1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Валкани пари и љубов (Kara para Ask)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од MayDiamonds, 19 ноември 2014.

  1. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Фатих ЦАР! :clap::clap::clap:
    После ова што му го направи на Тајер дефинитивно ме освои и можам да кажам дека ми е еден од омилените ликови иако уште на почетокот знаев дека не е скроз негативец. Досега се што направил имало многу силна причина поради која го сторил затоа на некој начин и го оправдувам и очекувам дека на крајот ќе испадне херој во приказната. Според мене мислам дека тој е единствениот кој може да го уништи Тајер и се надевам дека ќе му наплати дебело за се што му сторил во животот него, на неговата мајка, на Нилуфер и нејзиното семејство.
    Инаку мислам дека најдобар начин да ги смират Елиф и Омер е Елиф да остане бремена, друг исход од ситуацијава нема.
    Инаку Омер во последната епизода испадна колема кукавица, не сум навикната да го гледам Омер како се крие зад лаги и избегнува да се соочи со вистината, требаше храбро да застани пред Елиф и да и каже дека Хусеин е убиецот.. Мислам дека многу полесно ќе преминеа преку тоа заедно отколку вака одвоено. Just sayin'..
    Епа останува да видиме уште 11 епизоди ако е точна информацијата дека вкупно ќе има 50 епизоди, баш ме интересира каков ќе биде крајот.. јас сепак се надевам дека ќе биде среќен. ;)
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Браво за мојата Елиф, поразот го дочека достоинствено на нозе , да беше друга девојка на нејзино место , ќе паднеше во тешки депресии...испушти мали солзи и благодарение на Фатих зетот , кој и ги отвори очите, се фрли во една од нејзините добро познати "комисерски акции", со цел да се разувери со ДНК чиј син е Јаз 8)
    Го погледнав трејлерот за 41 епизода, и му доаѓа конечно крајот на Аби Хусеин , уфф како ќе го начека во тесно Омер ;)
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Бав зафатена,па си ги изгледав денеска сите наеднаш.
    Накратко кажано,се и свашта се издешава :D
    Баш ми беше мило кога го фатија Хусо и сето дејствие и акција,епизодите беа стварно интересни.
    Фатих не знам што прави,до крај на 44 се убедував дека игра дупла игра со Тајар и дека нема да направи она што планираше,но ете бидна.
    Од друга страна,кога отиде кај Хусеин држеше секира,а не пиштол да го застрела во главата :^)
    Уште не знам што да мислам,дали сепак направи некој заговор да го среди Тајар или пак по старо се врати.
    А планот,навистина генијален и одлично создаден.
    Патем,и Недрет изгледа соработува со Тајар,значи стварно на никого да не му се верува.Само уште не знам што е целта на двајцата,сета оваа војна против Елиф не изгледа само за пари,туку како некоја посебна омраза да имаат спрема неа,таков впечаток се оддава.
    И според промото,Омер е доста уверен дека Елиф е виновна,се надевам лажат сцените,пошто би била разочарана од него,час пред убиството се смееја заедно,па не неа ќе и текне да го убива брат и:D
    Ми се допаѓа што разрешаваат еден куп работи во една епизода,она со ДНК мило ми е што се среди и барем двајцава се смирија ако не друго :D
    И ми текна уште нешто,што ако некој сосема трет ги раководи Недрет и Тајар? Можеби и самиот Ахмет е жив,а има некоја тајна агенда спрема ќерка му,можеби не му е ќерка воопшто.. :D
    Се е можно,а фактот што ме тера да размислувам е доказ дека авторите си ја завршиле работата и создале одлична серија.
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Оуу ми направи цел филм сега, баш ме интересира на крај што ќе испадне.. Засега не ми делува нешто прилично заплеткана приказната, ама навистина од страна на Таер не ми делува како сето тоа да го работи за пари или дијаманти.. Тој и така е премоќен, има болници, фондации, фирми што ли не зад него.. Не верувам дека дошол до фирмата на Елиф која и онака е на стаклени нозе.
    Но ме закопка она кога Недрет зборуваше на телефон и велеше дека ќе банкротираат, не ми се верува дека тоа беше Таер.. воопшто не изгледа како да му виси материјалната состојба.
    Ама од друга страна со оглед на тоа дека серијава е правена од истите режисери и сценаристи на „Крај“ ако имаше нешто такво од типот на некој задкулисен лик да го контролира сето ова мислам дека досега полека по полека ќе го откриеа, а засега само Таер го има.
    Останува да видиме до крајот што ќе се деси, ако точно разбрав серијата ќе се снима и прикажува до Јуни, така да нема уште многу епизоди до крајот. Инаку јас сеуште се надевам на среќен крај. :inlove:
     
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Претпостатував дека Фатих прави некои двојни игри , и ги врти и Тајар и Омер , изгледа дека Хусо е жив ама без нозе , браво за манијакот Фатих, како и ја загорчи судбината на Елиф свесно , само да му се улизава на татко му, за да му ја преземе империјата , а што да кажам за онаа глупава Нилу нека му служи како секс машина сеуште.Браво за Елиф иако не се сеќава на ништо , избра место кукавичко бегство, да оди да се предаде сама во полиција, иако Омер не го сакаше тоа, затоа што имаше подготвено се да замине во Рим,како и секогаш Арда се покажа вистински брат на Омер ,му помогна за се, а Пелин претера му кажа на обвинителот дека Елиоф ќе бега од државата.Тетката вештерка излезе дека му била партнерка на Тајар во сите валкани бизниси и дека таа го нарачала убиството на сопствениот брат,кој знае натаму колку изненадувања не очекуваат , станува се поинтересно, ама и се ближи крајот :(
     
  6. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Абе знаев дека Хусо не е мртов уште кога ја видов секирата во рацете на Фатих.Капа му симнувам,испадна поголем психопат од сите,маестрално изведен план.
    Елиф исто добро направи,жално е што не се сеќава на ништо и самиот факт што за себеси мисли дека е способна да го убие.Омер е злато човек,иако брат му е во прашање,уверен е дека таа не е виновна,а и Арда доста му помогна.
    Пелин претера малку,ама ја разбирам.Не може да има двоен стандард во работата само поради тоа што ја познава Елиф,мора да тера процедури.
    Недрет уште од почеток ми имаше злобна нишка и едвај чекам да видам како ќе се размрси нејзината улога,типката е помоќна и од самиот Тајар.Ама Ипек е на правилен пат,најверојатно таа ќе открие нешто,ако не ја утепаат во меѓувреме :D
     
  7. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Уште првиот пат кога се појави Недрет знаев дека ништо добро нема да произлезе од неа, имам сенс за распознавање лоши карактери.
    Фатих крал :bow:(y) Знаев дека нема да ме разочара, дефинитивно најомилениот лик во серијата. Едвај чекам да видам уште какви планови ќе смисли за да го срози Тајер, осеќам на крајот ќе испадне јунак, и баш заслужува да застане на чело со империјата.
    Искрено без овие сцени со плановите на Фатих, и еве матните зделки на Недрет кои постепено почнаа да се откриваат серијата ми е еднолична некако, здодевна.. Само заради нив ја гледав и да го видам Тајер мртов. Елиф вистина се покажа храбра ама има слаба е карактерно за жал. Омер го направи тоа што секој би го направил на негово место, ја одбрани саканата со сите можни сили и му симнувам капа поради тоа, камо да постојат вакви мажи во реалноста.
    Уште малку епизоди остаа до крајот па hadi bakalim што би рекол Тајер. :D
     
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Оваа Нилуфер најозбилно сакам да ја снема од лицето на Земјата,толку глупо суштество е,не е можно дури,не знае една работа да истера до крај,стално прави глупости.Не за друго,и потомство ќе има :D
    Елиф напатена душа,одма знаев дека престојот нема да и биде пријатен,исто и за докторот,во фаца му се гледа дека е човек на Тајар.
    Омер пак прави фатални грешки,како може да влегува во куќа со толкаво обезбедување,кое е тренирано од Тајар,па неуспехот од далеку се гледаше...
    За пукањето имам две теории:
    -Првата е дека не го погоди и дека се договорија со Фатих некако да ја исценираат работата или поуверливо,го пукна со празен куршум,мада не би го имал времето Фатих да смени куршуми.
    -Втора теорија е дека стварно го упука и дека или ќе преживее на магичен начин како во пола турски серии или ќе умре како во другите пола турски серии :D
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.565
    Пол:
    Женски
    за среќа не го упука, туку испука блиску до неговата глава ама доволно далеку за да не го погоди. Во спојлерите за 47 епизода Омер вели:Добро е што фатих е добар стрелец инаку... Во 47 епизода Омер ќе дознае дека е жив Хусеин. Нилуфер ќе му побара развод на Фатих но овај ќе и каже нешто што можеби и не треба ( ако пак на седне е стварно е глупа гуска костур на батерии). Омер наоѓа сведок дека Елиф не е убиецот на Хусеин.
     
  10. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Стварно не ја гледам поентата една епизода да ја влечкаат 2 и пол саати кога може фино лепо се да се стокми во час и пол. Стварно преразвлечени се дејствата, и ја нема онаа динамика која ја имаше во првите 15 епизоди и некако ми е замор да ја гледам воопшто не ми држи внимание ама не се откажувам ради тоа што немам навика да оставам серии започнати недоизгледани.
    Инаку не ми е целта да наоѓам дупки во содржината ама стварно не ми е јасно како можи Омер сам да спроведува акции на своја рака, океј знаеме дека е главен комисар ама нема логика луѓе.. Океј можеби од гледање CSI почнав да наоѓам влакно во јајце ама има преочигледни проспусти, на пример овие останатите од полицијата како да живеат во друг свет, Омер и неговите мускетари сами се борат против мафија разгранета до недоглед, фали операција и организација, се ми изгледа толку нереално.
    Али ајде ќе речеме гледај турска серија и ќути ама се гледа дека е скап проект и воопшто Ay yapim не прават ефтини проекти, мислам дека му фали уште малку повеќе развивање на настаните и обрнување повеќе внимание на деталите кои ние гледачите треба да ги доживееме како вистина.
    Ова со затворот веќе видено, не постои серија каде во затворите не малтретираат некого.. Не знам ама Елиф ми е многу полабилна за разлика од како што беше во почетокот на серијата, за Омер и екипата негова кажав што имав да кажам, стојат во слепа точка и не мрднуваат.
    Единствен лик кој ги движи настаните е Фатих и заради него продолжувам да ја гледам серијата затоа што се покажа како најспособен лик и се знае дека Омер не е пукан.. А честитам на Нилуфер и требаше една деценија да сфати дека Фатих не е оној кој го замислува таја. Сега само чекам Фатих да успее да земе признание за татковство а сигурно после ова со Омер ќе го добие на тацна и да го збриши Тајер од живите.
    Крајот е веќе предвидлив. :)
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Нилуфер уште еднаш се покажа како неблагодарна сестра,место да реагираше веднаш кажувајќи го тоа што го разбра од Фатих,да ја спаси на суд Елиф,таа си замина кај бившиот дечко Мерт,а потоа се смести во луксузен хотел,примајќи подароци од мажот и Фатих ко ништо да не било,колку брзо заборави како елиф со денови се жртвуваше за неа кога беше киднапирана,Нилуфер ми е еднаква на слаба девојка без мозок и неблагодарна сестра.Изненадувањето на Омер со кое и измами насмевки на Елиф,беше прекрасно,што сите завидуваа во тој момент (па и јас) би сакала да имам некој како Омер покрај себе(некој кој ќе ти рече,овде во срцето си ми)А за Тајар,што да кажам,не ми се верува дека ќе го убие Хусо,кучето има 10 животи,нема лесно да се спаси светот од него,ајде едвај чекам да излезе 49 епизода,и да видиме што ќе се случи и со нашата Елиф,која знаеме дека е избодена од психопатката Ханде:devil:
     
  12. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ја избодеа Елифче,баш ќе биде интересно следната епизода,мада сигурна сум дека ќе ја спасат.Хусо многу се двоуми со пукањево,се си мислам дека ништо нема да направи,има време за Тајар да умре :D
    Недрет е мистериозна,кај во 2 епизоди се ќе склопат,може и да ја продолжат.
    Се нервирам што во серииве стално умираат негативците,па работата е да ги фатат и осудат,вака си се спасуваат :D

    А изненадувањето на Омер беше прекрасно,богами и јас посакувам некој како него,љубов е тоа :D
     
  13. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Ахх.. совршен е Омер, too good to be true за жал каде да најдеме таков женски ;(
    Се надевам дека Елиф нема да умре стварно ќе биде безвезе..
    Дека јас моментално ги пратам двете серии Валкани пари и Плима и Осека инаку двете се на Au yapim продукција и во двете гледам трејлерите за најновите епизоди им се каде што наводно умира главниот женски лик, што е работата со сценаристите им снема инспирација изгледа па една идеа ја применуваат во сите проекти што ги работат :lol:
    Пак ќе речам, го изгуби филингот серијата што го имаше во првите 10-15 епизоди.. (не се сеќавам добро која епизода беше кога Елиф и Омер станаа пар) до тогаш ми беше многу интересно да ги гледам како полека се вљубуваат еден во друг а истовремено ги кријат чувствата, па и сета таа акција со спасувањето на Нилуфер, па перењето пари.. Беа добри епизоди, но после тоа ми стана како некоја шпанска сапуница и се разочарав искрено, но не сакам да оставам серии на пола па затоа решив ќе издржам и ќе ја изгледам до крај и онака нема многу епизоди. Но настрана од тоа Енгин и Туба дефинитивно ми се еден од најдобрите парови што сум ги гледала во серија, во топ 3 ги ставам заедно со Чатај Улусој и Серенај Сарикаја во Плима и Осека и Озѓу Намал и Ибрахим Челикој во Милост.. :inlove: Ретко се случило толку добри парови, секоја чест на продукцијата.. Толку ја испофалив секаде што некој ќе си речи ме плаќаат за тоа :lol: Ама досега не ме разочарала серија на Ау јапим.
    Избегав од темата малце.. Остануваат уште 2 епизоди, баш ме интересира како ќе скоцкаат се на крај а најмногу ме интересира смртта на Тајер ако воопшто умре зошто после толку обиди уште се држи пустиот како мачка со 9 животи е.. И се надевам на свадба на крајот, можеби е клише ама навистина заслужија Елиф и Омер после сите овие тортури. (fingers)
     
  14. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    @MayDiamonds Оваа Плима и Осека што серија е? Не за друго,гледам Емир од Фериха глуми,а ја се заљубив во него и сакам да го видам во друго издание :D
     
  15. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Серијата е МАЕСТРАЛНА, има таква актерска постава што не можи да те остави рамнодушен.. Во Турција моментално е во топ 3 најгледани серии и дефинитивно хајлајт на продукцијата.. Мене ме освои на прво гледање ја изгледав во еден здив сега си чекам последни епизоди.. Предобра е ја препорачав и во темата за серии, гледај ја нема да згрешиш. :inlove:
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Не ме воодушеви нешто многу крајот,ама ајде,се знаеше дека нешто ќе зафркат сценаристките,многу добро го почнаа сценариото,ама после многу непотребни работи ги сецкаа,развлекуваа,всушност како што прават на крај со секоја турска серија за жал.
     
    На No Makeup и 2212 им се допаѓа ова.
  17. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    @Rama баш ќе пишев дали некој ја изгледа финалната :D

    Јас заглавив на 50та,со недели немам чепнато,ми падна интересот.Искрено навака е прилично предвидливо и досадно,сега само се надевам на среќен крај.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Крајот е среќен да,ама сепак не е нешто што ме вооодушеви,ајде ќе те оставам сама да ги догледаш епизодите и да си собереш впечатоци:P
     
    На 2212 и Marossa им се допаѓа ова.
  19. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Евеееет.. стигнавме до крајот, па да пишам импресии :)

    Искрено си стојам на мислењето дека серијата започна бомбастично, епизода по епизода од почетокот се нижеа се подобри и подобри, вистинско освежување беше меѓу турските серии се до некоја си 15 епизода, после натаму не знам што се случи но како да го изгуби шмекот, динамичноста, некако хемијата на Омер и Елиф почна да изумира.. Многу непотребни дејства, развлечени и што се повторуваат.. Многу безсмислени сцени, нелогичности итн. ама ете собрав трпение и ја изгледав докрај. Искрено крајот воопшто ама воопшто не ми се допадна, некако како со сила да беше направена епизодата колку ради реда да се заврши, се гледа дека сценаристите имаа изгубено волја и инспирација.. Искрено штета за таков енергичен и обетувачки почеток да заслужи ваков просечен крај.
    За претходните епизоди немам што да коментирам, ме уби монотонијата.. Особено најмногу ме револтираше смртта на Тајер, толку глупо исценирано што не заслужува ниту еден коментар, дефинитивно јас можев да смислам по легендарна смрт.
    Имаше моменти што ме разнежнија ама многу малце, ми се допадна што Нилуфер и Метин останаа заедно и му симнувам капа на праведноста на Арда, и ми се допадна на крајот што Елиф сепак попушти пред правдата :) Се на се една просечна оценка за мене за крајот, но ео задоволство би ги гледала почетните епизоди повторно :clap:. И колку да ми беа досадни некои од епизодите сепак ќе ми недостига серијата како и сите други на кои сум останала верна до крајот, едноставно актерите беа повеќе од маестрални.. Одлична екипа која ја заслужи секоја пофалба, па се надевам дека можеби некогаш ќе ги видиме повторно Енгин и Туба во некој заеднички проект. (y)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    После толку време,конечно ги изгледав последните eпизоди,ептен тешко беше дури седнам :D
    Ќе си ги ставам импресиите во спојлер,за секој случај некој да не му ја уништам.
    Се согласувам со May дека серијата ми беше една од најдобрите од турска продукција,ама како што минуваа епизодите,така ја уништуваа по малку.
    Далеку од тоа дека немаше интересни епизоди и акција,глумата беше одлична,ама крајот воопшто не ми легна,да не беа последните 2 минути,уште повеќе ќе се разочарав.
    Смртта на Тајар,најглупо нешто на планетава.Го направија убиец Омер(иако тој не го уби),го направија и неспособен,не го оставија да испадне тој попаметниот,туку така со измама го тргна од себеси.Ужасно лош потег.
    А за реакцијата на Елиф,ми идеше да ги упукам сите по ред.Ќе зборат цела серија за нивната луда,невозможна,епска љубов,а после едно Не од страна на Омер,Елиф одма кидна да бега.Каква е таа врска жити се,па премногу глупаво дури и за турска серија.Добро,јас малку се внесувам во сериите,ама стварно се изнервирав :D
    Никогаш не би го направила тоа на човек што го сакам,да го натерам да се откаже од она што го прави таков каков што е,од неговите амбиции и соништа.И после расправијата на свадбата,кога Омер и влепи се во лице,навистина се исполнив.И искрено не сакав да потрча по неа,сакав таа да го побара.Ама знаев дека ќе биде вака,пошто нели клише моменти,ја те сакам повеќе од се.
    Епа не е така баш...
    Мило ми е што на крајот Елиф увиде дека тоа му е судено и реши да го поддржи,ама бесполезни беа тие 3 месеци.
    И за Фатих не ми се допадна.Требаше да си ја излежи казната,а не да бега со глупачката Нилуфер.Знаев дека ќе го пушти Арда,ама ме разочара.Кој интегритет на полицајциве,како се подобри од Хусеин,од Али,кога и тие ја напуштиле правдата и гледаат само направо,пред себе,а не пошироко?

    Мислам дека најмногу се изнервирав што Омер го променија,од таква паметна,бистроумна личност,го направија папучар и беспомошен,го докрајчија.А почетокот стварно ми беше феноменален,се заљубив во глумецот после серијава.


    И друго што ме нервира е што стално умираат криминалциве во турските серии,освен Тургут од Карадај кој имаше најдостоен крај,другите стално се извлекуваат со смрт.А демек крајна цел е правдата.Мижи да ти баам...
    Среќен крај,ама тотално нереален.
    Толку од мене,сега следеча :D
     
    На Rama и MayDiamonds им се допаѓа ова.