Јас да бев од Бугарија моментално квалитетно ќе се изнасмеев. Сами си створивте проблем кај што нема. Факт е дека ,,знамето" е обична слика, а стана знаме откако вие загрижените му дадовте контекст, па дури и тенденциозно да било така поставено. Вие сте уствари тие што го амплифицираа скандалот и што го раширија зборот дека Васил ,,бил Бугарин" со копање стари интервјуа. Ако барате кривица кај некој, барајте ја кај вас. Па и видеа и петиции направиле бе, get a life, озбилно.
Гледам по социјални мрежи со коментари и петиција плус, немам намера ни да читам претходни страни што сте пишувале овде, и срам ми е каде живеам искрено, како што и се случува секоја година што за секој претставник наоѓаме некаков скандал. Факинг 11.000 потписи за еден ден за да се тргне од Евровизија човек со "serial scandals" и да се постави "in right place" како што пишало у описот со тарзански англиски кое и да е националистичкото сељачиште што ја почнало петицијата Зошто? Зашто рекол искрено дека има двојно државјанство и се десил несреќен превид со бои налик на бугарското знаме (да, превид - самата галерија излегла со демант дека на уметничкото дело - триптих му се менува и во други пригоди редоследот на боите). Та теории на заговор дека од влада е испратен и намерно го наместиле „знамето“, та осетливо време било... па јбг, не постои година и период во државичево кој не е осетлив со политички компликации со соседите, и шо сеа, да земат да се убијат тие што имаат двојно етничко потекло/државјанство од некоја од тие соседни држави? Точно е дека ставовите на бугарскиот политички врв со нивниот иредентизам и негирање на фашистичка историја се тотално неприфатливи, ама Васил на никој начин не ги поддржа истите, човекот едноставно постои како цивил-уметник со пола бугарско потекло и го кажа тоа како факт на фестивал со диверзитет и единство како главни цели. Искрено дури и песната не ми е нешто толку преомилена на прво слушање освен неговиот прејак глас, малку клише ко за Дизни мјузикл, ама скроз симпатичен лик е на кој се гледа дека многу му значи настапов и не заслужува ништо од ова. Ми се блуе од политикиве и национализмов, и од соседи и нашиот. Патетики, патетики и уште повеќе патетики!
Ама Косми никаде не кажа дека е бугарофил, само дека баба му е бугарка и за бугарскиот пасош. А и да е бугарофил не глеам нишо спорно, демократија сме и секој има право да се чувствува како сака. Фамата ние самите си ја правиме, никој од надвор не коментираше ни годинава ни лани за Васе и за неговото потекло. Таму се појавува ко претставник на Македонија, друго ништо не е важно. Еве и Дибиров пееше патриотски македонски песни и има мак.пасош па у Русија не го прогласија за македонофил
Епа како земал државјанство ако не се кажува Бугарин? Знаеш што треба да направиш за да земеш бугарско државјанство? Или си земал државјанство, а изиграва патриот македонец сум. Епа не иде така...
никој у Македонија не вика дека Русите се Македонци и не бамбури катадневно "един народ- две држави". Можда затоа и не им смета на Русите. У ситуацијава, не е ни битно далмомчето е бугарофил или х-офил. Се обидоа да протнат нешто у спот, не им успеа, па се вадеа молерите биле криви, па ај случајно се нашло делото таму....да не знаев како се прави сето тоа ќе поверував. Пред да му го чујам муабетот за бугарскиот пасош,си реков, толку некому му текнало на боите на бугарското знаме. Мене пример, одма ме изиритира,чак и си отворив да проверам да не халуцинирам дека боите се тие, истите. Ем непотребно фрламе пари за Евровизија, пак уште и за вакви зафрканции баш, баш сега. Можда и ќе не помират со Бугарите по ова ццц
Целиот хејт кон Васил е резултат на онаа присилна бугаризација која се обидуваат да ни ја наметнат. Стана "жртва", пион на туѓи поголеми политики. Затоа сите "вријат" по соц.мрежи, гневот го истураат врз него.. Оправдано..?!?
Оправдано ти е тебе некој некому да посака смрт и такви толку гадни ствари само затоа што кажал дека има Бугарски пасош? Па и за другото, оправдано е? Во 2021?!
Жабо знаеш колку ми е гајле што некој ме негира, јас си знам што сум и неам потреба од нечив approve. Тој што има дилеми у глаата може да се пали на нискиве удари од источниот ни сосед. Океј за кадарот со "уметничкото дело" донекаде и ќе се согласам (иако за мене не е ништо спорно) , знаејќи не' колку сме сензитивни и "патриоти" можеле да го избегнат кадарот и непотребниве драми што ги тригерна. А бугарското потекло што го има не е нешто од што треба да се срами и крие, замисли да не знаевме и да излезеше бомбастичен наслов у Курир "Бабата на Гарванлиев е бугарка". Башка видеото е од лани.
Ама читаш, или само ги вадиш зборовите од контекс? Зборувам за поврзаноста со бугаризацијата, и "ненамернити" грешки во спотот и неговите изјави. Сите ги осудивме таквите коментари. За жал, сам си даде автогол, ете се извинил, но остана црна дамка во целиот процес
Нема што да мисли бе луѓе има бугарски корени,тоа е факт не е мислење,и има врска што е старо видеото бидејќи упорно се фура теоријата дека намерно го спомнал тоа сега кога треба да не претставува на Евровизија.
Ништо не вадам од контекст. Кога ќе поставиш ?!, мислам дека тоа не е прашање баш, или уште покомплицирано !?!- му доаѓа ко да извикуваш "Оправдано" за гневот кој го истурале напатените на социјалните мрежи. Она не е гнев, она е, па не можам да најдам соодветен збор. Вулгарност, навреди, булинг... што не. И како рекле, кој си признава пола му се простува. Тука обратно x2.