Според мене далеку од тоа, Прасето е каде каде побрутален во мислењата а не дека и тој не е во право, ама тоа е веќе друга тема
https://www.facebook.com/215687669114/posts/10160667527729115/ Искрено мислам дека оваа реакција е претерана.Нели рече ќе ги тргнел спорните кадри, тоа е супер, ама зошто сега петиции потпишуваат? Премногу е.
Деновиве читам овде и по социјалните мрежи и не можам да се изначудам. Политика, пари, навреди, гнев и многу малку поддршка и прифаќање. Зошто секогаш се мора да се сведува на политика, зошто ништо не се вреднува кај нас, зошто никој никого не подржува? Нели е тоа дури малку така тажничко? Врвно школуван човек и уметник, кој можел слободно да си живее кај сака и да си води еден лагоден живот, се вратил да ја потзбогати нашата и така оскудна музичка сцена, да направи нешто ново, поинакво, да ни ја зачини музиката со поуникатни песни, а ние само да квичиме околу сето тоа. Да изнаредиме погрдни зборови така по дифолт и да си свиркаме понатаму во животот. Се прашувам дали вреди воопшто некој да се потруди нешто да направи за нашата уметност, дали вреди да се вложи во нешто за нас? Кога нашиот народ ќе почне нешто да цени и почитува? Имал бугарски пасош? Уау, погодете што, пола Македонци имаат. Спортските ѕвезди може да имаат двојни државјанства и да се акате од земја за навивање за нив, а никој од нашата земја не смее? Лицемерие. Колку големи уметници сме, наеднаш сите се кренавме за уметничкото дело во галеријата, а колку од нас биле досега таму и се побуниле за неговата погрешна изложба, сега ви засмета? Настрана тоа што делото нема никаква поврзаност со Бугарија ама нели јеееј, најдовме начин како и ова да го исполитизираме и искористиме во политички напади. Евровизија да се укинела. Како цела година никој не покренува никаква иницијатива, бунт, било што за да се превземи нешто под таа точка и тамам имаме претставник и се, ајдеее почнаа коментарите за пренаменување на средствата. Значи знаеме само да навредуваме по социјалните мрежи и да си го билдаме егото како сме напишале “прејак” коментар, “Сега ќе види тој јас ко ќе му кажам дека е педер, дека нема појма да пее, дека е бугар...”, па браво бе, најјак си, а таман за да превземеме нешто поконкретно за нешто шо ни смета си дремиме дома под јорганите. Жално е колку некој се труди да сработи нешто со љубов за сите нас, а СИТЕ НИЕ само кењаме околу него. Оваа тема само ме тригерна, инаку муабетов може да се однесува и за многу други сфери, само заменете ги имињата и местата во текстот.
Кај Сашо Тасевски видов дека е покрената и петиција на која моментално се потпишани над 7,000 души. https://www.facebook.com/sasho.tasevski/posts/10159074629012180
Овој Сашо кое лигле е Немам ништо против Васил, без разлика какво државјанство има, ама јас мислам треба Лозановски да го пуштат пак.
Оф, што ми се интересни „патриотиве„ што не го пуштаат бугаринов да не преставува на Еуросонг А пола и повеќе од нив имаат БГ пасоши по дома
И јас искрено се согласувам со Лазаров за ова видео од збор до збор се што кажа. Воопшто не е премногу, ваква особа е срамно да оди да не претставува како држава и народ. Василе изгледа не ја знае поентата на евровизија, и сакал сам себе да се испромовира.
Аман го распнаа човекот. Извадил бугарски пасош како и пола од државава, ради егзистенција. Единствено не ми се допаѓа што тоа го истакнува и пробува да им се улиже на Бугарите на тој начин. А и за спотот требало да го прегледаат убаво пред да го пуштат. Се направи од мува слон. Нека оди нека пее и нека си ја проба среќата. Иако сметам дека Евровизија е една голема политика. И доста веќе едни те исти да одат, како да немаме други пејачи. Ако не еве Панчо нека оди, гледам најгласен е зошто и како повторно го избрале Васил.
Го расплакавте детето, како не ви е срам. Земал пасош за да избега од дупкава, со кој памет се вратил само не знам. Памет за другпат, што подалеку. И овој Сашо, сељак невиден, не може да се сили таму кај што треба, ај на небитен ќе му покажува сила, да се видело кои се Македонците. Истури си ги си сите маки на детево, може така ќе те биде. Оф тугоо, зборувај ми за фрустрации.
Саше лигавкото ќутеше ко риба кога му понудија функција, после кога му дадоа нога се окуражи у јадење трици. Такви родољуби на батерии се шљамот на општествово наше, за него само Ефтов. Он го има лекот за него, ама да го врзе за столче за да не му станува на сред интервју
Не знам зошто толку се претера дури и петиција се крена. Повеќе од пола македонци имаат бугарски пасоши и тоа не е ништо ново. Политичарите треба да ги напаѓате, а не да ги гласате , не луѓе кои се борат за егзистенција. Да имаше друго државјанство двојно, никој А немаш да речи. Иако ми е антипатичен се претера стварно.
Пу она Швајцарците, народ без сопствени артисти, Боже сачувај. Годинава, и лани такоѓе, Албанец ги претставува!11!! Па и на Француски пее Ова Србиве, иста прича. Како дел од Хурикејн, ги претставува Ксенија Кнежевич, ќерка на Кнез, од Црна Гора, ало, во сред негодувања меѓу Ц. Г. и Србија, ама битно таа си се камуфлираше во Хурикејн.
Не ми се допаѓа Васил. Првин со индиректната провокација, а после и песната.... Најарно никој да не оди и тие пари да се пренаменат за попаметни работи.
Нека претставува такви ко тебе. Ја сум чиста Македонка и мене ми е срам ваков глупак да ми ја претставува земјата. Продадена душа.