Не се согласувам со тебе, јас лани бев и местото е сон. Валона како и сите градови си има населби, сега вие незнам каде сте било точно, ние бевме сместени на еден крај, а се бањавме на друг крај во Орикум. Плажите во тоа место се чисти, 3 лежалки и чадор од бамбус (2+1 гратис) беа 300 леи. Луѓето се многу љубезни и гостопримливи, нас не пречекаа со радост ние за 11 дена плативме 200 евра апартман за тројца со кујна, купатило и тараса. Кујната беше опремена со садови, џабе носеше мајками. Ние така отидовме лани прв пат ама си поминавме супер. Јас пак ќе одам. Дека се гради се гради, чувството е како да си во Дубаи на времето кога се градеше, а не во Валона. Храната и цените се ич да не те боли глава, а најважното што го запомнив е дека таму се нуди најубавиот сладолед. Овошните имаа вкус на вистинско овошје, а нашиве се само вода. Јас незнам во кој дел си била сместена. Таму е само за џабе да купиш стан и да го издаваш на странци. Ние додека бевме на плажа имаше албанци и никој не те закачка, не ти пречи. Што многу ми се допадна, комуникативни се и прекрасни луѓе. Педантни се пред се што е најважно.
И да, многу зависи и од тоа каде си сместен. Ние бевме на околу 200 метри од плажата, во едни преубави куќи позади зградите. Кога ќе отидеш позади зградите не е асвалтиран патот, ама тоа не мора да значи дека не треба да престојуваш таму. Може многу се гради, ама уште им треба време додека се средат сите тие улички, неасвалтирани сокачиња, камчиња, ѓубре на некои места...
Да, Ивана. Има слика подоле каде е целото ѓубриште. Мислам каде се апсорбира. А веднаш позади таа зграда е морето и има долга песочна плажа. Незнам како седат луѓето тука и незнам дали се станови или соби за социјалци ама дефинитивно состојбата тука е лоша. Се шири миризба, страшна. Но, како што кажа ти да се среди ќе биде топ. На втората слика е местото кај што бев сместена. Се гледа дека е чисто, на прв поглед куќата е средена однадвор ама и од внатре.
Тука за Валона пишува со камења http://media.mk/article/87073/vo-al...be-kafe-30-denari-pojadok-vo-hotel-250-denari ..
Песочна е само градската плажа, ама не е баш убава, не е чисто и многу има гужва. Плажите околу Валона се со крупен камен, ама се помали, чисти и убави. Пред седум години ние бевме сместени во апартмани со сопствена плажа некој км после Валона, преубаво беше. Плажата со камчиња, дури и поголеми камења, ама водата е чиста и длабока.
Тоа е во градот, т.е. градската плажа. Јас би ти препорачала ако одите во Валона, посетете го местото Орикум кој се наоѓа на 2-3км од Валона. Орикум е место на песочни плажи и проѕирно Јонско море. Оваа година јас одам повторно таму. 2 евра ви е цел ден за 3 лежалки и чадор. Милина, со кафебарови и ресторани.
Мене ми се допадна Валона.Најблиску ни беше градската плажа,ама одевме на таа Јонуфер.Прекрасна плажа-кристално чиста вода на Јонското море.Се е евтино.Е сега,навечер нема нешто многу за шетање, т.е. има ресторани,таверни,кафичи најмногу во центарот,ама забава нешто нема.
Грaдoт дoпрвa се грaди, меѓутoa плaжите се сo крупни кaмењa, нo вoдaтa е кристaлнo чистa. Пoчестo oдевме нa Oрикум, a јaдењетo не е вooпштo скaпo. Нo мене не ми oстaви гoлем впечaтoк.
Ние бевме сместени лани во Вила Ходо, имаш на фб ќе ти пратам ЛП линк. Вилата беше уредна чиста, газдарицата секој втор ден менуваше чисти постелнини. Нас ни кажуваше дека ќе ни смени постелнини за да си знаеме зашто некои па ич не сака никој да им влага по собите. Собите беа со тараса, купатило, кујна, клима, нет и тв. Кујните со инвертар и со чашки, чинии,лажици. Газдите беа многу пријатни луѓе. Јас летово пак кај нив планирам да одам. Ние имавме апартмани со поглед на море, навечер се гледаше зајдисонцето, беше многу пријатно. Ептен убаво си поминав. Се плаќа 25евра од ден за тројца/четворица. Сега за двајца незнам колку е. Ние претежно во таа вила бевме македонци од различни градови. Газдата по малку разбира македонски, а синовите му говорат англиски. Жена му е многу пријатна личност. Педантни се, чисти и многу љубезни. Инаку се наоѓа вилата во Валона односно 5км од центарот на градот. На високо е, ама имаше во близина едно 15минути пешки до плажа. Бидејќи се наоѓа на високо место погодно е со кола отколку пешки. Ние одевме во Орикум плажа Портокалија, плаќавме 2 евра за три лежалки со чадор од бамбус дрво. Многу беше чиста плажата а и морето топло. Лани го поминавме цел Орикум, бев и во Дерми. Дерми многу ми се допадна, морето е ладно но не многу но најчисто и најубаво и пријатно за бањање. И тоа,ако те интересира уште нешто пиши ми.
Имам едно прашање... Дали за празников Бајрам ке работи нешто во Валона од ресторани кафичи по плажите???
Dali nekoj moze da mi dade informacija za sostojbata na patot kon valona dali e podobar za vozenje.... I kade moze da se najde ambulanta vo istiot...
Na booking go najdov bukirav denes za vo hotel national vo avgust. Bi sakala da mi kazete hranatabpo restoranite kako e? Ima li pogolemi marketi za pazaruvanje? Jas so malo dete ke odam pa neznam dali da i gotvam ili da jademe nadvor, vasa preporaka? I cenite kako se za izleguvanje nadvor na rucek,vecera,kafe..