На страна талентот, факт е дека не знае да се носи со критики, ниту знае да даде нормално интервју. Само пред месец дена во бекстејџ за негативните реакции кажа дека се крекање. Типичен нарцис. Затоа и сите овие "ненамерни" грешки не ме чудат. Ме чуди народов со "ЈаС Не ЗнАм ЗоШтО мЕшАтЕ пОлИтИкА сЕкАдЕ" за најполитизираниот музички фестивал во светот, чиј што фундамент почива врз политика. И токму поради што се е политика, треба да се внимава на секој детал.
Тој е државјанин и на Северна Македонија, како и ти и ги има истите права како и ти. Толку. Плус, Мк дозволува двојни државјанства? Колку што знам, да. Што е проблемот?
Де,бре луѓе. Штом кадрите се отстранети,нека иде.По куп негативни реакции ваљда нема да му текне да лупа глупости таму. И онака поарен/поарна пејач/ка во моментов немаме. Ај,ако не,пак Калиопи да иде.
Мене не ми е јасно како не сфаќаш дека не се работи за државјанства. Туку отвара политика во многу погрешно време. Типов вели за Струмица дека се наоѓа на другата страна на земјата,и дека постои една земја поделена ,а тој е роден на другата страна! Дали Струмица е или била во Бугарија? Ако ја претставуваш МК од македонски пари ке пазиш што лупеташ бидејки Струмица не е отсечена од Бугарија. Многу има со бугарски пасоши па не лупаат дека некој град е бугарски.
Типов е класичен лигуш. А Евросонг е чиста политика,и сега ке се правиме наивни. Влатко Лозано можеа да го пратат ,ионака го зафркнаа со Есма. ама овој беше подобен ем геј,ем се лигави,ем политика ке бистри.
Дали го гледаме истото видео од 30тина секунди што е? Нека се јави трет да каже кој е глувиот од нас двајца. Јас слушам како вели дека Струмица е многу блиску до Бугарија и дека тој е од таа страна на државата. Државата -Северна Македонија. Каде слушна Струмица отцепена од Бугарија?
Ем од Струмца Ќе ме мачите сега да слушам интервју, да видам кој е поглув Едит- Косми не треба да оди на ушно. Ова се вика, ме изеде туѓа срамота .
На такво кратко интервју не знам дали е паметно да почне да објаснува зошто реално земал бугарски пасош. Ќе траело интервјуто најмалку 1 час и сите ќе знаеја каква е состојбата во Мк, како живее младината, какви се политичарите, економијата и што се' се прави за да се избега. Па Опра ќе се појавеше од некаде и сите ќе бришевме солзи и мрсули пред екран. Па затоа се снашол како да објасни набрзина во 10тина секунди.
Типов сместа ми се одмили, го ѕирнав делот со интервјуто, јасно е дека е наместен како дел од агендата. Ништо чудно да истресе некој резил таму, сигурно му пишале веќе сценарио. Во најмала рака ќе потенцира дека е и бугарски државјанин. Се срамам уште од сега.
Можно е да му е ветена голема сума за вакво нешто, не велам не, но треба да почекате со камењата, да видете прво што ќе се случи.
Ти ја сакам способноста за мулти-перспективи, ама за жал, со бугарите нема мулти-перспективи. И тебе да те пратиме, ако некад во живот си носела мартинки, кои тие ги сметаат за нивна традиција, ќе го најдат моментот и ќе ти го извадат од плакар. Толку е, 10 секунди интервју, 3 секунди бои од знаме во кадар- отиде возот
И тоа ќе го докажат со еден тип што има двојно државјанство и што пее на Евровизија? Не ти ја сфаќам логиката.