Добро кажано треба да се плашиме од живите пострашни се и од најстрашниот вампир жив човек-нечовек што може да ти направи никој не го може тоа е баш тоа и со полно право се нарекува вампириште
Да постојат вампири, лиљаците и комарци! И тие цицаат крв НЕ ВЕРУВАМ ВО ДУХОВИ ДА, АМА ВО ВАМПИРИ НЕЕ!
Имав еден чуден сон, дека ме гриза вампир ( за кој мора да искоментирам дека беше, убав, згоден, неопходен) и кога станав вратот ми беше црвен Неколку пати ми се случи таков сон, и се истресов од гаќи. Ама тоа беше во периодот кога на читачка агенда беше Едгар Алан По , неговиот Гарван и Dorian Gray . Во глобала и книги во кои се трага по совршеност и бесмртност. Бидејќи знаеме дека вампирите еваулирале во совршеноство кое е мртво ( со што станува несовшренство) еден период се занесов многу за да дознаам дали постоеле навистина или се само човечка имагинација. Така наидов на еден документарец , каде човек иостражувал и ископувал черепи, од различни периоди, и наидол на вакви Со што се претпоставува дека се видови на луѓе од кои сме излегле ние, или вампири, кои живееле и ја цицале нашата крв. Малку е нелогично да постоеле вампири, бидејќи хранејќи се со нашата крв, ние би биле истребен вид, а они ќе останеле гладни. Од друг аспект ако постоеле, тогаш нема начин на кој би се истребиле сите. Различно е од изчезнувањето на Маите и Диносаурусите, бидејќи они живееле на посебни предели. А ови демек живееле кога и живееле и луѓето, но биле распространети насекаде, бидејќи се размножувале, како гнидички. Неверојатно брзо. Сигурно би останал бар еден два, кои со цицање повторно ќе се размножеле. Така што мирно спијте. Не постојат
Вампир претставува демонско битие кое по смртта станува од гробот повиткано во бело платно, општата претстава за вампирот е и гајда (мев) полна со крв, која се тркала како топка. Според некои верувања вампирот бил невидлив освен за посебно обдарените, според некои бил како сенка, некои тврделе дека личел на човек, но бил создаден само од кожа и крв, наместо нос имал дупка, наместо очи имал црвенило како оган, имал големи заби, а некаде се зборува за отсуство на екстремитетите. Дали верувате? јас искрено верувам во вакви работи ... Ако имате некоја случкa :? или приказна раскажете...
и јас знам колку тебе плус уште дека бегаат од лук, сончева светлина, а може да ги убие само колец од дрво во срцето ама не верувам во вампири
Не верувам во вамири и мислам дека не ни постоеле во минатото (зошто прочитав на нет дека во 4-тиот век лугето биле сведоци на убиства и секојдневно гледале вампири низ местото..бла бла бла). Но како суштества малку им се воодушевувам поради нивната надприродност и ме воодушевуваат легендите за вампири и дракули и такви суштества кои имаат моќ за нешто поинкаво од човекот
Абе интересно било воа вампир да бидеш. Ама и ја више 2 години сум се затрескана во нив, имам и кориснички имиња на форуми и други страни. Ги обожавам едноставно, иако можеби и не постојат. Иако звучи глупо и невозможно, ако имам можност да се „преобразам“ искрено би се преобразила
Мене повеќе ми се свиѓа идејата за амерички вампир од типот на Твајлајт, отколку овие вашиве вампири.
Ахам. Постојат вампири. Во книгите и филмовите! Нема никакви докази за нив. Тоа луѓето во времето на Шекспир верувале во нив, а сега многу се популарни. Не дека имаат некоја функција или слично. За забава на нас постојат