Чекај чекај рано ти е. Јас сум до 26 та епизода сега во среда е 27 мата. Што не ќе се случи. Инаку јас ви ја препорачувам со Енгин Акјурек серијата Да сум облак. Таму се надмина себе си. !! Овде не да е сексиии, мада јас него си го сакам уште како Керим во Фатмагул, и како Мустафа во Да сум облак.
нена а на кој сајт ја гледаш серијата? јас ја изгледав на натабану ама само до 23 ги има, пробав на мовтекс да се регистрирам неможев а и таму ја има само плус 24. Инаку серијава е врв, 4дена буквално со лп во раце бев додека да ја изгледам, прекрасна е
јас ја гледам на турски мене не ми треба превод. Почекај малку ден два ќе ја украдат табанко и компанија од мовтекс па кје ја преведат. Инаку на ФБ има цели групи за серијава, и за сите тусрки сери, каде што се поставуваат разни слики позади сцена, од животот на глумците. Од цела југолавија се собрани фанови.
Ќе досаѓам бајаги на темава,така ми стои Луѓе оваа Нилуфер озбилно е толку глупа?! Со кој мозок се гледа со Фатих,ама се изнервирав...
пуста љубов тоа е, тој прво ќе ја искористува а потоа и он ќе се заљуби во неа. И јас многу се изнервирав како можеше така да ја предаде сестра си а да му верува на тоа ѓубре
Рано ти е да се нервираш. Тоа со Нилуфер е калсичен Стокхломски синдром. Кога жртвата се заљубува во злосторникот.
Не сакам да го напишам ова но морам, веќе на големо се шпекулира дека серијата нема да има среќен крај иако уште се снима и ништо не е конечно, ова го кажав во однос на Омер и Елиф , се зборува дека еден од нив ќе заврши несреќно , ама ајде да не го предизвикувам злото... си ги обожавам двајцата ЕЛМЕРИ мои и сакам да бидат заедно Ве читам вие што сте заразени а сте на почеток на серијата чекајте допрва следуваат моменти кога ќе останувате без текст и во неизвесност.. јас стигнав до 26 епизода веќе
Ај не ми прај стресови,јас сум на 13 епизода и не се откажувам од двајцава. Ако има несреќен крај,фановите бунт ќе дигнат,веруј. Инаку со 26 епизода заврши и втора сезона? Оти знам 13 е крај на прва сезона.
На некој од српските форуми прочитав, сепак кажав ништо не е финално , наше е само да си негодуваме И јас би типувала да си останат заедно до крај , но што ќе биде кој знае има една поговорка крајот или го краси или го гнаси делото. Ова беше оф топик ќе си молчам нема предвидувања предвремени повеќе ветувам
Девојки што зборувате каков тажен крај, серијава ми ја замени Милост мислев никоја нема да ми го привлече вниманието како неа и уште не можам да се помирам со крајот, ако и на оваа и следи таков крај официјално кревам две раце од гледање турски серии..
Јас јас следам Туба уште од Аси и кога дознав дека ќе глуми заедно со Енгин знаев дека серијата ветува многу, ама нема да почнам да ја гледам се додека не видам дека ќе заврши со среќен крај. Многу серии кои сум ги загледала ме разочарале на крај
@Polsko почни ја слободно ти гарантирам дека ќе има убав крај ! @Rama аман не верувај на форумине се и свашта пишуваат. Јас на ниеден турски форум не го прочитав тоа а и ако го гледаше траилерот за 2 сеѕона кога ја најавуваа не би рекла дека ќе има лош крај.
Изгледав се што е преведено,сега ќе си чекам... Сега кога ве стигнав,да направам една мала анализа,како што ми е традиција за секоја серија Навистина е генијално осмислена,секој лик е одлично обработен. Нилуфер се оправи малку,на почетокот ми идеше да ја удавам,си ја предаде фамилијата за странец. Иако Метин ја сака,манијак е и дефинитивно не треба да биде со неа. Елиф и Омер ми се прекрасен пар и има огромна хемија меѓу нив.Сепак,мислам дека многу ги избрзаа на почетокот работите меѓу нив,си изјавија љубов и веднаш поминаа една вечер заедно,па после детски кавги и расправии. Во принцип,целата приказна е некако избрзана,не знам дали планираат помалку епизоди или таква им е целта.Многу работи се издешаваа за 24 епизоди или нивни 10 месеци,а сега мислам дека ќе ја завлечкаат со одењето во затвор на Елиф,што може да придонесе кон досадни епизоди,а пак можеби ќе продолжат да ми создаваат мини срцеви удари. Тајер е добар негативец,прав психопат,ама премногу зависи од други луѓе и прави грешки.Од друга страна,Метин е совршен.Како беше стално 2 чекори пред полицијата,алал да му е. Spoiler: За убиството на Ахмет и Сибел Ниту малку не се сомневав во Хусеин,ама прав гад испадна,одвратен ми е.Омер кога ќе го дознае ќе биде скршен,цело време ја бркаше фамилијата на Елиф и нејзината околина,на крај неговиот брат,неговата крв е оној што му го направи најголемото зло. Алчноста е лоша работа. Сума сумарум,одлична серија,една од најдобрите турски серии што сум ги следела,со надеж дека ќе остане добра и со достоен крај. Инаку некои сцени на Омер и Елиф многу ме потсетуваат на Махир и Фериде,посебно онаа кога го пукаа и го спаси нејзиниот часовник,исто беше и во Карадај Можеби дека сум приврзана со неа,затоа така ми изгледа.
Стигнав до 20 епизода, ама сум брза Со нетрпение ја гледам секоја наредна епизода, и едвај ги чекам финалните снимени епизоди иако по малце ме плашат Навистина им завидувам на љубовта на Омер и Елиф, е ова се вика вистинска љубов.. Има толкава хемија меѓу нив, врската им е совршено сработена да не можи човек да им се донагледа.. Баш сродни души, створени еден за друг.. Мислам дека и во реалноста би биле одличен пар Туба и Енгин но за жал не се може сите убавини.. Заборавив во претходните постови да искоментирам нешто за Левент, човекот е совршенство во секој поглед.. маж од соништата глупа Бахар што го изгуби поради подмолни игри.. Многу од вас ја мразат Бахар, да знае на моменти да биде кучка ама од друга страна и ја разбирам ароганцијата и амбициите.. сепак и таа како и секој во животот сака да постигне нешто и за разлика од Елиф неа ништо не и било дадено на тацна, го оправдувам до некаде нејзиниот лик инаку после Елиф таа ми е втора убавица во серијата.. да не ја изоставиме и Пинар и Нилуфер. Мерт во почетокот ми идеше на нерви, типично татино разгалено синче ама како што идат епизодите некако го дотерват во понашањето иди на некој ред, мислам дека би биле преубав пар со Нилуфер ама таа глупача се затреска во оној никаквиот, искрено и колку да му се добри намерите него со неа мене не ми се убав пар. За досега изгледаното ова имам да го кажам па кога ќе ја догледам ќе пишам нови импресии.
Spoiler Елиф излезе од затвор во 27 епизода на крај. Која епизода беше ауууу. Инаку веќе и 26 е преведена само на на страните на кои што вие ги гледате. Затоа треба врски. Епизодите ги преведуваат девојки цели тимови, и веќе се преведени сериите во недела вечер ( а премиерата е во среда).