Ова за знамето, лошо е, оспбемо кога сега има проблеми Македонија со Бугарија ама реално зошто го плукате какво државјанство имал? Па колку проценти од Македонците тука имаат или чекаат Бугарско? Тоа е небитно во моментов
Каде се феминистките сега да се изборат со оваа национална неправда и угнетување на македонскиот народ од страна на Гарванлиев??? КАДЕСЕ?!?1
Ќе ја цитирам една професорка од Кирил и Методиј: " Ништо не разбирате! Дечкото е специјален посредник во спорот со Софија, како Бучко ама во културната сфера - а освен тоа, како ќе добие гласови од источните ни браќа ако не се пофали дека е благонадежно Блгарче? Сето ова е стратегија! Немаат крај понижувањата на "нашата земја"
Апсолутно никој не треба да иде на Евровизија од Македонија. За што идеме? За да се прошета тимот на МТВ? Со години еднаш дали сме успеале во финале да влеземе. Прво немаме буџети за добри песни и настап, и да, песната на Тоше покоен за Евровизија беше најлоша што воопшто ја испеал во кариерата. Без разлика што се работи за вонсериски вокал. Најлошите песни ги праќаме дури и да е добар изведувачот. Ама замислете да купивме амбуланти наместо Тамара да ја пратиме И ве молам немојте дека никој не чинел од Македонија, зошто очај ни е музичкава сцена. Мислиш Сан Ремо го имаме, па зашто сите биле разочарани од изведувачите.
Ок, тебе не те интересира политичка позадина, ама има луѓе со чии пари оди на Евровизија на кои му смета! Појасно? Во мк освен тебе има уште околу 2 милиони граѓани кои плаќаат даноци и имаат право на мислење. Народот не го избра како претставник - доволна ти е причинава? Искрено мене баш ми е гајле дали прв или послледен ќе заврши и како тој самиот ќе се претставува на рандом фестивали на кои би настапувал самостојно. Со оглед на моменталната ситуација тој дел беше сосема непотребен и не го сметам за соодветен претставник. Да го скриншотнам ова за следен пат кога ќе давиш дека некој таму е навреден и испровоциран за не знам која глупост?
Шо толку се запнавте дека имал бугарски пасош и ? Зошто не се спомнува за тие шо имат грчки пасоши, косовски м ? Не следам јас одамна Евровизија, а и не знам зошто упорно се оди на Евровизија. Васил јас не ни знаев кој е предходно, песната ја пуштив вчера и на почеток ми е многу уфилман. Убав глас има. Песната не е лоша.
Можеби оти имаме малку искуство со продукција на пример Во реклама од 3 секунди нема случаен кадар, не во спот за евровизија. И, го знаеме дрим тимот кој го искреирал ремек делото? Мислам тој, формално потпишан
Ништо не е беспари, убави пари се даваат за вакви работи ко за македонски пазар. Не сте ги виделе тендерите? Тоа што некој неслучајно избран на тендер го сработил фушерајски е друга приказна. Не ги жалете за пари, убави пари си се земаат од ова и никој не е доброволно. Ако некој тврди дека сам се финансирал, лаже.
Мене јасно ми е сосема, ама нема потреба да потценувате некого ако е политички инфлуенсиран, затоа што цела држава е, и овие два милиона што ги спомнуваш, а и ти. Како што кажувате, Евровизија е политички настан. Оттука, ако сите држави одат таму, се претставуваат и евентуално победуваат од политички причини, штом учествуваме, и ние треба така. Точно, и јас имам право на мислење, па си го искажав. Па тоа го дозволува ЕБУ, не ми е доволна причина. Еве да бараме од МРТ да го врати СкопјеФест, па ќе бираме ние, демек. И друг пат посмирено, нема потреба од олку напнатост
Ако имаш искуство со продукција ќе знаеш дека рекламите најчесто чинат повеќе од музички спот. Навистина не знам. Ама ако е така, тогаш веројатно поголемиот дел во џеб одат. Мене освен спотот на Јана, досега никој друг не ми изгледал ко да има добар тим зад себе.
После скандалов со интервјуто ,дечково не треба да го пракаме на Евросонг. Крај,нема дискусија.Нека пее за Бугарија.
Не знаат ни тие. 150.000 евра се одвојуваат за Детската и главната Евровизија. 100.000 за главната од кои 30.000 евра се плаќа учество. 70.000 евра треба да користат за пат, престој, сите сценски глупости и уште што не. Спотовите ни се генерално евтини, освен тој на Јана Бурческа. Други држави одвојуваат над 300.000 евра само за главната Евровизија. Англија на пример плаќа 300.000 евра само за учество и автоматски влез во финале
Најдоле е интервјуто https://kanal5.com.mk/-makedonskiot...havjanin-javuvaat-mediumi-od-bugarija/a465403
Тие 150000 се само за престој и настап. Другиве како авторски права, песна, спот и промоција си се накнадно Накнадно се плаќаат и права за пренос и слично. Различни тендери се. Објавени се јавно, барајте ги ако не ве мрзи Може и знаеме, не трескаме може се од ракав
Дечково колку што знам живееше, студираше некаде во странство, ништо чудно да има бугарски пасош за да избега. И пошто знае дека тоа ќе се дознае, решил да си каже со време. Ги прашува некој другите учесници колку пасоши имаат? Се прават драми од тоа? Само вие паѓате на провокации. Испратен е од Македонија, живее во Македонија, е сега освен ако не каже на крај од песната -поздрав Бугаријааааа...нема место за паника.
Лош тајминг одбрал батето. Погрешно место-погрешно време! А и "коинциденцијата" со знамето... Да се засрами молерот.. Ние држава, име, народ, јазик и историја изгубивме, за Евровизија се насекиравме! Се’ ни е средено, уште до оној фестивал ни дошло! Евровизија е фејк исто како флоскулата за европски вредности (овие пак што се крстат во европски вредности ми се посебно чудни и смешни).
Тој е бугарин,како и секој кој се декларирал за бугарин за да добие пасош. Проблемот е што кажува се родиле на оваа страна на државата. Која држава? Мајка Бугарија па му се паднало да се роди во струмичко или од каде и да е. Во време кога Бугарија отворено не понижува,не ни треба бугарските горди државјани да не претставуваат од наши пари.