Никој не го праша овој Васил дали е бугарски државјанин. Самиот се пофали, на интервју каде требаше да се претстави како македонски претставник. Платен со пари од македонски граѓани за цел тој циркуз наречен Евровизија. Целта му беше да извлече симпатии и да добие некое поенче од неговите нови "сонародници". На најселски, лигушки начин. За мене и ова е доста да проценам за каков мекотел примерок без трошка достоинство и љубов кон татковината станува збор. Кога те пратиле да ја претставуваш Македонија пред светот, од тебе најмалку се очекува да се фалиш со пасоши од туѓи држави. А после ова бламирање, вратите на славната бугарска сцена ќе му бидат широко отворени, па бујрум нека гради таму кариера. А ако случајно го пратат како бугарски претставник на Евровизија (кога ќе си го видам тилот), обавезно да крене прсти и да потенцира дека е и македонски државјанин. Да го видам.
Уште да бевте сите во реалност вака загрижени патриоти и домољубци колку што сте гласни на форум, државава ќе ни цветаше. Ама реалноста друго покажува. Искрено му посакувам среќа на Васил, иако песната не е за публика како евровизиската, не е за широки народни маси. Нема да навлегувам што и како, детето може и ќе успее во белиот свет оти си има талент, а вие пак ќе останете тука и ќе плукате по секој следен претставник на Македонија. Ништо ново.
Чудно ми е како едно видео од 30 секунди толку многу погрешно интерпретирано може да е. Го прашаа, не кажа сам прв.
Васил воопшто не треба да се осврнува на коментарите, ниту тој, ниту екипата зад него. Нека гледа да си го одработи музичкиот и изведувачкиот дел професионално и до крај. Народов само за барање жртва и нејзино покажување со прст го бидува. Дечково отпрвин не ми беше симпатичен поради претходните песни, но барем гласот му е јака страна, се забележува дека вложил труд во своето образование таму надвор. Нека извади некој подобар глас, песна, нека се претстави во подобро светло, после нека исправаат кривини.
Претходниот разговор го нема ама тој што го прашува очигледно знае дека има двојно државјанство и го прашува да потврди.
Ама кажааа,... Муралот на Вангели ги има боите со редослед како што ги постирав,кој и со која намера ги сменил во спотот,да личат на бугарско знаме? Настрана што ги тргнаа спорните делови,со која намера е тоа глупирање,во лошо политичко време?
ОдМа азил добива. Ја зачитав ланската тема, го прегледав интервјуто пак. Лани сум мислела дека не е од партиски штаб излезен- факт; по странство бил, си бркал работа. Дали во меѓувреме не е во штаб влезен- непознато. Ај, се читаме догодина.
Абе кај го чу вака.. јас слушам само and, d... и овој после пука како од топ. Не ни дочека да го допраша ако било навистина прашање. И да е така, уште полошо! Излегува претходно се пофалил и му рекол "прашај ме те молам и за државјанствата/жителствата, многу ми е битно тоа..."
Не, јас стварно не можам да сфатам зошто некој би си го криел своето потекло. Голем дел од народот кој што живее на овие простори (читај Балканот) е исповрзан меѓу себе. Сите имаме по некој роднина (ако не близок, далечен сигурно) во Србија или во Бугарија. И тоа не не прави сите бугарофили. Искрено не ми се отвара фејсбук деновиве. Само за ова се зборува со денови, а да не почнувам па за тоа колку сум згрозена од тоа што читам коментари од возрасни мажи и жени како го вреѓаат на најдолен можен начин дечкото. Пасошот, националноста, сексуалноста, експресијата, интелигенцијата. О, вие безгрешни суштества, антички Македонци со бугарски пасоши, иселеници во Австралија и Нов Зеланд.....chill!!! Гледајте си вашата работа и оставете го човекот на раат! И да, мислам доста е уште годинава со шоуто....па редно е да паузираме од овие драматургии.
Тоа што дечково е бугарофил,дали баба му била Бугарка или Македонка,а се родила од другата страна на земјата е негов проблем. Проблемот е што сака да ја преставува Македонија како бугарофил со бугарски национални обележја,кои беа суптилно вметнати.
За следната Евровизија, нашава земја ќе испрати претставник кој бил роден во Турција, има бугарски пасош, државјанин е на Македонија, а работи и живее во Грција. Се е тоа тактички за да се освојат гласови од сите нации.
Не, во интерес на добрососедство ,Бугарија да ја претставува некој кој гордо ќе изјави дека е Македонец,а во позадина ќе се вее нашето знаме. Само што тоа никогаш нема да се случи.