1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Валандово

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Tanjamm, 24 мај 2013.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Само на поминување сум видела мал дел од Валандово. Оние кои се од таму или го посетиле, има ли нешто интересно да се види?
     
  2. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    валандово

    па низ градот немам шетано нешто за да знам но над градот имам одено во таа дискотеката со базент супер е. Сега и рибник имало било мн убаво направено.

    Кога доагам од Гевгелија во археолошкиот локалитет исар имам забележано неколку пати како го посетуваат групи, ама тоа е далеку од градот може некои 5-8 км па и повеке.
     
  3. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    валандово

    Валандово сум го видела само на минување..
     
  4. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Валандово е мало и мирно местенце..
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Валандово, прекрасно мало местенце на југ, заграден со планини и отворен кон југ кон море, претопло во пладневните часови и прекрасна свежина во вечерните часови. Град преполн со цвеќиња, егзотични дрва кои раѓаат плодови кои на друго место ретко се наоѓаат, банани, урми, киви, калинки, јапонски јаболки, јапонски мушмули, со највкусно грозје од кое се прави преубаво вино и ракија.... Град во кој ретко врне дожд, а за снег со години може да се случи да не падне ни снегулка, врели лета и пријатни зими, пролетта и есента се пријатни. На една улица начичкани едно до друго куп кафичи со големи летни тераси и секаде ечи едно радио, се разбира Радио Валандово, измеѓу куп обложувалници и мали тобако продавнички. Секоја втора жена работи во конфекција, а младите не се многу расположени за потешка физичка работа па најчесто остануваат во Скопје за полесна егзистенција или работат во локалните кафичи. Последниве десет години Валандово се препороди буквално, со новиот базен сместен во ридовите, со преубав поглед на природа и многу сонце, во доцните ноќни часови функционира како дискотека, барем така беше порано очигледно во последно време има многу промени па годинава и не работи во ноќните часови. Освен во лето градот не функционира многу во другите месеци, во Мај-Јуни е познатиот Фолк Фест, во Ноември е Ракијада, преку годината нема други попознати случувања, локално се одржуваат фолклорни дружења и помали забавни содржини, спортски турнири и натпреварувања. Главен ден во Валандово е Среда, ден за пазар и ден кога од 5 000 жители се собираат уште најмалку 1 000 од околните села. Ова е моето Валандово, мојот роден град :D
     
    На LadyR и danichap им се допаѓа ова.
  6. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Валандово ми е познато само транзитно и еднаш влеговме на кафе, многу мало гратче, немаше некое движење, не знам кој ден се погоди коа бевме, можеби било и недела. Некако ми остави впечаток дека е пасивно.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 4 други им се допаѓа ова.