Варено гравче

Дискусија во 'Рецепти' започната од mackice, 5 октомври 2010.

  1. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    ајде ми треба рецепт за гравче за ручек да спремам........
     
  2. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    330
    Сакаш класика гравче наше македонско со запршки? Или сакаш некоја тренди варијација ----салата гравче?

    Отприлика рецептот за вариво гравче би бил:

    Стави го гравот да врие, во водата стави неколку главици кромид, неколку моркови, неколку суви пиперки. Кога ќе омекнат зрнцата испасирај ги зеленчуците, додај сол, црн бибер, неколку чешниња сецкан лук и нека зоврие само неколку минути.
    Ако сакаш да ти биде погуст можеш да испасираш дел од зрнцата (гравчињата) или да разматиш една лажица брашно со вода, па да ја ставиш во течноста. А ако сакаш можеш и запршки да правиш, само не е здраво да пржиш брашно. :)
    Еве рецвепти од сајт за кулинарство, али тоа е тоа, ти можеш да си правиш измени во секој рецепт. Најубаво е да си додаваш, одземаш. Јас кога готвам нешто секогаш си правам по мој вкус, не одам по рецепт, добро отприлика, ама гледам да внесам мое нешто во јадењето и да биде поразлично.

    А еве ти неколку рецепти за грав:

    Посен грав

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

    * малку Сол
    * 2 чешниња Лук
    * 2 Ливчиња нане
    * 250 грама Грав
    * 2 главици Кромид
    * малку Црн пипер

    Гравот ставете го од вечер да стои во вода. Наредниот ден истурете ја таа вода и сипете свежа. Исечкајте го кромидот, лукот и ставете ги заедно со гравот да се варат. ПРед крај на варењето проверете го вкусот и ставете лажице нане. Продолжете го варењето уште десетина минути и уште еднаш проверете го вкусот, па додајте сол и црн пипер.

    Чорба од грав


    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

    * малку мала лажица Црвен пипер
    * 1 Сол
    * 50 грама Пашканат
    * 50 грама Моркови
    * 30 милилитри Масло
    * 1 чешниња Лук
    * 1 Кромид/а
    * 250 грама Грав
    * 300 грама Колбас

    ПОДГОТОВКА:
    Гравот се налева со вода, и се остава да кисне една ноќ. Утредента се цеди, се налева со 2 литри вода, се додава ситно сечен кромид, морковите, пашканатот, и целите колбаси. Кога се ова ќе биде сварено, колбасите се сечат на тркалца.
    За оваа чорба се прави тенка запршка од масло и врие на тивко десетина минути.

    Грав со суво месо

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

    * 115 грама Кобасици
    * 1 ливче/чиња Ловоров лист
    * 5 грама Ким
    * 1 лажица/ци Маслиново масло
    * малку мала лажица Бибер
    * малку Магдонос
    * 4 чешниња Лук
    * 455 грама Грав
    * 115 грама Пушено свинско
    * 1 Кромид/а

    ПОДГОТОВКА:
    Прелејте го гравот со ладна вода и оставете го да преноќи. Процедете го и измијте го.

    Во поголем сад за супа ставете го гравот со вода, кобасици,солено свинско месо, магданос, лук, ловоров лист, бибер и ким. Во филџан измешајте го маслиново масло со буковецот, а потоа додадете го во гравот.

    Ставете го да се вари, поклопете и крчкајте го 2 часа на тивок оган (додека гравот не омекне). Додадете сол по вкус. Исклучете ја ринглата и оставете 20 минути да отстои на загреаната рингла, така ќе ја добие потребната густина. Потоа повторно загрејте и сервирајте во длабоки чинии.

    Деликатесна салата од грав

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

    * 50 грама Сенф
    * 40 милилитри Оцет
    * 4 лажица/ци Масло
    * 50 грама Маслинки
    * 50 грама Марула
    * малку Мајчина душица
    * 2 чешниња Лук
    * 1 Кромид/а
    * 100 грама Кисели пиперки
    * 500 грама Грав
    * 2 Јајца/це
    * малку Сол

    ПОДГОТОВКА:
    Гравот оставете го добро да се исцеди. Пиперката исечете ја на фини долги парчиња, а кромидот излупете го и исечете го на ситни коцки.

    Во чинија за салата додадете го оцетот и маслото, додадете го сенфот, мајчината душица измешана со лукот. Поклопете и оставете да отстои 1 час.

    Потоа сипете ја смесата во чинија претходно обложена со листовите салата. Потоа додадете ги маслинките па излупете ги јајцата, исечете ги ситно, додадете ги врз гравот и послужете со малку леб.
     
  3. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.066
    Допаѓања:
    1.605
    Феминки сакам детално објаснување околу подготовката на варен грав, не знам зошто последниот пат не ми успеа. Колку вода, колку грав за 5 лица, колку време, на која бројка ( од 1 до 9 е мојот шпорет).како го запржувате.
    Па да си ја пронајдам грешката :tmi:
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    4.038

    1 шоља за кафе грав за 1 човек :D , посликовито здравје :) . Измиј го гравот и стави во шерпа. Наполни до пола вода и остави да зовре. Одкако ќе зовре таа прва вода расипи ја па пак налеј топла вода до горе на шерпа за да може да се вари/крчка и пази да не ти претече. Некои менуваат први 2-3 води ама јас само првата.
    Ситно исецкај 2-3 кромитки, 2-3 моркова, 3-4 чешниња лук, пиперче ако имаш и стави ги во шерпата со се гравот и налеј малку зејтинче. Стави сол, вегета и остави да се вари. По желба можеш да ставиш и ситно сецкан излупен патлиџан. Вари го на 6ца или 7-ца да тивко врие. Ако брзо ти испари водата можеш да додадеш 1 чаша топла вода.
    Во тавче стави зејтин и 1 лаж брашно, пропржи го па додади 1-2 лаж црвен пипер измешај убаво и тоа сипи го во шерпата со грав. Или пак во една чаша до пола стави зејтин или 1/3 на и 1-2 лаж црвен пипер, убаво измешај и сипи во гравот.
    Ова е за чист грав без ништо а ако сакаш да додадеш некое мевце, дали ребра, суво месо и сл. стави ги на пола варење со гравот заедно да се варат. Така се добива убав шмек.
    Ако сакаш на тавче, на подмачкано тавче сипи го гравот заедно со водата која е пола и повеќе испарена и стави во релна да се запече.
    На крај по желба можеш да ставиш и ситно сецкано нане - може и суво.
    Каков ќе ти испадне зависи од сортата на гравот. Некој се убаво развари и за брзо време свари а некој сака со саати да го вариш и не се разварува туку водата останува таква бистра.
     
  5. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.066
    Допаѓања:
    1.605
    Благодарам славица на исцрпениот одговор :* , па и јас го правам така само што не ја менувам првата вода туку го оставам одвечер да отстои цела ноќ и некогаш ми се погодува некогаш не.
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    4.038

    Така тетка ми го прави, ако нека остои ама таа вода расипи ја па потоа налеј топла вода и провари го малку
    Тоа што некогаш е лош е дефинитивно до сортата.
     
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.422
    Допаѓања:
    26.499
    Убаво е ако можеш преку ноќ да го оставиш гравот во вода да отстои, ако немаш можност за тоа тогаш ќе му ја смениш водата при варење.
    Јас варам за 4лица помалку од 2литра вода со една неполна чинија грав (од длабоките чинии за чорба што се). Ќе го измиеш убаво и ќе му ставиш вода и ќе го оставиш на 9ка да се вари. Кога ќе зоврие, остави го да врие околу 15тина минути, па потоа истури му ја таа вода, измиј го и стави му чиста ладна вода. Стави го да се вари, кога повторно ќе зоврие додади му некое мевце (ребро) по желба и главица кромид цела или сецкана и намали го на 3ка да крчка полека да си се вари. Обично му треба до 2 саати за убаво да се свари, зависи од гравот, ама можеш да го пробаш за да знаеш дали е варен. Јас сол и вегета му ставам при крај (обично заборавам па затоа).
    Стави во тава на оган исецкан кромид и остави го на потивко да се пржи да не загори. Кога ќе се запржи малце додади му брашно една лажица и една лажица црвен пипер, замешај кратко да се измешаат и запржат па додади ги во тенџерето со гравот. Врати го гравот на оган колку да зоврие со запршката и на здравје јадење.
    Ова поедноставно колку да пробаш, па следниот пат можеш да му додаваш и пиперки и домати и моркови...се по желба.
     
  8. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    2.031
    Често вариме граше затоа што сите го сакаме, го јадиме и бело и запржено, и црн грав јадиме, гравче тавче мх мх :)

    Мајка ми кажуваше некој рецепт полнети пиперки со грав прво не сакав ни да слушам ама потоа ми станам омилено еве го рецептот:

    Вариш грашето со моркови, кромид, пиперка, лукче, го запржуваш, зачини по вкус и го ставаш во тава
    потоа неколку обарени пиперки се полнат со гравче и се редат низ тава, се остава тоа во релна уште некоја минута.

    Ако некој проба нека кажува :)
     
  9. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    48
    да ги прасам феминкиве секогас ставате одма сол во гравцето јас готвам веке 10 години но солот секогас го ставам последен така имам слуснато дека гравот нема да се свари убаво ако ставам сол додека не е сварен поздрав :^)
     
  10. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    10.852
    Пол:
    Женски
    Ако ставиш сол на самиот почеток имам слушнато дека поспоро се вари (омекнува) гравот. Затоа јас секогаш ставам 15-20 минути пред крајот.
    Инаку за побргу да омекнат зрната јас во текот на варењето ставам по малку зејтин во тенџерето.
    Трик кој ми го кажа мајка ми и навистина е така, ако не ставам малку зејтин додека се вари гравот зрната долго време остануваат тврди.
     
    На pikolino му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    12.381
    Пол:
    Женски
    јас гравчето го ставам да се вари и штом почне да врие му ставам запржено кромид со црвен пипер и се вари се заедно на крај ставам бибер и сол и настрана запржувам лук со црвен пипер го тргам гравот и го полевам со лукот....а исто вака се кога ке биде готово ако ви остане нареднот ден запрзувам печурки во тава поголема и го истурам гравот и оставам да врие додека не изврие тецноста како тавиче да се направи...и мн е убаво
     
    На tessie и pikolino им се допаѓа ова.
  12. Val-Dim

    Val-Dim Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    42.516
    Еве еден рецепт со варено гравче кој ке биде добра промена во менито на секое семејство!!!

    МЕКСИКАНСКО ГРАВЧЕ
    Се пржи кромид со мелено месо, се додава 2-3 сецкани лукчиња, бибер, вегета, црвен пипер и 1 лажица оригано. Се додава доматно пире и се чека да проврие. Потоа се додава сварен грав и повторно проврива. По желба се додава луто пипртче за да биде пикантно (ако некој несака луто - може и без него).
    Количината на состојките ја одредувате сами - зависно колку сте дома!!!
    Добар апетит!!!:)
    Рецептов ми е од моја драга колешка и е превкусен!!!
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.298
    Допаѓања:
    1.454
    Во тенџере на оган се става вода, малку зејтин, сецкан кромид и сецкан морков и секако грав кој однапред бил ставен во вода на набабри. Од зачини ставам вегета, бибер, ловоров лист, оригано и буковец. Се вари околу два часа. Пред крај на варењето се става запршка