Алооо џенска вакцините не траат 10 години, туку цел живот! Аман бе едуцирајте се малце па по после плукајте и кај што треба и кај што не треба. Само за кратка информација, имуниот систем си создава таканаречене мемори клетки или клетки што паметат, така да при повторно навлегување на антигенот ефикасно го бранат организмот. Тоа драга се вика активна имунизација. Доколку се примени правилно сите вакцини заедно со ревакцинација во некои случаи тоа е ефикасна одбрана за цел живот против тој антиге (бактерија или вирус). Само некои од поновите прочистени или ацелуларни вакцини, имаат пократок период на дејсво (на пр. сезонска вакцина против грип) И не постои ниту една клиничка студија дека аутизмот е поврзан со вакцините. И не постои ниту еден доказ дека дијабетисот се јавувал од вакцини??? Боже, Боже сешто се изначитав. А вака сеа да речеме дека јас сакам да си го вакцинирам моето дете против морбили но некој еве не сака. Додека моето дете да прими 1 ревакцина детето кое не е вакцинирано може да се заболи од морбили и да го зарази моето дете, па моето дете да зарази некое друго дете. Така се јавуваат епидемии и фондот за здравство има дополнително трошоци. Ете затоа тетката која не го вакцинирала своето дете ќе треба да плати 1000 евра казна. Ма и малку е. Не ми е јасно како трчате по вакцина за HPV која не постои ни 10 години на пазарот, а не ги вакцинирате децата од туберкулоза, тетанус или полио. И ве молам не ја слушајте комшивката дали да го вакцинирате своето дете.
Кога ќе станеш родител и кога ќе дојде ден да го вакцинираш своето дете знаејќи дека вакцините може трајно да му наштетат, ќе се подразмислиш малце и поинаку ќе гледаш на некои работи. Тогаш може да правиме муабет.
Френди, дали ти и твојот сопруг, твоите брака, сестри, другари, другарки сте вакцинирани? Сакаш да кажеш дека вашите родители се обиделе намерно да ви наштетат? Сакаш да кажеш дека ти што нема да го вакцинираш повеќе го сакаш твоето дете отколку вашите родители вас, кои и во тоа време ве заштитиле? Само тоа одговори ми? Нели е малку себично ти да си заштитена, а детето да го оставиш на милост и немилост? Пази, не е ова нешто што го смислил нашиов министер па ајде не му веруваме, овие вакцини се одобрени од светска здравствена организација, потврдени со години и години истражувања, од врвни научници се применуваат во цел развиен свет, и сега јас или ти ќе си земеме за право да земеме нечии живот во свои раце, без минимално научно знаења, со претпоставка дека може да му наштети, а всушност поима немаме ниту што претставува вакцинирањето и што се случува во организмот после вакцинирањето? Мислам дека е навистина лудост, да се тврди дека вакцините ќе му наштетат а го оставаш на милост и немилост на разните болести. И, ајде просветли не која вакцина наштетува на детскиот организам? Зборуваме цело време вакцина, а всушност се работи за неколку вакцини во текот на тој период до завршување на средно школо. Не се играјте со здравјето и животот на вашите деца, не ги слушајте оние кои ви велат да не ги вакцинирате децата и да не користите антибиотици, затоа што ќе го доведете животот на своето дете во опасност. Хранете се здраво, живејте со здрави навики, шетајте во природа.... Но кога ќе има потреба од антибиотик, немојте во ниту еден момент да се двоумите и да се оидувате да го лечите вашето дете со надри лекарства. Истото важи и за вакцината, вакцинирајте ги децата за да не живеете цел живот во страв. Тој што ве лаже дека вакцините се штетни,сигурно неговите деца се веќе вакцинирани. А, обично ќе ви речат, сега да можам не би ги вакцинирал/а, ама лесно е кога се веќе нивните заштитени а вашите ќе бидат експериментални глувци. За крај, пролистајте од какви се банални болести се умирало порано, а благодарение на вакцината тие болести се искоренети или се сметаат за тотално безопани, мегу ни и вариола вера, која може да биде смртоносна доколку не сте вакцинирани.
Bah мислам дека за џабе си ги трошиш зборовите и се објаснуваш. Има жени на кои ако некој им каже секој ден лук да јадат и да викаат ху ху за да им бидат здрави децата ќе го направат тоа, а нема да послушаат совет од стручно и образовано лице. Жално е што решиле сами да изиграваат доктори и да играат со животот на детето, но на крај секој си прави како што знае. Објасни им и тие пак је тргнат по бајачки. Таква простотија уште владее во народов наш, не може никако да се искорени
Alooo megu komsivkite i prijatelkite i treti lica se naogaat i medicinski lica sto smetaat deka vakcinite predizvikuvaat trajni posledici za decata, moze ne kaj site, no vo denesno vreme se pocesto...znaci toa ne e izmisleno od nekoj koj sto saka da siri dezinformacii, vi kazav zena vo drzavna bolnica, medicinska sestra so kerka vo USA, vnuceto i go osakatile, znaci nemojte taka, stom ste resile da vakcinirate, bujrum no ve molam prestanete da ne ubeduvate deka dokolku ne vakcinirame si gi osuduvame decata... se pocesto ne samo kaj nas tuku sekade vo svetot se poveke raste brojot na luge sto se informirani za vakcinite i za nivnite stetni dejstva, znaci ne samo pridobivki tuku i na kakov rizik se izlozuva organizmot na decata, i sekoj covek ne saka da go izlozuva na takov rizik, pa do sega nema nikade objaveno statistika na deca sto ne se vakcinirani a zabolele od nekoi bolesti i zavrsile fatalno, a se piocesto se objavuvaat statistiki za deca koi zabolele od vakcini, kaj sto ima cad ima i ogan....
Секоја вакцина значи секоја и понова и постара генерација има свои предности и недостатоци, ама верувај ми придобивките се многу поголеми. Ако толку се плашите да ги вакцинирате своите деца со постар тип на вакцини носете ги во странство, набавете поливалентни, ама мој совет е во никој случај да не го оставате детето невакцинирано, затоа што го загрозувате него и неговата околина.
П.с зборувате на форум а не на телефон така да отсранете го тоа Алооо,звучи неубаво.Никој овде не е глув.
Многу категорични ставови на темава бре.. Не може сите препарати од која и да е индустрија да се корисни или штетни. Едноставно, да размислувавме така, немаше да има напредок, немаше самите компании според потребите да повлекуваат одредени производи и да се стремат кон унапредување на формулата. Шминките се`уште ќе беа штетни како што биле штетни пред 3-4 века. Едноставно, стремежот за прогрес доаѓа од нашето и од несовршенството на нашите изуми. Секогаш ќе се најде подобра солуција. А, таа солуција, секогаш доаѓала од луѓето коишто се стручни во таа дејност. Затоа, секој со својот став, но јас не би се плашела да се посоветувам со лице коешто активно ја проучува одредена проблематика. Е сега во секоја фела има различни струи/правци. Кој ќе избереме да го следиме, е наша одлука. Што ќе не` спаси или уништи е исто наша одлука. Само едно знам, да бев доктор, не ќе сакав да ги доразболувам луѓето, напротив, ако може сите би ги спасила, затоа што најпрофитабилното нешто во секоја професија е добриот глас. Токму затоа, не ми е логично да не верувам во лекарите. Ако нешто не штима, секој има право да побара второ/трето мислење. На крајот, одлуката е наша.
Бах твоите мислења се толку 1970-та, мислам без приговор да се слушаат афторитети. Да се водев по таа логика бившата матична докторка на ќерка ми ќе и препишеше антибиотик за вироза која и помина за 3 дена, или фармацевтот од аптека наместо физиолошки раствор ќе ми дадеше киселина; и да не набројувам понатака – секако ова се исклучоци меѓутоа да размислував дека се тоа непогрешиви стручњаци верувај ми ќе згрешев. Зарем да верувам на СЗО после онаа измислица од свински грип, зарем при очи да мижам на сите отрови кои ги содржат вакцините и наведените нус појави во самите упатства од произведувачите. Вакцината бидете сигурни дека ве заштитува максимум 10 години – тоа е факт. Со ова мое мислење несакам никого да убедувам да невакцинира, ниту му судам како на родител заради тоа што решил да вакцинира – тоа сигурно го прави од најдобра намера. Секако е бесмислено да споредувате луѓе што не вакцинираат заради нивно убедување, со луѓе што лекот го бараат по бајачки. За неопределените пред да донесете конечна одлука за било која недоумица поврзана со здравјето, прво прочешлајте стручна литература, во време кога медицината е бизнис, тоа е најдобриот совет.
Стручната литература вика дека треба да се вакцинира, и тоа не само таа од 70тите години. Алтернативните сајтови непоткрепени со научни истражувања се тие кои викаат дека не треба. Плус, на истите тие сајтови се рекламираат еден куп препарати, за не мала цена, кои исто се бизнис.
Стручната литература е поделена на за и против, затоа на родителите не им е лесно, треба сами да одлучат. Парите го вртат светот, немислам дека луѓето кои се против вакцини се анѓели чувари, секој сам си се чува најдобро што знае.
баш ме интересира која е придобивката од новите ДНА вакцини.Бидејќи гледам дека тука сте толку добро упатени дека вакцините се така фини и нивното усовршување е еволуција на човештвото па ајде. еве нешто што многу ми се допадна од еден доктор. P { margin-bottom: 0.08in; direction: ltr; color: rgb(0, 0, 0); }P.western { font-family: "Liberation Serif","Times New Roman",serif; font-size: 12pt; }P.cjk { font-family: "DejaVu Sans"; font-size: 12pt; }P.ctl { font-family: "Lohit Hindi"; font-size: 12pt; }A:link { } Замислете го ова да ви се случува во вашиот дом. Имате врати и прозорци и аларм систем кој ги спречува нападите врз вашиот дом. Нормално е размислувањето дека тие напади се крадци меѓутоа замислете да дојдат и да си заседнат во вашиот дом дури и да ви го превземат домот. Борбата за да ги отфрлите од вашиот дом и за го задржите како свој ќе биде постојана. Замислете дека тие не дошле преку врата или прозорец туку преку вентилација или пак оџак или пак преку електричниот систем и со тоа ја пробиле вашата заштита и не постои начин да се ослободите од нив. Дали тоа се уште ќе биде вашиот дом? Дали ќе се чувствувате безбедни во него? Дали ќе бидете во состојба да функционирате нормално или ќе бидете под постојан стрес за тоа како да се ослободите од натрапниците? Натрапниците може да расфрлаат ваши работи, да ви ги оштетуваат ѕидовите, да кршат предмети распарчувајќи го вашиот дом ? Дали би се умориле од оваа борба? Може да ве скршат психички од тоа што постојано пробувате да се ослободите од нив но тоа никако не ви успева меѓтоа зарем можете да бидете рамнодушни? Ако станете рамнодушни зарем нема тоа да значи дека сте го загубиле домот и сте им го предале ним, тоа значи дека ве поразиле? Значи аналогно на ова што се случува со имуниот систем кога вакцините ја прескокнуваат неутрализацијата на туѓите протеини пред тие да дојдат до крвотокот, и наместо таа туѓа материја да биде вбризгана во телото? Исто како вие, имуниот систем мора да го нападне тоа што не е негово, и тој тоа го прави постојано и постојано и неможејќи да се справи со туѓиот протеин тој всушност почнува да се напаѓа самоот себе. Затоа и таканаречените автоимуни реакции се ништо друго туку напад врз самиот себе. Колку повеќе вакцини се внесуваат во телото, толку повеќе туѓи материи со кои треба имуниот систем да се справи и со тоа растат автоимуните реакции и нападите на самиот себе.
Колку сликовито (и колку многу лаички, да беше се вака, немаше медицината да биде толку комплексна наука) По ова прашање секој го чита она што сака да го прочита, токму затоа се и сите дебати по прашање на вакцините во последно време.
значи вакцинирај се и не се миј раце до крај на живот и немаш гајле? или па вакцинирај се,ама сепак немај санитарна и питка вода во твојот дом? http://www.unicef.org/media/files/SOWVI_full_report_english_LR1.pdf 8ма страна “With the exception of safe water, no other modality, not even antibiotics, has had such a major effect on mortality reduction…”
камо среќа да има повеќе доктори како тебе.dali знаеш дека нашиве(и во многу други земји) доктори оставаат пациенти да чекаат на ред додека преку ред влегува агент за продажба на фармацевтски фирми(лично имам видено ова на клинички центар додека чекавме со жена ми,трудници чекаа додека докторот и агентот за продажба внатре си тераа муабет)? знаеш дека докторите се наградуваат по број на препишани рецепти за лекови од агентите? знаеш ли дека се лажат како мали деца со пенкалца,шољи за кафе и `бесплатни` семинарчиња?
а уште подобро...дај ти податоци за тоа колку вакцини се имаат дадено во МКД од 1991 година до денес,на колку деца и колку несакани последици имало? сеа ќе ти кажам што ми рекоа во министерство за здравство кога ги прашав во Април 2014: ете тоа. цитат од мкд докторка`тоа што ние не водиме евиденција во МКД не значи дека вакцините не се безбедни`
Ако не веруваш во вакцините во МК вакцинирај надвор, тука се зборува за дали воопшто да се вакцинира или не и колку имаат ефект вакцините. А тоа со докторите што се продавале за пенкалца ми е јасно, сите се продаваат за пенкалца кај нас и тоа нема никаква врска со муабетов. Ако сте толку против докрори и медицина, кажав и ќе кажам уште еднаш, седете си дома, не пијте антибиотици ако сте болни (и нив ги продавале некои што носеле пенкалца), ако ве чува Господ добро, ако не, тоа ти е, природа...