Јас знам дека вакцините постојат повеќе од 50 год .Иако има работи кои не наведуваат дека имаат некои штетни влијанија но во повеќето случаеви мислам дека се корисни Зависи од природата на детето ...Не е кај секој исто .. Некој е за некој не што знам .Јас моите деца досега ги имаат примено сите редовни вакцини
Денеска без никаков проблем ја запишавме нашата невакцинирана ќерка во 1во одделение. Отидовме со Потврда за здравствена состојба, и стоматолошка потврда, и со останатите документи, и секако без потврдата за примени вакцини. Согласно законот, школото треба да ја бара и потврдата за примени вакцини, со останатите потврди и извод. Но школото не смее да не го запише детето ако таа потврда ја нема. Носител и битна потврда е само и само Потврдата за здравствена состојба, која кажува дека детето е психофизички спремно за школо. Таа потврда ја издава секој матичен лекар, и не е врзана со потврдата за примени вакцини. Согласно ова, и моите претходни разговори со одговорни во сегментот на упис на училиште, училиштето мора да го запиште СЕКОЕ дете кое е психофизички спремно за образование. Потребен е само и само јасен и гласен став на родителот. Со ова посакуваме и среќно запишување во прво одделение на сите од „племето на невакцинирани“.
Срекен почеток. Но,можете да ни кажете за кое училиште се работи,бидејки сепак овде не се почитувал законот.Од причини што велите школото требало да ја бара потврдата за да биде комплетна документацијата за ипис,а со самото тоа што вас ви е прогледано низ прсти(верувам поради вашата настојчивост како тука на форумов) некој може да лета од работа. Доколку е и тоа навистина така објавете го и училиштето,секако нема со тоа да се открие вашиот идентитет,но би била веродостојна таа претходно изнесената информација. Сепак не е добро да зе замајуваат некои родители кои подоцна би имале проблем при запишување на своето дете во училиште,а во тој случај вие сигурно нема да му го средите проблемот со училиштето. Законите за сите се еднакви,и се додека не се сменат треба да се почитуваат од сите подеднакво и да важат за сите исто.
Алуминумум имаш во дезодорансите и во мајчиното млеко па не гледам дека луѓето имаат токсичност од нив.
Сите ние сме родители или ќе бидеме а и ние кога сме биле мали сме ги примиле сите редовни вакцини и еве денес сме здрави прави како дрен ништо не ни фали .На пример при примање на некоја вакцина можеше да се појави покачена температура или црвенило на раката .Но само за ден и тоа исчезнуваше Како за пример би сакал да ви кажам кога јас бев 6 одделение генерацијата пред мене ја имаше испуштено една од вакцините и сите добија ЗАУШКИ мислам знаете за какво заразување станува збор кое има штетно влијание врз плодноста на идните родители. Мислам дека тие што во тој период ја имаа примано таа вакцина не беа заболени од таа заразна болест Незнам како е можно да се кажува ако на мал процент имало некое „ Штетно дејство “ дека се штетни за сите ...
Драги форумаши и родители, Долго време ве следам и конечно решив да го изнесам и моето скромно мислење. Од се срце се приклучувам на иницијативата за незадолжителна вакцинација. Верувам дека секој нормален родител сака да го заштити своето дете од заразни болести кога тоа би било безбедно и без ризици. Зошто правото на избор им е гарантирано на родителите во демократските европски земји а нам не ние? Со кое право смее некој без мое одобрение да вбризгува страни хемиски и биолошки супстанци кои можат да предизвикаат стравични оштетувања, што е и наведено во упатствата на самите производители на вакцините? Многубројни лекари специјалисти во светот, вклучувајки ги и тие од соседните земји, укажуваат на големата поврзаност на вакцините со застрашувачката зачестеност на автоимуни заболувања. При вакцинацијата, на родителите не им се укажува на можните ризици и никој не ја понесува одговорноста доколку нешто лошо се случи. Тоа е кршење на сите човекови права и газење на достоинството и личноста на детето. Целиот мој живот бев послушна на системот и им верував на лекарите. Со грутка во грлото и стегнато срце редовно сум ја вакцинирала постарата керка. После секоја примена вакцина имунитетот и беше ослабнат. После една од многубројните ревакцинации на ДиТеПер доби тешка пневмонија три дена после примената вакцина. Матичната докторка не ме ни информираше дека постојат ацелуларни вакцини наменети за дечиња родени пред време, како што е моето - родено во 32 недела од бременоста. Се разбира, таа ја негираше поврзаноста на вакцината со болеста. Керка ми е сега во трето одделение и треба да ја прими ревакцината ДиТеПер. Јас како мајка одбив да ја прими од причината што ја наведов. Зачудена сум од притисокот кој се врши врз мене и покрај сите мои образложувања. Зарем медицинската етика не наложува индивидуален пристап кон секој пацијент , особено кога се работи за дете? Многу сум повредена и разочарана и како родител и како граѓанин на оваа држава. ц в
За тоа се работи, за тоа што не гледаш - да гледаше ќе ти објаснеше Dr.Chris Shaw. Како и да е јас верувам дека судот и македонските власти ќе се одлучат и кај нас да бидат вакцините препорачани со што сум сигурна дека процентот на вакцинирани нема многу да се измени, но барем информациите се достапни за секого кој сака да ги прочита и да погледне во очи на вистината а не слепо да верува во лагите. Не е логично со вбризгување на токсини како што е алуминиумот и ред други директно во крвотокот на едно новороденче од 3кг да барате да верувам дека правам добро за моето дете.
Благодарам nadja.d. Ти посакувам што би рекле старите, „и на твоја глава“. Нема поубаво чувство за некого од првиот училишен ден и за детето, но врувај и родителот „се топи“ од чувства. Секако дека нема да го кажам училиштето за кое се работи, а правна рамка дека училиштето згрешило едноставно нема, училиштето треба да побара потврда за задолжителни вакцини но во законот не стои што ако истата не се достави, односно нема како тоа треба да реагира. Од друга страна основното, како и средното образование се задолжителни во РМ и секако дека со тоа истите се во одредена колизија. Согласно досега 8 училишта мене познати во Скопје, постапката е иста ( 3 во Центар, 3 во Карпош, и по едно во К. Вода и Аеродром ). Тоа во Аеродром чекало упатство од МО каде рекле дека детето треба да се запише и го запишале. Дали мојата информација е точна или е замајување како што викаш ти, останува на индивидуалната проценка, на секој што чита. Јас го поделив како лично искуство, кое итекако е потребно за секој родител кој одлучува да не вакцинира, и јас со двете деца, се изложив на директност и отвореност со институцијата школо и градинка, за истото го поделам со заинтересирание. Со години наназад, како и моите деца така и други деца без проблем се запшувале во училиште невакцинирани, како и сега - ќутенката. Зошто и како не знам иако и јас сакам да знам, исто како што и фактот дека деца на одредени родители не се вакцинирале, и тоа пак - ќутенката. Разликата е кај мене што јас тоа го правам на голема врата, за да добијам искуство, како ќе реагира системот, дали ќе ме пријави, дали ќе ми ги запише децата...... од проста причина, да го поделам со другите кои сеуште не знаат дека истото можат без проблем да го направат, ако веќе донеле одлука да не ги вакцинираат децата. Во потполност се сложувам дека законите треба да се почитуваат, но што да правиме со законите кои се во колизија еден со друг, особено со одредени европски каде Македонија е потписник. Законите се исто така и менлива категорија, токму затоа и постојат иницијативи за нивна промена, особено кога се задираат уставните права. За неетичноста ич да не правиме муабет. Нашиот систем допрва ќе се соочува со бројката на невакцинирани, со оглед дека дури во последните 3-4 години има се поголем број на невакцинирани. Како ке реагира не знам, дали ќе го прифати текот на европските држави, или ке остане во системите на источните, останува да видиме. Родителите кои не вакцинираат, за тоа ретко зборуваат, едноставно немајќи живци, желба и време да се докажуваат со оние кои го застапуваат стереотипот. Делумно и ги оправдувам за тоа, а делумно ми е криво. За своето си „завршиле работа“ и без размислување да тој став го поделат. За жал, и да се смени законот по примерот на развиените демократии, верувам дека како и таму процентот на невакцинирани ќе биде мал, бидејќи пропагандистите на вакцинацијата имаат и пари и време да не дозволат да се напушти стереотипот. Нив тоа им е работа и доход. Нас, родителите, само добра воља. Да не иде постот у ветер, видеото е преведно на Македонски https://www.youtube.com/watch?v=hfy6HhaN1iE
Сериозно? Споредуваш содржина на алуминиум во мајчино млеко и во вакцини? Аман немој! Ова е една од најглупавите споредби што во една прилика ја кажа Софијанова и еве сега ти тука ја повторуваш. Вакви констатации го спуштаат нивото на темава. Ти се молам, размисли прво што со што споредуваш. Срамота е вака да се размислува. (патем ако употребува некој дезодоранс кој содржи алуминум, тоа е негов ЛИЧЕН ИЗБОР, а не законска обврска )
еве и ние да се пријавиме дека успешно се запишавме во прво одделение и никој не не ни праша што е проблемот и зошто немаме вакцини, во нашиот случај вакцинирани сме до 13 месеци потоа немаме ниту една повеќе.матичната си даде потврда за здравствената состојба, си пиша дека нема вакцини примено после таа и таа година и тоа го однесеовме во училиштето.е сега треба да видиме како ќе поминеме на првиот систематски ама само смирено и полека се се средува. и јас имам слушнато дека прават проблеми во Лазо и во Александар Македонски ама прават проблеми само на деца кои не се од тој реон бидејќи моментално многу се популарни училиштава и сите сакаат тука да се запишат.Значи тие бараат причина за да одбијат некој, освен за вакцините проблем прават и ако не сте вработени, а сакате да одите целодневна настава, проблем прават ако личната карта не ви е со адреса која припаѓа на тој реон, а вие сте на пример под кирија и како ќе докажете дека тука живеете. така да мислам дека вакцините се само еден дел од изговорот за да им се намали бројот на пријавени дечиња за прво одделение бидејќи немаат доволен капацитет за сите.
Некаде наназад пишував за систематските во прво и второ одделение. Во прво, наставниците ( школото ) известува за систематски со вакцина, и обично бараат присаство на родител, бидејки се мали, со што можеш да одбиеш со тоа што ке се потпишеш во некаква нивна евиденциона тетратка. Во второ, обично не кажуваат па инфорај се со време, замоли да ти кажат. Тука не викаат родител, ама можеш или да не го пуштиш дента во школо, или едноставно повторно да се запишеш у тетратката. Докторот пишува - Одбива родител, а ти се потпишуваш. Правни репрекусии - нема.
Кога сме кај правото и законите, еве го и примерот на колизијата на законите преземен од групата која се занимава со законската регулатива околу вакцините. Групата се вика Вакцинирањето - право на избор, слободата над сѐ на следниот линк https://www.facebook.com/groups/vacchoice/ Текстот е превземен со дозвола, редактиран спрема нашата регулатива, и според мое мислење е одличен правен прирачник околу судските инстанци, кои ретките случаи ги тераат по некаков автоматизам. ВАКЦИНИРАЊЕТО Е ПРАВО НА ИЗБОР!!! Патерналистичкиод приод на медицината е одамна надминат и е заменет со начелото на информираност. Прекумерното и авторитативно покровителствување од страна на државата да решава од името и за своите граѓани прашања од лична природа и да бара безусловно подчинување беше својствено за еден периот во кој воопшто личноста беше третирана без особена почит, а во името на општотата благосостојба, која народот ја сруши и бараше општество во кое тој како личност е неговиот центар и основа, темел. Информираната согласност означува дека, откако пациентот ќе ги добие сите неопходни податоци за суштината на предложената медицинска интервенција , придобивките и ризиците поврзани со неа, ТОЈ, граѓанинот, зема решение дали таа ќе биде извршена или не. Медицинските интервенции од профилактичка природа не се искључок! Овој принцип на информирана согласност во медицината е светски признат. Тој е нагласен во член 3 став 2 од Картата на основните права на Европската Унија (2010/C 83/02), кој гласи: „Во областа на медицината и на биологијата следното МОРА да бидат почитувано, посебно: а) слободната и информирана согласност на засегнатото лице, според процедури одредени со закон.“ Ова начело е темелно и во Конвенцијата за заштита на човековите права и достоинството на човечкото суштество во однос на примената на биологијата и медицината - на Советот на Европа, донесена во Овиедо, Шпанија на 4.4.1997 год, а ратифицирано во Собранието на Република Македонија и објавена во Службениот весник на РМ бр.55 на 28.04.2009 година, со тоа добивајќи сила на ЗАКОН, и тоа во членовите: Член2 - Првенство на човечкото суштество Интересите и добросостојбата на човечкото суштество ќе преовладуваат во однос на единствениот интерес на општеството или науката член 5 -Општо правило Интервенција во областа на здравството може да се изврши ЕДИНСТВЕНО кога засегнатото лице доброволно ќе се согласи на тоа, врз основа на дадена информација. Законот за заштита на правата на пациентите (сл весник на РМ 82/0, исто така е усогласен со начелото на информирана согласност, и го отфрла патерналистичкиот приод. Во член членот 3 во ставовите 1-5, јасно е ставено задолжението за почитување на определбите на пациентот: Заштитата на правата на пациентите се заснова на начелата на хуманост и достапност Начелото на хуманост се занова на: 1) почитување на личноста на човекот како хумано суштество 2) почитување на личната самоопределба 3) физичкиот и психичкиот интегритет на личноста, како и сигурноста на човекот 4) почитување на приватноста на личноста Начелото на информирана согласност е вкључена во законот во член 6 став 1 : „Правото на пациентот на учество во одлучувањето го опфаќа правото на информираност и правото на прифаќање или одбивање на определена медицинска интервенција“ Вакцинирањето Е медицинска интервенција и тоа според член 4 став 2: „„Медицинска интервенција” е секој преглед, третман или друга активностсо превентивна, дијагностичка, терапевтска цел или со цел за рехабилитација штоја презема овластен здравствен работник.“ Правото на одбивање на секаква медицинска интервенција е нагласено и во член 14: 1) Пациентот има право да прифати или да одбие определена медицинска интервенција, освен во случаите на медицински интервенции чие одложување или непреземање би го загрозило животот и здравјето на пациентот, односно животот и здравјето на други лица или би предизвикало привремено или трајно оштетување на неговото здравје, односно здравјето на други лица. 2) Прифаќањето или одбивањето на определена медицинска интервенција пациентот го изразува со потпишување на изјава. А дека тоа може да го стори и родителот за своето дете се содржи во член 15 став 1: 1) За пациентот кој не е при свест, за пациентот кој е примен во здравствена установа без негова согласност, за деловно неспособен или малолетен пациент, освен во случаи на неодложна медицинска интервенција, изјавата од член14 од овој закон ја потпишува неговиот родител, законскиот застапник, односно старателот. Според член 7 од истиот закон лекарот е ДОЛЖЕН да го информира пациентот за сите аспекти на предложената интервенција, како и за неговите права: Пациентот има право, во сите фази на здравствената заштита, да биде потполно информиран за: 1. својата здравствена состојба, вклучително и за медицинската процена на резултатите и исходот на одредена медицинска интервенција, како и нејзините најчесто очекувани компликации; 2. препорачаните медицински интервенции, како и планираните датуми за нивно спроведување(програма за третман и рехабилитација); 3. можните предности и ризици при спроведувањето, односно поради неспроведувањето на препорачаните медицински интервенции; 4. своето право на одлучување за препорачаните медицински интервенции; Несомнено тоа информирање треба да се оствари со цел пациентот пациентот да ги добие неопходното количество информации за да може да ја донесе својата одлука, дали ќе ја одобри предложената медицинска интервенција (во дадениов случај вакцинација) – информирана согласност, или пак ќе ја одбие. Во спротивен случај, доколку законодавецот не го сметал пациентот за кадарен да носи одлуки за своето здравје немало да предвиди таква обврска за информирање, како и одлучување за прифаќање или одбивање на предложената вакцинација. Медицинските институции ги третирале пациентите како некомпетентни и неподобни за давање информаци и би им наложувале интервенција под закана од глоба, како тоа го чинеле насилни, нечовечни општества од минатите веково. Зарем?? ТОКМУ ТОА ГЕ ОБИДУВА ДА ГО ПРАВИ И НАШЕТО ОПШТЕСТВО, те естаблишмент. Не ги почитува законите и се однесува како тие да не постојат, а владее со притисок, заплашување и закани, за да наметне медицинска интервенција – вакцинација без да го информира пациентот и без да добие информирана согласност од него, како тоа го налага правниот систем. Како средсто за закана се употребива Законот за заштита на населението од заразни болести. Тој во членот 33 став 2 наложува задолжително вакцинирање за одредени заразни болести, кои ќе ги одреди министерството за здравство. ИСКЛУЧИТЕЛНО ВАЖНО Е ДА СЕ ЗНАЕ дека овој член на законот е во директна спротивност со горенаведените члевови од законот за заштита на правата на пациентите во кои тој е слободен за зема решение дали ќе прифати вакцинација ( медицинска интервбенција) или ќе ја одбие. Имајќи го предвид фактот дека Законот за заштита на пациентите е донесен 2008 година, а предметните членови на Законот за заштита на населението е со многу постара датаа – тој е донесен во 2004 год, несомнено е дека законодавецот го ПОКРИВА задолжителното вакцинирање од 2004 со право на избор во 2008 година. Уште повеќе, гореспоменатата Конвенција за заштита на човековите права и достоинството на човечкото суштество во однос на примената на биологијата и медицината, ратифицирана во Македонското собрание во 2009 година, КАКО АКТ ОД ПОВИСОК РАНГ е со предимство, надмоќ над домашната легислатива. А во тој на интересите (правата) на човекот му се дава надвладение НАД интересите на општеството (со која цел и се донесени одредбите за задолжително вакцинирање од ЗЗЗБ), и е екцплицитно нагласено правото на информирана согласност за секоја медицинска интервенција. ОТТУКА – ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО ВАКЦИНИРАЊЕ Е ПРАВНО ПОНИШТЕНО! И во уставот на РМ како темелни вредности се вградени во Член 8 Темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се: - основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот; - владеењето на правото; - почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право. Член 11 Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени. Член 16 Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата. Член 40 Републиката му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството. Правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се уредуваат со закон. Родителите имаат право и должност да се грижат за издржување и воспитување на децата. Член 50 Секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на Република Македонија во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност. Се гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања. Граѓанинот има право да биде запознат со човековите права и основни слободи и активно да придонесува, поединечно или заедно со други за нивно унапредување и заштита. Од правна гледна точка, вакцинирањето без информирана согласност може да се смета како ТЕЛЕСНА ПОВРЕДА! Правото на пациентот да одлучува самиот за вакцинација врз доброволна основа е дел од препораката на Светската Здравствена организација во публикацијата „ Етички согледувања при акутни хуманитарни итности“ од 2013 со зборовите: „ Вакцинацијата треба да е врз доброволна основа, ОСВЕН доколку не стане критично да се превенира конкретна и сериозна штета.“ Декларацијата за промовирање на правата на пациентите во Европа, донесена од Светската Здравствена организација во Амстердам во членовите: 3.1. Согласноста на пациентот е предуслов за давање помош на секаков вид на медицинска интервенција. 3.2. Пациентот има право да одбие да му биде укажана или да прекине со медицинската интервенција. Импликациите од одбивањето или прекинувањето на интервенцијата мора внимателно да му бидат објаснети на пациентот. И европскиот суд за човекови права во пресудата по делото 42197/98 од Италијанката Иларија Салвети утврдува: „Судот смета дека задолжителното вакцинацинирање како не-доброволна медицинска интервенција е во спротивност со правото за почитување за личниот живот како што е загарантирано во член 8 од конвенцијата за човекови права и основни слободи“ Како заклучок може да се каже: ● Правото на избор при вакцинација Е СОСТАВЕН ДЕЛ од македонскиот правен систем. ● ● Институциите на државниот систем , пред се Министерството за здравство, ГИ КРШАТ: - Законот за заштита на правата на пациентите, - Конвенцијата за заштита на човековите права и достоинството на човечкото суштество во однос на примената на биологијата и медицината - на Советот на Европа, - Картата на основните права на Европската Унија (2010/C 83/02), - Препораката бр. R(2000) 5 на донесена на 699 заседание на министерскиот комитет при Советот на Европа - Декларација за здравствена заштита каде пациентот има централно место на Меѓународната алијанса на организациите на пациенти - Препораката на Светската Здравствена организација дека вакцинирањето треба да е прашање на избор. - Европската конвенција за човековите права. - Препораката од пресудата на Европскиот суд за човекови права во која тој експлицитно наведува дека задолжителното вакцинирање е нехумано. ● Институциите на државниот систем , пред се Министерството за здравство, ГИ КРШАТ: ● ○ Кривичниот закон - преку доведување во заблуда на целокупното население дека вакцинациејата е задолжителна и дека таа треба да се врши безпоговорно, ширејќи дезинформации, криејќи информациии дека правото на избор при вакцинација е законско право на секој граѓанин на Република Македонија ○ ○ Кривичнииот закон – со извршување и поттикнување на извршување телесна повреда - извршување на медицинска интервенција врз пациенти без нивна писмена согласност. ○ ○ Правата на пациентите - преку неинформиорање на пациентите за предложената медицинска интервенција – вакцинација, и не барајќи согласност од нив за извршување на медицинска интервенција - вакцинација
Ednas pisuvav za ova na temava i ne mi veruvaa eve sega i vo nas vesnik kazaa http://www.utrinski.mk/default.asp?Item ... 6DD9B1AE75
Има проблем со линкот, фала за забелешката 20.05.2014, 09:48 ЦИА повеќе нема да го користи вакцинирањето како покритие за своите операции Американсканската Централна разузнавачка служба (ЦИА) повеќе нема да го користи вакцинирањето како покритие за своите операции, изјави помошничката на претседателот на САД за прашањата за борба против тероризмот, Лиза Монако, во писмо до деканите на 13 медицински институции. Во писмото се посочува дека ЦИА се согласила да не користи програми за вакцинирање за покритие на своите операции, ниту медицински персонал за разузнавачки цели. Агенцијата нема да користи ниту генетски материјал, добиен со помош на овие програми. Пакистански лекар ја користеше вакцинацијата против детска парализа во пакистанскиот град Аботабад, каде се криеше лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, за да се обиде да земе примероци од неговата ДНК. Главна улога во таа операција му беше доверена на локалниот лекар Шакил Африди, кој ги одведе Американците во засолништето на Бин Ладен. Африди и неколку медицински сестри врбувани од ЦИА ги посетуваа домовите во Аботабад и под изговор дека вршат вакцинација против полиомиелит, земаа примероци од крв. Африди подоцна беше уапсен од пакистанските власти и осуден на 23 години затвор за државна измама.
Еве уште двајца Македонски лекар, кој смета дека вакцинирањето треба да е избор на родител. ******************************************************* Иницијативата за укинување на задолжителното вакцинирање на децата на Македонските родители е во етички и здравствен поглед сосема оправдана. Секоја медицинска интервенција администрирана без доброволно учество на поединецот е грубо кршење на човековите права и фундаменталната медицинска етика а со немањето право на избор е и директно спротивна на одредбите на Уставот на Република Македонија. Со оглед на мноштвото неспорни факти од научен, истражувачки и статистички аспект коишто во никој случај не ја потврдуваат потребата од присилно, односно со закон наложено вакцинирање на сите деца, сметам дека родителите треба и мора да го имаат главниот и единствен збор по однос на вакцинирањето на своите деца. Државата не сноси никаква одговорност за евентуалните несакани последици по здравјето на вакцинираните деца па одговорноста паѓа единствено на родителот, следствено со ова, почитувањето на неговата одлука е најлогичен, правилен и морално оправдан чин. Република Македонија треба да продолжи да го следи трендот на усогласувањето на својата регулатива со Европската, каде во повеќе од 18 земји членики на Европската унија вакцинирањето здраворазумски е единствено и исклучиво право на избор на родителот а граѓаните се заштитени и со претседателски декрети, свои и меѓународните конвенции и закони . Во склад со сето ова ја поддржувам иницијативата и ја давам мојата поддршка за укинување на присилната вакцинација во Република Македонија Д-р Билјана Бакева Спец. По медицина на трудот ********************************************** Во овој смог од контрадикторни информации кои секојдневно ги бомбардираат родителите, можам да кажам дека да се биде родител во денешно време, не е лесно. Од една страна, присила за вакцинирање за да се искоренат епидемиите, од друга страна постојано застрашувачки информации за епидемии од болести за кои децата се вакцинирани. Од една страна, напредна медицина која се грижи за здравјето за децата повеќе од нивните родители, од друга страна, наплив на болни и болникави деца со ослабнат имунитет, непознати или ретки болести. Каде е вистината? Верувам дека е во родителите и нивната љубов и природен инстинкт да си ги заштитат децата и да го дадат најдоброто од себе за нив. Верувам дека е во нивното право да донесат одлука за своето дете со полна одговорност и свесност и да го заштитат од сите институции, кои од самото негово раѓање, во име на профит, под паролата на добра намера, од здравите деца, присилно прават пациенти. Некој попаметен од мене рекол: „Патот до пеколот е поплочен со добри намери“ Време е да излеземе од пеколот, да се издигнеме над стравот кој со години ни го всадуваат во секоја клетка од нашето тело и да почнеме да се бориме за правото да мислиме со сопствена глава, гледаме со свои очи и слушаме со свои уши. Затоа што: Ако не мислите самите, некој друг ќе мисли за вас. Ако не донесувате одлуки, некој друг ќе ги донесува за вас. Ако не правите сопствени избори, некој друг ќе избира за вас. А никој друг освен вие самите, не знае што е најдоброто за вас. Бидејќи секоја планина си ја носи својата тежина. Ги подржувам родителите кои бараат да се укине присилната вакцинација. Ги подржувам родителите кои бараат самите да донесат одлука дали нивните деца ќе се вакцинираат или не. Ги подржувам родителите кои со храброст и свесност ја превземаат одговорноста за грижата, негата и љубовта кон сопствените деца. Др. Сузана Јовчевска Линк Спојлер http://zdravjenaiglanevleguva.com/2014/04/23/др-сузана-јовчевска-писмо-за-поддрш/
Ова ли е еден од "експертите" според кои вакцините се штетни, предизвикуваат аутизам итн. http://off.net.mk/zezalici/kanta/sonceto-e-ladno Како бре да ви верувам на вашите аргументи, кога вакви индивидуи ви се репери? Сериозно? Прв пат читам за женава и се прашувам дали и останатите "експерти" кои тука ги спомнувате се во рангот на горенаведенава госпоѓа со нивната "стручност"? Јас сеуште мислењето не сум го оформила 100%, ама 90% ќе вакцинирам. Во моите очи, вие противниците, немате доволно валидни аргументи со кои што би ме убедиле во спротивното. Тие рекла - кажала муабети за аутизмот и вакцините кои што ги изначитав тука не ми се никакво мерило.
Дисквалификација на личноста која се сложува со имунолозите кои се против задолжителното вакцинирање, ја отсликува твојата перцептивност. Аргументите можеш да ги видиш само ако сакаш, и ако можеш. На инка во глава никој не може да ти ги даде. Противници на вакцинацијата не мораат да бидат само лекари и научници, кои во темава ги имаш во изобилие. Дури и Македонски лекари се погласно и поотворено зборуваат на темата. Можат да бидат и луѓе кои медицината не им е главно занимање. Потребен е само рационален и реален пристап. Ако сакаш дискусија, одбери по желба за што не се сложуваш, па да дискутираме, темата е и за тоа наменета. Обиди за дисквалификации на личности на темата имаш наназад, барем на секои 20тина страници. Не е ново. Ајде погледни го видеово и искористи го максимумот на твојата логика. Зошто аутизам „немало“ порано. https://www.youtube.com/watch?v=KiT7Y233404#t=207
Веројатно слушнавте за масовните гробници на деца во Ирска. Се работи за дечиња од домови. Како медицината си вежбала на нив со вакцините за дифтерија. http://www.dailymail.co.uk/news/art...igation-memorial-800-dead-babies-planned.html
Zdravo na site, jas pocnav so vakcinacija na sinceto, kako sto nekoi veke znaat moeto since e prematurce veke e 5 meseci a koregirana vozrast 3 meseci i 10 dena, na 4.6- go vakciniravme so vakcina za B hepatit, na 6.6- BCG e sega od Skopje od edna doktorka koja ja srekavame vo Stip (Sonja Pejova) dobive preporaka da DTPR ja primime kako acelularna i polioto inaktivna, e sega problemot e neli sto od BCG do DTPR treba da pomine rastojanie od 42 dena a doktorkava od Skopje insistirase za vcera, cetvrtok ili drugiot cetvrtok i toa so nejzini preporaki, da vlezime preku red bidejki vo Skopje se cekalo na zakazuvanje, mi e strav deka vakcinite se nablizu, dodeka doktorkata me ubeduva deka nema da ima kotraindikacii , no jas se prasuvam sto ako ne daj boze se sluci nesto, denes bev i kaj maticniot pedijatar na konsultacija i da zakazeme na 42 dena vakciniranje vo Skopje, se e blokirano, termini nema, a ako ne go vakciniram vo cetvrtok na 42 dena t.e 16.07 e prasanje dali ke me primat na vakciniranje???? Pls za mislenje