Не верувам во вампири, знам само дека кога ќе се цратев од искачање во 2-3 часот сабајле мајка ми цело време викаше еве го Вампирот. Е сега дали мислела на мене или сонувала нешто незнам хахаха
И јас. Колку серии и филмови имам изгледано со нив. За инспирација за сценарија се супер, не верувам дека постојат инаку секако.
Интересна тема постојат доста преданија низ историјата дури и на нашиве простори дека постоеле. Денес се сметаат за митолошки битија но јас верувам дека постоеле но не како што се опишани низ преданијата и филмовите дека биле бесмртни и разни глупости дека ако касне друг човек ќе го претвори во вампир или дека треба да се прободи со дрвен колец и разни други глупости и ритуали што ги правеле луѓето за да ги убијат. Доста интересно е што со развојот на модерната медицина и развојот на современи дијагностики и апаратури приказнава со вампирите заврши и останаја само како дел од фолклорот на старите народи. Причината зошто ги снема и како воопшто настанувале мислам дека можи да се објасни денес малце од медицински и нешто од парапсихолошки аспект. Имено постојат две медицински состојби што можат целосно да ги намалат сите моторички и витални функции на организмот и човекот да делува како мртов. https://en.m.wikipedia.org/wiki/Lazarus_syndrome https://en.m.wikipedia.org/wiki/Catalepsy Мислам дека пред развојот на модерната медицина ваквиве состојби поминувале недијагностицирано а со самото тоа доста луѓе биле закопувани и живи а ваквиве несреќници биле запоседнувани од зли енитети и демони па така од денешна перспектива можеме полесно да дојдеме до некакво објаснување како всушност настанувале вампирите во старите времиња и зошто ги нема повеќе денес.
Вампир каков што е прикажан во словенската митологија не верувам дека постои, но верувам дека им се прикажувале демони на народите посебно во непристапните темни места обично планинските села.
Уште пред едно десетина години вниманието ми го привлече една серија...се викаше „Вампирски дневници„ и ја гледав едно време, не долго ама не ја догледав, супер ми беше...Сега видов на фокс лајф кој го има каналот ќе ја давале од вторник па ептен се израдував...Пред месец дена исто пишуваше термини дека веќе оди ама не ја дадоа па се надевам дека овојпат нема да биде фолс аларм
Интересно е што потекнуваат од овие простори Србија поточно. Петар Благојевиќ, за кој во 1725 година е запишано дека ќе стане од гробот и ќе ги лови селаните.Вториот е Сава Савановиќ за кого е снимен хорор филмот Лептирица.Но за мене најинтересен е случајот за Таралинка жена од тетовско село која после смртта се враќала за да го чува своето новороденче ова ми го има раскажувано дедоми,Инаку на крајот ископан е гробот на Таралинка и нејзината глава е исечена и оставена до нозете од тогаш не ги вознемирувала домашните. Имено, пред шест години, при ископувања во црквата Св. Никола во Созопол, археолозите откриле 100 гроба. Меѓу нив и два скелета на маж и жена, со забиени железни копја во срцето. Според Димитров, било јасно дека станува збор за откритие кое упатува на тоа дека мажот и жената биле закопани од локалните жители како вампири, а копјата во срцето се согласно верувањето дека на тој начин се спречува нивното оживување. Тогаш, Димитров воскликнал: „Можно е вампирот да е Македонец“. Тезата ја аргументирал со открија неколку месеци пред откритието на двата „вампири“, кога биле пронајдени печати поврзани со македонската династија во Византија.
Е ова комотно може да му донесе некому голема публика од странски туристи со помош на подотерана реклама со расказов кога има тури од други земји за шетање во Македонија...ова би било полн погодок
Македонија е погодна за тоа секој град има своја приказна и секое село крие некаква мистерија јас би да се организираме од форумов да посетиме нешто такво .