^ Си ја заслужил наградата,а имало номинирано баш талентирани актери.Инаку можеше да зборува на англиски,таму никој не го разбра
те молам да не ми го дираш Енгин! Си збореше на Турски затоа што тоа е интернационален настан. А богами и само да збори гласот да му го слушам доволно ми е. Си го сакам што да правам !
Абе и јас си го сакам,кога ќе споредам од Фатмаѓул каков беше,а сега каков е, А баш поради тоа што е интернационален настан,би требало да се зборува на интернационален јазик,кој според мене е англискиот Без разлика,долу на видеото имаше превод,јас битно го разбрав
^ Да ви се замешан малку во муабетот Мене Керим ми беше по срцлест од Омер . Во Фатмаѓул за прв пат го гледав Енгин,и то беше љубов на прв поглед
Добро,Керим беше емотивен,цела серија беше болна,ама мене Омер многу повеќе ми се допаѓа. Не само што таа фризура и брадата му стојат совршено,туку и самата улога,колку беше паметен и начинот на кој зборуваше,неспоредливо
Опседната сум со серијава,лани ја изгледав кога играше Турција,после на нет си ја изгледав со српски превод во еден здив,и како малку да ми беше,сега ја гледам пак на една албанска телевизија,случајно ја начекав де..и би сакала еве,нашиве да ја откупат,иако ќе потфрлат со синхронизацијата.. Преубаво ми е сценариото,и Елиф и Омер ми се мераци заедно.
Мојата омилена серија. Иако не сум луда по турски серии(имам гледано вкупно 4 со сегашната Кара севда) оваа серија едноставно ја обожавам. Бев бремена кога ја гледав, на Нова тв Хрватска,и не мрднав цело лето никаде, во девет часот играше, и не мрдав два часа. Елиф и омер ма прекрасни. тринаесетаа епизода не можам да ја заборавам ,кога Омер ја следи Елиф со оној високиот...Единствено крајот ме разочара, малку, но сеедно гооолем фан сум
Јупиии Серијава е предобра,ја изгледав со спрски превод,ќе ја гледам и со зезната синхронизација кај нас. Ама ако,ова е серија што вреди за сите пари,само крајот не ми остави некој впечаток,ама се на се,предобра серија,од сценарио,до глумци,посебно главните улоги
Вчера почна, ја загледав ради вашиве коментари тука и пофалби според првава епизода ветува многу, се надевам нема понатака да ја утнат ко 98% од турскиве сериите па да прекинам да ја глеам
Не ја можам синхронизацијата и крај... Омер со неговиот преубав глас е уништен. Но ја обожавам па некако ќе ја проголтам синхронизацијата.
КОлку што се сеќавам, по ослободувањето на Нилуфер, дијамантите воопшто не се спомнуваат. Мислам дека тоа остан мистерија, но јас ја гледав 2015 па можеби сум заборавила. Но мислам дека така беше.
И јас не се сеќавам добро,го гледав 2015. Но знам дека дијамантите се кај Хусеин,тој ги крие во гулабарникот,ќе покажат тоа на крај на прва сезона. Само не ми текнува дали вистински се дијамантите всушност...
како не ти текнува @malecko5 Spoiler: за дијамантите Кога ќе дознае Омер дека брат му е убиецот и дека има двоен живот, таа плавата со детето, ќе ги најде дијамантите во седлото под гулабите. А пиштолот со кој ја убил Сибел и Ахмет Денизер во бунарот ќе биде фрлен. Ако ја сака некој целата серија со превод на српски нека ми пише порака да му пратам линк.