Прво, за рак спомнав за рак на грло на матка, ако твоите претходници биле вакцинирани од ХПВ вирусот кој е предулсвов за рак на грло на матка, браво, пред времето се едно 50 години. 2. Не можеш мене да ми кажеш кукавица. како би ме нарекла ако поради нечија пропаганда ми умре детето оти не сум го вакцинирала? Глупача? Ако е така, тогаш подобро кукавица со здраво дете отколку интелегентна глупача по гробишта од некој смешна болест. 3. За мене доктор специјалист секогаш ке биде повеќе во право од некој што гуглал на интернет. Првиот 12 години УЧЕЛ вториот сурфал непроверени извори и пропаганди. 4. Те молам со докзи кажи дали децата добиле аутизам од вакцина, од тоа што мајките не ги однеле на доктор кога има качиле темпратура или биле родени аутистични? Со оглед на тоа дека си експерт по аутизам, најверојатно си и дипломиран дефектолог, доктор специјалист по нервно и слично?
дефинитивно сите доктори ги вакцинираат децата...и сите се за вакцинација...еве јавно кажете кој доктор не вакцинира дете? Може наводната докторка Велков, која покрај невакцинирање, укажува дека човек може да живее само од гледање во сонце...и триста глупости..па по чему да верувам на некои такви, квази доктори...
Дебатирањето е ок, но малце е незгодно кога ќе "падне новото" но што е тука е, некој изнесува факти кои се корисни, а nadja.d бре вреѓа дрско при сопствена неукост за основната терминологија на темава и се палиш без потреба дури и на национална основа. Навистина сум тажна кога ќе прочитам коментари од типот мајките не вакцинираат од помодарство - виделе нешто на интернет или гледале Јанко и слично. Зарем навистина верувате дека еден млад родител на така неодговорен начин го формира својот став. Начинот јас сум доктор и сум над тебе и знам што е најдобро за тебе, можеби палеше кога имаше преселба село-град, но сега сме сите барем со основно образование и за задолжително може да сонуваат само. Но ако веќе барате да чуете-прочитате од доктор нешто за вакцините и зошто "не" побарајте го Dr.Russell Blaylock md неврохирург кој тоа многу добро го објаснува на следниов линк http://www.youtube.com/watch?v=7QBcMYqlaDs или побарајте негово дело објавено на http://www.pubmed.com на следниот линк http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/?ter ... l+blaylock Јас верувам дека македонските родителите неважно која страна ќе ја заземат се доволно интелигентни за самите да го оформат својот став во врска со вакцините, и едните и другите се информираат и го прават изборот за доброто на своите деца.
Па незнам дали Надја вреѓа , или претходно беше кажано дека мајките кои ги вакцинираат децата се стадо овци... Незнам колку сме тоа ние кои ги вакцинираме своите деца необразовани, непросветлени, стадо овци и што ти не...За жал драги феминки, ние сме само родители кои покрај тоа што читаат на нет (а таму пишува се и сешто), во предвид го земаат мислењето од докторите, пред се имунолози и педијатри, кои студирале, работат и имаат искуство во таа област, а не од интернет колумнистите кои пишуваат се и сешто на интернет... Моето дете кога качи 40 температура не отворив интернет да читам, туку веднаш како луда истрчав во Козле...Па дур не и ја спуштија, не заминав...Сигурно сите одите на лекар во такви ситуации и тогаш се тресете пред докторите , а по вашите сајтови знаете да вреѓате и секако со погрдни зборови да ги нарекувате докторите...
1. Вакцината за ХПВ баш за тоа е направена, за да создава рак на матка и јајници, стерилитет, итн. Затоа сите доктори не им даваат на своите ќерки да се вакцинираат. И затоа 99% од оние девојчиња кои ги познавам лично, одбија да се вакцинираат, согласно со нивните родители. 2. Каква пропаганда ??? Гледаш дека некои луѓе одат подлабоко, како во генетски модифицираната храна, лечење рак без хемотерапија, итн., и секогаш се докажуваат разни нешта кои медицината и профитабилните фармации НИКОГАШ не би ви го признале. 3. Денешно време секој може да заврши факултет. Татко ми уште на времето кога бил на факултет кажувал како има деца на познати семејства кои БУКВАЛНО БЕЗ УЧЕЊЕ и без појавување на испит положиле се !!!!! Затоа, не е точно дека ако некој е доктор знае и умее се. На сите факултети вооопшто ги има и оние кои учат и оние кои не учат, ама завршиле факултет. А, некој можеби не бил на факултет, но од разни места (не од твојот Гугл) стекнал и се здобил со многу поголемо знаење ! 4. За аутизмот, милиони статии, истражувања, имало, јас сега ќе ти докажувам тебе ??? Ако не сакаш не верувај !!! Но, не ги напаѓај оние кои ја бараат поврзаноста и кои стравуваат за своите деца !!!! Вака е лесно да ги нападнете мајките, но оние кои не ги вакцинираат децата не се несовесни и не знам какви, туку тоа се мајки кои се загрижени за своите деца, кои немаат доверба во здравството, општеството, итн. И затоа гледаат на свој начин да ги заштитат своите деца. Ова е јавен форум од анонимен карактер. Сите тука сме анонимни и КОЈА е причината да се кажува - докажува - спори - зајадува КОЈ - КОЈ Е ?????? Засрамота !!!!!! Темиве се за дебата, а не за да се правите инспектори и детективи тука да откривате туѓи идентитети и сл.
Pubmed нуди стручна литература од областа на медицината. Доколку вас ве вреѓа терминот "herd immunity" кој го користат докторите кои се ЗА вакцинација тоа е ваш проблем, јас сум вакцинирана и не се доживувам како овца. Различниот став не е причина за теткински муабети од типот "убаво и кажа... и го плесна у фаца", мислам дека дебатирањето на темава и различното размислување може само да ни донесе подобрување на постоечката ситуација. Доколку сите само климаме со главите, зошто некој од производителите би се замарал за нови истражувања во областа на превентивата, зошто би инвестирал во нови студии, зошто би се менувале здравствените системи кога и постоечкиот производ одлично се продава. Работите не би се менувале на подобро за сите нас.
СУпер, денес научивме дека од вакцините за ХПВ се добива рак и се умира. Дека докторите се неписмени. Дека кога повеќе луѓе и се спротвиствауваатна ставот на Силвер, одма имаат лажни профили. Силвер, еднаш рече дека сум кукавица, сега ме обвинуваш дека правам лажни профили. Личен проблем имаш со мене или толку знаеш да дебатираш штом лино навредуваш со постовите?
Значи да имаше барем малку прочитано околу вакцинирањето на англиски, досега 100 пати ќе го сретнеше овој термин кој се користи од тие што пропагираат за вакцинирање, а се користи и кај нас буквално преведен на македонски, и немаше вака да се палиш и навредуваш Еве за да не се срамиш другпат, прочитај за терминот доколку разбираш англиски: http://en.wikipedia.org/wiki/Herd_immunity
Ти благодарам многу,гледам и ти денес си го прогуглала терминот(со оглед дека во вчерашното мислење кон мене немаше поим за ова).Ете,и ти научи нешто ново.А,нели и да не се срамам јас. Е сега,не сум медицинско лице,но бидејки работам со десетици нови лица секој ден на доста одговорна работа,имам читано најразлична литература од сите аспекти па еве ке пристапам кон ова прашање од таа гледна точка. -Не ми јасно како пред 20-30год ,во социјализмот сите бевме вакцинирани со тогашните вакцини со далеку понесофистициран состав и посомнителен квалитет ,а бројот на аутистични деца беше далеку помал?Дали не мислите дека денешните услови во кои живееме ,пред се загаденоста со ураниум и што ли уште не како и нездравиот начин на живеење придонел кон тоа. -Второ од каде тие информации дека докторите во Македонија не си ги вакцинирале децата?Сте дошле ли еве конкретно во мојот град да видите,јас знам неколку кои си ги вакцинираат.Од каде ги извадивте тие 99% или незнам колку проценти,од ракав?Ви се молам,едно е да изнесувате ваши мислења а друго е да вадите бројки од ракав и ширите тешки небулози. -Трето,точно дека треба да ги шириме нашите погледи.И јас при еден здравствен проблем откако овде не најдов решение прибегнав кон интернет и си најдов чаре,но каде?На официјална страни на признаени клиники,со објавени официјални резултати признаени во нивните држави.А,не вака со гледање на клипчиња ,квази веб страни и читање на форуми.А што мислите кој ги спонзорира нив,дедо мраз???Нека излезе барем една почитувана држава со официјални истажувања и ставови и еве јас прва ке го порекнам претходно кажаното.Или уште ке се вадите на тоа дека фармацевтската индустрија не дозволува. -Следно, кои сте вие во име на сите доктори да кажувате дека тие се плашат да го кажат ова зашто наводно “лиценци ке летале“,не велам,можеби некој доктор дели слично мислење,ама во име на сите? Мислам дека со ваквиот нападен пристап нема да придобиете многу,а како што гледам и тие неколку останавте на темата.Секоја декада излегуваат некои нови заговори против човештвото,па нови и нови,но времето ке покаже се.Довидување.
Не ми се верува што пишуваш?! Значи јас ако слушнам од некого дека ете на некој му текнало да не си ги вакцинира децата,тоа за мене треба да биде ГОЛЕМА причина,за да и јас го променам мојот став? Ајде сакам да ми одговорите,доколку кај невакцинирани деца се појави аутизам,ме интересира на што ќе го препишете?
http://www.dnevno.hr/zdravlje/83232-dje ... losti.html http://zdravjenaiglanevleguva.com/2014/ ... %83%D0%BA/
И племињата во Африка немаат аутизам,сега треба и таму да им го бараме лекот? Ако тврдењата на докторот се точни што ги кажува зашто не ги изнесе на едно истражување да биде критикувано и да се види што е точно а што не?
И јас не знам како успеваш да донесеш толку погрешни заклучоци, дека „ние“ сме вакви а „вие“ сте такви. Даниелка, тоа се глупости. Сите тука сме добри родители и сите тука сакаме се најдобро на нашите деца. Темата тука не е кој е подобар родител, и јас не помислувам да се посомневам во твојата желба за најдборо. Не се ни сомневам во ставот на свекрви, прочуени доктори. Но ајде да не ги заборавиме и „оние“ доктори, кои до овој момент јас познавам вкупно 26 кои се изричито против вакцинација, а 11 се за одлука на родител. Зошто тогаш тие би се деградирале? Помалку учеле, бегале од часови? Зошто доктор кај нас на предавање за ТБЦ и посета на карантинскиот дел им рекол, џабе вакцината, само немојте диета да држите ? Нивната диплома не важи затоа што одлучиле да се издвојат од стандардното клише. Тоа што тие доктори ќе напишат на нет, тоа е „се и сешто“ ? Повторно воопштена глупост. Јас познавам доктори кои се прекрасни луѓе. Но дали дипломата секогаш мора да биде гаранција за нивната успешност и непогрешивост, а пред се надменост над другите ? Докторот постои поради пациентот, а не обратно. Барем така треба да биде нели? Скопје има вифи, Драчево - Фифи Машко сум, и засега сум старомоден по прашањето на промената на полот и потребите. Не е во темава, ама коа запињате еве, директ од изворот. -Одакле сте ви ? Ту из позади зграде.. .. Видиш, ја ете го памтам Тито, во чие време се изучуваше такозвани „српско-хрватски“ во 5то и 6то одделение, а културата се креираше на ниво на таа тогашна Југославија. Неке од емисија су биле на српском, део школског програма на хрватском, а јас ретко можев да најдам стрипови на македонски. Волим што воле и млади из Југославије, собирам салфетки и сликички од Супермен. Е да, сите предци ми се Македонци, али обожавам дружење чак и са Словенцима, док Босанци су ми најзабавнији. Па онда Квискотека. Особа А - Особа Б или Особа Ц(е) Те молам продолжи со идентитетското прашање, а на останатите се извинувам што морав да се објаснам во темата. Да, се добива, и да се умира, и да масовно се повлекува. Не ти је јасно? Ајде да ти разјаснам. Прво и основно имаше помал број на вакцини. Истите беа испитувани во Торлак во Белград, тогаш единстена лабораторија која мораше да провери се за Југославија и пиле не можеше да прелета. Таква лабораториа ( и воља за испитување) ние немаме. Таму се испитуваше, а сега се верува на прикаската на производителот. Не дека тие вакцини беа добри, туку беа ем помалку ем со помалку додатоци. Дали биле добри? Не знам, ама некако од нивното систематско воведување некако се повеќе фали популацијата над 50 годишна возраст, за да се доведеме до момент кога бебе добива дијабет после вакцинација. Дали влијае ураниумот? Влијае, влијаат и космичките зрачења. Ама можеме ли ние да влијаеме на нив? Не ? Сите ние еден ден ќе умреме, ама некој порано некој покасно. Вакцините и нивниот очај можеме да ги стопираме, ама зрачењата за жал не. Со тоа, ако ништо друго ке се потрудиме да ги намалиме факторите. Јас ПОЗНАВАМ доктори кои не ги вакцинираат своите деца. Еден од нив е еден од главните доктори во имунологија во државна. Дали ќе ми веруваш? Твој проблем. Дали ќе ги поделам со тебе нивните имиња? Секако не, поради нивната укажана доверба кон мојата маленкост. Пак се враќаме на поделби и табори. На „лоши“ и “добри“ лекари. Врати се наназад на темата, и едно поедно сврти ги сите линкови, кои обработуваат званични линкови. Информациите не се од “Треќе Око“ а клипчињата не се од бициклисти. Или тебе сите што се против вакцинација ти се бициклисти ? 3 пати ја читам реченицава и никако да разберам писателот што сакал да каже. Јас не барам доктор да ми каже мислење во име на сите, ми треба неговото докторско заедно со неговото човечко. Ова е сеа нов момент. Ќе ми дозволиш да мешам мало језике, јер је позабавно Многу луѓе од профилот на невакцинирачкото племе, едноставно нема живци да се бави со стереотипот на вакви ликови, кои основна задача им е да дознаат број на кондури (упс чевли се извинувам ) на соговорникот. Па ако е 43 добар е ама ако 40 ондак јок. Дали има заговори ? Има, дали се остварујат, воглавном не. Дали фатија шверцери на вирус на свински грип пред некој ден во Италија? Дали шверцерот работеше во фармацевтска компанија - Да. Јел ти мене разумијеш ? А ту си тицо. Се забринав. Ајде викај ја и менторката експерт. Немаат аутизам зошто им посејаа AIDS, немаат време они да развијат аутизам од вакцина.
Драга моја, нешто си збунета или си се помешала, јас првпат ти се обратив тебе денес, никакво вчерашно мислење кон тебе не сум напишала. Терминот мене ми е познат одамна, а го изгуглав денес за да ти дадам линк да си прочиташ, да не се жештиш непотребно кога некој во следна прилика ќе го употреби.. Друго, никој не рече дека сите доктори во МК не си ги вакцинираат децата, јас конкретно реков дека во една градинка сите деца што биле невакцинирани биле деца на доктори, и верувам дека како што има доктори што не вакцинираат има и доктори што вакцинираат. Ете тазе ми е прееска зборев со мој братучед кој што е хирург на клиника, никогаш не сум дискутитала со него на темава пошто нема врска со имунологија, и го прашувам го вакцинирате ли малото - он ми одговори да, немој да се зезаш со такви работи.. АМА му ставал од прочистените вакцини на клиника или си набавувал прочистени вакцини од Грција, и тука му ги ставаат, а јас колку што знам тоа не е дозволено, ама ете он така вакцинира.. И никој не збори во име на сите доктори, ај те молам не претерувај.. И да, точно е дека тие доктори што се против не го искажуваат својот став јавно затоа што тоа може да им донесе само проблем. Па каде живеете вие, гледате ли на кое ниво е демократијата во оваа земја? Неодамна на некоја од ФБ групите една мајка си ја пофали матичната докторка со име и презиме дека била многу либерална во однос на вакцините и дека дури и ја поддржувала во нејзината одлука да не го вакцинира детето.. Знаете што и се случи на докторкава? Ја сотреле од инспекции, една моја пријателка го носи кај нејзе детето и ми кажуваше.. Па нормално е после дека нема јавно да говорат, зошто да си го комплицираат животот? Но ако кај нас неможат јавно да се изјаснат, во други земји можат, и затоа не е лошо да се прочита нешто и на латиница
good read: http://www.thelancet.com/journals/laneu ... 3/fulltext Флуорид е добар,флуорид е во водата за пиење,доста години подоцна:флуорид е штетен,утнавме работа. Можеби е слична ситуацијата и со вакцините? Колку хемикалии има во вакцините? Како беше она...аутизмот е генетски? Сигурни сте?
Јаре зошто одбегнуваш да одговориш на моето прашање,доколку се појави аутизам кај невакцинирано дете,на што ќе го препишеш или едноставно сакаш да го одбегнеш прашањето поради одговорот кој и те како е познат дека вакцините не предизвикуваат аутизам,туку истиот се јавува уште во бременоста,а се манифестира кај детето околу 12-13 месец.
Абе генетика Секогаш генетика Се надевам виде како е правена студијата и од каде потекнува. А децата не знаме дали биле вакцинирани. А и коментарите на текстот одлични. Не гледам дека одбегнувам, можеби сум превидел. Ако е така се извинувам. Аутизам дефакто може да настане и кај невакцинирано дете. Екстремно ретко, ете гледаш по популациите кои не се вакцинираат - Амишите. Дали вакцина може да предизвика енцефалит ? Да, може и тоа пишува во ливчето на вакцината. Дали енцефалит е причина за аутизам ? Да, и тоа ти е јавно достапна информација. И сега релација ....... Хинт. Тригер. http://vactruth.com/2013/01/18/mmr-vaccine-causing-autism/ ИСПЛАТЕНА ОШТЕТА. Еве иначе како полека Хрватските лекари почнуваат да проговоруваат за нивниот став против. Се надевам дека нашите против ке бидат поттикнати јавно да кажат. http://udruga-kameleon.hr/tekst/6014/