Иначе еве зошто го има пасошот Како и сите други кои впроочем не можеле тука да ја трпат сиромаштијата и мизеријата и си заминале. Ама место да се фокусираме и да се запалиме за тие што не доведоа до оваа бездна, ние по поединци ќе плукаме. И да, човечки е да се погреши, а уште почовечки е да се извини. Јас па најмалце можам да судам, со оглед на тоа што и јас планирам да се иселам од тука. А инаку многу ми е криво што некако не се исцрпува сиот талент што го има. Има вокал да му падне вилица на човек, некако оваа песна не може да го покаже тоа од него. А кога го избраа сама си реков леле ако направи песна како "Ѓердан" каде има етно вајб и е во некој таков аранжман ќе блесне и ќе ги освои сите. Ова ко да сакале да направат евровизиска песна, ама испадна како некоја мјузикал варијанта што мислам дека помалку му лежи. Ептен ми е криво пошто нема да го покаже својот талент и капацитет до максимум. Штета.
Можеби ќе звучи како теорија на заговор, но мислам дека намерно го направи тоа што го направи. Намерно е сменет редоследот на боите знаејќи ја политичката ситуација во Македонија и спорот со источниот ни сосед кој започна веднаш после "решавањето на спорот" со јужниот ни сосед. Знаејќи дека има временска рамка подолга од 1 година за припрема го даде интервјуто за двојното државјанство, па си избра Дизни песниче различно од сите во кое ќе ги прикаже своите вокални способности. Но сите знаеме дека за победа не е потребна одлична песна која ќе се пее и врти по радио станиците долго време, туку е потребна политика. Припадник на ЛГБТ заедницата, двоен државјанин на две раскарани земји плус жртва на националистички навреди. Која комбинација. Моето лаичко мислење може да се потврди со Кончита, претставникот на Австрија која истотака беше припадник на ЛГБТ заедницата во клучно време на донесување на законите во државата. Си победе, кешира и сега повторно е "нормален" маж. Марија Шерифовиќ истотака припадник на ЛГБТ заедницата, победи токму во времето кога во Србија започнуваа парадите и протестите. Како и многубројни други примери. Случајност или пак не... Факт е дека од основањето на ЕУ победуваат песни на политичка основа, или Скандинавците кои си се местат бидејќи им носи профит. И на крај, поздрав Василе, случајност или не ја запали масата, останува уште само да се упеца ЕУ и победата и ќешот се во твои раце. А ако не барем ќе се прославиш. Ни прв ни последен што ќе направи се' за 5 минути слава. Кога можат западњаците да прават реални шоуа можеме и ние. Ако ништо друго си го присвоил стилот на Америте од се' да нашравиш бизнис.
Се јави и европратеникот братот Бугарин https://www.facebook.com/angel.djambazki/posts/10159878963594897 Инаку слабо котира песната,на 32 место е во моментов.
Васил има феноменални гласовни способности, музички е образован, некаде прочитав дека бил и оперски пејач што самото по себе докажува дека е невиден талент, но, не требаше да се дрзне да каже дека освен Македонија ја претставува и Бугарија бидејки требаше по тоа што се случи со Тамара да знае дека тоа ни е болна тема... Неговата сексуална ориентација не е наша работа, исто така и тоа што он се чувствува како Бугарин, но исто така Панчо, Панчо кој пее како гавран да се дрзне да кажува дека не требало некој како Васил да не претставува туку некој подобар (подобар од најдобриот хммм), или оној Лазаров што има неколку песни кој се комплетно со аутотјун да каже дека не требало Васил да не претставува, туку требало некој како Хјуркане, демек песната на Србија била нешто вонсериско а уствари во песната на Србија во 97% аутотјун е користено бидејќи тие гракаат бетер од Ритко(среќа па дозволено е да користат аутотјун и таму , иначе ни дома не би ја пееле песната а не пак на Евровизија да одат), сакам да кажам дека Васил заслужено ќе оди на Евровизија бидејки е невиден талент, иако изборот на пејач за Евровизија не беше легитимен.
Оф топик- нешто модерно е петиции за све, така се постигнувало цел. Не можам да им се лутам на луѓе што не го разбираат системот, оштетен човек од државата, баш не знае кај да си ја бара правдата Е за вакви случаи ми е криво што немам фб.
Колку што знам, жената си ја тера работата како што треба, по судски пат. Комората изми раце, ама си има други порелевантни инстанци. Па постои и Стразбур како краен избор. А за смислата на петициите немам коментар.
И јас така мислам. Како тоа знамето се појави, па по една недела човекот се извинува и вели „не се извинувам за тоа што сум“... Значи го знаеме од дете, ама сега што испаѓа, бил голем Бугарин? Не објасни дали бабата бил Македонка од Пиринска Македонија или Бугарка. Дури и кога се извинуваше мене ми личеше како да се перчи, а не дека му е жал. Премногу случајности. И точно е дека ЛГБТ заедницата има предност, тоа нивно логи работи во нивна корист.
Сеа па има и нараквици у три бои: бела, зелена и црвена, на видеото у кое се обраќа за извинување... Шта речи??? Стварно не знам више, ај да не учествуваме више никад, најарно ќе е.
Бугарка рече. Според него очигледно нема Македонци во Пиринска Македонија. Иако, како што реков претходно, местото од кај што спомна дека е родена баба му било со доминантно Македонци.
Пеачиве сами си наштетуваат што не внимаваат на политика кога е во прашање Евровизија мора да бидат поопрезни и да внимаваат на деталите, зашто еве ќе ги пуштаа по вода таман кој треба да се прослава. Не мислам дека случајно беше тоа со кадарот, а одма после тоа се рашири и интервјуто и се тоа само да го дигнат народов и да неправат некаква промоција на песната. И сега џабе е извинувањето, кое и не беше некое извинување со реченицата на крајот карикирам: ке пробаат да те срушат, но ти се враќаш посилен sorry im not sorry.
Ништо чудно бабата да е Македонка од Пиринска Македонија, ама тој е бугарофил во душа. Многу лошо за него. Го паметиме од дете, а сега испадна дека човекот глумел лудило и дека сега е некој си голем Бугарин. И зошто ова се случува сега? Темпирано. Многу продадени души. Како една од нив ќе биде запаметен Васил Гарванлиев. Тоа извинување не беше извинување, туку перчење за мене. Се виде дека не му е воопшто жал за тоа што сторил.
За пасошот ок, многумина имаат, она во спотот, ај да речеме грешка ненамерна, ама сега и алка? Ц ц ц, мајмун. А го бранев.
Настрана Васил, уште оваа година нека им биде. Ама од в година доста е веќе, внатрешно се плукаме ќе се исколиме кој и да е претставникот, а надворешно обавезно имаме некој кикс за да се срамиме како држава. Последните неколку години не знам ни кој пее, ни кој победува, а беше нешто што не се пропушта, нешто за целото семејство да се собери пред телевизор, имам плачено од свадба да бегаме за Евровизија да гледам.