Верувам, но не на начинот на кој што ги претставува Холивуд. Мислам дека меѓу нас навистина постојат и други раси, понапредни, кои ние не сме во состојба да ги распознаеме.
кога бев мала еднашка пред да заспијам надвор како стои пред врата видов едно чудно суштество сега незнам дали беше вампир или бабарога ама стварно не беше човек а вратата и тогаш беше да можеш се да видиш и од тогаш верувам и во вампири и бабароги и духови а и плус не видов само јас туку и сестра ми што беше до мене :/
Обожавам вампири,луда сум по вампири. Можеби затоа што на филмовите ни ги претставуваат во некое подобро светло. Без разлика,многу ги сакам вампирите,едноставно ги обожавам.
Па да..луди сме по Stefan Salvatore (Paul Wesley) .Не верувам дека постојат..оти во времето на Шекспир луѓето верувале дека има вампири..ама нема некои докази дека постојат..и да ние ги знаеме "вампирите" od Twilight и TVD (The Vampire Diaries).
Хахах да ви се деси барем 1 случка (недај боже) од мене шо ми се имаат дешавано, е тогаш ќе видам колку ги сакате.
Браво за сите кои верувате во вампири поради Дејмон и Стефан. Браво! Постоело и девојки како вас, wow.
Не верувам, ни во холивудски ни во народни сваќања. Холивуд убаво ги прикажува вампирите, добри, згодни, убави, а народов како грди, без очи и триста глупости. Па огледала, лук и триста чуда. Гледам холивуд Стефан и Дејмон ги направиле и лук да јадат и на огледало да се гледаат. Иако ги гледам и си ги обожавам двајцата не ги сакам како вампири туку нормални луѓе. А холивуд како холивуд ги прави вампириве толку добри, со надприродни моќи што луѓево салкаат дури и да бидат гризнати од нив. И мене како мала суперхероите ми беа дечковци и мажи па и сега треба Дејмон или Едвард да ми биде дечко? Уште да побарам да ме касне
Незнам дали верувам но би сакала да постојат. Еве сега ќе ви пратам што најдов за нив. 1. Животниот циклус на вампирот Според народните преданија, вампирот првин се појавува како меко, безлично суштество без коски. Наместо нос има остра муцка со која цица крв. Ако вампирот во ваква состојба успее да преживее четириесет дена, тогаш може да почне да развива коски. Оттука натаму станува сѐ потешко да се убие. 2. Вампирите се хранат и со мртви За време на Црната смрт во Европа, чест обичај било мртвите да се закопуваат со камен или тула во устата, со цел, доколку оживеат, да бидат спречени да се хранат со телата на другите покојни. 3. Вампирите не секогаш се благородници Повеќето современи филмови и романи вампирите ги прикажуваат како префинети благородници. А сепак, повеќето вампири од фолклорот ширум Европа се обични селани. 4. Вампирот може да се убие само со колец Друго огромно недоразбирање е дека вампирите можат да бидатт убиени само ако им се забие колец во срцето. Според народното творештво, тоа едноставно не е така. Често вампирите се уништуваат преку спалување. Има и други начини, како на пример: варење на нивната глава во оцет, закопување на нивното тело на крстопат или посипување на нивното тело со врело масло. 5. Вампирите имаат моќ Не, немаат. Претставата дека вампирите имаат некаква посебна моќ (телепатија, контрола на умот, способност да се претвораат во лилјаци и волци) е измислица на Холивуд. Во традицијата не се спомнува вакво нешто. 6. Како се станува вампир Современата митологија за вампирите вели дека вампир се станува само ако те касне друг вампир. Но, според традицијата, тоа не е единствениот начин. На пример, се верувало дека има веројатност незаконските деца да се повампират или доколку имате црвена коса, исто така има веројатност да се повампирите. 7. Има можност каснатиот од вампир сепак да не се претвори во вампир Според легендата, ако се сомневате дека сте каснати од вампир, треба да испиете пепел од изгорен вампир. За целосно да ја отстраните можноста да бидете нападнати од вампир, треба да направите леб со вампирска крв и да го изедете. 8. Нешта кои ги одбиваат вампирите Пред појавата на христијанството имало повеќе начини за одбивање на вампирите, на пример просипување на нешта како семе, сол, железо, ѕвонци, нане, обична вода итн. 9. Вампирите можат да имаат деца За разлика од тоа што го кажуваат филмовите, според традицијата вампирите сепак можат да имаат деца. Ако мртвиот сопруг се повампири, првата личност кај која оди е жената. Понекогаш исходот од ваквите средби е вампирски секс од кој се раѓа дете. Се сметало дека овие деца поседувале моќи кои им помагале да станат вампири. 10. Сончева светлина Идејата дека вампирите можат да бидат убиени од сончева светлина е исто така неодамнешна измислица. Во фолклорот не се спомнува такво нешто. Превземено од: motika.com.mk