Не се плаши,ако не веруваш ништо не ти можат.Оди во црква почесто,земи си крстена вода,замивај се со неа пред спиење и прскај си го креветот со неа пред спиење,исто и со солена вода во којашто има растворено сол во неа за да не сонуваш вампири,духови и други лоши работи.И стави си еден грст сол во ќошковите од твојата соба.И носи си крсче на ланчето околу вратот,нека ти биде амајлија од лоши работи.И секако,немој да гледаш хорор-филмови ниту преку ден,ниту пред спиење за да не ти биде страв да спиеш ноќе!Мисли си само на убави работи пред спиење!Цмокче срцка!
Верувам во вампири, но сигурно не се како во филмовите. Многу истражувам за нив и еве некои работи што ги најдов. Спојлер Скелет откриен во една масовна гробница во Венеција се смета за прв познат примерок на вампир, за кое опширно пишува во еден званичен документ од тоа време. Матео Борини патолог форезничар од Универзитет во Фиренца, Италија проншол скелет на жена во чија широко отворена уста се наоѓала-цигла. Тоа се случило додека Борини заедно со соработниците откопувал масовна гробница на островот Лазарето Нуово во Венеција, каде во средниот век ги закопувале жртвите од епидемијата на куга. Во време кога умрела жената, многу луѓе верувале дека кугата ја ширеле вампири така што повеќе сакале да го џвакат покровот на умрениот отколку да пијат човечка крв. ,,Гробарите биле обврзани да во устата на умрените, кои за време на животот биле оптужени дека се вампири, се става цигла како би се спречило да цицаат крв од жртвата”, раскажува Борини древна легенда во списанието ,,Њу сајентис”. Верувањето во вампири највероватно се појавило затоа што понекогаш од устата на умрениот од куга се појавува крв, која се впива на покровот, кој подоцна се кинел додека покојникот бил пренесуван до масовна гробница. Скелетот е пронајден во масовна гробница во која ги закопувале жртвите на епидемија од куга во Венеција 1576 година. Борини своето откритие неодамна го претставил на состанок во Америчката академија за судска медицина во Денвер, држава Колорадо, нагласувајќи дека можеби станува збор за првиот вампир кој е форезнички истражен”. Пјер Мур –Јансен,патолог од Државниот универзитет Вичита во Канзас, изјавил дека сличен скелет е пронајден во Полска и оценил ,,Бориниевото откритие е возбудливо, но малку е смешно тврдењето дека станува збор за прв научно истражен вампир”. Борини, меѓутоа, укажува дека неговото истражување се занимава со најрано откриен гроб како ,,археолошка локација која пружа увид и доказ за постоење на егзорцизам против вампири”. Спојлер Вампир претставува демонскo битие кое по смртта станува од гробот повиткано во бело платно, општата претстава за вампирот е и гајда (мев) полна со крв, која се тркала како топка. Според некои верувања вампирот бил невидлив освен за посебно обдарените, според некои бил како сенка, некои тврделе дека личел на човек, но бил создаден само од кожа и крв, наместо нос имал дупка, наместо очи имал црвенило како оган, имал големи заби, а некаде се зборува за отсуство на екстремитетите. Постоело и верување дека доколку некое животно го прескокнело починатиот пред да се повампири, тој можел да се трансформира во неговиот облик. Во Србија, Босна и Хрватска постои верување дека вампирот може да се претвори во пеперутка, бидејќи во бдеењето над покојникот најтешко било да се заштити телото од прелетување на пеперутките и другите инсекти. Вампирот има свој дом, тоа е гробот, а го напушта само ноќе. Само во сабота и призадушниците тој не може да го напушти гробот. За ова имаме и запис од Марко Цепенков: „ Гробието од вапирите имале една дупка, што си оделе во сабота да си лежат, чунки непендек било ете вапир во сабота не одел по куќите да праи зулум. “ Спојлер Кај повеќето Јужни Словени претставите за вампирите, нивното настанување и одбраната од нив се мошне слични, но не и идентични. Во Србија и Боснапостоело верување дека вампирот настанувал од мртовецот во кој влегувал некаков ѓаволски или нечист дух поради причините кои понатаму ќе ги проследиме. Во Бугарија постои верување дека вампир настанува од секој неискапен мртовец. Поради тоа капењето на мртовецот има ритуално значење, секогаш го обавуваат возрасните од полот на починатиот, капењето се обавувало со вода и босилек и вино. Таа вода се фрлала далеку од домот бидејќи се сметала опасна за живите, а забележано е дека се употребувала и во црната магија. Во некои краишта на Босна, Србија, Бугарија, Македонија е запомнето дека мртвите се премачкувале со вино и масло. И неоплаканите и неопеаните, како и некрстените (најчесто мали деца) биле сметани како подобни за повампирување. Исто така се верува дека се повампируваат луѓето кои никогаш не биле прободени, мртвите преку чие тело се ракувале луѓето, или доколку преку мртовецот или неговиот гроб преминела мачка, пес, глушец, птица. Како заштита од таквата можност воведено е бдеење над покојникот. Гробот на мртовецот се копал во денот на погребот со верување дека не смее да ноќева отворен токму поради можноста неке животно да влезе во него и да предизвика повампирување. И тажалките и оплакувањето на мртовецот подлегнувале под обредните кодекси како превентива од повампирување, ноќе не смеело да се оплакува мртвиот, исто така пред да биде подготвен за погребување не смеело да биде оплакуван. Од истите причини на мртовецот морале да му се затворат очите, а никој од погребната поворка не смеел да се сврти наназад. Се верувало дека и анатемисаните и отфрлените од црквата и заедницата, потоа луѓето родени во нечистите (некрстените) денови, децата родени од мајка која во бременост јадела месо од умрено животно (без да е заклано и да му истекла крвта), луѓето кои по телото имале рани, исто така се повампирувале доколку раните не им биле исчистени со врело вино или масло. Во некои краишта се верувало дека и луѓето кои во животот правеле зло, убијци, крадци, развратници, алкохоличари и бајачки и гатари кои се бавеле со црна магија стануваат вампири. Како мерка за предострожност на покојниот во некои краишта му биле затворани усните, ноздрите и ушите со памук, а во Родопите (Бугарија) забележан е обичај врз мртовецот да се оставаат метални предмети од огништето, некаде се пали гробот два- три дена по погребот, бидејќи верувањето во огнот како апотропејно средство било вкоренето во нашите претци. Луѓето кои починале од неприродна смрт, давење, убиство, самоубиство, погодени од гром, паднати од карпи според старите закони за погребување биле погребувани надвор од гробиштата без црковен (верски ритуал) и се сметало дека и тие се претворале во вампири или почесто во зли духови, сеништа. Како превентива против повампирување во местото каде што починал човекот биле заковувани железни предмети, неретка била и практиката на мртовецот да му се забие метална шајка во стомакот или петицата, поретко во дланката. Со ова е поврзано верувањето дека доколку кожата не е цела ѓаволот од неа не може да направи гајде во кое ќе се движи лошиот дух или вампир. Некаде на местото каде што починал човекот било кршено јајце, некаде тоа се правело врз неговата глава, некаде му ставале сребрена пара во устата, а постоел и обичај околу гробот да се посее просо со зборовите ”кога ќе го преброи да се свампири”. Оставањето пара во устата на мртвиот е всушност поради плаќањето на патот кон оној свет, така се обезбедувало дека тој нема да заскита и да потпадне под влијанија на лошите сили. Исто така се верувало дека постарите вампири за да бидат посилни создавале нови вампири кои ќе им служат. Тие му давале крв на човекот и потоа го убивале, а кога човекот ќе стане се разбудувал како вампир. Потоа тој морал да се напие човечка крв за ритуалот целосно да се изврши.
Многу се интересирам за нив, сум гледала филмови, сум читала книги и статии на интернет. Денес нема случај на појава на вампири, но некогаш имало и било стварно страшно. Добро што ги сотреле. Но не се знае кога може да се појават пак...
Има некој клуб во Америка, подземен. Во тој клуб се собираат луѓе и внатре си се наоѓаат по крвна група и си цицаат крф. И секако, си ги острат забите, не ставаат вештачки. Мислам дека уште постои клубот. А луѓето што одат таму си се нарекуваат вампири. Клубот е само за таа работа. Одат луѓето, си се журкаат и си цицаат крв од врат или вени меѓусебно.
Многу поопасни се менталните т.е. енергетските вампири - луѓе кои ги одземаат душевните сили од другите преку водење долги небитни разговори или принудуваат другите да прават работи кои другите не се подготвени или не сакат да ги прават доброволно, иако тие работи вампириве можат самите да си ги направат ако малку повеќе се потрудат. А овие филмскиве вампири постојат само на филм, не се секирајте.
Гледав скоро мислам на виасат Хистори, вампиризам, но не во холивудска/литературна смисла.ами како животен стил. Во Британија има ваков стил на живот, “вампирите“посетуваат свети гробишта, се облекуваат во црно или бордо - клише и пијат своја крв или на партнерот се разбира со согласност. Ништо особено, ѕирнав од љубопитност затоа што ја пратам програмата. А инаку вампири со колци, заби и вечен живот се само урбани легенди произлезени од книги како Кармила, а можеби настанале и од обратна насока, сосема небитно. Ми беше интересно да читам за нив а како мала поради “Интервју со вампирот“ (се каравме со братучетка ми “чиј“да биде Том Круз) имав слаба точка за нив. Секако,вкусот многу ми се смени за литература, а и премногу селектирам и од уметност, и од филмови, а најмногу литература.
Јас повеќе верувам дека има само вакви ,,вампири”. Енергетски вампири Постојат луѓе кои можат многу брзо да ни ја истрошат енергијата. Ако сте чувствителна личност или емпат, сигурно сте свесни за оваа појава. Но, не сите се во можност да го почувствуваат ова. Додека некои сметаат дека енергетските вампири се луѓе кои не можат да ја одржат својата животна енергија на позитивен начин, другите сметаат дека тие се добри и нормални, но неподносливи луѓе. Како да идентификувате енергетски вампир? Ако сте во близина на вакв личност, ќе почувствувате некои од следниве симптоми: Замор Стрес Физички проблеми како главоболки и болки во телото Ментална и физичка истрошеност Раздразливост и/или анксиозност Можете да забележите дека енергетските вампири имаат некои од следниве карактеристики: Големо его, сакаат да дебатираат и да се расправаат Агресивно однесување Параноја Проблеми со гневот Нарцисизам Жалење Озборување Несигурност, односно постојана потреба од одобрување и прифаќање Манипулативно однесување Љубомора Енергетските вампири најчесто се луѓе кои земаат, а не даваат и добиваат „бесплатна терапија“ со нивните пријатели, семејство, партнери, колеги, па дури и странци и деца. Исто така, добро е да знаете дека енергетските вампири не мора секогаш да бидат луѓе. Може да станува збор за ситуации, па дури и физички предмети како на пример: Интернет Телевизија Други електронски направи – радио, телефон и слично Јавни случувања – забави, толпи, автобуски постојки и слично Животни и домашни миленици Најголем проблем претставува кога енергетските вампири се дел од вашето семејство или вашиот круг на пријатели. 10 начини за справување Можеби сте пленот, но нема потреба да играте улога на жртва. За да го подобрите вашиот живот, потребно е вие да направите нешто. 1. Избегнувајте долг контакт со очите Гледањето во очи е можеби нешто што најмногу црпи енергија. Колку повеќе го гледате соговорникот во очи, толку повеќе сте вклучени во она што го зборува. 2. Поставете временска граница Вашето време е скапоцено, па нема потреба да седите 2 часа со личност што ја црпи вашата енергија. Поставете временска граница од 5, 10, 15 минути за оваа личност. 3. Научете да не реагирате Ова е многу важно. Енергетските вампири се хранат од реакциите на другите, а ова ги тера да продолжат со интеракцијата. Важно е да научите да бидете неутрални во интеракцијата, односно немојте многу да покажувате позитивни или негативни емоции. 4. Научете да не се расправате или спротивставувате Иако искушението може да биде големо, не можете да ги промените другите ако тие не го сакаат тоа. Колку повеќе отпор им давате, толку повеќе отпор ќе добивате. 5. Дружете се со други луѓе Ако му пријдете на енергетски вампир со уште некој, ќе се намали вашиот напор и вниманието кое таа личност ќе го добие. Важно е и другата личност да не биде енергетски вампир. 6. Слушајте повеќе отколку што зборувате Многу често енергетските вампири бараат некој кој ќе ги ислуша. Колку повеќе зборувате, толку повеќе енергија губите. Користењето зборови како зошто, кога и како ќе го охрабрат соговорникот да продолжи со зборување, а ова ќе ви помогне да ја зачувате вашата енергија. 7. Држете се до лесни и едноставни теми Вашите разговори не мора да бидат депресивни. Преземете контрола кога тоа е потребно и променете ја темата. 8. Визуализирајте Многу луѓе тврдат дека замислувањето на штит околу себе им помага да се заштитат и да останат смирени. 9. Избегнувајте ги кога е возможно Иако не е секогаш возможно, ова е техника која навистина ќе ви помогне. Секогаш кога сте во можност избегнувајте ја интеракцијата со овие луѓе. 10. Прекинете го контактот Понекогаш во корист на вашата среќа и здравје, мора да донесете некои тешки одлуки. Треба внимателно да одберете со какви луѓе ќе се опкружите. Ако продолжувате да страдате, најдобро е целосно да го прекинете контактот со овие луѓе.
Мислам дека веќе изумреа тие генерации кои можеле да се заколнат оти виделе вампири и кои беа убедени во нивното постоење. Одамна немало ѓурултии (освен ако не им верувате на српските портали ). Многу интересна тема, во секој случај.
Постојат и тоа многу се.. секој 5ти човек нажалост.@Ciel се што кажа е точно. Се работи за енергетски вампиризам и постојат повеќе видови. Не дозволувајте некое злобно копиле да ви ја цица животната енергија НИКОГАШ.
само во крвопии кои цицаат енергија во смисол на тоа да те отупуваат без прекин со исти работи. без прекин. без прекин...
Сега, дали ја погодив темата ама, вампири мислам деκа не постојат. Поприземјените луѓе ќе се κрстат со лева раκа. Боже, боже, боооже...
Starite luge vo selo gledale,pradedomi dozivea 105 godini i velese deka gospod odel Po zemjata nekogas..ama poveke imam slusano za samovili I narecnici od Babi dedovci..vampiri poveke kako senista gi znam