите доктори,вклучувајќи и мои колеги сите до еден си ги имаат вакцинирано децата
Ако со вбризгување на ослабен вирус организмот не може да се справи, зошто мислите дека би се справил со вирусот кога напаѓа at his best? Инаку ниедна вакцина не гарантира дека вие ако сте вакцинирани сте 100% заштитени од заболување. Само дека полесно ќе се справите. Инаку, после овој пост се одјавувам од темава. Не можам да читам како Јаре се расправа со секој што не му е истомисленик. Јас сум ЗА вакцинација, еве, баш денес примивме Дитепер и ХиБ и тоа баш на датумот на којшто ни кажаа. Ниту температура, ниту некое посебно плачење. Ставаме облоги и тоа е тоа. Имам и доктори и дефектолози и логопеди во фамилија. Не може ништо на светов да ме убеди дека не треба да вакцинирам дете, или, според мене најголемата глупост, дека последица на вакцина е аутизам.
1. Рак, и болести постоеле и досега кога сите ние и нашите пред нас се вакцинирани. Ова со невакцинација, започнува сега. 2. Ти си кукавица, зошто полесно ти е детето/личноста ако се разболи вината да е на нешто друго, отколку на себе, бидејќи ти си о вакцинирала и си направила се што можело да се направи!? 3. Каква врска има Јанко или некој друг? И тоа што бил паметен по биологија? Едноставно постојат луѓе кои се интересираат подалеку од обичниот човек, и ако ја развијат својата интелигенција може многу да дознаат, па да бидат попаметни и од тој чива струка е тоа! 4. А, како се чувствуваат родителите чии деца се разболеле или добиле аутизам, кои како тебе морале да ги вакцинираат децата? Па, дури и да е ова една од причините (или единствена нејзина) зошто, мала причина е ??? Па, најголема причина е кога гледаш дека докторот не ги вакцинира децата !!! Најдобар показател е дека нешто не е во ред, нели !!???