И така, за 1 ден патриотите 16 000+ потписи против Васил, а за 5 дена нешто повеќе од 11 000 потписи за случајот со родилката која настрада. Тугоо
Има Косми. По кој основ е побитен скандалот на Васил од скандал кој можело фатално да заврши, кај родилка, за да првиот собере повеќе потписи од овој вториов?
Жената не е за петиција. Овој вториов, исто не е за петиција ама кога нема начин отказ да му дадат, како поинаку. Еве, рачунај го за cancel culture. Може по основ на навредени национални чувства да го канцелараат, мислам легитимно е да имаш национални чувства?
Не е побитен. Но и не се споредува,ниту треба да се става во иста реченица. Башка ова со потписи е чиста глупост,на друго ниво треба да се решаваат проблемите.
Знам дека не е за петиција, ама во нормална држава. Не е прв ваков случај, се надевам че биде последен. Ама кога веќе има петиција и за неа, зошто не е толку шерувана и потпишувана? Па би требало барем дупло повеќе да е потпишана, кога веќе постои. За Васил, во право си. Прво мислев дека е претерано, сега можда и не, не знам. Ете МРТ формирала комисија, ќе одлучуваат што понатаму, значи или одат или не, трето нема.
Ахој,иако случајот на родилката е нешто побитно,тоа не значи дека треба да се минимизира овој на Васил.
Живееме во држава каде за да стигнеш до уши на главните треба или да протестираш или да правиш петиции. Пошто да чекаш од нив, самоиницијативно нема шанси да им текне.
Во ред, така е. Ама не само што не се минимизира случајот на Васил, тој се максимизира, оставајќи други побитни случаи во сенка.
Добро да бидеме реални да не беа социјалните мрежи немаше ни толку (непотребно) внимание да се посвети на ова.
Реално требаше уште одма да се повлечи, не можеш бе Василчо да бидеш македонска и бугарска Марионка, се надевам ќе му го откажат учеството.
Абе искрено и не е тоа толкав проблем, што има двојно државјанство, колку што е проблем дека е БУГАРСКО ради ситуацијава со Бугарија... Да имаше македонско-српско, македонско-хрватско никој збор нема да каже...
Не е до државјанството. замислете за Србија да пее некој со шаховница позади и на рака Или за Хрватска со српски симболи.
Оставете го човекот нека отиде на Евровизија. Жал ми е за коментарите што ги доби и којзнае во каква ситуација е моментално ама од нашиов народ што друго да се очекува. Исто, МРТ формирала комисија која што ќе одлучи што ќе се случи со Васил Гавранлиев и учеството на Македонија на Евровизија 2021. А во меѓувреме Европа моментално се чуди и смее на оваа драма.