Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    760 глас(а)
    76,2%
  2. Против

    237 глас(а)
    23,8%
  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јаре, капа ти симнувам на нервите кои ги имаш, по милион пати да објаснуваш едно исто, те исто на група зајадувачи, на која целта и е само да оди контра, зошто не умеат поинаку. :bow:

    **

    Вие кои сте ЗА вакцините, знаете ли што има во вакцините ? Какви се, од каде се, колку се безбедни, какви контраиндикации имаат ?
    Или вака напамет сте ЗА, ама грам поим немате што има во нив. |(

    **

    Има луѓе кои не сакаат некој да ги програмира.
    Сакаат да одат понатака во испитувањето, да сознаваат работи кои се кријат од јавноста.
    И тие луѓе дознале многу работи !!!

    Треба да ви е мило што постојат луѓе како Јаре и сличните, кои многу работи гледаат, ги даваат достапни на јавноста, да си ги отворите очите, но вие упорно мижите и браните нешто, што не знаете ни што !!!

    Штета што се малку луѓето кои не се претопуваат во мнозинството, кои размислуваат со своја глава, им работи интелигенцијата и дознаваат многу работи.
    Уште поголема штета што ова е сеуште табу тема во МК, а насекаде надвор не е вака.

    Толку.
     
  2. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    danielka0507 напиша:
    Незнам колку сме тоа ние кои ги вакцинираме своите деца необразовани, непросветлени, стадо овци и што ти не...За жал драги феминки, ние сме само родители кои покрај тоа што читаат на нет (а таму пишува се и сешто), во предвид го земаат мислењето од докторите, пред се имунолози и педијатри, кои студирале, работат и имаат искуство во таа област, а не од интернет колумнистите кои пишуваат се и сешто на интернет...


    И јас не знам како успеваш да донесеш толку погрешни заклучоци, дека „ние“ сме вакви а „вие“ сте такви. Даниелка, тоа се глупости. Сите тука сме добри родители и сите тука сакаме се најдобро на нашите деца. Темата тука не е кој е подобар родител, и јас не помислувам да се посомневам во твојата желба за најдборо. Не се ни сомневам во ставот на свекрви, прочуени доктори. Но ајде да не ги заборавиме и „оние“ доктори, кои до овој момент јас познавам вкупно 26 кои се изричито против вакцинација, а 11 се за одлука на родител. Зошто тогаш тие би се деградирале? Помалку учеле, бегале од часови? Зошто доктор кај нас на предавање за ТБЦ и посета на карантинскиот дел им рекол, џабе вакцината, само немојте диета да држите ? Нивната диплома не важи затоа што одлучиле да се издвојат од стандардното клише. Тоа што тие доктори ќе напишат на нет, тоа е „се и сешто“ ?

    danielka0507 напиша:Моето дете кога качи 40 температура не отворив интернет да читам, туку веднаш како луда истрчав во Козле...Па дур не и ја спуштија, не заминав...Сигурно сите одите на лекар во такви ситуации и тогаш се тресете пред докторите , а по вашите сајтови знаете да вреѓате и секако со погрдни зборови да ги нарекувате докторите...


    Повторно воопштена глупост. Јас познавам доктори кои се прекрасни луѓе. Но дали дипломата секогаш мора да биде гаранција за нивната успешност и непогрешивост, а пред се надменост над другите ?
    Докторот постои поради пациентот, а не обратно. Барем така треба да биде нели?


    Глупост...Незнам дали е глупост..Јас ги пратам Вашите сајтови ..Навакцинирани деца се поздрави од вакцинирани...Здравје од игла не влегува..ФБ профилите на Велков..така да многу добро го знам Вашиот начин на изразување и вреѓање кон докторие, како и кон оние родители кои ги вакцинираат своите деца...Во некој лош филм сте како вие сте најпаметни, просветлени, и сите кои не го подржуваат Вашето мислење ги нарекувате секако ...Имавте упад од една група студенти на медицина, и вие секако ги нарекувавте тие млади идни доктори..
    Така да мојата констатација не е глупост...Можам да констатирам дека сте добри перачи на мозок, и ги жалам оние кои потпаѓаат под вашето влијание...
    Да, дипломата не мора да биде гаранција, точно е дека има и лоши и добри доктори...Но не се тема докторите дали се добри или лоши...
    Еве ајде да збориме ,,за што велат најдобрите доктори во македонија за имунизацијата,,...
    Твојата прочитана литература за оваа област не ти дава за право да бидеш доктор и да переш мозок тука и секаде...
    Ајде излези на ТВ и зборувај јавно на оваа тема..Спротивстави се на мислењата на експертите...Кажи го твоето искуство кога ти си вакцинирал, што се случувало со твоите пациенти...
     
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Еве, освен напразно да пишувате само, и да ја споменувате Велков без причина, дали барем некој ја прочита статијава, и еве нека коментира за неа, да видиме... :)

     
  4. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Се си кажа докторкава во текстот браво
     
  5. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски

    Чим прочитам збор во нивните статии фармакомафии, јасно ми е се....Исчитани ми се златна овие недоречености...
     
  6. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    Се согласувам дека групите неважно дали “за”или “против” често ги напаѓаат членовите со различен став и размислување од нивното. Меѓутоа ова е форум кој секојдневно го читаат неопределените родители кои се во фаза на истражување, кои можеби за прв пат слушаат дека има и нус појави од вакцините за разлика од повеќе децениското учење (ма да тоа беше повеќе случај пред 5-10 години – кога немаше ТВ дебати на темава) и кои се сеуште неодлучни. И верувам дека нив не им требаат празни муабети кои само им го трошат времето(од типот дали сум јас Јаре или не), туку квалитетна дебата, квалитетни факти и информации за и против.
    Не мислам дека родителите кои вакцинираат се глупави, мојата најдобра другарка вакцинира јас не; а јас не се дружам со луѓе кои не ги ценам. И не се обидувам да им го сменам ставот на луѓето кои донеле одлука, ниту мислам дека луѓето треба да носат одлука врз основа на туѓите мислења туку врз основа на она што им е логично, она што им има смисла - со своја глава.
    Факт е дека вакцините содржат токсини.
    Факт е дека вакцините предизвикуваат нус појави и несакани ефекти за кои производителот не превзема одговорност – ниту докторот.
    Факт е дека вакциниран не значи и заштитен.
    Факт е дека непостои имунитет на стадото.
    Затоа нема смисла да го вакцинирам своето дете, во име на “општо добро” – заради тоа што така треба да создадеме стадо од вакцинирани, па уште и да ми кажат дека тие вакцини баш и не се ефикасни, па да ми се закануваат со казни ако несакам од вакцините што не гарантираат заштита, но гарант содржат токсини и ги вбризгуваат во моето што туку родено бебе, а истите ме советуваат дека до 6 месеци треба да биде исклучиво на доење, ни јаболко недавај но токсини директно во раче уште првиот ден може – вбризгувај се што современата медицина ти нуди. Не благодарам.
    Предлагам да го подигнеме квалитетот на дебатата, да коментираме сите квалитетна информација од одреден извор ако сакате, да изнесеме факти кои го оформиле вашиот став, без празни “ниски” муабети.
     
    На Silver.E и Glasna им се допаѓа ова.
  7. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.423
    Допаѓања:
    8.590
    Пол:
    Женски
    Инаку истата Велков го има вакцинирано своето дете и истата на прашањето зошто да не се вакцинираат децата немаше никаков комплексен и јасен одговор, освен не затоа што не, како и сите кои се против вакцини.Чисто информативно.
     
    На lepadama и baby-star им се допаѓа ова.
  8. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    И истата Велков нејзиниот син го запиша на Медицински факултет.
    Колку контрадикторни постапки?!
     
    На lepadama и StefChef им се допаѓа ова.
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Мамита, браво за твојот пост, многу совесен, карактерен и со висока свест напишан. ;)
    Камо повеќето да беа како тебе... :!:

    А, нив ги интересира кој е Јаре, што се запишал синот на Велков, и слични приватни работи, каде не треба да си го пикаат носот. Нели, секој за себе треба да си гледа. :x

    **

    Иако сум против вакцините, ги почитувам и оние кои ги вакцинираат децата, верувам дека мислат како го прават најдоброто за своите деца.
    Нели, сите ќе правиме тоа што најдобро го знаеме...
    Но, уште повеќе ги почитувам оние кои слушаат и се интересираат за штетноста на вакцините и е одат со сила со главата во ѕид.

    Да бидеме реални, и јас сега да имам деца, ќе морам да ги вакцинирам децата, зошто е законски, а не знам дали тоа би можела да го избегнам. Сепак, ги почитувам законите. :|

    Но, затоа треба да постои избор ! И жално е кога некој не сака да има ни избор !!! :fubar:
    Па, ако мене не ме интересира дали ќе си го вакцинираш детето, нема ни тебе што да те интересира дали моето е невакцинирано !!! :!:
     
  10. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Силвер молим те не биди и ти толку контрадикторна.
    Искрено лично мене воопшто не ме засега кој е Јаре,но не можеш да очекуваш дека јас или други слепо би и верувале на Велков,кога нејзините пропаганди не се совпаѓаат со нејзините постапки.
    Не можеш да очекуваш дека јас би и верувала на вашата Велков која ја плука медицината,а син и го запишува токму таму-кај истите по кои плука.
    Зарем не се запрашуваш зошто нејзините пропаганди се спротивни од нејзините постапки?
    Како да и верувам дека вакцините се навистина штетни,кога таа истата тие штетности кои ги пропагира за вакцините дозволила нејзиниот син да ги прими?
    Или можеби сега подоцна по 20 години ја разви сопствената свест,па и текна дека вакцините нечинат.
    Дај молим те?!
     
    На lepadama и oblace1 им се допаѓа ова.
  11. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Сега да треба да решам на кој факултет ќе се запишував, ќе одберев Медицина.
    Зошто треба да си медицинско лице, за да можеш да даваш алтернативни совети, а да не си нарекуван кадри лекар, бајач, врачар...
    Зошто постојат лекари кои се поинакви од стандардните, и кои школата ја имаат како еден вид безбедност за себе (сепак на лекар му се верува), и не ја застапуваат класичната медицина, туку даваат поопширни и посовесни методи на лечење. :)

    Пс. За Велков има посебна тема. Јас овде никаде не сум ја пишувала, па затоа не знам што воопшто ја мешаме.
    Или, реплицирај на некој кој пишува за неа.
     
  12. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Неретко не се сложувам со начинот на комуникација на поединци во групите кои го подржуваат ставот за опционална одлука. Тоа не се МОИ стилови на изразување, туку на други поединци во групата. Еднаш и дури го оправдав ова однесување, бидејки неретко имаат деца настрадани после вакцина, па се сложуваш дека тешко се контролираат емоциите и начините на изразување. Филмот дал е лош или не е е работа на менталниот склоп. На некого мојот филм му е лош на некого твојот. Дај да се задржиме на темата, а не на филмовите и карактерностите на нашите индивидуи.

    Ух логика на претек. Ефектот од мојата желба за нечиво „перење на мозок“ е многу од моето изгубено време, дур „перам“. Прашај како им перат во моментот мозок на оние доктори кои се дрзнале ( барем по мреживе ) да зинат против вакцините. На крај која е мојата добит за желбата да стигне информација и за другата страна на медаљата, наспрам добитта на оние кои од тоа профитираат ? Удри малце логика, онаква елементарна 2 + 2.

    Ти ги девалвираш оние кои се против задолжителна вакцинација и вакцинација воопшто.

    Изјави на доктори - застапувачи на стандардното клише за вакцините во Македонија, да ги ринеш со лопата. Едни навистина се убедени до дно душа дека вакцините се добри и дека нема несакани последици, а другите си се плашат за својата работа. Зарем Македонија не е светско чудо каде нема несакани реакции од вакцина, а во Америка масовно се исплаќаат оштети? Ти ја пали овој факт ламбичката ?

    Мојот ментален код и логика со здраво расудување, ми дава право да изнесувам свои ставови. Употребата на изразот „перење мозок“ само го одсликува твојот нели ментален код.

    На ова тема веќе се бранува јавноста и не се ретки моите истомисленици кои зборат во медиумите, се разбира оние кои имаат помалку притисок за необјавување.
    Јас не сум доктор и не сум имал пациенти. Јас само сум го намалил бројот на пациенти во протекнатите години, знајни на мене и незнајни.

    За да направиме дискусија, предлагам да по желба најдеш една недореченст во текстот ( по слободна желба ) за да ја дискутираме.

    Има, и комплексен и јасен одговор, само е потребна желба да се прочита. Др. Слаѓана Велков, како и многу други противници на вакцинација имаат делумно или целосно невакцинрани деца. Битно е у кој период од твојот живот ке го смениш ( ако воопшто нели се случи ) да го смениш ставот. Она го сменила, ама покасно.

    Зошто контрадикторно? Основата на медицината се покажала одлична за образување на идни лекари. Само некои ке успеат да се оттргнат од прангите на слепото следење на тези кои едноставно не носат вода.

    Зарем некој ти бара ми веруваш ? Се работи за став, кој можеш но и немораш да се сложиш. Да не ја заборавиме предноста на Др. Слаѓана Велков, а тоа е нејзината независна финансиска состојба од нејзина евентуална плата како доктор. Во една го изјави токму тоа, и жалење дека ставот за вакцини го сменила одкако нејзината свекрва починала од вакцина за сезонски грип. Она е една од многуте која ставот го менува после трагедија. Вториот начин да се смени ставот е пред да настане трагедија.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  13. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Јаре,ти адвокат да не и си на Велков? И дај молим те,дали ти навистина веруваш дека таа го променила ставот за вакцините откако починала нејзината свекрва?!
    Зарем таа како доктор дотогаш не ги проучила вакцините,па чекала ваков момент?
    Значи сепак на крајот се потпираш на медицината,па нели Велков немаше никаков профит и заработка? Јас колку што сум информирана нејзе и беше одземена лиценцата или сега се оправдува дека откако го променила ставот за вакцините и проговирила гласно и е одземена лиценцата?
    Како да и верувам на една личност како неа која се декларира како доктор за плус поени и внимание,а самата таа нема право да работи како доктор?!
    Живо ме интересира каде глуми доктор и кој ја финансира?
     
    На lepadama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.423
    Допаѓања:
    8.590
    Пол:
    Женски
    http://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zdravje/dragi-roditeli-nekoj-ve-lazhe

    Никој од тука неможе да се прави попаметен од неа, по запознаен, искусен,стручен дури ни Волков која инаку вода може да и носи.
    Толку убаво напишано со факти, докази,пред се знаење, а не лупање од памет.
    Се согласувам од збор до збор, секој нека го прочита, посебно поборниците против вакцини.
     
    На danielka0507, stefi23m, baby-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Mrs.Carter

    Mrs.Carter Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    баш сега мислев да го споделам со вас.ТАМАН СИ Е НАПИШАНО
     
  16. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Темата не е за Велков, ке се воздржам од понатамошни коментари.

    Инаку погледнете ги и коментарите на оргиналната страница, каде што е преведена оваа на оффнет
     
  17. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Коментарите се слободни,фактите се вечни.
     
    На danielka0507 и baby-star им се допаѓа ова.
  18. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.423
    Допаѓања:
    8.590
    Пол:
    Женски
    Стварно не ме интересираат коментари на луѓе кои се многу далеку од научникот на тема вакцинација/невакцинација, а мислам дека и секој образовен и паметен човек не би го.Ме интересираат работи од големи и успешни луѓе во својата струка, кои знаат што зборуваат, а имаат и докази да го поткрепат истото.
     
    На lepadama, Mrs.Carter, danielka0507 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. jasmin4e665

    jasmin4e665 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    20
    Dragi forumdzivki ve citam i nemozam da si poveruvam. Koi se doktori koi ne znam kakvi specijalisti, koi istrazuvaat po interneti.... Dali samo nie makedoncite sme najpametni vo svetot pa ete vakcinite samo nas ne ni cinat, pa ako bevme tolku pametni svetot ke znaese dosega za makedonija a ne da se kazvame deka sme od juguslavija oti e polesno! Izbegav malku od temava no muabetot mi bese deka site zemji vo svetot duri i onamu vo afrika na cela nemastija se vakciniraat decata no samo nas vakcinite ni se od kina, ma nemoj kina otvorila fabrika i pravi vakcini samo za makedonija. I prestanete so toa doktorite ne gi vakcinirale decata ne znam sto, sum sigurna deka i vie ste gi primile vakcinite pq dali vi fali nesto? :)
     
    На lepadama, danielka0507, rainlover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Така е!

    [​IMG]