1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Валона (Албанија)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од SexyLady, 1 јули 2011.

  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.798
    Допаѓања:
    3.267
    Пол:
    Женски
    Најверојатно годинава ќе одиме за Валона. Првпат ќе одиме во Валона, т.е. воопшто во Албанија преку лето.
    Што се треба да знам за таму? :)
    Како е таму? Знаат ли англиски, некои ми кажуваат дека освен албански и чат-пат италијански друг јазик не знаеле.
    Каков е ноќниот живот во Валона? Плажите какви се, песочни или?
    Скапо или евтино е? Каков е престојот?
    Како сте вие задоволни?
     
  2. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Не сум била, единствено знам дека низ Валона имало некои канали и доста лошо мирисало, најверојатно од канализација нели и дека не било градчето нај нај. Искрено не сум слушнала позитивни коментари. Како поубаво градче ми го збореле Саранда, мислам дека е појужно. Инаку доста било тешко да се разбереш со Албанците, скоро никој не знае англиски. И цените биле стварно ниски скоро за се и смештај и храна. Се надевам некој со лично искуство ќе ти пише попрецизно :hai:
     
  3. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    11.242
    Пол:
    Женски
    Пред неколку години тргнав за Валона, ама завршив во Саранда.
    Како што кажа Јојоба, има некои канали или што знам и доста мириса. Мене не ми се бендиса и затоа не ни останавме таму. Си го фативме патот за Саранда. И супер беше. Ефтино ептен. Плажата на 10 метри. Ноќен живот ок. Таму се најдовме и со други другари и одлично си поминавме. Едино патот беше многу лош. Широк 5-6 метри, од една страна планиниште огромно, од друга провалија, а немаши никаква оградичка. 6 саати ги поминувавме тие 100ина км. Јас 3 саати плачев пошо мислев дека ќе си умрам.
    Сега мислам дека е средено, јас пред 2 години бев.
    А за јазикот, па да најчесто на англиски, имаше некои и српски збореа, ама тоа косовари беа на одмор :) .
     
  4. kravata

    kravata Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    валона е многу убаво место,водата е многу чиста,ее само патот е малку :puke:
    ние во валона одевме преку грција. а иначе има каде да прошеташ :D
     
  5. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Ова лето бевме во Валона на одмор..За првпат во Албанија и Валона си поминавме убаво,бевме сместени во хотел Бојко ,нокевање 20-евра од вечер за соба,газдите беа добри,чисто новичко имаше душа хотелчето.Одевме на приватна плажа со плаќање на лежалки ,но ефтино беше,морето мирно,солено,мерак за пливање.Градската плажа нечиста,улиците не многу средени,народот чесен,љубезен,ама збор неможеш да се разбереш,англиски никој не знаеше,а по некој збор италјански знаеја.Има многу ресторанти,пицерии колку сакаш ама кујната не им е добра.Гиро заникаде,јагнешкото исто така,кебапот нема ни к од него.Една ,две чорби апнав убави ииталјански специјалитет во елитен ресторант што јадев.По супер-маркетите цените се исти како кај нас.Наидовме на ефтини ликери убави и вкусни тие допринесоа одморот да ни биде забавен.Комплет земено Валина е убаво место за седумдневен одмор,многу голем впечаток не ми остави.
     
  6. pearlll

    pearlll Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    23
    збор - два некој што е бил пред година две , како е , знам дека водата била убава , плажите ок . има ли ноќен живот и дали е навистина ефтино ?? ај ве молам кој знае нека пише позз
     
  7. Paradisee

    Paradisee Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    11
    Ја одам во Албанија Валона 5-6 години по ред и мн ми се свиѓа, ефтино е знаат англиски, градската плажа е мн лоша но ако одите со кола понадоле после тунелот има мн убави плажи, лугето се многу добро се понашаат. Во продавницата каде што пазаревме дури продавачката знаеше македонски, а за ноќен живот тоа слабо. :D
     
    На pearlll му/ѝ се допаѓа ова.
  8. optimistka23

    optimistka23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2013
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    56
    глеам некој хотел во валона европа се вика 100м до плажа 13 евра од вечер знае ли некој како е и каква е плажата тука?
     
  9. Paradisee

    Paradisee Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    11
    Може д ми дадеш линк кај што си го нашла тоа?
     
  10. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Не барајте резервации преку интернет за Валона!!!!!!!
    Ако патувате со кола , таму можете да си најдете сместување! Тоа значи дека имате неколку опции:
    1.Приватно сместување во станови-апартмани,
    2.Приватно сместување во соби од куќи,
    3.сместување во мали хотелчиња или
    4.Хотели класични

    сепак,на интернет нема многу опции засместување и плус многу зависи што барате.
    Ако сакате одмор за млади, градски плажи и дискотеки тогаш ќе побарате сместувае баш во градот Валона, само да знаете таму хотелите покрај плажа се малку поскапи.

    ако сакате помирен одмор со сместување блиску до плажата, тогаш ќе одите после Валона накај Дериме или накај градот Орикум...и по пат ќе си најдете многу убави мини хотелчиња за супер цени
     
  11. Paradisee

    Paradisee Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    11
    Имам одено во Албанија и знам сее таму бараме смештај само ме интересираше да видам. ;)
     
  12. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.693
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ќе ти помогнам бидејќи малце касно пишувам, ама сепак да одговорам.

    Јас лани бев сместена на 10 метри од овој хотел. Точно е дека е на 100 м од плажа, ама по една угорница се оди за да стигнеш до хотелот :) Е сега плажата е градска, не е нешто нај нај, песочна е, 2 лежалки и чадор е помалце од 150 ден. Има и кафичи, не е воопшто скапо (на пр. макијато е 30 ден). Проблемот тука е што водата не ми се свиѓа, многу е плитко (што за деца е супер ама за мене не) ама и некако многу матна ми изгледаше и имаше алги многу. Многу поубави плажи има после тунелот. Тоа е веќе на Јонско море и водата е кристална. Превозот е 10 ден со автобус :lol:

    Ама сепак за 13 е од вечер не е воопшто лошо. ;)

    П.С. еве линк од хотелот
    https://www.facebook.com/pages/Hotel-Europa-Vlore/220761094724132

    Јас бев сместена
    https://www.facebook.com/pages/Hotel-RIDAL/118432901534233?fref=ts
    Убаво беше, газдите топ, дури и македонски почнаа да учат за да се разбирале со нас :D
     
  13. greencandle

    greencandle Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    ja sodev dve godini po red i mnogu mi se dopadna iako ne sakav da odam vo Albanija!
    angliski voopsto inaku se super
    jas sekogas kade i da odam na odmor gledam da bidam vo prv red od plazata
    P.S.centarot e mnogu daleku sto za nas zenite ne e mnogu prijatno :D
     
  14. greencandle

    greencandle Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    мислам дека сме биле на исто место сместени...бидејќи и ние одевме по угорница :)
     
  15. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.693
    Пол:
    Женски
    Toa e тоа, истото место е. И како си помина?
     
  16. elena-98

    elena-98 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Дали знај некој преку која агенција е најефтино да се оди Валона ми треба само превоз сместај имаме
     
  17. molikaMk

    molikaMk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    2.494
    Дали знаете како се движзт цените за двокреветен апартман овој период? :)
     
  18. Quuen

    Quuen Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    2.603
    Пол:
    Женски
    Valona e naj katastrofalno mesto shto go ima videno i ne vi predlozhuvam tamu da odite
     
  19. ivana63

    ivana63 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2013
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    229
    Мене ми се свиѓа. :wasntme:
    Јас попрво би одбрала да одам на одмор во Валона него таму Грција мрција, на краците и такви мали места кај шо оди пола Македонија. :puke: :!:
    Цените се супер (дури нешто е и поефтино отколку кај нас :!: ), луѓето љубезни и фини, смештајот ни е одличен, а плажи имаш да бираш каде сакаш да одиш. Премногу е изградено за овие седум години шо ги имам поминато таму. Градот е огромен, има многу кафичи и ресторани во центарот, гирото, пицата, сите тие работи се ефтини и убави (сеа зависи од каде купувате :^) )...
    Единствен проблем може да биде јазикот затоа шо не разбираат сите англиски, ама како шо имам приметено скоро сите луѓе од поновите генерации го зборуваат (или учат).

    Ја би ја препорачала а останатото е ваш избор. :)
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Quuen

    Quuen Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    2.603
    Пол:
    Женски

    тоа е све ствар вкус но на мене ми нема некаков голем впечаток но се додека не се види неможа да се оцени вие феминки што прашувате кога ќе одите ќе го видите местото и кје си го оцените сами :tmi:
     
    На ivana63 му/ѝ се допаѓа ова.