Јас ова го прочитав кога излезе, но ИЧ НЕ МЕ УБЕДИ текстот !!! Се кажува еден став, а под него - не, не е така..., не, не се докажува... А, ниту образложение, ни ништо !!!! Овој текст е за човек кој не мисли со сопствената глава, туку голта што ќе му биде кажано, бидејќи нема никаква тема за расудување, објаснување и докажување. Значи, текстов ми е жива глупост и жалосно на него ќе потпаднат оние полесните во умот. ** Терминот перење на умот. Тој термин го користат оние кои се перени во умот и оние кои сакаат да ги перат на другите. На луѓето им е многу тешко кога ќе видат дека некој е спремен на промени, има повисока интелигенција, размислува пошироко... И бидејќи тие не можат да бидат како него, ќе му речат: испран ти е умот, го переш на други, итн. На секој кој има интелигенција, не можеш да го испереш, заведеш, излажеш. Интелигентниот човек е свесен и разбуден. ** За оние кои ја напаѓаат Велков (се фатиле за неа како за стапче и одвај се држат), имате тема за неа, пишувајте таму. И НИКОЈ не ве фати за гуша неа да ја слушате !!! Но, почитувајте ги луѓето кои ја сакаат !!! Вие сакате сите да се во ист калап како вас ??? Е, не може !
Стравот од секогаш бил сојузник на вакцините. Колку ви е поголемо незнаењето толку стравот е поголем. Среќа што текстов на offnet е наменет за Американскиот пазар – а нив ги вакцинираат и против овчи сипаници - варичела, таа вакцина за среќа кај нас ја нема во календарот за вакцинација. А сите знаеме колку е смртоносна Одбивам токсини – бирам природен имунитет. Секој треба да го избере својот доктор, бидејки докторската фела на светско ниво е поделена во мислењата.
Повисока интелегенција...Каде ја гледаш таа повисока интелегенција? Во личностите кои и се воодушевуваат и се обраќаат како да е господ на една наводно докторка??? Тие ли се за некакви промени и кои се тие промени...Живот како амишите...Пасење зелена трева, гледање во сонце и пиење сребрена вода... Ајде Силвер, земи и прочитај го начинот на живот на Амишите и кажи н искрено...Дали ти можеш да живееш како нив? Еве јавно тука кажувам дека сум проста, необразована, со можен најнизок степен на интелегенција, непросветлена бидејќи сметам дека овие промени кои високоинтелегентните луѓе преку разни сајтови на интернет ги протурнуваат во нашите домови имаат своја позадина, дека не се научно докажани дека не се во ред... Ако сте се определиле за живот како Амиш, зошто сте тука по интернет сајтови?
Каква врска имам јас со Амишите и зелените долини ? ** Иначе, да, мислам дека човекот го загубил контактот со природата. Наместо пак да се поврземе со природата, ние живееме меѓу бетон, дишеме гасови, опкружени со бучава. Затоа и многу често одам во природа, на село, било каде и уживам.
^Тогаш зошто во другата тема прашуваш како да ги заштитите невакцинираните деца? Ете според вас,бидејќи вакцините не пружат заштита,нека ги прележат сите болести за кои има вакцина,па ќе имаат невакцинираните доживотен имунитет. Искрено не можам да те почитувам бидејќи ете ја сакаш Велков,а самата таа ми личи на секташ,која на интернет бара поданици кои слепо ќе и веруваат. Доколку мислиш дека си затстранила од природата слободно почни да живееш како амишите. И не можеш за некој кој е совесен и решил да вакцинира да речиш дека има низок коефициент на интелегенција,ете па јас тоа го мислам за оние кои одлучиле да невакцинираат и истите тие го оформуваат својот став врз мислењата на Велков и сличните на неа.
Мислењето во другата тема е јасно, кој има интелигенција ќе сфати. ** Не можеш да ме почитуваш зошто ја сакам Велков ? Јас никаде не реков дека ја сакам, туку дека ја разбирам за многу работи кои ги објаснува. А, иначе јас ги почитувам сите луѓе кои воопшто ги сакаат и почитуваат на сите луѓе како битија ! ** За тоа дека таа ти личела на секташ значи дека ти си некој си вид на секташ. Тоа што го имаш во себе, тоа го вадиш надвор, таа е логиката секогаш. И премногу глупави размислувања ми се оние: различен е, па секташ е. Тоа можат да го мислат само луѓе со ограничено размислување. ** Јас имам веќе одамна кажано дека им пријатели кои си ги вакцинираат децата и ги почитувам, знам дека се грижат за децата на свој начин за кој најдобро знаат и умеат. Ај, не ми ги превртувај зборовите.
Има ли некој информација до каде е барањето за укинување на вакцините ( мислам да не бидат задилжителни), некој ми спомна дека е на уставен суд....
Ти ако вреѓаш е ок, ама друг ако пиши, не чинело ??? Види, види.... На кој колкава му е интелигенцијата, не мора никој да каже....читаме сите, имаме разум да расудиме сами.... ** Проблемот е што повеќето не сакаат да прифатат туѓо мислење, т.е да прифатат дека друг размислува поинаку, туку обожаваат да му одат намерно контра и тоа дрско.
Тука имаш 2 правци на размислување ( ако сакаш нели ): - Што ако воошто не заболат, што е и најголемата веројатност. - Што ако вакцинацијата омане во имунизацијата, што е оправдание на неделотворноста на вакцината, барем од званични мед. кругови кога ке им се појави епидемија во тотално вакцинирана популација. Тука имаш личен проблем. Ако го гледаш. Јас Перо нема да го почитувам бидејки Трајче се сложува со некои погледи на Перо. На Трајче нема ни да му дозволам да ми се приближи, па ни да го почитувам поради тоа. А Трајче не го познавам. Сликата за одредени индовидуи, не се прави врз база на став кон други индивидуи. Секташ бе Немора да се прават такви максими. Секој човек може да одбере како ке живее, храни.... дури да се земат и некои навики од Амишите, незначи дека мора да си Амиш за да прифатиш нешто што е добро. Дали ти се храниш само со еднородна храна, или сакаш да пробаш и нешто друго ? Не се работи за совест, сповесни сме сите ние. Секој на свој начин и секој колку може. Интелегенцијата е битна за перцепцијата. Постапката е почната, и согласно искуствата, тоа нешто ке трае во најмала рака 6 месеци. Како ке се развива постапката, останува да видиме. Правците се 2. Спрема картата пред некоја страна наназад. Босна ја доби битката, Хрватска не, само Хрватите се зезнаа, барањето поднесено пред 6 години, не беше добро спремено. Новото кај нив веќе е во постапка, а согласно нивниот влез во ЕУ, можеби само ке настане автоматизам на препишување на Европската Регулатива, каде вакцинацијата е по одлука на родител. Ајде да си се задржиме на темата.
Jас моeто дете го вакцинирам . не се ослонувам на никого,секоја мајка знае што треба за своето дете.Kако може вакцини да забрануваат? и со нив има епидемии а не без нив,имаше реклама за не знам фервекс или не знам точно,какo бабата ја лекува внуката со оцети во непроветрена просторија,со чаеви,па доаѓа мајката и дава од напитокот,проветрува и одма детето е поздраво.факт е дека неможе значи неможе да победувате болести без хемија. скраја да е од болести,ама скраја дете да фати туберкулоза,тогаш што ќе правите ???чај од тегавец???? свекрвами на двете внуки ,им лечи кашлица со цаеви,и 300 чуда,малиов мој имаше настинка и кашлаше,педијатарот ми рече проспан сируп... одма му помина,а тие кашлаат веќе 8-9 месеци. свесните се луѓе... хемија е потребна. не играјте со животите на децата.
http://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zdrav ... recommends еве проЧитајте ова го зборува докторка со два докторати и сигурно има повеќе знаење од сите нас во оваа област
Нормално Јаре мора да реплицираш,кој друг ако не ти да ни ја креваш перцепцијата и свеста. Ние овци сме па ти како дежурен адвокат на темата мора на секое мислење различно од твоето да даваш контра аргументи како би ни докажал дека твојата свест е на многу пивисоко ниво од ние кои сме за вакцини. Одговори ми освен тие две насоки кои ги имаш дадено не размислуваш за трета,нели тебе не ти одговара па не ја перципираш. Не дај Боже дете да ти заболи од полио или друга болест за која постои вакцина,што ќе правиш во тој случај? Или ќе се тешиш дека твојата висока свест и перцепција не ти дозволуваше да вакцинираш? Зашто гледам дека цело време ја заобиколуваш можноста невакцинираните деца да заболат од некоја тешка болест,па повторно наоѓаш оправдување врз основа на колективен имунитет кој е добиен од вакцинирани лица.
Факт е дека сме избегани од природата, но тука сме, тоа е тоа, тука е секојдневието, нашиот начин на живот...Загаденото Скопје, лошите автомобили кои не трујат, грдите фабрики кои пуштаат отрови... Градинките, понекогаш неисчистените канцеларии, колективните собирки, одење по гости, дружба, веселби, алкохол, цигари, нервози, стресови, брза храна итн итн...Тоа сме...Зграби викенд и отиди до Водно, Матка, Маврово, Пелистер, Шапка, Банско, Грчка... Неможеш секој ден...Невозможно е... И моето дете живее тука со мене, оди во градинка, по гости, се дружи со децата на моите пријатели и роднини...Го дише овј воздух... Уште да не го вакцинирам!!!!.... Или ајде да не го вакцинирам и да го изолирам од овој свет...Да платам жена да го чува во село дур не направи 18 години... Или да оставиме тука се и работа, и стан, и пријатели и да заминеме тројцата во село и да садиме овоштие и зеленчук...Мојата ќеркичка ќе биде потполно здрава, ќе јаде здрава храна, ќе пие здраво млеко,тогаш и нема да има потреба од вакцина, бидејќи ќе нема контакти со никого, ќе нема телевизија за да знае што се случува по светот, ќе нема цртани оти се штетни, оти бајките се розови па не чинеле, ќе нема музика, но затоа мама и тато навечер ќе и пеат со своте прекрасни хорор вокали...ќе нема играчки оти и тие се штетни... Ќе си играме ринге ринге јаја ние тројцата на зеланата полјана и ќе гледаме во сонцето...
И после 138 страни напишани на темава, уште има поединици кои се убедени дека примањето на вакцина значи дека НЕМА ДА ЗАБОЛИШ од соодветната болест. Јас ги имам примено сите (по календарот на болести од кои во „мое време“ се вакцинирало) и ЗАБОЛЕВ од четири болести од кои се вакцинира. Дали ќе се поминат полесно или потешко зависи од моменталната состојба на имуниот систем на единката, а не од тоа дали си или не си вакциниран. А мали сипаници сум добила на осум месеци и три недели. Мајка ми ме носела на контрола, а пред нас имало мајка со заболено дете. И замислете, така НЕВАКЦИНИРАНА, сум ги прележала без терапија, без компликации. Плус било што сеуште ме доела. А сестра ми и една другарка, со кои буквално бевме неразделни, заедно јадевме, спиевме, не прележаа ниту една од болестите од кои бев јас заболена, а бевме по 24 часа заедно. И сега што да речам, вакцината моја беше неквалитетна, мојот систем не е во ред, а нивниот да. А се работи за крајно заразни и преносливи болести како што тврдат, па ако дојдеш во контакт со заболен, ти нема спас. Не ми е ништо ни мене, ни на нив. И кога ќе видам дека РЕКЛАМА е појдовна точка за некој да биде убеден во полезноста на некој лек (или било што друго) си велам гаси интернет, доста е. Нека живее розова Македонија!
На 8 месеци не си била вакцинирана...Вакцината за мали сипаници е после првата човекова година...Ако сестрати и другарката биле вакцинирани, тогаш имало шанси да не прележат мали сипаници... Кои други три болести си ги прележала...Велиш 4...???
Јас сум за слобода, не сум против вакцини (уствари против сум, но не те разубедувам, не ти викам “ај ќе те видам кога детето ќе ти ... или вразуми се”) големи сте - си знаете. Тие изјави за колективниот имунитет (овој термин го употребив за да не се навредите) се како ваш обид на припадник од геј заедницата да му објасните дека може негативно да влијае на хетеросексуалците и нивната определба – во најмала рака смешни. Моите морални вредности ми налагаат дека секоја личност има право да каже НЕ, во спротивно тоа е силување.
Моите морални вредности ми налагаат дека секоја личност има право да каже НЕ, во спротивно тоа е силување. Не се тоа морални вредности, особено не во делот на заразните болести...Не може да се третира како силување ни најмалку...Ова е веќе една друга проблематика за која ако навлеземе може и 200 страни да дебатираме... Туку не сум толку против за право на избор, доколку при одлучувањето да биде така пред уставниот суд, се земе во предвид и мислењето на експертите... Често пати велите дека судската правосилна или неправосилна одлука на судот во Италија е доказ дека постои поврзаност помегу МРР вакцината и аутизмот, а никој не ја приложи тука, ниту никаде во светот да видиме каков доказ е таа...Дали образложението е базирано врз медицински докази кои укажуваат со цврсти ставови дека тоа е така...Ако нема никој виновен, и ако е исплатена оштета само од страна на државата, апсолутно не е никаков доказ со кој можете да се величите тука дека тоа е доказ за поврзаноста... Ако некој ја има пресудата, нека ја постира на сајтот, па да видиме што конкретно вели таа...
Др.Стевчо Донев – Писмо за поддршка за укинувањето на присилната вакцинација во Република Македонија Се прашувам, која е научната основа на присилната вацинација, претењето со казни кои се далеку поголеми од просечната плата на еден македонец? Дали во една држава која претендира да биде и се претставува за демократска држава, едно министерство треба да се служи со методите кои подсеќаат на методите на инквизицијата од средниот век или треба да дава препораки за извршување на одредени дејности корисни или не за нивните избирачи, граѓаните на Македонија? Навредите од типот дека родителите што се против вакцините се „неписмени“, дека западноевропските доктори кои го одобруваат невакцинирањето се „понестручни“ од нашиве не држат вода. Званичните луѓе кои ги изрекоа треба јавно да се извинат за својата безобразност, неинформираност или нестручност навредувајки ги македонските родители и стручни кадри. Од друга страна уцените од страна на државните органи кои се однесуваат на следново, нема прием во градинка ако детето не е редовно вакцинирано, или мајката не може да оствари право на додаток за трето дете ако детето не е редовно вакцинирано е чиста уцена. Тука воопшо не станува збор дали е детето здраво туку дали е вакцинирано што нема врска едно со друго. Ако е детето редовно вакцинирано има право да биде трето дете, а ако не е вакцинирано не е повеке трето дете на мајката?? Каква глупост. Ако е детето здраво зошто да не биде примено во градинка? Вакцинацијата е знак дека е тоа здраво?? Пак неубава работа, тоа нема врска едно со друго. И уште нешто, ако е детето невакцинирано, зошто е тоа опасност за околината??? Да не ја зарази? Па сите се околу него вакцинирани, значи ако невакциниран зарази вакциниран, вакцината не била добра. Зошто тогаш казни за невакцинираните? Каде е тука употребата на Законот за правата на пациентите? Вакцинацијата била присилна заради колективот. Потребите на колетивот биле над потребите на поединецот, во овој случај незаштитените бебиња и воопшто малолетните. Значи ли ова дека „утре“ во инерес на колективот некој кој е на власт ке се дрзне да одземе дете од родителите заради повисоки цели? Ова повеке не смее да се дозволи!! Вакцинација под присила е нешто што мора да биде укинато! Медицинските податоци до кои успеав да дојдам се различни во склад со тоа кој и како ги вршел истражувањата, па некои истражувања одат во прилог на потребата од вакцинацијата а некои пак ги прикажуваат негативните нивни ефекти и укажуваат на потребата од нивно укинување. Во секој случај се работи за извонредно сложена тема. Укинувањето на вакцинацијата можеби би довело до нови епидемии иако јас лично во ова не верувам бидејки условите во кои некогаш живееле луѓето и условите во кои сега живееме не се исти гуку се далеку подобри. Лугето се хранат подобро, пијат почиста вода, нивната стамбена ситуација е многу подобра со запазување на сите санитарно безбедносни мерки. Диспозицијата на отпадните материи во општеството е решена во сите поголеми места. Некогаш, во времето кога се појавувале вакви епидемии сето ова не било баш вака, затоа и не верувам дека се можни епидемии од поголеми размери. Секако дека укинувањето на вакцинациите не би им годело на големите фармацевтски куќи кои имаат огромни добивки од вакцинацијата. Секако на ова му погодува тоа што вакцинацијата го има потписот, аманетот на сите влади во светот. Значи однапред обезбеден пазар. Но ова не би сакал да има врска со нашиот проблем, присилната вакцинација на децата. Поедини болести во Македонија одамна се немаат појавено, одамна се искоренети и лично верувам дека повеќе нема потребата за вацинација од истите. Фармацевтите велат дека во вакцините се ставаат супстанции кои се мерат во микрограми. Забораваат дека некои отрови делуваат на човекот и со број на молекули, а во склад со ова микрограмите се ужасно големи дози. Недостатокот на податоци во земјава за појавени несакани ефекти на вакцините не ги прави безопасни. Напротив ја нагласува потребата од долгорочно следење на вакцинираните и регистрирање на сите пореметувања на здравјето кај децата кои примале вакцини. Искуствата од светот треба да ги вградуваме во својата земја. Не треба да се правиме дека несакани ефеки од вакцините нема, или се само локални а тоа наше тврдење се должи на незнаење, неинформираност или немање податоци. Многу доктори во усмена конверзација се сложуваа дека присилната вакцинација треба да биде укината а добар дел од нив стари, искусни специјалисти кои работат постојано со инфективни болести и за тоа поедини вакцини потполно да се исфрлат од календарот за вакцинации во Македонија, но се плашат од реперкусии по своите работни места па не сакаат да дадат писмена согласност за ова. Во склад со сето ова ја поддржувам иницијативата и ја давам мојата поддршка за укинување на присилната вакцинација во Република Македонија. Д-р Стевчо Донев Специјалист по медицина на трудот Линк Спојлер http://zdravjenaiglanevleguva.com/2014/04/10/др-стевчо-донев-писмо-за-поддршка-за-у/