Не е скапо поефтино е од тука. Храната е одлична, тие се католици па имате свинско,јагнешко од храна. Овошјето е малку поскапо но тука се цените. Кафињата се од пола евро па нагоре. Имаа маркети за пазарување. Искрено да ти кажам не ти се исплати да готвиш имаат убава италијанска храна и морска храна. Само да ви кажам водата не е чиста за пиење во одредени места, така да пожелно е да си купите флаширана вода.
Zdravo me interesira kako se dvizat cenite od vecer za nokevanje lesno li se naoga smestaj cenite opsto po marketite ima li luna park i drugu
За Валона можам да кажам дека плажите не беа чисти , канализацијата ја пуштаа во морето , морето беше плитко, а за смештај можеше да најдеш во хотелите во прв ред ама скапо , за тоа барај погоре но во најжешкото да се качуваш по угорници тешко. Дека ни беше прва година газдарицата ни намале цена. За превоз од поручек голема гужва 2 часа додека стигнешдо центар, така да со автобус беше добро. Јадењето беше евтино исти се цените како тука дури и поевтини. Ако сакате да одите ние тргнувавме кон 2 часот насабајле и стигнувавме 8/9 зависи колку ќе останете на граница. Се надевам ви помогнав.
Феминки, моментално сум Валона, викенд на море, и да ви кажам задоволна сум, колата ја паркиравме веднаш после пристаништето, излеговме да бараме сместување, и веднаш не застанаа и сами ни понудија, со мимики се разбравме 25€ од вечер за двајца и тоа во куќа веднаш до градската плажа, мнооогу фини луѓе, да се чудиш, бевме Coco Bongo плажа на неколку метри после Nimfa hotel преуба плажата, без коментар сум, лежалките две плуссплус чадор 600 леќи дистанца браво ама никој не носи маска, во продавници само продавачките со маски, две макијато кафе 200леќи, паркинг кај плажата 200леќи цел ден, ке видеме утре кај ке одиме, поздрав
Дали бевте во Орикум ? Како е таму . Да не е многу пусто местото ? Во план сум да одам на одмор но уште се двоумам каде низ Албанија. Напиши твое мислење за Валона , дали е поубаво тука за смештај или ... Дали бевте и до плажата Bora bora што е блиску до Coco Bongo?
Бевме до Орикум ама само да прошетаме, до крај, до воената база, па не е пусто, доста е средено, маркет на секој ќош, има и лежалки има и крпи, само шо водата натаму е заматена, освен плажата што е кај хотелот BelaVista огромна, со лежалки, чиста вода, фамилијарна атмосфера, сепак баш по мој вкус... Бора не бевме ама водата е бистра иста како кај Коко, само што накај 16час почнаа со албански хитови.. Добро е Валона, среден град, ти дава чувство дека си Италија, Јадранско море е, плажите им се доста средени, паркинг си имаат.. во апартамнот каде што бевме си имаше и шпоретче за готвење, евентуално ако си земеш, Мене ми недостасуваше само комуникацијата, тоа што неможеш да се разбереш. Мој совет на сите кои сакаат да летуваат во Албанија е колку што можат нека си земат храна од нашата кујна, бидејки тие не консумираат свинско и имаат доста телешки намирници, имаат и голем избор на морски риби... доколку имате можност пробајте и телешки ќебапчиња, им ставаат некои зачини и не се осека многу
@Marija_Magdalena Каде би препорачала смештај во Валона? На кој дел? Убаво ли е за со дете? Колку се патува? Преку Струга одевте така? Каков е патот?
Ние бевме сместени на шеталиште, тука најдовме, односно додека се шетавме ни пријдоја и не прашуваа за сместување, ги има секаде, стојат и со картонски кутии напишано апартмани. Веднаш позади зградите во една куќа, малу подзаскриена, далеку од гужва ама бевме на 50 од шеталиштето. Човекот Хајдар се викаше мноогу фин човек, кога би одела повторно би го побарала.. Супер е и за со дете, сигурно сега нема толку толку гужва за разлика кога бевме ние, немаше игла кај да фрлеш
Хмм. Од лани нема активност на темава ама ја ќе си пробам среќа. како е Валона за со мало дете? Има ли мирни плажи, морето, амбуланти, аптеки?
Сакаш да кажеш дека и во дел од градот има чиста плажа ? Оти се што прочитав е дека градската не чини, а мене не ми се оди далеку од Валона, бидејќи сакаме и да шетаме со малите. И јас тоа ќе прашував
Има, да. Се е во центар, поволно е и за мали деца. Јас немам деца, ама кога бев видов многу фамилии со мали деца
Zdravo.Letovo planiram da odam vo Valona.Sakam da prasam za jazikot.Dali lugjeto razbiraat angliski ili samo albanski i dali moze i so makedonski da se razberam tamu?
zdr moze li neko da mi kaze patot do Valona,vo kakva sostojba e sega za razlika od porano dali e ok? fala pozz
Овие прашања може да ги поставите и во "женски домаќински групи" ако сте членки, секако повеќе души ќе ја видат објавата.
Како е Валона за со мало дете од годинка ипол? Дали би нашле смештај таму или сепак да си резервираме преку букинг? И какви се плажите и водата?