улогиeter Krause Donald Sutherland Jill Clayburgh William Baldwin Natalie Zea Glenn Fitzgerald Seth Gabel Samaire Armstrong Zoe McLellan Lucy Liu Blair Underwood Серијата се врти околу адвокат и семеен човек Ник Џорџ, толкуван од Петар Краузе. Кога татко на Nick мистериозно умира во авионска несреќа, тој се согласува да преземе својата позиција како адвокат на семејството Дарлинг, додека се обидува да открие кој го извршил убиството. На darlings, најбогатата фамилија во Њујорк, постојано се потпираат на Ник за решавање на нивните проблеми. Ник се бори да се балансираат својата моралот и семејниот живот а кои се занимаваат со барањата на darlings.
Ја следев помалку серијава кога одеше на А1. Сега незнам каде ја даваат, а и заборавив што се случуваше, улоги, се‘. Ако сакам да ја гледам ќе морам од почеток. Инаку една сцена што никогаш нема да ја заборавам е, кога тој го славеше роденденот на мост. И знам плаќаа огромна сума на пари за да може да го слави.
Mногу јака серија само не знам оти не извадоја и 3та сезона оти последната епизода заврши како да ке продолжи ама ништо.И јас го обожавам тој дел кога ке прај роденден на мостот Бруклин,еј замислии хе хе хе Има и многу други јаки дешавки...
Немало отворено тема за серијава до сега Браво што ви текало. Предобра серија. Иаку на почетокот не ми се допаѓаше серијата, но мн згрешив кога случајно ја загледав. Фантастична е серијата! глума, содржина, глумци се на ниво! Омилен ми беше Ник и Џереми со неговите глупостии особено кога ќе се заљубеше во некоја цура! Штета што остана само со 2 сезони, дефинитвно беше нешто поразлично од останатите серии
Се чудам како оваа добра серија ја прекинаа, а некои други побатал снимија или уште снимаат сезони. Многу добра замисла и убава реализација и приказната беше на место, посебно таа епизодата кога батлерот ќе ги изврти приказните за новинарката во стилот на The usual suspects, ако ви текнува. Мојот омилен лик - Џулиет Дарлинг, омилена ми беше и во О.С. има преубава фацка, зрачи со топлина, мерак да му е на човек да ја гледа.
Koga 'e se setam Majka mu na eden drugar ja gledase redovno serijata i nie mu se smeevme Детишта бевме тогаш
Серијава ја гледав од далечната 2007ма хаха една од најдобрите до сега, со големи сличности со Gossip Girl во темата и случките. Штета што нема 3та сезона Омилен лик ми беше Карен Дарлинг.....и беа многу добар пар со Ник Џорџ
За серијава прво мислев дека А1 ја прекинаа заради тоа што не е откупена до крај (нели, се навикнавме, не е прв пат ), но потоа разгледав дека има само 2 сезони. Ја скратиле заради тоа што немало доволно буџет за да се снима наредната сезона. А и една од актерките веќе е почината, така да, надежта за повторно оживување на серијава ептен се изгуби (не дека не можеа да ја заменат или да и измислат некоја несреќа). Интересна серија, но штета што не продолжи и не дознавме дали и кој е убиецот и што ќе се случи. Во нејзин стил и премногу слично подоцна ја направија Gossip Girl. Но не беше лошо и оваа да ја продолжат. Го имаше гламурот, само буџет недостасувало...
Зашто бе зашто не ја снимаат веќе!? (мислам, ја знам причината...сакав само да си се пожалам, прашањево е реторско )