Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Васил Гарванлиев и годинава ќе нè претставува на Евровизија

Дискусија во 'Музика' започната од tamche995, 20 јануари 2021.

  1. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.787
    Допаѓања:
    3.087
    НЕМА преснимување спот! Дај малку информирајте се пред да блаблате! Искористени се други кадри на неколку места во текот на видеото. Коа се снима спот не се снима од А до Ш и ај чао. Има материјал и материјал.

    И, прашав нешто: кој треба да иде на Евровизија?
     
  2. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Па и Celine Dion е Канаѓанка, па ја претставуваше Швајцарија на евровизија и победи.

    Нема рестрикција кога е во прашање националноста на претставникот.
     
    На Victorian, Glowy, GirlRose и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Во вакво време-невреме, каде сме "на нож" со бугарите, воопшто не се потребни вакви екскурзии.

    Кога Адријан Гаџа исто со Есма не претставуваа пред многу години, никој ништо не рече, зошто навистина немаше никаква политичка позадина.

    Со наши пари иде да се шета, пее , и си кажуе дека е бугар....

    Сите случајности во случајов се случајни.. ;)

    EwbprIrWYAA5ee5.jpeg
     
  4. NAJROBI

    NAJROBI Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2021
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Машки
    Ja ne bi go pustil na evrovizija
     
    На Ева33 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.508
    Допаѓања:
    39.155
    Пол:
    Машки
    Ок, има политичка позадина.

    Но зошто побогу да не оди Васил на Евровизија?

    Вокал можеби најдобар машки во државава има, музичко образование има, искуство исто така, не гледам зошто не би одел, ко само тој да има Бугарски пасош во државава, а притоа има и Македонски. Сосема легитимно, ништо спорно.
     
    На Victorian, Glowy, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.909
    Допаѓања:
    177.220
    Пол:
    Женски
    Од Македонија - па никој! Васил па најмалку.

    **********


    Не го оспорувам неговиот талент, но Васил од старт ми беше антипатичен. Сега уште повеќе. Нек верува кој во што сака, јас верувам дека ѓаволот се крие токму во деталите, па ни ние не сме толку глупи за да направиме таква "ненамерна" грешка. Грешка ли е и што во интервјуто во срценцето е бугарското знаме место македонското? Ма дај. Евровизија е само музичко име за политика. Се е политика на Јуровижн, затоа нема простор за "ненамерни" грешки.
    Патем, Геро фино пишува по повод целава јуровизиска треска.

    https://plusinfo.mk/osven-zaednichk...sega-imame-i-zaednichki-pe-ach-za-evrovizi-a/
     
    На MarijaMi90, Harper, BloodElf и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Зарем покрај сите сра.а релативизирате и сеуште барате "оправдување за случајностите" ?

    А зошто да оди?

    Кого испраќаме на Песна на Евровизија: Македонец или Бугарин?

    Па со бугарски пасош живееше во америка,
    Најбитно ја сака Македонија ]:)

    Прав уметник, авангарда, не би дозволил да биде злоупотребен во политички цели и само зашто има бугарски корени да биде пратен на евровизија, а не заради своите квалитети.
     
  8. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    И што кога пративме Македонка на Евровизија лани, кога ја згреши химната кога си дојде?
    Намерно или случајно?!
     
  9. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Ај може и овој ќе се "искупи" ќе го тетовира МК знаме на ребренцата :makeup:
     
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.508
    Допаѓања:
    39.155
    Пол:
    Машки
    Не релавитизирам, само кажувам дека иако е политичка позадина, не испратија срање од артист.

    И Тамара ете нека имаше политичка позадина, ама на 18- ти мај 2019 сите бевме едно, прв пат ни се случи такво нешто, таков успех на Евровизија.

    Прашањето "Зошто да оди", па ваљда дека има одличен вокал. Не ме интересира политичка позадина, човекот е талентиран.
     
    На Victorian, An-na, staycalm и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Во 6 пред СЈО, за поддржка на Васе :emo:

    *затоа и "цути" кариерата на Тамара, дека несакајќи испуштила цел рефрен..
     
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.508
    Допаѓања:
    39.155
    Пол:
    Машки
    Зборувам за Евровизија, не за химната, зошто мешаш сè и сешто не ми е јасно.
     
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.763
    Допаѓања:
    169.181
    Пол:
    Женски
    Како се фативте ко умрен за стап дека е бугар ко пола мкд да не се со бугарски. :D Имајте на ум, тие со бугарски се бугари. Не македонци. Чирс. :d:

    Добар вокал е. Колку и да е политика Евровизијата пак е забава и пак многу се прогласиле оти пееле на Евровизија. Песната не е лоша или само ми треба време да ми легни idk. Имаме многу полоши песни праќано, ова према нив е хит.
     
    На Victorian, Annath, Glowy и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    А ти Евровизија стварно ја сметаш како квалитетен музички настан, каде победува најдобриот и најквалитетниот вокал?

    Се стана политика, од претставници на земјите, до гласање и делење на поените.

    Ова со Васил е чиста политика, и не пробувајте да го "исперете" човекот, аман.

    Нека не се прави Васил мутав многу е провиден и очигледен.
    Не ни треба ваков човек Македонија да ја претставува кој притоа си го дозволил овој скандал.
     
  15. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Е ај, тогаш плукајте и по роднини и пријатели, оти имаат бугарски пасош.

    И не знам зашо уште се објаснувате, кој сака нека сфати дека е уметничко дело (нема врска со Бугарија)кој не.. нека оди уште со главата у ѕид. Ама важно е да плукаме по нешто. Како и обично..

    Песната на Васил му е преубава, ама до сега, ниедна песна не ви се свиѓала, на се сте наоѓале маана.
     
    На Mencia, Victorian, Glowy и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.508
    Допаѓања:
    39.155
    Пол:
    Машки
    Епа ако целата Евровизија е политика, тогаш логично нема ништо лошо што сме пратиле политички мотив таму, така? Сега уште да го завее Бугарското знаме таму, ма победа не ни бега. В година Евровизија во Струмица, не во Скопје, дека поблиску е Бугарија :mm:. Мотото ќе ни биде #PoliticsAsAPriority :D

    Колку и да е политика Евровизија, факт е дека од неа имаат излезено, излегуваат и ќе излезат многу квалитетни песни, а и ние имаме праќано такви, како Proud, Dance Alone, Црно и Бело, Дона, Лисја Есенски со уништен потенцијал затоа што стана Autumn Leaves, Мојот Свет, па сега и Here I Stand е многу квалитетна песна.

    Даље, надвор од Македонија, Arcade и Soldi од 2019 се сè уште светски хитови, Waterloo на ABBA, Euphoria, Only Teardrops, Uno од Little Big итн, итн, итн.
     
    На Victorian, Glowy, staycalm и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Тимот на Blackpink, кој е огромен и има на располагање ненормален буџет, во нивен спот имаше ставено на земја индиска статуа, што за Индијците е голем грев.

    Дискутирате за спот направен веројатно беспари. Не знам што ве тера да размислувате дека некој мислел што и како ќе се случува во истиот.
     
    На Victorian, oblace1, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Искрено, за ликов до скоро немав ни слушнато. Но имајќи ги во предвид досегашните ,,успеси'' кои ги имаме остварувано поарно ич да не се ни брукаме во иднина. Кога е вмешана политика, улога игра земјата за која станува збор. И светски познат пејач кога би не представувал, не верувам дека ќе оствариме некој важен успех.
     
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.909
    Допаѓања:
    177.220
    Пол:
    Женски
    Не знам дали намерно имплицирате дека Васил смета оти бил бугар или навистина не сфаќате што се збори? (facepalm)

    Ич не е битно дал е бугар или грк или маџар или шодае и чиј пасош поседува. Ама ич. |( Има нешто што се вика time and place. И умешност да се препознае дека не е место, уште помалку време постојано да се истакнува еден круцијален момент што тој го прави за целово ова време. Ова сега е само погрешно време за такви сензации од потеклото на прабабаму. Во некое друго време, немаше ни да се примети. Едноставно го утна моментот.

    Ако индијците им оспоруваат право на самоопределување на кои и да се тие што искористиле индиска статуа, истовремено ако баш тој момент е најсензитивен за тој народ, а нивниот преставник ги инволвира другиве на секој можен начин, да, и тој народ не би бил најсреќен. :)

    Time and place дечки. Повеќе time него place.
     
    На Angie1432 и BloodElf им се допаѓа ова.
  20. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.633
    Допаѓања:
    25.335
    Пол:
    Машки
    Видеото со прабабаму и пасошот е ланско. Тоа што порталите во ФИРОМ се на тоа ниско ниво паднати што морат да рециклираат вести и да шират фејк њуз е друга приказна, ама кога има луѓе што одма ги јадат тие вести зошто па да не. Не е за секого интернет дефинитивно
     
    Последна измена: 14 март 2021
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.