Проблемот не произлезе од пасошот, не знам зошто ја вртите работата. Јас еве не се сметам ни за патриот, немам ни бугарски пасош, ама не ми ни ми сметаат ни ми е гајле за тие што ги имаат, ниту имам нешто против Бугари или било кои други луѓе на основа националност. Имам Бугари и во блиско семејство, не ми ни смета ни на бугарски да ми се обраќаат. Не ми смета ни ако тој си се смета и се декларира како Бугарин. Проблемот е во тоа што ја претставува Македонија, настапува со државни пари на натпревар на кој народот не го избрал и притоа го буцка народот кој го претставува и со чии пари учествува за моментално чувствивтелна тема. Сериозно, знае некој колку дела има изложено во амамот? Баш точно пред случајно погрешно поставеното дело мораа да снимаат? И зошто упорно ја вртите на тоа дека народот меша политики во се кога во реалноста е обратно.
Коментарите на Фејсбук се многу полоши од тие на Твитер. Дури и на неговиот личен профил се префрлија.
Како тоа се дешава ? Како тврдиш дека не го смениле намерно да заличи на бугарската комбинација бои. Зошто не ја ставиле како што е оригиналот? Браните неодбранливо. Ова е чисто суптилно додворување на Бугарија, ама ај ке се правиме блесави. Чиста политика.
Јас се потпишав на петицијата и сметам дека по ова не треба да не претставува. Земал пасош од било кои причини, ама не мораше да се фали. Оти така ми звучеше, како се искези дека бил државјанин и на Бугарија. Друго, зошто две години по ред тој е изборот за Евровизија? Сум пишувала по други теми. Јавна личност е, џабе глас, кога прави гаф до гаф. Нели го споделувавте како со албанска пејачка крева два прсти. Мора да се внимава на такви работи, ако некој сака да гради кариера. Самиот се оцрни. Само глас не е доволен.
Големо браво за ова И мене тоа страшно ме иритира, најмногу од се, ќе се испокршат за српски да зборуваат. Или кога ќе дојди србин тука, одма сите кршат јазик на српски му зборуваат Не можам да сфатам.
После сето ова, иако воопшто не ми е по ќеиф песната, посакувам Васил да се пласира ВИСОКО, за инает на малограѓанштинава што се дешава сега. Ужас, срам.
Па кога ќе раскаже пред сите, во видеата каде што се претставуваат, која драма, кој стрес и напад го доживеал во Мк, кога ќе ги распостели сите порака од типот - педер, ќе те бесиме, оди утепај се итн итн...загарантирана победа. Има одличен ас во раце, ако е паметен ќе го искористи. Ако читаш Василе, послушај ја дада ти Бриџит
https://www.instagram.com/p/CMcE1cmjis0/ Ете го видеото. Фино лепо се извини, мене ми се гледа дека е и искрено. Може и не било намерно тоа со знамињата, ете тргнати се. Сега најголемите патриоти може мирно да спијат. И, не, не е грешка што сте забележале. Ама начинот на вулгарно кажување и вреѓањето... Што луѓе ќе бевме, не знам. Песната не е мој стил, но му посакувам искрен успех во пласирањето. Сепак ја претставува Македонија без разлика дали тоа на некои индивидуи и се допаѓа или не. И пред да се лупате во гради дека сте најголеми патриоти размислите си колку пати сте си ја вреѓале државата и во секојдневниот живот и на форумот и секаде. Пошто ете прва сум да признаам дека не сум голем патриот прво ради ваквите испади на моите сограѓани.