Од 1989 година, исплатени се 2.300.000.000 УСД како надомест на штета од страна на VICP. Сите се анегдотални примери. Еве слушајќи ја СЗО, како за свинскиот грип испаднавме овци. Ете ја логиката и за останатите вакцини, оваа само треба да ни ги отвори очите. http://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zdravje/kako-za-svinskiot-grip-ispadnavme-ovci
Нискости???? Ај важи... Пресудата од 2008 со која тука малтене мафтате со раце и се величите, па и во тие Вашите фамозни групи се однесува само на едно мало место, односно регион Венето во Италија...Се однесува само за незадолжително вакцинирање од 2008 во областа Венето, поради некои нерегуларности за вакцините...И покрај незадолжителното вакцинирање, родителите ги носат редовно на вакцина... http://www.consiglioveneto.it/crvportal ... l#Heading6 Сега ќе ви ја постирам и Планот за вакцинација во Италија 2012-2014..На италијански е, со гоогле транслате на хрватски снајдете се... http://www.salute.gov.it/imgs/C_17_pubb ... legato.pdf Еве ви драги родители, овакви факти може да се најдат на страните на државите..Ова е правниот дел каде што нели квази научнициве тврдат дека во Италија не е задолжителна вакцинација... Ова е највалиден доказ дека се работи за лажговци со некаква позадина... Исто така ќе доставам доказ дека вакцината во Америка за туберколоза е прекината, само незнам која година, заради тоа што болеста е 100% искоренета...
Тоа за свинскиот грип немате потреба да не замарате...Сите многу добро знаеме што беше тоа... Овде зборуваме за задолжителна вакцинација или не... Тоа не беше ништо задолжително...
Se raspravate ko mali deca sekoj si ima svoj stav i svoe mislenje ne se ubeduvajte i navreduvajte sepak neli sekoj najdobro si znae za svoeto dete
Е како бе danielka0507 да заборавиме на свинскиот грип, тоа беше епидемија на светско ниво, секој ден на вести пребројувавме заразени, умрени, а препораката ја дава истата институција и за задолжителните и за А(Х1Н1) вакцината. Демек за задолжителните информацијата што ти ја даваат ја даваат со крстот на чело, а ова друго беше - после ваквите твои зборови неможам а да не го слушнам у глава звукот на машинката за бричење.
Мамита 83, машинката на Yarre dда не ја слушаш во позадина...хахах...Нели женско си, па како одма те асоцира за машинка за бричење... А ова малово докторско дете, Ина, ќерка да не ви е..Хахаха... Имаше сарс, па свински грип, па што ти не..пред тоа сида и ред други глупости... Современа технологија, нови болести, тони пари за трошење, збогатување на Вашите омиле фармацевтски куќи... Точно кога во капсулата би ставила 100% од потребната состојка, ние со 2 апчиња ќе бидеме здрави, но тие стават 70% од состојката нели... Ние не сме глупи, знаеме, разбираме... Овде зборуваме за болести, кои се појавени во минатото, последици на војни, нехигиена, сиромаштија, во тогашното време во кое немало модерна и современа технологија...А тие болести за жал, не се 100% искоренети... Ајде дајте контра аргументи за пресудата во Итаалија...
http://www.dailymail.co.uk/news/article ... ebate.html Со пресудата во Италија имаш само факт дека таква пресуда постои за дете оштетено од вакцина. Не мислев на машинка за мажи Еј дете ти чиво си имаме една маалска трачара меѓу нас па ја занима освен ова за вакциниве?
Yarre,тоа што со твоите цинички и сиромашни коментирања после секој цитат се обидуваш да ги замавнуваш другите дека се разбираш баш се ,верувај не ти успева.Те молам не коментирај правни постапки за кои врска немаш. Без основно познавања на правниот ситем ,терминологија и постулатите врз кои ние го засноваме нашето право,практичната правна постапка и степенот на судската поставеност,се дрзнуваш да коментираш работи за кои гледам ама појма немаш,иако на прост начин ти објаснив како тоа функционира.Материјалната заснованост на постапка за имунизација е регулирана со закон,не е ингеренција на Уставен суд,не мешајте баби и жаби и овде не се работи за право на одлука. На крај се осмели да кажуваш дека и Уставниот суд на Хрватска не бил ревносен.Не зафркавај?? Едно е давање мислење за темата,но да критикуваш уставен суд на некоја земја во врска со работи кои не ги разбираш,Ти се молам остани си на твоите познавања.Луѓе магистри на оваа тема не се дрзнуваат на такви коментари знаејки во кое широко поле влегуваат , а не пак ти.После сакате некој да ви полага верба во вашите постови.
Маалска трачара...Како не ти е срам така да се изразуваш..Со измислен профил и 11 постови се за оваа тема, ти најде да кажуваш дали сум јас маалска трачара или не.... Доказ дека постои поврзаност меѓу аутизам и вакцината, оваа пресуда не е... Имаш погоре објави од Службениот весник од Италија...Преведувај си од италијански на македонски и читај си.... Не го лажи народов...
Ајде, ја прерипа констатацијата што ти ја изнесов ( тука квотиран пост, како доктор може и поинаку да размислува ) Стандард. Италија - Кватростаџоне и Милетреченто. Зошто велиш дека сме рекле дека вакцинацијата во Италија е незадолжителна? Во поедини делови, да, како што е и на мапата објавена наназад. Ама у брзината и брзоплетоста да се даде билокаков одговор, си ја прерипала. Еве ја пак. Сина Боја - Земји со незадолжителна вакцинација Сино Бело - Земји со понекои вакцини задолжителни Црвена - Земји со задолжителна вакцинација Црвено Бело - Поедини области од земјата со незадолжителни вакцини. Сеа местото било мало, па пресудата е мала Е циркус си. Да не е и неважна ? И у месна заедница да е , судот одлучил базирано на некакви докази, нели ? Иначе ова не е осамена област каде одлуката е на родителите. Планот за вакцинација во Италија е ист како и Германскиот, кој вели - се препорачува но не се силува. Те молам, те молам, разгледај ја убаво картата на задолжителност на вакцини. Лево е нешто многу сино а десно е многу црвено. А секаде СЗО препорачува, не силува.
Јас немам од што да се срамам, мојот профил не е лажен - па немој да ме споредуваш со други профили од форумот, па можеби ќе го доживеам твојот профил поинаку од маалска трачара
Ајде демантирај го моето (не)знаење. Уставен суд има ингеренција да смени закон во дел каде што се нарушени основните човекови права доделени со уставот на една земја. Да бил немало да му треба 6 години за одлука. Постапката во Босна е иста како Македонската. Таа си помина - глат! Аии, пак дисквалификација но сега по правен аспет. Ете ти ја докторката погоре, те поканувам свечано да го коментираш нејзиниот став, а и претходниот на докторот.
Сеа местото било мало, па пресудата е мала Е циркус си. Да не е и неважна ? И у месна заедница да е , судот одлучил базирано на некакви докази, нели ? Yarre, ниту си доктор, ниту си правник...Циркуз со овие коментари си ти..Но и те разбирам... Постот е на италијански и преведи го те молам, па дискутирај... Тоа е веродостоен доказ дали се задолжителни или не вакцините во Италија, овие црвено-беливе незнам колку се точни.... Еве јас се мачам да го допреведам па ќе видам дали се точни црвено-белите...
Јаре,ајде сега,прво се фалевте дека пресудата е на ниво на држава,па сега излезе дека се однесува само на област,па утре ќе речиш дека е валидна за едно село. Изгледа таа свеста ваша ви е на многу ниско ниво особено во групата на фб,каде не гледам ама баш никаква дискусија,туку лажење еден со друг!
http://www.salute.gov.it/portale/p5_1_1 ... iano&id=33 еве на сајтот на министерството за здравје на Италија пишува кои се задолжителни а кои препорачани
Yarre,пак едно исто,не ни очекував поиздржан одговор. (By the way,Босна има сосема друг правен систем,па постапката не може да биде иста,всушност во ниту една држава не може да биде сосема иста.Затоа и во времето на СФРЈ на правен факултет се изучувало уставно право на секоја република поединечно,поради тие разлики,ама ти ова го знеше нели?)
тое е 2009 стар страна...Моето постирано е програмата 2012-2014... Баш се чудам они колку вакцини имаат плус...
Еве и јас ке те причекам со преводот. Јас знам, ама ти преведи за да ни кажеш. Еј, да и кликај на quote кога одговараш, вака може моите „лоши“ коментари некој тебе да ти ги препише. Оф мори мајко мори. Пресудата е донесена во Италијанскиот суд. Валидна е во Италија. Ова го кажав поради обидот да се диквалификува судот ( како и се друго кое е против вакцини ) поради тоа што тоа било мала област. За ФБ - на ФБ! Заади Македонската иницијатива, многу добро ја проверив правната регулатива на уставната категорија во БиХ. Иста истацката е со Македонската. И во времето на СФРЈ верувам дека биле исти, како и секоја друга законска придобивка во тогашната СФРЈ