Не е ради Васил.И друг да одбраа,пак некој ќе смета дека ќе беше подобро да се прескокнеше Евровизија годинава поради коронава. При пандемија,кревети и кислородни боци треба да се побитни од Евровизија.
Секогаш, едното ќе е побитно од другото. Лани се одложи Евровизијата, пак имавме потреба од кревети, кислородни боци, пари за болни деца. Ај, кој е виновен за лани?
Настрана "скандаливе" со Васе зошто побогу нема избор на песна за Евровизија туку таму некое жири решава кој ќе оди да се шета од државни парички ? Избираш 20 песни и народот си гласа, чиста работа.
Коментарите на фејсбук на профилите на Васил се доказ со какви нелуѓе делиме воздух. Брука светска, Европо чекај нѐ, доаѓаме.
I sho reche tolku strashno, nekako go izbegna odgovorot, a moeshe da ja kazhe vistinata kolku se chesti Makedoncite so bg pasosh. Ne mi se verue deka na vesti prenesoa za ovaa glupost.
Која црна уметност? Евровизија уметност? Каде што одат да се прошетаат цел автобус функционери? Да финансираше државата спортисти како што го финансира ова досега ќе имавме многу повеќе учесници на Олимпијада, а не олимпијците да не можат да си платат билет дотаму. Спортисти се наградуваат после постигнат успех, се надевам дека си свесен која огромна разлика е тоа Two wrongs don't make a right.
Да, стварно е глупо да помогнеме на болни од корона наместо да одиме на Евровизија и да завршиме на 19 место.
На времето кога имаше, исто гласањето достојно се држеше до драмите и скандалите со наместените гласови. Ако добро се сеќавам, се прекина традицијава со избирање песна од страна на публиката после купените гласови за Мартин Вучиќ, кога се бираше меѓу него и Пилева. Што да се каже, отсекогаш сме биле верни на добра драма со изборов. Баш ми фали и мене некој ваков фестивал, убава традиција беше. Песнава на Васил мене баш ми влезе во уво, многу повеќе ми се допадна од ланската. Во принцип ништо посебно, но влегува во уво. Ама кога знаат дека народов умира да анализира и да најде симболика во секој детаљ, во секое едно нешто, не ми е јасно зошто не внимавале на вакви работи. Тргни кадар, исечи, вметни, подобро да се избегне отколку да се извинуваат потоа со статуси и демантирање и што не. Не е ништо ново, секогаш се наоѓа некој што ќе се фати за ситница, а ова па и тајмингот го погоди и ај - како да не се изначудиш. Смешни ми се само припаѓањата за двојното државјанство, под секоја статија што ми се појави на фб истите коментари. Како пола држава да нема бугарски пасош во џеб, па ќе се чудиме ко паднати од Марс, леле Васил, леле. Туку ај настрана муабетов, баталете. Како ќе се одвива Евровизија годинава? Онлајн? Или во сала без публика? Не сум прочитала ништо околу ова.
Претставникот на Бугарија имаше македонско знаме во спотот? Ех бе луѓе.... Се ова е една голема пропаганда, намерно направена, баш во овој период. Ептен низ прсти гледате на се. Претставниците на Евровизија се доказ во која насока ни оди државата. Од Тоше до овој има разлика.
Во чиј гз и во уште која драма не се пикна сељаков. Кариерата му почна со драма а најверојатно и така ќе му заврши.
Искрено, не можам да поверувам ама за прв пат се сложувам со Лазаров. Се што кажа е точно, настрана неговите други видеа и драми.
Сите го плукат по фб, педер бил ваков бил, таков бил, па и уште ова со пасошот било срамота грев и што уште не се изначитав, а пола од овие лајна што јадат сите се со бугарските пасоши в џеб. Не бе брат ко можам оти да не извадам, а лајна се јадат на велико, немам ништо против чоекот, а премногу ми смета што секогаш за наше се плука а другото се величи. Не се научивме и не одиме напред со вакви селанчишта. Истото и за Тамара не чини песната глупа е селанка е ама најдобро место досега имаше, после беше најдобра ваууу предобар настап. Посакувам Васил да е топ 5 па да прочитам коментари после Ми се повраќа од поедини луѓе во нашата проста Македонија.
Нешо видеото ме потсеќа на "сакам да хејтам песни како Богдан Илич" и да добијам следачи. Браво. Со хејт ќе стигне некаде.